Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Величествениот го отсвири третото полувреме

Кој кого имитира - филмот животот или обратно?

Кога бугарските европарламентарци неодамна реагираа дека филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски ја лажира историјата на нивната земја, всушност, ја отворија Пандорината кутија на изместени критериуми во политиката, историјата и во уметноста, во кои во периодот што следуваше се сплеткаа и актуелните филмови „Во земјата на медот и крвта“ на Анџелина Џоли, најновиот биографски филм за Маргарет Тачер, а богами и новолансираната турска ТВ-серија „Величествениот“, која веќе се прикажува и кај нас.

Што ги обединува сите овие креативни продукти? Протестот на публиката, обична и политичка, која од дела што припаѓаат во категоријата фикција бара историска веродостојност, каква што би посакувале нивните национални (или пријателски) средини. Познавачите не се изненадени од ваквата замена на тезите.

- Порано, до пред триесетина години, за нешто што е неверојатно се велеше „како во филм“. Сега, сите ние, опишувајќи ги нашите секојдневни активности, тоа што го живееме, велиме „тоа ми е филмот“ - вели Петар Волнаровски од Кинотеката на Македонија.

Па, „каков им е филмот“ на негодувачите на најновата филмска продукција?

Бугарските европарламентарци велат дека бугарските војници се негативно прикажани во контекстот на филмот „Трето полувреме“.

- Смешно е да се негираат злосторствата на Бугарија во Втората светска војна - велат од продукцијата на сé уште незавршениот филм на Митревски.


-----

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22461







Без Ботев няма България
22-12-2011, 05:40 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 22-12-2011, 05:40 PM