Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#61

Владата и бара и брка инвестори



Ова се тврди во дописот на Викиликс за тендерот околу термоцентралата „Неготино“ на кој победи фирма поврзана со бугарската мафија


Додека премиерот Никола Груевски престојува во Сингапур за да лобира за странски инвестиции во Македонија, Викиликс објави допис според кој САД ваквите напори ги оценувале како „празна реторика“, откако без било каква логика бил откажан инвестициски договор од стотици милиони долари - само затоа што не победила компанијата што ја фаворизирала владата.

Во дописот од 2007 година, зад кој стои амбасадорката Жилиен Миловановиќ, се коментира одлуката на владата да го откаже тендерот за термоцентралата Неготино, откако тогашната министерка Вера Рафајловска од НСДП одбила да го потпише договорот со одбраниот конзорциум од четири компании, се' додека не достават информации за сопственоста и нивната финансиска кондиција.

Како што открива амбасадорката, САД ја предупредиле владата дека едната од компаниите во конзорциумот, Финанс инжињеринг од Бугарија, лажно тврдела дека имала мнозински американски капитал а наводниот американски мнозински акционер всушност постоел само на хартија. Уште повеќе, бирото на ФБИ во Софија известило дека и двете компании се под истрага за перење пари во Бугарија и САД, па и тоа дека Финас инжињеринг бил поврзан со бугарската мафија. Амбасадорката Миловановиќ исто така се жалела на нетранспарентноста на тендерот и на сомнителното бодување на пријавените компании со кое била исфорсирана бугарската.

Откако, и покрај притисоците од премиерот Груевски и министерот Зоран Ставрески, како што стои во дописот, Рафајловска не сакала да го потпише договорот и да биде жртвен јарец во некоја идна корупциска истрага, САД барале да се даде зделката на второрангираната американска компанија. Но, на нивно разочарување, без никакво објаснување владата преферирала да дигне раце од тендерот.

„Владата има двајца министри чија единствена работа е да привлекуваат странски инвестиции, а плаќа и непозната сума пари на меѓународни медиуми за да ги рекламира предностите од инвестирање во Македонија. Но, и покрај ваквата реторика дека сака да привлече странски инвестиции, Владата без логика го откажа инвестицискиот договор тежок стотици милиони долари. А, ова веројатно ќе беше најголема поединечна инвестиција од независноста на Македонија и ќе ја обезбедеше толку потребната електрична енергија. Не знаеме зошто владата одби да го потпише договорот со американски СЕНКАП, но веројатно скриени лични и политички загрижености надвладеале над можните бенефиции за Македонија“, стои во дописот на Миловановиќ.

Вакви поплаки неофицијално се слушаат и од германски извори, во смисла дека проблем било нивните компании да бидат третирани фер, а не пак да добијат договори. Инаку, според бугарски медиумски извори, во оваа соседна земја правилата за инвестирање станале многу порестриктивни во однос на потеклото на парите, па бугарските бизнисмени што сакаат да ги исперат парите сега се вртат кон Македонија и Србија, бидејќи овде се' уште не се проверува нивното потекло. (С.Ј.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...5B72BACF56
Без Ботев няма България
30-11-2011, 03:42 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 30-11-2011, 03:42 PM