Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

В последно време покрай между етническите тензии България беше ставе на позаден план ама отвреме на време на някои журналисти им идва отвътре просто Icon_razz

Тачи и Тачи на линија на Атина и Софија


Тезата дека Македонија е вештачка творба речиси секојдневно ја пласираат грчките и бугарските политичари, но аналитичарите се поделени во ставовите дали Тачи со таа изјава работи против македонките интереси или, пак, повторно создава терен за нов политички договор на ДПА за внатрешно преуредување на Македонија


Ставовите на лидерот на ДПА, Мендух Тачи, ~ одат во полза на грчката политика кон Македонија околу проблемот за името, а неговите пораки првенствено се насочени кон косовската, а потоа кон домашната политика. Ова се дел од оценките на политичките аналитичари за изјавите на Тачи дека Македонија е вештачка, односно експериментална држава и оти го поддржува косовскиот премиер Хашим Тачи дека подобро е Албанците да живеат во една држава, ако дојде до промена на границите.

Според аналитичарите, изјавите на лидерот на ДПА ~ штетат на државата во регионален и поширок контекст зашто Македонија ја претставува како темпирана бомба во пресрет на самитот на НАТО во Чикаго. Тезата дека Македонија е вештачка творба постојано ја пласираат грчките и бугарските политичари. Но коментарите се поделени околу тоа дали Тачи со таа изјава работи против македонските интереси или, пак, повторно создава терен за нов политички договор на ДПА за внатрешно преуредување на Македонија.

Универзитетскиот професор Јован Донев оценува дека најголемиот проблем што го има Македонија - прашањето за името треба да се гледа во регионален контекст, а не изолирано. - Изјавите на Тачи уште од самитот во Букурешт кореспондираат со ставовите на грчките политичари. Така што, нема ништо чудно и изненадувачко ни во последната негова изјава. Тачи и некои аналитичари-Албанци континуирано имаат вазалски чувства кон Kосово и во интерес им е косовската политика, а не интересите на Македонија - смета Донев.

Интервјуто на Мендух Тачи за албанската телевизија „Ора вести“ предизвика жестоки реакции кај нас, особено изјавите дека Македонија е вештачка држава, Македонците се пофашизоидни кон Албанците од пред 20 години, како и неговиот став дека изјавата на Хашим Тачи е фер, историски сон и желба што доаѓа од срцето. Оценките на аналитичарите одат од тоа дека не е првпат Тачи да игра на картата на радикализација, но и дека тој само конзистентно ги промовира политиките на ДПА.

Аналитичарот Ибрахим Мехмети вели дека на лидерот на ДПА како политичар, должност му е да објасни што мислел со таквите ставови. Според него, очигледно е дека во регионот се создава атмосфера на исчекување дека нешто ќе се случи и оти станува збор за вербална превласт кој ќе биде поголемиот прогнозер за тоа што ќе се случи.

- Таквите изјави се несериозни и не вреди да се анализираат. Македонија и секоја друга држава е реална колку што нејзините граѓани се подготвени да ги градат институциите и нејзините позиции во регионот и пошироко. Не може да се зборува за вештачка држава, оти ниедна држава не е природна - од бога дадена, туку сите се правени со договор, од луѓето за луѓето. Таквата теза е неодржлива за која било држава. Македонија може да не е доволно кохезивна, но неодржлива е тезата дека е вештачка творба - вели Мехмети.

Лидерот на ДПА повеќепати ја бранувал македонската јавност, особено кога е во опозиција. Така, по неодамнешните инциденти, тој побара интервенција од Kосово и од Албанија „за да ги спасат Албанците од репресиите во Македонија“, а претходно побара Албанија да стави вето на македонското членство во алијансата. Прогнозираше распад на државата ако и натаму продолжи политиката на потценување на Албанците. Рамковниот договор го прогласи за мртов зашто не бил спроведен според предвиденото до 2004 година и поради неговите девијации, и на албанскиот и на македонскиот политички блок им понуди нов договор за уредувањето и функционирањето на државата.

Токму во новиот договор што упорно го нуди Тачи треба да се бара и поентата на неговата изјава дека Македонија е вештачка држава, смета универзитетската професорка Билјана Ванковска.

- Тачи не може да се доведе во врска со негирањето што го имаме од Грција и од Бугарија. Тие тврдат дека сме вештачка нација за да ни го оспорат името и идентитетот. Тој донекаде има право кога вели дека сме држава - експеримент, оти Рамковниот договор беше наметнато решение кое не произлезе од општествената потреба. Но, во ниту еден случај не може да се доведе во прашање континуитетот и постоењето на Македонија. Впрочем, Македонија е членка на ОН. Тачи не го оспорува постоењето на македонската нација, туку неодржливоста на вака уредената македонска држава - вели Ванковска.

Според неа, изјавите на Мендух и на Хашим Тачи се пораки кои само покажуваат дека Балканот живее како систем на поврзани садови. Таа смета дека пораките на Хашим Тачи се упатени до меѓународната заедница и до Белград како предупредување да не дојде до поделба на Kосово.

- Она што сериозно загрижува е кревкоста на меѓуетничките односи во Македонија, кои создаваат клима за опстојување на ваква недемократска опозиција, која во радикализацијата гледа своја шанса за доаѓање на власт. Најлошото сценарио за Македонија го гледам во намерно создавање слика на „темпирана бомба“, т.е. држава која не треба да се асоцира брзо во НАТО или ЕУ, но и во подгревање клима за редефинирање на внатрешното уредување на државата, со надеж дека од унитарна, државата ќе се прекрои во федеративна - вели Ванковска.

мариела траЈковска

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=C3C3C6B5A5...599B972E60
Без Ботев няма България
20-03-2012, 06:05 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 20-03-2012, 06:05 PM