Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарија сака да ја заборави еврејската епизода

Може ли да се „бајпасира“ дел од историјата и земјата сосема да се амнестира од учеството во холокаустот

Димитар Чулев


По спуштањето на последната клапа на филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, бугарската јавност и медиумите одново се возбудија околу болната тема – депортација на Евреите од окупираните територии на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна во концентрациониот логор „Треблинка“.

Како што пренесува Дојче веле, Централниот совет на еврејските општини во Грција побарал од Бугарија да ја преземе историската одговорност за депортацијата на 11.343 Евреи за време на Втората светска војна: околу четири илјади луѓе од северниот дел на Грција и над седум илјади од територијата на денешна Република Македонија.

Германското државно радио во поширок осврт потсетува дека за време на војната Бугарија била на страна на силите на Оската, но дека и покрај фактот што 50.000 Евреи ги избегнаа нацистичките конц-логори, Бугарија не може сосема да се амнестира од учеството во холокаустот. За тоа се повикуваат и на германскиот автор Арно Лустигер, кој во книгата „Спасувачки отпор“ вели дека „најголемиот дел од бугарските Евреи ја преживеаја Втората светска војна и антисемитската политика на уништување, но не благодарение на бугарската влада или на кралот - тие немаа никакви скрупули за да и' ги испорачат Евреите на Германија. Во мај 1943 година илјадници тракиски и македонски Евреи од бугарската окупациска зона беа депортирани во ’Треблинка‘ и убиени“.

Бугарија се' уште не одговорила официјално на барањето од грчките Евреи.

„Вината за депортацијата на Евреите од окупираните подрачја се потиснува или му се префрлува на Хитлер. Тој шизофрен став се огледува и во актуелната дискусија во Бугарија“, констатира Дојче веле, според кое „интернет-форумите се доведени до точка на вриење“ а зад тоа стоеле „препредените Грци, кои сакаат да го одвратат вниманието од нивната актуелна мизерија, како и дека ’арогантните Германци’, кои ... денес пак сакаат да владеат со светот“, пренесува радиото.

Бурната реакција не е неочекувана. Во октомври минатата година тројца бугарски европарламентарци му испратија писмо на еврокомесарот Штефан Филе во кое предупредуваат дека македонскиот филм „Трето полувреме“ шири историски манипулации. Дека екранизацијата на една мачна епизода од Втората светска војна која се однесува на бугарската депортација на македонските Евреи во „Треблинка“ „поттикнувало омраза“ против Бугарија, дека сценариото во кое има и фудбал и вистинска љубовна драма и холокауст во завршниот чин било класичен пример на јазик на омраза и побараа прекин на проектот...

Бугарија се обидува да го „бајпасира“ овој дел од историјата иако постојат купишта докази за „Законот за заштита на нацијата“ од 1941 година со кој и посебно се уредувал „статусот“ на Евреите и на нивниот имот во тогашна Бугарија и на окупираните делови. Документиран е, исто така, отпорот на Бугарската православна црква и дел од интелектуалците кон прашањето на депортацијата на Евреите, како што постојат документи како бугарските власти организирале попис и прецизна операција за депортирање на Евреите од окупираните Тракија (4.000 лица) Македонија (7.200) и јужна Србија (3.000) кон „Треблинка“.

Дури во октомври 2008 година, македонската држава успеа да се избори и да стави спомен-обележје на локацијата на остатоците на некогашниот конц-логор и да им оддаде почит на своите Евреи.

Бугарија води политика на забошотување на историските факти. Во 1995 година, врховниот суд на Бугарија ги рехабилитира првите луѓе на фашистичкиот режим на Бугарија меѓу кои и Богдан Филов, премиер на бугарската влада од годините на фашистичка Бугарија (кој бил стрелан во 1946 година) и извесниот Иван Захариев, кој раководел со собирањето на Евреите во Монополот во Скопје и нивна депортацијата кон „Треблинка“. Во 1996 година бугарските Евреи кои живеат во САД, во чест на Борис Трети и спасувањето на 50.000 бугарски Евреи, подигнале таканаречена „Бугарска шума“ во Израел. Како дел од истата иницијатива биле подигнати и споменици на царот, на царицата Јоана, на достојници на Бугарската црква и на други заслужни личности од тоа време.

На стокхолмскиот Меѓународен форум за холокаустот што се одржа во периодот од 26 до 28 јануари 2000 година, бугарската делегација, предводена од тогашниот претседател Петар Стојанов, побара да и' се оддаде на Бугарија „специјално признание затоа што добро ги третирала Евреите за време на Втората светска војна“. Спротивно на доказите, било истакнувано дека бугарскиот парламент едногласно се спротивставил на антисемитизмот, а Стојанов тврдел дека дека прогон на Евреите, во последните 700 години, имал само кога Бугарија била под странска (турската или византиската) власт.

Организаторите го отфрлија таквиот предлог на Петар Стојанов, а организациите на Евреите од Грција и од Македонија со докази написмено го демантираа ваквото извртување на вистината.

Како резултат на реакциите на Израелците со македонско потекло и на некои бугарски интелектуалци, откако биле преиспитани сознанијата за депортацијата на Евреите од Македонија, Тракија и Поморавјето, со наредба на претседателот Шимон Перез, сите споменати споменици во Израел биле отстранети.

Во 2008 година Георги Прванов, претседател на Бугарија, при посетата на Израел ја признал вината за депортацијата на Евреите од Македонија, Тракија и Поморавјето во логорите на смртта, а израелскиот „Хаарец“ на 28 март осамна со наслов „Бугарија ја прифати вината за 11.000 жртви на холокаустот“. Прванов е прв бугарски државен функционер кој јавно ја признал вината на неговата земја за учество во систематското уништување на Евреите во Втората светска војна. Во врска со ова, во Ерусалим тој рекол: „Додека оправдано се гордееме со направеното за да ги спасиме Евреите, не треба да заборавиме дека во исто време во Бугарија имало антисемитски режим и не треба да бегаме од одговорноста за судбината на повеќе од 11.000 Евреи кои биле депортирани од Тракија и од Македонија во логорите на смртта“.

Но, организациите на македонските, а сега и на Евреите од Грција бараат Бугарија и официјално да се извини, како што го направил тоа претседателот Жак Ширак за депортација на 75.000 француски Евреи за време на војната.



http://utrinski.com.mk/?ItemID=7C97148B9...8A4F7D7104

Без Ботев няма България
(This post was last modified: 03-02-2012, 07:12 PM by Топорчо.)
03-02-2012, 07:10 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 03-02-2012, 07:10 PM