Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Една статия написана за България , при това без думата България да се спомене нито веднъж Icon_razz

Смешната страна на историјата

Кога веќе сосила се правиме будали, ајде да се будалиме докрај: имаме ли ние во Македонија право да имаме улица Рузвелтова или училиште „Песталоци“? Во нормални средини опкружени со нормални соседи главниот предмет на оваа дискусија би бил од естетска природа. Само, кај можеш да правиш муабет за естетика среде соседи што муабетот за убавото и грдото го сведуваат на тоа дека си им го дрпнал страшилото од нивната нива



Отсекогаш ми било интересно како националистите ја доживуваат историјата: како некакваси однапред планирана приказна со јасно исцртан почеток и крај, небаре станува збор за филмско сценарио - а не за еден куп непредвидливи, меѓусебно испреплетени настани што еволуираат со текот на времето. А бидејќи ја третираат како сценарио (и тоа не обично, ами за блокбастер!) сметаат дека имаат право на копирајт, односно на ексклузивно право на неа, како историјата да е некоја нива на која катастарски прецизно и се знаат и меѓите и тапиите.

Низ оваа призма вреди да се разгледаат во последно време сé погласните комшиски обвинувања упатени кон Македонија за таканареченото фалсификување на историјата. Да нема забуна: под „фалсификување“ не се мисли на негирање или измислување на одредени историски настани (како што на пример официјален Техеран го негира холокаустот или како што приврзаниците на креационизмот сметаат дека пештерските луѓе живееле во исто време со диносаурусите), туку за присвојување личности и настани што наводно не се дел од македонската историја. Ваквите ставови неодамна дискретно ги поддржа и Европскиот парламент - иако би било интересно кога истите аршини би ги примениле на некои личности од европската историја. Дали, да речеме, Кафка им припаѓа на Чесите, со оглед на тоа што станува збор за ашкенаски Евреин чијшто мајчин јазик бил германскиот? Дали Французите смеат да се гордеат со париската авангарда од 1920-тите години, кога се знае дека и Пикасо и Миро и Дали и Буњуел биле Шпанци? Дали Португалците имаат право да му градат споменик на Кристофор Колумбо штом е општопознато дека станува збор за Италијанец? Дали, на крајот на краиштата, германските неонацисти можат да го слават Адолф Хитлер, со оглед на тоа што дотичниот бил Австриец?

Не би да го минимизирам ниту, пак, релативизирам очебијниот факт дека во Македонија веќе извесно време трае процес на преиспитување, редефинирање и редизајнирање на сопственото историско наследство: почнуваат да ни стануваат битни некои историски личности за кои до неодамна деведесет проценти од населението немаше ниту слушнато (иако, рака на срце, не би се заколнал дека е голем процентот на Македонци што знаат да раскажат повеќе од две-три реченици за одамна етаблираните великани на нашата историја какви што се Карпош или Ченто). Овој процес, колку и да изгледа гротескно, е карактеристичен за сите млади нации (напоменувам дека поимот „нација“ го употребувам во контекст на нашата дводецениска државност, а не за нашиот етницитет): низ тој процес поминале сите балкански народи по стекнувањето на независноста. Разликата е што тие тоа го правеле во деветнаесеттиот, а ние во дваесет и првиот век - ама ете, да имавме касмет да потраеше Крушевската Република, пубертетските искуства ќе беа далеку зад нас. Но ајде да видиме што има грешно во тоа што ние, таканеречената „коминтерновска творба“, го правиме во врска со историјата на сопствениот простор?

Во скопскиот градски парк веќе со децении стои споменикот на Гоце Делчев. Станува збор за историска фигура родена во Македонија (во градот Кукуш) и која денес почива во Македонија (во црквата „Свети Спас“ во Скопје). Својот живот го посветил на ослободување на Македонија од отоманското ропство, бил еден од водачите на македонската револуционерна организација, познат по својот став дека (цитирам) „ослободувањето на Македонија е работа на самите Македонци“. И зошто тогаш Делчев да не е дел од историјата на Македонија?

На скопскиот градски плоштад неодамна беше поставен споменик на царот Самуил. Самуил е средновековен владетел, чијашто престолнина била прво во Преспа (езеро во Македонија), па потоа во Охрид (град во Македонија). По смртта на последниот бугарски престолонаследник, Самуил ја презема неговата круна - што од страна на византискиот император Васили Втори било сметано како узурпација (поради што Константинопол никогаш нема да го признае легитимитетот на Самуиловата власт).
Самуиловото царство пропаѓа по битката кај Беласица (планина во Македонија) и ослепувањето на неговата војска кај селото Водоча (село во Македонија). И пак истото прашање: зошто Самуил да не е дел од историјата на Македонија?

Во Скопје исто така постои и споменик на Мајка Тереза, родена скопјанка. Нејзиниот животен пат е поврзан со Индија - но дали некој Индиец би се побунил против поставувањето на нејзиниот споменик во нејзиниот роден град?

Во Скопје постојат и споменици на југословенскиот претседател Јосип Броз Тито (инаку Хрват по националност) и на албанскиот водач Скендер-бег. Дејноста и на едниот и на другиот во одредени историски периоди ја засегала Македонија - но дали тоа значи дека со поставувањето на нивните споменици Македонија краде дел од хрватската или, пак, од албанската историја?

И кога веќе сосила се правиме будали, ајде да се будалиме докрај: имаме ли ние во Македонија право да имаме улица Рузвелтова (наречена по американскиот претседател Френклин Делано Рузвелт) или училиште „Песталоци“ (наречено по швајцарскиот педагог Јохан Хајнрих Песталоци)?

Во нормални средини опкружени со нормални соседи главниот предмет на оваа дискусија би бил од естетска природа: на пример, дали големината на споменикот на Александар е пропорционална на големината на плоштадот на кој е поставен, или, пак, дали густината на новопоставените споменици е во склад со геометријата на централното градско подрачје?

Само, кај можеш да правиш муабет за естетика среде соседи што муабетот за убавото и грдото го сведуваат на тоа дека си им го дрпнал страшилото од нивната нива?

Авторот е режисер и сценарист


Автор: Дарко Митревски
Без Ботев няма България
26-02-2012, 03:29 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 26-02-2012, 03:29 PM