Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Valkanizater Offline
Senior Member
****

Posts: 431
Joined: Feb 2011
Reputation: 15

А защо не и така.....

Првите комшии се најважни
Ерол Ризаов
Македонија нема стратегија за односите со соседите
Можни ли се коренити промени во надворешната политика на Македонија. Имаше повеќе обиди за тоа: преку законска форма, но и преку личните амбиции на речиси сите наши министри за надворешни работи. За на крајот сите да кренат раце и да констатираат дека нова стратегија во надворешната политика е невозможна работа од три клучни причини: прво, не може да се организира каква било посериозна дипломатска активност спрема светот ако нема јасна и конзистентна внатрешна политика. Второ, ако државата која ја претставувате на меѓународната сцена нема државна стратегија за националните интереси и приоритети, верификувана во парламентот од сите релевантни политички партии. И трето, ако државата не е стабилна, ако не владеат правото и демократијата. Покрај овие три фундаментални столба за изградба на добра надворешна политика, има уште десетици други предуслови кои се исклучително значајни, почнувајќи од компетентни и професионални дипломати, големи државници, интелектуалци, деловни луѓе, спортисти... до стабилни финансиски извори кои за малите и сиромашни земји се ограничувачки фактор. Надвор од сето ова, како исклучително значајна е неопходноста од посебна стратегија за односите со соседните држави.

Од сето ова набројано досега Македонија не исполнува ниту еден услов.

Она што е врвен приоритет моментно во надворешната политика, а најмалку се работи на тоа се односите со соседите. До остварување на стратегиските цели - членство во НАТО и во ЕУ патот не оди преку Брисел, Берлин, Вашингтон и Париз, како што е распространето погрешно мислење во Македонија, туку преку Атина, Софија, Белград, Тирана и Приштина.

Зошто за евроатлантските интеграции на Македонија се позначајни првите комшии отколку големите светски и европски сили. Иако поминаа 20 години од прогласувањето на независноста на Македонија, се' уште ниту една голема сила не ги препозна своите интереси во Македонија дотаму да удри на маса и да каже Македонија во НАТО и во ЕУ сега и веднаш. Несреќата е во тоа што и во наредните 20 години не се наsира стратегиски интерес на големите сили за ултимативен став во врска со европските аспирации на Македонија. Она што досега редовно го испорачуваат големите играчи на меѓународната политичка сцена до нашите политички елити е фактот дека Македонија заслужува да биде членка на НАТО и да ги почне претпристапните преговори со ЕУ ако претходно воспостави добрососедски односи со сите свои први комшии. Едноставно, ниту ЕУ ниту НАТО не сака да увезе проблем во меѓусебните односи на две земји редовни членки. Со други зборови, не постои механизам овие две големи воени, политички и економски асоцијации, како што се НАТО и ЕУ, да жртвуваат своја членка заради Македонија. Затоа сите упатуваат на меѓусоседски преговори и на ОН, апстрахирајќи го и правото и правдата. Што е болно, неправедно, ама е така во светот на големите интереси каде што важи правилото земи или остави.

За да се донесат на нула проблемите со нашите соседи како што бараат ЕУ и НАТО навистина ни треба голема дипломатска и преговарачка умешност, мудрост и визија да ја видиме Македонија по 20, 30 или 50 години. Да почнеме од Бугарија. Односите меѓу двете земји со децении страдаат поради тоа кој како гледа на минатото, а не на иднината. Пред една година премиерот Никола Груевски во Софија кажа да им ја препуштиме историјата на историчарите. И навистина време е кога Бугарите и Македонците ќе седнат на заедничка маса без трикови и политикантства да ги признаат реалностите. Македонската држава, македонската нација и создадена свест за тоа, македонскиот јазик, писмо и култура се непобитни факти што веќе преовладуваат во бугарската јавност, со мали исклучоци на радикалите.

Целата средновековна историја на бугарските и на македонските Словени е заедничка и кога војувале против Византија и кога народите на двете земји биле во составен дел на Отоманската Империја. Врвните историчари на двете земји можат, конечно, да седнат и да ја напишат таа објективна историја. Досегашната поради својата идеологизираност направи вистински пустош во главите и на Бугарите и на Македонците.

Со Србија живеевме заедно 73 години во иста држава во разни историски околности. Од Вардарска Бановина со 12.000 српски џандари како своевидна окупација до Федерална Република Македонија, во рамките на Југославија, каде што македонската нација и култура, јазик ја достигнаа својата најголема афирмација во целата своја историја. Односите со Србија денес не се оптоварени со крупни проблеми, нетрпеливост и омраза. Напротив, добрите пријателски односи меѓу народите силно влијаат врз политиката да ги унапредуваат тие релации. Непризнавањето на автокефалноста на Македонската црква од СПЦ е најголем проблем во односите меѓу двете земји што е пречка за пошироко признавање на Македонската црква. Решението на ова прашање оди преку Атина.

Односите со Атина, исто така, се во доменот на историјата и траат од првата средба и војна на Словените со Византија до ден-денешен. Како и со Бугарија, така и со Грција, Македонија треба да го сврти повеќе погледот кон иднината отколку кон минатото. Првиот европски потег кон Атина Mакедонија треба да го направи со тоа што ќе ги реафирмира гордо своите словенски корени. Тоа треба да се направи не поради Грците, туку заради себе и сопствената нација и историја. Македонската научна и интелектуална елита е пред историски предизвик да ја отстрани политиката од науката и да ја препушти античката историја на науката која јасно определува дека културното наследство на античките и древни цивилизации припаѓаат на сите. Нема еден наследник на антиката. Само со таков пристап може да се одмрзнат преговорите меѓу двете земји и да се воспостави меѓусебна доверба. Знам дека за ваквиот мој став неизменет од првиот ден на нивното проблематизирање меѓу двете земји ќе рипнат дежурните патриоти и заштитници на националните интереси. Тоа стана вообичаен фолклор и во Грција и во Македонија. Работа на политиката и политичарите е како да направат амбиент двете страни да се чувствуваат победници. Додека ги слушаме истите труби, тоа е неизводливо.

Односите со Албанија и со Косово колку и да изгледа апсурдно ќе зависат од стабилноста на односите на Македонија со Бугарија, Грција и Србија. Но, и на Тирана и Приштина со Белград, Атина и Софија. Охридскиот договор е најголемиот капитал и на Албанците и на Македонците за добри меѓуетнички и меѓусоседски односи. Тоа е единствен документ што го потпишале Македонците и Албанците со меѓународна гаранција за територијалниот интегритет и целоста на Македонија. Неговата реализација во животот ќе биде доказ дека е можно мултиетничко и мултикултурно општество што е недостижно и за многу европски земји. Охридскиот договор е македонска влезница во ЕУ и во НАТО.

Има ли капацитет Македонија да изгради нова стратегија кон соседите соодветна на времето во кое живееме и целите што ги имаме. Ако има, ќе биде дел од европското семејство. Ако нема, остануваме последни во Европа и на Балканот.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...0D3E6990BD
26-02-2012, 06:50 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Valkanizater - 26-02-2012, 06:50 PM