Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#78

Бугарија од извозник би можела да стане увозник на струја

Бугарија доколку не ја изгради нуклеарната централа „Белене“, од најголем извозник на струја во регионот од 2015 година, до кога се очекува затворање на големиот број стари термоцентрали на јаглен кои не ги исполнуваат строгите еколошки барања, ќе стане увозник.

Електропреносната мрежа на Бугарија, компанија која управува со мрежата за висок напон во планот за развој до 2020 година, разработи две варијанти - едната, за изградба на „Белене“ и втората, без нуклеарка.

Во случај да биде изградена втора атомска централа во земјата, Бугарија годишно ќе има вишок од 8.000 до 12.000 гигават часови струја и во тој случај неопходно е да потпише долгорочни договори за извоз со другите држави. Другата варијанта за надополнување на струја предвидува модернизација на термоцентралите и продолжување на околу 2.000 мегаватни капацитети до 2020 година.

Во Бугарија во првите девет месеци од оваа година е регистрирано зголемување на производството на електрична енергија за 9,5 отсто, а тоа зголемување за цела 2011 година ќе биде 7,5 проценти поголемо од претходната година.

Во вкупното производство на струја во Бугарија термоцентралите учествуваат со 43 проценти, хидроцентралите со 12 отсто, нуклеарката „Козлодуј“ задоволува 33 проценти од потребите, додека остатокот го надополнуваат обновливите извори на електрична енергија, главно ветерниците.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/33...truja.aspx
Без Ботев няма България
06-12-2011, 05:13 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 06-12-2011, 05:13 PM