Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Образовен закон на радост на Грците и на Бугарите

За некое време, кога ќе стапи во сила изменетиот закон за учебници, слободно можете да ја оспорите лекцијата во која пишува за Дарвиновата теорија за настанокот на човекот, ако таа ве навредува, се разбира. Може да се случи по таа ваша иницијатива тој учебник да се повлече од употреба



Историјата е наука за мртвите што ги мачи живите. Но е наука што се заснова на факти. Затоа е недозволиво „по потреба“ од учебниците да се бришат делови, настани, податоци што некого навредуваат, а камоли, пак, поради истата причина да се повлече учебник од употреба. Небаре го решивме проблемот со многубројните бисери во нив, направени од авторите и рецензентите, кои дозволиле тие да пројдат, па сега ни се дава и можност да читаме и да видиме што нѐ навредува и тоа да го пријавиме во Министерството за образование и наука.

За некое време, кога ќе стапи во сила изменетиот закон за учебници, слободно можете да ја оспорите лекцијата во која пишува за Дарвиновата теорија за настанокот на човекот, ако таа ве навредува, се разбира. Во некоја фантастична варијанта, може да се случи по таа ваша иницијатива тој учебник да се повлече од употреба.

Токму така излегува. Вака, како што се поставени, слободно може да се толкуваат измените на законот за учебници, со кои се дава можност учебник да се повлече од употреба ако има навредлива материја за историјата, културата и другите вредности за кој било народ или уставно кажано, за која било етничка заедница во земјава. Има општа процедура за повлекување учебник, но никој не кажува дали посебна комисија ќе одлучува за прашањата што навредуваат некого. Не се знае дали навредените може да реагираат индивидуално, преку здруженија, како група граѓани? И конечно, што е навреда? Колкава треба да биде навредата, за таа да биде одлучувачка дали некој учебник треба да се повлече или не?

Во постојниот закон веќе е предвидена општа постапка за повлекување учебник – тоа го прави седумчлена комисија, составена од по двајца членови на Националната комисија за учебници и педагошката служба. Но дали и за оваа специфична проблематика може да решава истата комисија? Или, пак, одлуката на крајот, сепак, ќе биде политичка, а не стручна, со оглед на тоа што министерот, кој е политичка фигура, решава за судбината на учебниците?

Токму поради сите овие прашања што „висат“, поради недореченостите во законот, се остава можност секој да се најде навреден и да реагира. А примери можеме да редиме до бескрај. Да кажеме, турското малцинство во Македонија можеби ќе се навреди од лекциите во кои се пишува за комитите, за злосторствата на османската војска, особено во периодот по Илинденското востание, па ќе бара тие да се тргнат од учебниците или да се укине целиот учебник. Пописот што треба да се спроведе можеби ќе покаже дека имаме и бугарско малцинство, кое да претпоставиме, ќе ја оспори улогата на македонското партизанско движење во Втората светска војна. Или, пак, можеби некои Власи ќе се најдат погодени од информацијата што ја пишува во учебник по историја за шесто одделение, каде што стои дека „Власите се остатоци од Античките Македонци“. Иако изгледа смешно, недореченостите во законот оставаат можност нечија иницијатива да може да кутне ангажман на автори, лектори, рецензенти и сите преостанати низ чии раце минува учебникот при неговата изработка.

Учебниците изобилуваат со суштински неправилности, несоодветни илустрации, нејасни и непрецизни карти, фактографски неточности и тоа се суштинските проблеми на чие решавање треба да работат Министерството за образование и Бирото за развој на образованието. Учебниците од кои ни учат децата се преполни со бисери, за кои институциите не најдоа решение. Двајца министри за образование и наука најавуваа ревизии комплетно на сите учебници што се користат во образование, но резултатите никогаш не беа обелоденети. Токму тоа се суштинските работи на кои институциите мораат да им го најдат крајот.
ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ги скроија овие законски измени. Се договориле - навреди по учебници, нема. Но што ќе се случи кога наводната навреда апсолутно одговара на вистината? Што ќе жртвуваме тогаш: науката и вистината или политичката коректност содржана во сегашниот предлог? Онака, патем кажано, вреди да се забележи дека никаде во светот лаици не се бунат против науката. Ако некој треба да проценува дали некој настан или историска личност некого навредува, тоа е историчарот. Секако, не политичарите и политичките партии.

И конечно, ако ние самите си воведуваме ваков „клип“, тогаш зошто се буниме кога Грците и Бугарите преку Европскиот парламент бараат „политичка коректност“ од нас во нашиот образовен систем?

Автор: Антонија Поповска Христов

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22536
Без Ботев няма България
21-03-2012, 06:17 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 21-03-2012, 06:17 PM