Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#75

190 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ЈОРДАН ХАЏИ КОНСТАНТИНОВ


Џинот го пронајде житието за свети Наум


"И почнаа нашите деца да напредуваат и плод да принесуваат и така мене сите граѓани ме извишија до небеси", вели во една од своите белешки Џинот


Меѓу богатото наследство што ни го остави македонскиот преродбеник од 19 век, Јордан Хаџи Константинов - Џинот, е и белешката во која објаснува како ги учел своите ученици и како го гледал неговиот Велес и Македонија пред два века. Таа беше дел од вчерашниот научен собир Џинот и неговото творештво", во Велес, по повод 190 години од неговото раѓање.

Јас во Велес отпрво деца кога заучив, почнав да ги учам буквар, света историја, црквена историја, оглашение вери, географија, сеобштаја историја, граматика со художнословие со дијалектика, црквена оправа, толкование све свештенописание, митологија итн. со ред, т.е. формално и сложно, и почнаа нашите деца да напредуваат и плод да принесуваат и така мене сите граѓани ме извишија до небеси", вели во една од своите белешки Џинот.

На научниот собир настапи и проф. д-р Вера Стојчевска - Антиќ, и тоа со интересни податоци.
"Покрај другите дејности Џинот го пронајде и ракописното кратко Наумово житие, кое беше непознато за јавноста. Ова житие недостасуваше во науката и преку него за свети Наум се осознаа бројни дотогаш непознати податоци. Текстот од житието Јордан Џинот го испратил во Белград, а со него и свои забелешки и други сознанија за животот и работата на свети Наум", рече проф. Антиќ.

На научниот собир со свои трудови настапија еминентни научни и културни работници кои презентираа многу интересни теми. Една од тие беше и Велес и велешани преку перото на Џинот". Сите теми од собирот ќе бидат објавени во книга. Во рамките на одбележувањето на 190-годишнината од раѓањето, Народниот театар, кој го носи неговото име и кој е организатор на научниот собир, има подготвено три, а од нив за велешани ќе одигра една претстава за Џинот.
Јордан Хаџи Константинов - Џинот е роден во Велес во 1821 година. Целиот свој живот го посветил на борбата на македонскиот народ за своја самобитност и секогаш отворено велел дека Македонците не се ниту Грци, ниту Бугари, ниту Срби, туку дека едноставно се Македонци. Наклеветен од грчките фанариоти, турските власти го испраќаат на заточеништво во Мала Азија, каде што од тортурите го губи едното око.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=09AB8C77...00E13BD1F0

Ако секогаш тоа го велел Джинот едва ли за вечер би било проблем да наведе барем един пример
Без Ботев няма България
03-12-2011, 02:44 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 03-12-2011, 02:44 PM