Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#41



22.11.2011, 16:27
Не можеа да дозволат „Македонија“ да биде првак на Бугарија




„Левски“ немаше шанси да не' победи и направија фалсификат, вели познатиот лингвист Трајко Стаматоски

Сунчица Уневска

„Фудбалскиот тим ’Македонија‘ во времето на Втората светска војна, но и по неа ја испишуваше историјата, успевајќи да ги победи и најсилните противници. На натпреварите доаѓаа и по пет илјади навивачи. Беше тоа време на фудбалот...“, така ја почнува својата приказна најпознатиот македонски жив лингвист, Трајко Стаматоски, кој бил очевидец на сите тие настани бидејќи, како што вели, на терените е од своите десет години односно од 1935 година па се' до денес. Тимот „Македонија“ кој играл во тогашната прва елитна лига во фашистичка Бугарија, не само што бил надмоќен и што донел незаборавни моменти на фудбалските терени во тоа време, туку неговите победи кога Македонија како држава не била признаена само по себе имале уште поголемо значење.

На оваа навистина фантастична и неверојатна приказна околу легендарниот тим „Македонија“ се навратија сега сите поради филмот „Трето полувреме“, поради режисерот Дарко Митревски и неговата упорност сето ова да го пренесе на филмското платно. И иако филмот на Митревски не е само за случувањата околу овој фудбалски тим, туку и за една вистинска љубовна приказна, како и за судбината на Евреите, сепак, оваа победничка приказна, како по правило, успеа да ги освои сите. А уште повеќе и поради реакциите од страна на некои бугарски медиуми, па дури и парламентарци, кои испраќаа деманти и писма со обвинување дека овој филм, со силна поддршка на Владата на Македонија, сака да ја искриви историјата. Интересно е дека филмот не е ни излезен и не знаеме што точно ќе содржи, па сепак, Бугарите побрзаа да ја демантираат неговата приказна.

Оградувајќи се од филмот ние се обидовме да се навратиме на овие настани заедно со еден од живите сведоци на сето она што тогаш се случувало на терените во Македонија, но и надвор од нив. „Во тоа време имаше еден многу добар клуб во Македонија, ’Граѓански‘, кој влезе во првата југословенска лига уште во 1938 година. Тие играа во сезоната 1939/1940 година, а исто така и во 1940/1941, но не завршија поради окупацијата на Југославија“, вели Стаматоски. Тогаш во Македонија имало повеќе тимови, но „Граѓански“ бил најдобар. Во 1938 година во Македонија дошол тренерот Илјаш Шпиц од Сплит, каде што го тренирал „Хајдук“, за кого Стаматоски вели дека бил таков визионер и стручњак, кој и денеска би бил врвен.

„Шпиц го подигна нивото на фудбалот во Македонија. Во 1941 година беше направен тимот ’Македонија‘ во кој во голем дел влегоа играчи од ’Граѓански‘, но и играчи од другите скопски тимови, како голманот Васил Дилев кој дојде од ССК, скопскиот спортски клуб. Шпиц направи многу добра екипа во која беа и Кирил Симоновски - Џина, Васил Цветковски, Саво Цветковиќ, Драган Геров, Јаневски, Шутевски“, раскажува Стаматоски, кој вели дека Џина бил најдобриот фудбалер на сите времиња.

„Првите натпревари со Бугарија ги имавме уште во 1941 година. Нашиот тим отиде во Софија и ги направивме лом и тие тогаш, сакајќи да го прикажат тоа како ослободување на Македонија, во 1942 година не вклучија во првата нивна сојузна лига, која ја викаа елитна. Тоа беше така затоа што во неа беа само тимови од Софија, не и од другите градови во Бугарија. И сега дел од таа елита стана и нашиот тим ’Македонија‘“, продолжува Стаматоски. А тоа значело дека нашиот тим морал осум пати да оди во Софија, да игра со сите тимови, а тие сите дошле само по еднаш во нашата земја. Но, „Македонија“ бил на врвот, а се ближел крајот на шампионатот 1941/1942 година. Единствениот конкурент на „Македонија“ му бил „Левски“ и решавачкиот натпревар се играл во Скопје. Денот бил дождлив, теренот каллив и полн со локви вода, но тимот „Македонија“ веќе во 20. минута повел со 2:0. Тогаш во една акција нивниот играч Стамболиев ја погодил стативата, на која како што раскажува Стаматоски, долго потоа стоел калливиот отпечаток. Но, бугарскиот судија рекол дека тоа е гол. И додека нашите играчи отишле кај судијата да протестираат, играчите на „Левски“ го напуштиле теренот. Фудбалската федерација рекла дека македонскиот тим го напуштил теренот и како завршен резултат го објавила 3:0 за Бугарија. „Тие не можеа да дозволат Македонија да биде првак на Бугарија. Видоа дека немаат ни теоретски шанси и направија фалсификат, направија невиден преседан“, објаснува Стаматоски.

