Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#96

Каракачанов регистриран кодош на бугарските тајни служби

Контроверзниот лидер на бугарското ВМРО и наследник на милиони евра вредниот предвоен имот на партијата во центарот на Софија бил регистриран кодош на бугарските тајни служби под името Иван, но во оперативните документи Каракачанов се нарекува агентот Дончо.

[Каракачанов регистриран кодош на бугарските тајни служби]

Според документите до кои дојде Канал 5, Каракачанов бил врбуван како студент поради неговиот интерес и познавање на македонското прашање, да се води во одделот кој се бори против про-македонски национализам каде пред неколку години се најде и бугарскиот претседател Прванов. Според документите кои ги составиле бугарските тајни служби Каракачанов комуницирал со Македонци во Бугарија и во Македонија и на своите полициски шефови им доставувал информации за нивните активности со цел да се спречат активности насочени против интересите на Бугарија.

Во мај 1989 Каракачанов потпишува писмена соработка со служите, по што започнува да дава усни и писмени извештаи на своите претпоставени. Во дел од документите се гледа дека тој обработувал најмалку двајца тогаш Југословенски државјани, од кои едниот е од Прилеп, а другиот е професор од село Панчарево.

Во извештаите Каракачанов прецизно наведува што разговарал со своите наводни пријатели и дури за некои од нив предлага и други оперативни мерки што било особено позитивно оценето од бугарската тајна служба.

Каракачанов својата работа за оцрнување на македонската нација и држава и на се што има македонска свест ја продолжува и денес. Иако бугарската јавност знае дека тој бил кодош, тој се уште е омилена личност во медиумите кога треба да се нападне Македонија. Пред два дена во емисија за филмот „Трето полувреме“ на бугарска телевизија Каракачанов повторно си ја заврши својата некогашна задача .

Во емисијата за филмот „Трето полувреме“, чијшто режисер е Дарко Митревски, бугарската јавност со месеци води невидена медиумска хајка, Каракачанов се судри со бугарската дипломатка Леа Коен која отворено застана на страна на историските факти содржани во филмот кој зборува за бугарската окупација на Македонија. Во дебатата Каракачанов случајно или не го користи истиот вокабулар кој со месеци го користат сите државни и приватни медиуми во Бугарија.

Според него филмот е производ на македонската пропаганда која лаже кога вели дека бугарските фашисти ги протерале Македонските евреи во втората светска војна.

Дали Каракачанов и сега активно работи за бугарските служби не е објавено. Според неговиот речник и активности во однос на македонското прашање не треба да биде изненадување ако тој својата соработка со службите ја продолжил до ден денес.

Горан Момироски

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mI...ntId=84216
Без Ботев няма България
14-12-2011, 07:42 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 14-12-2011, 07:42 PM