Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#68

Николај Младенов: Следните денови решавачки за Балканот



Следните денови ќе бидат решавачки за иднината на Балканот, оценува бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов во писмо испратено до еврокомесарот за проширување Штефан Филе, во кое нагласува дека Бугарија има намера да игра активна улога во процесите за проширување на ЕУ со земјите на Западен Балкан.

- Евентуалната пауза во процесот на проширување на ЕУ по потпишувањето на договорот за членство со Хрватска, би можела да го вовлече во застој целиот регион на Западен Балкан, смета Младенов.

Тој во писмото нагласува дека Бугарија изразува целосна поддршка на предлогот на Европската комисија за отпочнување преговори со Црна Гора за членство во ЕУ.

- Создадени се неопходните услови Црна Гора да ја преземе од Хрватска штафетата во проширувањето и да ја предводи регатата на Западиот Балкан во името на европската иднина на регионот, истакнува Младенов.

Шефот на бугарската дипломатија нагласува дека за Софија е особено важно тоа што ќе се случи во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина кој се води во Брисел.

- Неопходно е да видиме напредок во дијалогот за да може Србија да направи чекор напред на патот кон ЕУ. Се надевам дека ќе биде постигнат брз напредок во разговорите што ќе им овозможи на Советот за општи работи и на Европскиот совет следната недела на Србија да и го доделат статусот кандидат за членство во ЕУ, заклучува Младенов во писмото до Оли Рен

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...9FF6EBEE44
Без Ботев няма България
01-12-2011, 04:34 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 01-12-2011, 04:34 PM