Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Филмови

Пишува: Драган П. ЛАТАС

Мислењето во Светот го формираат телевизиите и филмовите. Колку и да не сте го забележале тоа, работата е таква.

Телевизиите и филмовите се под контрола на Американците. Малку и на некои од европските култури, но тоа е речиси безначително во споредба со она што доаѓа од Америка.
А оној што ја има контролата врз нив, има контрола над се.

Во Америка генералот Кастер вршел геноцид врз Индијанците. Во книгите по историја пишува за етничко чистење на десетина милиони староседелци. Но, во филмовите генералите се фини, култивирани ликови, кои тоа го правеле за доброто на нацијата. За ширење на религијата, и прогресот. Апачите, Чеените... индијанските племиња се дивјаци кои не се адаптирале на новиот свет, па исчезнале. И, тој впечаток останува.

Наполеон, иконата на Французите, ги сотрел Русите, и сите други кои се нашле на патот на неговата војска. Кога би бил Арап, Србин, Хрват, Турчин... во денешни времиња би заглавил на меѓународен суд. Но, не. Тој е легенда за Французите. Дури и за туристите. Некои од тие се и директни потомци на фамилиите кои страдале од неговите освојувања.

Светот гледа филмови. Уште повеќе, гледа телевизија.
Постои ли битен филм во кој Русин, Кинез или Арап е добриот... а Американец, Французин или Англичанец да е лошиот. Има такви филмови, но тие не добиваат награди. Не се на насловните страници на битните весници, а уште помалку се коментира за нив на големите, глобални телевизии.

Историјата, потоа, само го констатира она што телевизиите и филмовите снимиле, и пуштиле да се тркала како единствена вистина.

Деновиве се зборува за филмот на Анџелина Џоли, "Земја на крв и мед". Снимен во Босна. Според филмските новинари, темата е дека во Босна муслиманите биле тероризирани од Србите и Хрватите. Жртви кои биле пасивни. Само трпеле агресија, и страдале по верска линија.
Никаде во филмот ги нема муџахедините. Според јавно објавените податоци по војната во Босна, околу 6.000 платеници, муџахедини доаѓале од Авганистан, Пакистан... и биле плаќани претежно од Саудиска Арабија, за да извршат етничко чистење, и воспостават муслиманска, шеријатска власт.

Можеби, за Анџелина Џоли, муџахедините дошле како туристи.
За споредба, 6.000 муџахедини се отприлика бројка која е рамна на вкупниот број на македонската војска. Прилично многу, ќе се сложите.

Но, во американските филмови, муџахедините во Босна и на Косово се ослободители, а во сите други сличаи, за нив, се осовина на злото.

На најмоќниот пишувач на историјата во Светот, на Си-Ен-Ен, беа прикажани фотографии од Авганистан. На нив американски војници мочаат врз телата на убиените муџахедини. Аналитичарката на Си-Ен-Ен, Дана Лоеш, изјави дека војниците биле кул! Да можела и таа ќе ги соблекла гаќите, и ќе мочала врз нив, изјави насмеаната Дана. На Си-Ен-Ен!
И, ни влакно од косата не и фалеше.

Тоа е веројатно истиот синдром по кој, во Либија, го мочаа и влечеа по улици мртвото тело на Гадафи. Оној што го убија заради диктатура, а сега после него, уживаат во слобода и демократија.

Американската држава не мисли така. Војниците ќе бидат судени.
Телевизиите ја пишуваат историјата. Филмовите и даваат печат.

Во Ирак, од падот на Садам во 2003, до повлекувањето на Американците годинава, загинаа над 6.000 американски и сојузнички војници. Загинаа и над 110.000 цивили, во разни тероризми и пресметки. Толку луѓе загинаа и за време на војната во Босна. Иако во Ирак беше мир. Но, тоа не беа битни вести, заради кои светот се возбудуваше, или се вршеа судења.

Нафтата во Ирак ги смени сопствениците, како и во Либија... и нема веќе камери на Си-Ен-Ен, и другите видео-историчари, да го формираат нашето мислење, и поттикнат акција. Сега се снима во Сирија. Каде, исто така, се убива. Но, тие убиства се поинакви. Како поинакви, не знам, но очигледно десетте загинати во Сирија се поважни од педесетте во Каиро, или оние во Багдад. Така решиле на Си-Ен-Ен... таков филм има во Холивуд... и, за мене овде, тоа е историја. Друга вистина нема.

По инвазијата на турските серии врз Балканот, во Македонија особено, се прашувам дали воопшто постела причина за Крушевската република?

Кога Македонец, доброволно, седи и гледа како Султанот Сулејман и неговите потомци маме ебаваат низ Балканот, а патем стануваат наши миленици и херои... нешто не е во ред со нас. Најчеста реплика на Султанот и наследниците е - сечи му ја главата. А главата е од нашиот дедо...

Телевизијата е моќ. Филмот е магија. Од племенски времиња, до денес, со нас владеат силата и магијата. Само формата се менува. Ако зареди вака, ќе имаме генерации кои наместо историско, ќе имаат филмско паметење.

Бугарите полудеа заради најновиот македонски филм "Трето полувреме". Во него, замисли, тие биле претставени како окупатори на Македонија. Само чекам кога Љубчо Георгиевски ќе побара одговорност од Министерството за култура зошто го финансирале филмот.

За нивна среќа, филмот не е на англиски јазик, па нема да го гледаат како хит низ светот. Инаку, ќе помислеа дека Бугарите во тие времиња навистина биле фашисти што, скраја да е, ни случајно не е така.

Ние немаме ни Си-Ен-Ен, а ни новинари што гордо, пред камери, би изјавиле дека со задоволство би мочале врз војниците на Султанот, или на бугарските окупатори. За среќа, овде живее понормален свет.

Да имавме Си-Ен-Ен, егејската трагедија ќе беше причина Грција да банкротира заради долгови кон Македонија, а не кон Европа.

Тоа го немаме, но затоа ги имаме ликовите како Љубе, Борјан, Геро, Љубчо... кои едвај чекаат да бидат главни глумци во филмовите на Бугарија или Грција, во кои тие глумат, и ја пишуваат нашата иднина.

Кога човек ќе проголта микрофон, или камера, болен е засекогаш.

http://vecer.com.mk/?ItemID=1D181EFC5BFE...14D07C960A
Без Ботев няма България
13-02-2012, 06:21 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 13-02-2012, 06:21 PM