Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Името не го даваме, но Бугари лесно стануваме


„Утрински весник“ во серија написи го истражува синдромот бугарски државјанства. Бугарско државјанство се добива најмногу за една година, за што се доволни само неколку документи, во кои кандидатот се изјаснува дека е со бугарско потекло

Жаклина Хаџи-Зафирова
Станимир Вагленов, „24 часа“, Софија

Јас, долупотпишаниот М.К., изјавувам дека имам бугарска национална свест и сум со бугарско потекло бидејќи моите родители... Вака оди една од изјавите која отвора врати за добивање на толку посакуваното бугарско државјанство кај нас, кое во моментов официјално го поседуваат 42.372 македонски граѓани. Некои го земаат поради студирање, но повеќето, како што велат, за да најдат парче леб во Европа, бидејќи поволностите кои ги имаат со бугарски пасош се многу - од тоа дека можат да студираат за многу помалку пари отколку кај нас, преку олеснувања за шоферите на камиони, па до можностите за заработка преку формирање мешовити бугарско-македонски фирми на кои им се отворени и вратите на Европа.

Македонците се рекордери во ловот по бугарски пасоши. Државјанството го добиваат најмногу за една година. Тоа ги разликува од државјаните на други земји, кои, исто така, аплицираат за бугарско државјанство. Ригорозни услови нема. Само неколку документи, од кои повеќето се изјави за бугарска национална свест - сопствена и на роднините од мајка, па до прадедо. Не се бараат ни конкретни докази за автентично бугарско потекло, како што е тоа случај со другите државјанства.

За разлика од порано, кога посредниците аплицирале во име на други, сега кандидатите се носат организирано, со автобуси и комбиња. Главните патници се жителите од Источна Македонија, кои толку убаво се дружат, што и самите се договараат на која адреса да се пријават во Бугарија. Така се случува и по стотина Македонци да се регистрирани дека живеат во една куќа.

Добивањето бугарски државјанства е посебно карактеристично за Источна Македонија. Велин М. од Македонска Каменица е татко на син кој заминал на печалба со бугарски пасош. Тој објаснува дека Македонска Каменица пред неколку години била мртов град, откако се затворил рудникот „Саса“ и многу млади луѓе заминале во Италија и во Словенија.

„Не е никаква тајна дека многу млади луѓе, меѓу кои и мојот син, заминаа во Италија со бугарски пасош. Мотив да го извади бугарскиот пасош е немаштијата, а не поради тоа што се чувствувал како Бугарин. Тој е Македонец, но со бугарскиот пасош е граѓанин на Европа. Може да добие работна виза и без никаков проблем да работи во која било земја“, вели таткото Велин.

Тој објаснува дека неговиот син приложил извод од матичната книга на родените и пред службеник во Благоевград дал изјава дека сака бугарски пасош бидејќи неговите татко и дедо биле Бугари. Како адреса за престојувалиште ја искористил адресата на нивен роднина во Благоевград.

„Целата работа ја врши посредникот. Еден бугарски пасош чини од 200 до 1.000 евра, зависи за колку време сакаш да го добиеш.

Во нашиот крај многу луѓе зедоа лични карти и пасоши за полесно и поевтино да купат возило, а и регистрацијата и зелениот картон во Бугарија чинат само 60 евра. Сега е решен проблемот со евтините коли, но нашите млади и натаму се интересираат за туѓите пасоши“, ни раскажа овој жител на Македонска Каменица.

Павле С. од Радовиш ни кажа дека е многу лесно да се извади бугарски пасош. И тој чека да го добие.

„Мојот пасош е во постапка. Чекам да ми јават и да си го земам од Бугарија. Мислам дека е лесно да се добие бугарски пасош. Ти треба само извод на родените. Од интернет научив нешто и за нивната историја и државните празници. Мораш пред службеникот да кажеш дека си Бугарин и дека моите дедовци биле Бугари. Не прават проблем ако за сопругата кажеш дека е Македонка“, раскажува Павле. Процедурата за добивање пасош му ја води радовишанец, за кој вели дека е познат во градот.



