Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#42

Мислења

Бадинтер, Идризово и Шутка


Потребна е преродба на македонските затвори. Можеби треба да го повикаме Бадинтер уште еднаш на помош

Деновиве, најпознатиот европски жив правник, поранешен министер за правда во владата на социјалистот Франсоа Митеран, Французинот Робер Бадинтер го одбележа својот 83. роденден. Во Европа Бадинтер се прослави во осумдесеттите години на минатиот век со укинувањето на смртната казна во Франција. Во улога на член на Арбитражната комисија во рамките на Мировната конференција за Југославија во деведесеттите години експертот Бадинтер заклучи дека „врз основа на зацртаните правно-политички и демократски рамки, Македонија ја заслужила независноста“.

Како голем пријател на Македонија учествуваше и во посткризното стабилизирање на државата во 2001 година и го предложи принципот на одлучување во мултиетничките институции, познат како Бадинтеров принцип. Љубител на поетот Бодлер кој посветил поема за платното на францускиот романтичар и импресионист Делакроа за затворениците и Бадинтер се заложил за хуманизација на француските затвори. Настапувајки натпартиски, социјалистичкиот сенатор и демократ Бадинтер во 2003 година ја критикуваше и сопствената партија дека „за време на своето владеење не направила многу за затворите“. Последниве години во рамките на УНИЦЕФ, Бадинтер се фокусира врз критичната состојба на затворите во посткомунистичките држави Украина, Молдавија, Бугарија и Албанија. Во однос на Бугарија Бадинтер ги критикуваше наследените затворски институции од времето на комунистичката диктатура „каде се' уште се дозволени телесни казни врз малолетните затвореници“. „Од вкупно 24 часа, затворениците поминуваат 22 часа во претесните ќелии“, изјави минатата година Бадинтер.

Во месноста Подем близу Софија, каде што е сместен женскиот затвор, главно се затворени млади девојки од ромски и од турски малцинства. Тие кривично одговараат за „антисоцијалното однесување, недисциплина во училиштата или бегање од дома“, инаку наследени пенолошки изрази од времето на комунизмот. Затоа Бадинтер предупреди „условите во бугарските затвори се толку понижувачки што оваа членка на ЕУ заслужува казна од страна на Советот на Европа“.


Состојбите се уште поалармантни во Албанија. Пренаселеност, дегарадирачки затворски услови, мрачни и влажни затвори, недостиг на хигиена, многубројни самоубиства, ментални болни, корупција на затворскиот персонал, малтретирање на затворениците. Под влијание на овие негативни појави како да се заборави на основните функции на затворот. Затворот претставува казна за осуденикот за сторено кривично дело. Затворот е и еден вид заштита на општеството од опасни лица, одвраќање на луѓето од кривични истапи. Општеството го обврзало осуденикот на издржување казна, но и на социјализација, присилно продолжување на учењето или друг вид активност наменета за реинтегрира или рехабилитира на осуденото лице.

Но, каква е состојбата во времето кога Европа и младите го интерпретираат Стефан Хесел и го искажуваа сопствениот социјален бунт?

Мојот соговорник Хашим, повеќегодишен затвореник и повратник во КПД „Идризово“ и Шутка, смета дека Робер Бадинтер треба да ги посети и македонските затвори и да се убеди во непријатната реалност на „македонскиот дел од пеколот“. Македонските затвори се меѓу најнехуманите затвори на Балканот. Примавме посети од разни комисии од земјата и странство, а управата на затворите им ги покажува само новонаправените простории. Дури намерно ги пуштаат затворениците на расхотка (прошетка) за да не се дознае дека во нашите ќелии е вистинска тарапана. Меѓутоа, тешко на оној кога првпат ќе дојде во истражниот затвор во Шутка.

