Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#88

„Новите Бугари“ вадат пасоши за да одат на Запад

Македонци, Украинци и Молдавци сакаат да станат Бугари не затоа што се чувствуваат така, туку заради работа во европските земји

СофиJа - „Зедов бугарско државјанство бидејќи јас сум Бугарин: како што биле и татко ми, дедо ми и мојот прадедо. Горд сум на моите корени и сакам на мојот пасош да пишува: државјанин на Република Бугарија“. Тоа е она што очекуваме да го слушнеме кога се приклучивме на редот од десетина Македонци, Украинци и Молдавци кои сакаат да станат бугарски државјани. Бугарија лесно им издава пасоши на жители од овие земји, кои може да ги докажат своите бугарски корени.

Наместо тоа, повеќето од оние што чекаат во редот отворено велат дека не се тука бидејќи се сметаат себеси за наследници на бугарски „ханови“, туку од многу прагматични причини. „Ако Бугарија еволуира на начин како Словенија, ако платите се зголемат и квалитетот на животот се подобри, јас со задоволство би останал. Инаку, планирам да заминам за Италија со мојот нов пасош. Тоа е местото каде што би сакал да живеам и работам“, вели 25-годишниот Далибор Мирковиќ од Делчево, Македонија.

Тој чека во долгата редица пред Одделот за бугарско државјанство во Софија, канцеларија од каде што се доделуваат сертификати за националност на оние што станале натурализирани државјани. Секој работен ден, од 9,30 до 12 часот, околу 200 лица трпеливо чекаат да го добијат тој скапоцен документ што ќе им ја отвори вратата за обезбедување на бугарска лична карта и пасош. Некои поднеле барање за натурализација пред неколку години, други, пак, неодамна и биле доволно среќни нивните случаи да бидат брзо завршени. Овие нови Бугари се жалат на слабата организација, хаосот дури и додека чекаат за нивниот сертификат за натурализација. Честопати луѓето чекаат со денови пред зградата, некои спијат во нивните автомобили, други кај пријателите или во евтини хотели.

Меѓу кандидатите, Македонците се најмногубројни. Бидејќи повеќето живеат на другата страна од границата, тие прават поврати патувања – некои компании дури и се специјализираа во оваа дејност поради се' поголемата заинтересираност за натурализација. Повеќето се многу млади, без работа и без посебни вештини. На прашањето како македонските власти гледаат на овој егзодус, тие одговараат со „никој не се грижи“.

Денес, Далибор дојде со своите роднини и неколку пријатели, сега сите се нови Бугари. Но, ниту еден од нив не сака да остане тука да живее. Сите тие сакаат да одат на Запад. За да се обезбеди документот што ќе им го овозможи ова, тие треба да имаат адреса во Бугарија. „Тоа не е проблем“, објаснуваат тие. „Сите сме пријавени на иста адреса. Во одредени бугарски села во должина на границата со Македонија, тоа е вистински бизнис. На некои адреси има стотина Македонци што живеат таму“.

Далибор го поднесе своето барање во 2010 година. Пред да дојде тука, момчето ги мина сите дупки предвидени во новиот законот за државјанство. Најтешко – според негови зборови „кастинг“ – беше интервјуто во четири очи со експерти од канцеларијата за државјанство. Тој требаше да ги докаже своите бугарски корени и да покаже темелно познавање на бугарскиот јазик. „Јас само им ја раскажав историјата на моето семејство“, рече тој. „Мојот дедо е Бугарин. Тој се борел во Втората светска војна. Живеел во...Плевен“, вели тој, двоумејќи се, „да, во Плевен (северна Бугарија). Во 1943 година тој дезертирал од бугарската армија и и' се приклучлил на српската војска. Подоцна купил малку земја во близина на Делчево“, додава тој.

Околу 20 Бугари од Бесарабија, исто така, чекаат да ги добијат своите сертификати за националност. Тие доаѓаат од Украина и од Молдавија. Некои со години се тука. Лила Грекова (31) пристигна во 2003 година од Болхрад, Украина, град основан во средниот век од бугарски колонисти.

Таа студира психологија на Универзитетот во Велико Трново (централна Бугарија). „Го поднесов барањето во 2006 година“, вели таа. „Моето семејство има генеалошко дрво што датира од 18 век. Од мојот татко знам дека доаѓаме од Јамбол (јужна Бугарија) и дека сме мигриле за време на Отоманската Империја“, објаснува таа . (Труд)

Статијата е прочитана 1558 пати.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...E91274EEA2
Без Ботев няма България
10-12-2011, 08:19 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 10-12-2011, 08:19 PM