Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонската историја не може да се дели со бугарската

Амандманот на бугарскиот европратеник Kирилов за заеднички прославување на историски личности е играње на стари карти за остварување на тесни национални или националистички интереси, овој пат на штета на Република Македонија, смета пратеникот Александар Спасеновски

Обид за остварување на националистичките интереси, излитено повторување на големобугарските претензии кон нашата земја и неприфатливо мешање во македонската историја претставува став со кој од нашата земја се бара создавање заедничката експертска комисија за историја и образование со Бугарија. Вакви реакции доаѓаат од нашите политичари и историчари по завчерашното вградување на амандманот на бугарскиот европратеник Евгениј Kирилов во резолуцијата за Македонија, а кој бил прифатен од Kомисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Kирилов се заложи за тоа нашата земја заеднички да ги прославува историските личности и настани со соседните земји - Бугарија и Грција, како и за „објективно толкување на историјата втемелено врз историските факти“. Во изјавата за бугарската агенција „Фокус“ тој вчера дури нагласи дека кај македонската младина се всадува омраза кон Бугарија.

- Има проекти чисто националистички, како „Скопје 2014“, како и филмот „Трето полувреме“, во кој има шпекулации со кои се создаваат антибугарски чувства и не се историски точни - рече тој.

Александар Спасеновски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, вчера изрази надеж дека ваквиот амандман на Kирилов нема да помине на конечното гласање во Европскиот парламент.

- Мислам дека тој игра на стари карти. Очигледно е дека ЕП е полигон на некои бугарски европратеници за остварување на тесните национални или националистички интереси, овој пат на штета на Република Македонија. Ова е и обид за собирање на политички поени пред домашната јавност - нагласи тој.

Идејата за заеднички македонско-бугарски чествувања во 2006 година ја предложи и тогашниот премиер Владо Бучковски, но таа беше отфрлена во нашата јавност.

Историчарот Ванчо Ѓорѓиев потенцира дека е неприфатливо Европарламент да одлучува што ќе прославуваме и со кого тоа ќе го правиме.

- Сигурно, во сечија историја може да се најдат некои допирни точки, ние како две земји и два народа сме живееле долго во рамките на истата Отоманската Империја, но никој не треба да ни кажува како ќе ја одбележуваме сопствената историја. Секој народ си ја пишува сопствената историја и си ја толкува онака како што си смета дека е адекватно и објективно. Ваквиот пристап ми наликува и повторното наметнување на големобугарските тези - нагласува тој.

Според Паско Kузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, ова се „стари и излитени приказни кои се надминати во модерната историја“.

- Можеби може да се формира некоја таква комисија, но и сто комисии да формираме, однесувањето на нашите соседи ќе биде исто. Точно е дека ние имаме некои заеднички точки од историјата со некои наши соседи, но тоа не треба да н` разделува, туку да н` зближува. Не е проблем во заедничкото чествување, тоа може да се направи за некои личности кои ни се заеднички. Еден Глигор Прличев треба да се слави во три држави, но грдо е да се каже дека овој е само мој, а тој само негов. Такво нешто нема во модерните времиња, нема таква чиста раса - нагласува Kузман. (Б.Ѓ.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6F01ABBD0A...2B91BD6AA1
Без Ботев няма България
26-01-2012, 06:02 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 26-01-2012, 06:02 PM