„Ми се случи да поминам три месеци во истражниот затвор без ниту еднаш да се искапам. Не бев од привилегираните затвореници кои ја потплаќаат управата. Беше лето и каменот пукаше од скопското пеколно сонце. На 40 Целзиусови степени без вода за освежување, ние неколку мажи затворени во иста просторија се чувствувавме како врз еден претесен изгубен сплав врз кој едвај се преживува. Се врши нужда пред останатите. Наоколу тежок смрдеа. Се' смрди на течен измет, пролив и на урина. Се шири неподнослива реа и силен мирис на пот и на човечки гениталии. Насекаде инсекти, муви, лебарки, смрдливи буби. Го загубив чувството за мирис. Кога излегов надвор ми беше необично што воздухот не смрди на измет. Не можевме дури и рацете да си ги испереме од гомната. Сите заболувавме од цревни болести. Сликите што ги носам од Шутка ме потсетуваат на животот на затворениците од средниот век. Само уште пранги недостасуваат“, ми зборуваше Хашим.

Замислете да поминете во Шутка неколку месеци во Истражниот затвор, тоа ви е како да поминете пет години во Идризово.

Состојбата не е порозова и во КПД „Идризово“, истакнува Трајче, инаку вработен во затворот. „Јас сум повеќе од десет години во ’Идризово‘. Условите за затворениците се неиздржливи. Капацитетот на затворот е од 800 до 900 затвореници, а кај нас моментално казната ја издржуваат близу 1.500 затвореници. Во обновените одделенија се сместени по протекција привилегирани затвореници. Меѓутоа, во зградата Ц се сместени Ромите, Турците, Албанците и најсиромашните Македонци. Казната ја издржуваат во пренатрупани простории со по четириесетина затвореници, нехигиенски услови, помешани со осуденици со нарушено ментално здравје, наркомани и зависници од алкохол. Во првите денови луѓето се под шок. Често постојат обиди за самоубиство, провоцирани повреди и заболувања. Освен пренаселеноста и дискриминацијата, осудениците се постојано под некоја уцена, како од останатите осуденици така и од стражарите. Тие се свикнати на малтретирање и тормозење. Таму условите се под секое достоинство. Пред две недели затворениците реагираа против помијата која им се даваше за ручек. Управата беше принудена да ја подобри храната. Некогашните две фирми, ’Преродба‘ и онаа за правење шаховски табли и фигури веќе згаснаа. Во ’Идризово‘ царува дрогата, корупцијата и криминалот. Пред еден месец дојде до тепачка меѓу двата ривалски кланови кои организираат спортски обложувалници. Стражарите се целосно корумпирани и целокупната трговија со дрога, пари, потплаќања се врши преку нив. Состојбата се влоши кога почнаа да примаат партиски членови на стражарските места. Стражари станаа и некогашни затвореници, луѓе со криминални досиеја. Идризово е како еден тажен панаѓур составен од опасни и префригани луѓе независно дали се наоѓаат од оваа или од онаа страна на жицата. Основна цел на сите е заработката на ситно. Во такви услови, нарушени се и филозофијата и принципите на затворската казна“, раскажува Трајче.

Затворот ја загуби корективната функција, уште повеќе едукативната и функцијата на ресоцијализација. Никој не води грижа за реинтеграција на затворениците во општеството која отпочнува со издржувањето на санкцијата. Некогаш во ’Идризово“ постоеја автомеханичарска, столарка, металостругарска, земјоделска и други работилници. Таму се произведуваа и познатите ќумбиња на нафта и на јаглен „Преродба“, што симболички означуваше коренити промени исто како и популарната партиска програма на ВМРО-ДПМНЕ. Во Македонија не постои ниту контролната едукација пред излегувањето на осудениците ниту институции за реалната социјализација по излегувањето од затворот. Затоа над 70 проценти од затворениците во КПД „Идризово“ се повратници, стари познаници на затворот. Потребна е преродба на македонските затвори. Можеби треба да го повикаме Бадинтер уште еднаш на помош.
Без Ботев няма България
23-11-2011, 02:27 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 23-11-2011, 02:27 PM