Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

И бугарските европарламентарци почнаа да ја менуваат страната во ЕП во корист на Македонија

Слободанка Јовановска

Известувачот Ричард Ховит си даде мисија да го обели образот на Брисел во Македонија, со тоа што отсега натаму ќе ја промовира придавката „македонски“, што ЕК веќе неколку години ја игнорира во извештаите за земјата. Ховит, на расправата за извештајот за Македонија, побара ЕУ што поскоро да назначи и амбасадор во земјата, бидејќи најавите се дека тој ќе дојде дури во март идната година. Иако најбитно, барањето на Ховит Македонија да добие датум за преговори не одекна со некаква силина, бидејќи Европскиот парламент во континуитет неколку години го бара тоа, а резултатот изостанува. Како и да е, околу потребата да не се блокира веќе земјата застанаа многу европарламентарци, а впечаток е дека на македонска страна почнаа да се престројуваат и тие од Бугарија.

Најгласен од нив беше Кристијан Вигенин, кој предупреди дека ситуацијата во Македонија се влошува од разни причини, но блокадата на евроинтеграцијата е една од нив.

„Комисијата три години препорачува преговори и тоа не може да се случи. Треба да ја земеме предвид чувствителноста за ова прашање на грчка страна, но и тешката ситуација во која е самата Македонија“, рече Вигенин. Според него, Парламентот не може да преговара место двете земји, но може да даде барем некои идеи, па ако ништо друго, Грција и Македонија барем да почнат повторно да разговараат за ова прашање.

И покрај познатата жалопојка за немањето слух за заедничките празници, заеднички историски комисии и негативни чувства кон Бугарите, и Евгениј Кирилов заклучи дека можеби е подобро Македонија да ги почне преговорите, па да се создаде основа за подобрување на односите меѓу нашата и нивната држава. „Прашањето за името не е само билатерално, туку го загрозува и политичкиот напредок“, констатираше и романска европарламентарка, која побара ЕУ да најде механизам за негово решавање, додека Алојз Петерле посочи дека неколку имиња се употребуваат за Македонија, а таа е спречена да напредува. И тој, како Ховит кажа „јас лично ќе ја користам придавката македонски“, бидејќи е преседан да се оспорува јазик на една држава и идентитет.

За Марија Елени Копа од ПАСОК не е точна констатацијата на Ховит за статус квото на Македонија како проблем за регионот, бидејќи со одлуките на Советот на ЕУ во статус кво ситуација се и Србија и Црна Гора. Таа се пожали што во извештајот не се споменува антиквизацијата бидејќи таа им одмагала на преговорите со Грција.

Извештајот на Ховит ќе претрпи амандмански измени и уште неколку читања, но генералната интонација (околу датумот) сепак тешко ќе се смени. Во него тој ја повика ЕУ да ја има предвид важноста на Хашката одлука и да не наметнува решение за спорот бидејќи не може да се постигне договор ако некоја од страните се чувствува како губитничка, а ја поздрави понудата од нашата влада да ни се даде рок за решавање на спорот додека би траел скрининг-процесот. Надвор од ова прашање, тој се приклучи на хорот барања да се декриминализира клеветата кон новинарите, да има правична распределба на рекламите во медиумите, МРТВ да стане објективен и непристрасен, а владата да покаже апсолутна посветеност на медиумскиот плурализам. Тој ги спомена и сите досега слушнати критики за сеприсутноста на корупцијата, за пристрасноста на судството, за неефикасната јавна администрација, за поделеноста во образованието по етничка линија, за дискриминација по разни основи...

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...5E3ED75BAB
Без Ботев няма България
21-12-2011, 08:05 AM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 21-12-2011, 08:05 AM