Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Бугарски генерал им продал руски хеликоптери на САД

Генералот на бугарските резервни воени сили Стефан Попов им продал три хеликоптери од руско производство Ми-24 на САД и успеал да заработи меѓу 25 илјади и 30 илјади долари по хеликоптер, јавуваат денеска бугарските медиуми.

Попов изјави дека успеал да ги продаде хеликоптерите за повеќе пари, отколку што биле потрошени за нив.

Тој истакна дека не знае за што Американците ќе ги користат овие хеликоптери и додаде дека повеќе нема да тргува со оваа техника, бидејќи нема пазари за неа.

Генералот Попов е пензиониран од бугарската армија како началник на военовоздухопловните сили.

Хеликоптерите, кои им ги продал на САД Попов ги купил во 2004 година, заедно со уште пет воени хеликоптери од фирмата „Снабдување и трговија на Министерството за одбрана“.

Моторите на повеќето хеликоптери не биле функционални, но по поправката би можеле да се користат во воени, транспортни и туристички цели, тврдат воени експерти. Според нив САД би можеле овие хеликоптери да ги користат и за обука на пилотите за извршување на разузнавачки мисии.

http://mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/34321/...a_sad.aspx
Без Ботев няма България
19-12-2011, 06:05 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 19-12-2011, 06:05 PM