Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Заедничка историја


Вујче од Америка

Читам по Интернет дека минатата седмица бугарскиот европратеник Евгениј Кирилов предложил, а комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент прифатила, во резолуцијата за Македонија да влезе амандманот со кој на нашата земја и се предлага заеднички да ги слави историските настани со соседните земји - Бугарија и Грција. По тој повод, во својата изјава за агенцијата „Фокус“ европратеникот Кирилов со загриженост ги коментираше состојбите во Македонија, во која (според него) „кај македонската младина се всадува омраза кон Бугарија“ и се „фрлаат пари на националистички проекти какви што се ‘Скопје 2014’ и филмот ‘Трето полувреме‘“. Искрено, не сум забележал некои наши општествено-политички градинари да всадуваат каква било омраза кај македонската младина, а особено не кон Бугарија. Исто така искрено, не ми е јасно што па на Кирилов му е гајле на што во Македонија се фрлаат пари, па не се белки на татко му?! А уште поискрено: не ми е јасно што мајка бара Кирилов дур до Брисел да се потегне за да предлага вакви амандмани поврзани со Македонија, кога истата таа Македонија му е во комшии? Та нели би било пологично за такви оригинални идеи прво кај нас да се обрати - кога и онака на нас се однесуваат? Вака испаѓа (простете ми на споредбата, ама некако сама ми се наметнува!) како да тргнал во секс-шоп за да си набави апарати за домаќинство - и после Цацко му е крив кога од тој дуќан, наместо со миксер, ќе си замине со дилдо во рацете.

Но ајде да не испадне дека нам во Македонија ниту еден бугарски предлог не ни се допаѓа и ниту едно европско дилдо не ни го прави ќефот - еве да речеме дека оваа идеја ја прифаќаме од прва, пипка-трепка! Бива? Бива бе, оти да не бива.

Е сега, од кај да тргнеме сефте? Ај прво да ги усогласиме деталите, односно празниците што ќе ги славиме и историските настани што заеднички ќе ги одбележуваме. Да не тргаме од Кулина-бана, пошто Кулин-бан и онака не е ниту наш ниту бугарски, туку да фатиме да раскреваме од таа историја што тазе се собрала, да речеме од последниве сто години. Пардон, што датум е денеска? Четврти февруари 2012 година, така? Што се случило во Македонија пред рамно сто години? Е не играла мечка, де, туку се случила Првата балканска војна, една мала историска епизода што денес речиси никој не ја ни памети - освен нас и оние што во неа учествувале. И што се случило во таа војна? Е па, ништо особено: неколку балкански земји се уортачиле за да ја набркаат Отоманската Империја од Балканот. Звучи како фина иницијатива, со мала напомена: со неколку меѓусебни тајни договори тие земји се спогодиле да си ја разделат територијата што дотогаш ја владееле османлиите. Таа, географски посебна и демографски доста измешана територија, се викала (и сé уште се вика, фала на прашањето) Македонија. Оваа војна во македонската историја е запомнета како огромна национална трагедија. Во Бугарија, пак, деновиве се гланцаат фанфарите што треба да загрмат во слава на стогодишнината од бугарското учество во поделбата на македонскиот народ и земја. Доколку ја прифатиме иницијативата на Кирилов, ќе треба или Бугарите да си ги замолчат фанфарите, или Македонците да си ја задушат тагата.

Но еве да не цепидаличиме, да им дадеме шанса за поправен испит на соседите. Рака на срце, Бугарија самата се изборила за таков поправен испит - кога во Првата светска војна се обидела да ги заграби оние делови од Македонија што во претходните две балкански војни и се лизнале од раце. Ова можеби и ќе беше некакво какво-такво решение на македонското прашање, барем да не мораат први братучеди да живеат во две или три различни држави... Арно ама идилата кратко траела: Бугарија (исто како и Србија, исто како и Грција) наскоро почнала со мобилизација на локалното македонско население, па не ретко се случувало тие први македонски братучеди (а понекогаш и родени браќа, од исто место и под ист покрив растени) на Солунскиот фронт да се најдат во две различни униформи, вперувајќи пушка еден во друг. За бугарската историја оваа војна е правична, бидејќи (барем за кратко време) си ја оствариле целта: Македонија да е бугарска. За македонската историја оваа војна е жива рана, која и по цел еден век сé уште знае да заболи. И како сега да се пазариме - да ја славиме или да си ја жалиме болката?

Добро де, да не дозволиме меланхолијата да ни ја скара соседската калимера - ај да се обидеме да се сетиме на некој настан кој заедно сме го славеле! И ич нема да чекам Кирилов да ме потсети кој е тој настан, самиот ќе го наведам: влегувањето на бугарските војски во Вардарска Македонија во април 1941 година. Македонците тогаш масовно излегле по улиците на своите градови за да ја поздрават братската војска што ги ослободила од српската воена чизма и џандарски ќотек. Кога се зборува за Втората светска војна, во Бугарија и ден-денешен нé прекоруваат: „Оти, братја Македонци, не паметите как не пречекахте?“. На секој ваков прекор Македонците возвраќаат: „Ве пречекахме, комшии, збор да нема околу тоа - ама оти па вие не паметите как ве испратихме?“. А факт е дека бугарската војска од Македонија е набркана не од Црвената армија или пак некаква српска, турска, грчка или британска солдатеска - туку од македонските партизански единици, кои во таа 1944 година имале 60.000 припадници. Денес сите наши професионални војници, полицајци, обезбедувачи, шумари, пожарникари и цариници да ги ставиме на еден куп, пак нема да собереме толку Македонци во униформа. Мајка му стара, па не делеле К-15 во планина, што волку многу македонски граѓани се испотепале да се тепаат?!
Можеби некоја мака ги натерала? Или пак нешто ги разгневило? Можеби некој ситен ексцес во селото Ваташа или во селото Лавци? Или пак некакви депортации по Скопје, Битола и во Штип? Или пак инцидентните погибии на луѓето што денес ги славиме како народни херои? Како и да е, иницијативата на европратеникот Кирилов е убав повод и ние и Бугарите да се потсетиме на тие настани и луѓето што во нив го загубиле животот. И да формираме заеднички делегации што ќе положат венци на нивните гробови и споменици. И да ги поканиме бугарските државници да го следат примерот на Вили Брант, кој во Варшавското гето клекна во знак на извинување, барајќи прошка и помирување.

Прошка и помирување бараме и ние Македонците, живни сé најмило, па преку глава ни е дојдено од кавги... Само, има ли отаде Ќустендил кој да клекне и да се извини? Еве, Евгениј Кирилов, на пример?

Авторот е режисер и сценарист


Автор: Дарко Митревски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22497

Да оставим настрана цялата жлъч, митичните 60 000 партизани кое едва ли не сами спечелили войната ( и ако никой неможе да цитире дури едно нивно сражение и конкретна военна операция ) ама накрая се намеква че великите партицани изгониле бугарите фашисти заради депортацията на евреите Se_klanjam Поклон пред такава демагогия
Без Ботев няма България
05-02-2012, 07:07 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 05-02-2012, 07:07 PM