„Бев пред некој месец во Бугарија и од она што го видов можам да кажам дека предност за добивање бугарски пасоши имаме ние Македонците“, вели тој. За тоа зошто побарал бугарски пасош Павле одговара дека документот му треба за да замине во странство бидејќи полесно се добива работа со него. „Со нашиот македонскиот пасош само на гости можеш да отидеш во друга држава, а не и нешто да спечалиш или пак вратите да ни се отворени кон земјите од Европа“, ни изјави Павле.

Процедурата за добивање бугарски пасош е многу лесна, а може да се врши и со посредници. Во весниците врие од огласи за посредување за бугарско државјанство, а во некои од нив стои дека само православните можат да аплицираат. За почеток, кандидатите треба да обезбедат два документи: извод од матичната книга на родените и уверение од суд за неосудуваност.

Со овие два документи се оди во Бугарија, каде што се пополнуваат претежно изјави, во кои кандидатите најчесто наведуваат дека го бараат бугарското државјанство за студирање или од други причини, но мора да наведат дека се чувствуваат како Бугари. Тоа го кажуваат и на интервјуто кое мораат да го поминат во Министерството за правда. Во просек, целата процедура за добивање пасош завршува за една година, откако претходно се добива и привремена лична карта, за која кандидатите мораат да наведат дека имаат престојувалиште во Бугарија.

„Сега се оди лично, порано со посредници. Кога аплицираш за бугарско државјанство ти даваат бројче и чекаш да излезе уверение дека можеш да бидеш бугарски државјанин. Прво се добива уверение во рок од еден месец до три месеци, а со него се добива привремена лична карта. Со неа можеш да се движиш низ Европа, ама не можеш да работиш“, вели еден од посредниците за бугарско државјанство.

Негов колега, посредник, кој има и оглас во весник дека посредува за бугарско државјанство, ни рече дека задоволството да добиеме бугарски пасош ќе не' чини вкупно 270 евра. Во оваа цена е вклучено два пати организирано одење во Бугарија за лично кандидатот да ги поднесе документите, потоа добивате адреса каде што може да се пријавите. Со себе само треба да понесете два документи: извод од матичната книга на родените и уверение од суд за неосудуваност.

„Организираме група, која ја носиме во Софија. Во рок од 45 дена се оди два пати. Целата постапка за добивање бугарско државјанство трае 6-8 месеци. Добивката е 100 отсто. Во цената е вклучена и адреса“, ни рече посредникот.

На веб-страницата на Агенцијата за Бугарите во туѓина се наведени документите кои се потребни за аплицирање за добивање бугарско државјанство. За аплицирање се доволни копија од пасош и заверена изјава за бугарска национална свест по образец. Стои и напомената дека документите се поднесуваат лично. Дополнително, кандидатот може да поднесе и докази дека има бугарско потекло од разни државни институции или од организации на Бугарите во друга држава.

Поевтини студии ако се изјасниш дека си Бугарин

Македонци кои сакале да се запишат на докторски студии тврдат дека им било понудувано да се изјаснат како бугари за да студираат поевтино. „Сакав да се запишам на докторски студии на државниот универзитет во Благоевград. Таму една година чини 3.000 евра, а докторските студии траат три години. Тоа се вкупно 9.000 евра. Во старт се откажав бидејќи немав толку пари. Но, оттаму ме охрабрија кога ми кажаа дека постои можност да се школувам за само 1.500 евра по некој член од законот“, ни рече една млада скопјанка, која сакала да ја продолжи специјализацијата откако станала магистер.

На почетокот и' рекле дека е доволно само да донесе извод од матичната книга на родените и да приложи дека има 1.500 евра на сметка. Но, кога се појавила на Универзитетот со документите и' побарале да потпише изјава во која изјавува дека има „бугарско национално сознание и е со бугарско потекло“ , ако и дека со такво потекло се и мајка и' и татко и'. Од Универзитетот и' било објаснето дека оваа изјава ќе се користи само за интерна употреба. Но, таа се откажала од првичната идеја поради тоа што смета дека на овој начин и се повредени националните чувства кон Македонија.

(Истражувањето е поддржано од Данската асоцијација за истражувачко новинарство и проектот СКУП)


Статијата е прочитана 9891 пати.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...EEC7233294
Без Ботев няма България
24-12-2011, 05:09 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 24-12-2011, 05:09 PM