Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Како преку ноќ се станува Бугарин

Со бугарскиот пасош добиваш работа, со македонскиот можеш само да отидеш на гости во Европа, кажуваат Македонци кои се изјаснуваат за бугари и аплицираат за бугарски пасош во потрага по подобар живот

Жаклина Хаџи-Зафирова
Станимир Вагленов „24 часа“

Јас, долупотпишаниот М.К., изјавувам дека имам бугарска национална свест и сум со бугарско потекло бидејќи моите родители... Вака оди една од изјавите која отвора врати за добивање на толку посакуваното бугарско државјанство кај нас, кое во моментов официјално го поседуваат 42.372 македонски граѓани. Некои го земаат поради студирање, но повеќето, како што велат, за да најдат парче леб во Европа, бидејќи поволностите кои ги имаат со бугарски пасош се многу - од тоа дека можат да студираат за многу помалку пари отколку кај нас, преку олеснувања за шоферите на камиони, па до можностите за заработка преку формирање мешовити бугарско-македонски фирми на кои им се отворени и вратите на Европа.

Македонците се рекордери во ловот по бугарски пасоши. Државјанството го добиваат најмногу за една година. Тоа ги разликува од државјаните на други земји, кои, исто така, аплицираат за бугарско државјанство. Ригорозни услови нема. Само неколку документи, од кои повеќето се изјави за бугарска национална свест - сопствена и на роднините од мајка, па до прадедо. Не се бараат ни конкретни докази за автентично бугарско потекло, како што е тоа случај со другите државјанства.

(Целосниот текст ќе може да го прочитате во утрешното печатено и електронско издание на „Утрински“)

Статијата е прочитана 902 пати.

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemI...22CEA6F1FE
Без Ботев няма България
22-12-2011, 05:43 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 22-12-2011, 05:43 PM