Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9

Македонците и Бугарите се изедначија според стандардот

Според податоците на статистичката организација на ЕУ, пониска куповна моќ од нас имаат жителите на Албанија со 31 отсто од европскиот просек и Босна и Херцеговина со 37 отсто од просекот на ЕУ. До нас се Бугарите со 42 отсто и Србите со 43 отсто




Евростат

Македонскиот БДП по жител изразен преку стандардот на индивидуална потрошувачка на граѓаните во 2010 година бил на 41 отсто од просекот на 27-те членки на ЕУ. Куповната моќ на граѓаните, според овој стандард, во Република Македонија минатата година била на еднакво ниво како и во 2009 година, а за еден отсто поголема од 2008 година. Ова се податоци на статистичката организација на ЕУ, „Евростат“, објавени во вторникот. Според овие податоци, пониска куповна моќ од нас имаат жителите на Албанија со 31 отсто од европскиот просек и Босна и Херцеговина со 37 отсто од просекот на ЕУ. До нас се Бугарите со 42 отсто и Србите со 43 отсто. Интересно, и кај едните и кај другите, како последица на економската светска криза, се јавува опаѓање на куповната моќ на граѓаните во однос на 2008 година, додека кај нас таа е зголемена за еден отсто. Скромно, но сепак зголемување, иако овој податок не им значи ништо на илјадниците граѓани на РМ што живеат во услови оквалификувани како сиромашни.

Повеќе европски земји во 2010 година бележат мало опаѓање на куповната моќ на нивните граѓани, како тие во Шпанија за четири отсто. Подрастично тоа е изразено кај Ирците, кои осиромашиле за седум отсто. Интересно, кај Грците во 2010 година степенот на куповна моќ бил 101 отсто од просекот на ЕУ, а во 2008 година тој просек изнесувал 104 отсто. Значи за трите години, во однос на европскиот просек, Грците можеле да си дозволат само за три отсто помалку добра, сеедно што во меѓувреме ги зафати којзнае кој по ред банкрот во нивната историја. Тоа фактички значи дека на Грците им се случува не баш оптимистичко сценарио, барем гледано на долги патеки: во исто време ниту се спроведуваат мерките за штедење, ниту пак се преземаат мерки за кревање на економијата што минатата година во однос на 2008-та, мерено според БДП по жител, опаднала за два отсто.

Најсиромашни во ЕУ според куповната моќ се Романците што во 2010 година биле на 45 отсто од просекот на ЕУ и Бугарите со 42 отсто.

Инаку, интересно е што ако се исклучи Луксембург, највисок стандард во ЕУ според куповната моќ имаат Британците со 121 отсто од просекот на ЕУ. Надвор од ЕУ, побогати од нив се Норвежаните со 136 отсто и Швајцарците со 125 отсто. Овие податоци на Евростат даваат едно од објаснувањата за потегот на британскиот премиер Дејвид Камерун, кој одби да се согласи со новите економски правила во ЕУ што се обидуваат да ги наметнат Германија и Франција, а кои бараат и промена на европскиот устав.

Според податоците на „Евростат“ за БДП по жител, што исто така е релевантен стандард за мерење на богатството на граѓаните на една земја, најбогати се граѓаните на Луксембург, и тоа 2,7 пати повеќе од европскиот просек. Но и самиот „Евростат“ укажува дека овие податоци за малото кнежество треба да се земат со резерва, бидејќи во нивното креирање учествуваат многу жители на околните држави што работат во Луксембург, а не се негови жители и дневно или неделно мигрираат.

По нив, според богатството, следуваат Норвежаните, кои имаат БДП по жител од 181 отсто во однос на просекот на ЕУ, па Швајцарците со 147 отсто и Холанѓаните со 130 отсто.

Ирците што меѓу првите во ЕУ беа погодени со економската криза, во 2009 и 2010 година имале БДП по жител повисок за 28 отсто во однос на просекот на ЕУ. Следува Данска со 27 отсто, Австрија со 26 отсто, Шведска со 23 отсто повеќе, Белгија со 19 отсто и Германија со 18 отсто. Грците во 2010 година биле на 90 отсто од европскиот просек, а Италијанците на 101 отсто.

Вториот, сиромашниот дел од табелата на “Евростат“ почнува со Албанија на последното место што во 2010 година имала БДП по жител што изнесува само 28 отсто од просекот на ЕУ. Следуваат БиХ со 31 отсто, Србија со 35 отсто и Република Македонија со БДП по жител што изнесувал 36 отсто од европскиот просек. Пред нас се Црна Гора со 41 отсто, Бугарија со 44 отсто, Романија со 47 отсто, Турција со 49 отсто итн.

БДП по жител е пореален приказ за богатството на некоја земја во однос на вкупно искажаниот БДП. Податоците за индивидуалната потрошувачка изразена преку куповната моќ, пак, даваат поцелосна слика за квалитетот на животот.

Што се однесува до нашата држава, карактеристично е тоа што ние подобро стоиме на табелата за лична потрошувачка отколку на табелата за БДП по жител.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22456

Аз си позволих да отворя страницата на Евростат където цифрите са доста различни

http://epp.eurostat.ec.europa.eu/tgm/tab...e=tec00114

2010

България - 44 % от ЕУ27
Македония - 36 % от EY27


И немога да не се запитам тези ваши медии за такива балами ли ви имат та във века на интернет публикават такива дезинформации
Без Ботев няма България
(This post was last modified: 15-12-2011, 05:28 PM by Топорчо.)
15-12-2011, 05:27 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 15-12-2011, 05:27 PM