Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#76


Бугарија, Русија, Романија и други извезувале оружје во поранешна Југославија

Голем број земји меѓу се осомничени дека учествувале во шверц на оружје во поранешна Југославија, за време на конфликтите во оваа земја во текот 90-те години, покажа истражувањето на екипа словенечки новинари.

Истражувањето траело три години, а за тоа време биле анализирани илјадници официјални документи.

Според заклучоците, редица држави, меѓу кои Русија, Романија и Бугарија, активно учествувале во прекршувањето на ембаргото за продажба на оружје. Многу од овие држави имале заработка од милиони долари од продажбата на оружје и муниција на завојуваните фракции во поранешна Југославија, се посочува на сајтот ЕУОбзервер.

Според словенечките новинари, Романија, Бугарија, Полска, Украина и Русија биле извозници на оружје за време на конфликтот. „Главниот штаб“ на оваа логистичка операција била Виена, а финансиските трансакции били оспроведувани со посредништво на унгарска банка.

-Преку вакви тајни и незаконски трансакции некои лица станале исклучително богати, коментира Зденко Цепиќ, аналитичар во Институтот за современа историја во Љубљана.

Логистичките операции биле реализирани со помош на тајните служби и на мафијашки групи од Италија, Албанија и Русија

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/32...avija.aspx
Без Ботев няма България
03-12-2011, 03:28 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 03-12-2011, 03:28 PM