Инаку, со тоа не завршил овој историска натпревар. Тогаш навивачите, се разбира, цело време извикувале Македонија, бодрејќи го својот тим, но коњицата која го обезбедувала натпреварот почнала да ги брка и да ги удира. Била тоа неверојатна мешаница, после која, како што категорично тврди Стаматоски, натпреварите не се обезбедувале само со коњица, туку носеле и митралези. „Игравме и понатаму, вели Стаматоски, игравме и во втората сезона 1942/1943, која се одржуваше по ист принцип, додека во следната сезона, кога веќе се насетуваше исходот на војната, се укина лигата. Но, тимот „Македонија“ не го оставаа надвор, гостувавме два пати во Софија и игравме на пријателски натпревари. Во 1943 година во Софија го победивме „Левски“ два пати со резултат 1:0 и им докажавме дека сме подобри“, зборуваше Стаматоски. Тој рече дека во 1944 година тимот не играл затоа што голем дел од играчите отишле во партизани. „Се зборуваше дека тимот на ’Хајдук‘ бил тој кој отишол во партизани, но тоа не беше точно. Тие отидоа да играат со странски екипи. Додека нашите играчи, Џина Симеонов, Васил Цветковски, Саво Цветковиќ, Драган Геров земаа пушки и заминаа во партизани“, додава Стаматоски.

Во тоа време атмосферата на трибината била фантастична. На натпревари оделе главно учениците од гимназиите прогресивно ориентирани односно, како што нагласува Стаматоски, целата младина тогаш била напредна. Но, за тоа кога биле почетоците на фудбалот во Македонија нашиот соговорник вели дека биле многу, многу порано. Фудбал во нашата земја се играл уште на почетокот на 20 век. На местото каде што се наоѓа топката кај „Идадија“, посочува Стаматоски, се одиграл првиот натпревар во 1911 година. Инаку, во тоа време немало други спортови и фудбал се играл речиси на секоја полјана.

Го прашавме господинот Стаматоски и за приказната околу ослободувањето на тренерот Илјаш Шпиц за кого, како што вели Стаматоски, би имал десетици приказни да раскаже. Тој ни рече дека тука е толку чиста ситуацијата, дека Шпиц од концентрационен логор го спасиле Македонците кои биле во Управата на фудбалскиот тим „Македонија“, но преку интервенцијата на тогашниот претседател Чкатров, кој бил во служба на Бугарите. „На друг начин, вели Стаматоски, и немаше шанса да се стигне до бугарскиот министер за внатрешни работи Габровски. Нашето раководство во Управата по апсењето на Шпиц отиде кај Чкатров и му рекоа дека тоа не е затоа што Шпиц е Евреин, туку дека тоа е насочено против него. Тогаш Чкатров, на иницијатива на партиската организација која ја искористи неговата суета, интервенираше и Шпиц беше симнат кај Врање.“ Што се однесува до другите тврдења на Бугарите дека тие ги спасувале Евреите, Стаматоски вели дека бил сведок како бугарската војска и полиција влегувала буквално во сите куќи. Тој вели дека од 7.300 Евреи во Македонија дали се спасиле само 10 или 20. Бугарите, како што вели Стаматоски, ги спасиле нивните Евреи, но не и нашите, туку напротив, тие биле оние што ги собрале.

А околу реакциите од бугарска страна, Стаматоски вели дека треба да сме свесни дека кај Бугарите за цело време има една константа, дека ние сме Бугари. Без оглед на се', на тоа дека не' признале, тие секогаш мислеле и мислат дека ние сме Бугари. „Нека кажат, вели Стаматоски, како го направија ’Левски‘ првак, нека кажат дали овде беа прифатени, нека кажат дали нешто придонесоа за ослободувањето“. Тој додава и дека при крајот на војната тие сакале да се прикажат како ослободители, сакале да влезат во Скопје кога било ослободено, но тоа не им било дозволено.

А тимот „Македонија“ постоел и по војната и играл се' до 1947 година. Веднаш по војната „Македонија“ играл со „Црвена ѕвезда“ и ја победил 4:1. Се појавиле и други тимови и во 1947 година, кога баш и не било пријатно да се слуша на трибините „Уа Македонија!“, се присоединиле „Македонија“ и тимот „Победа“ и бил создаден „Вардар“. „Шпиц беше тренер и на ’Вардар‘, а потоа го побараа во Белград. Нашите одлични играчи, Симоновски, Јаневски, Шутевски беа дел и од југословенската репрезентација. А Шпиц умре на терен, кога игравме со ОФК ’Белград‘. Но, остана приврзан за нашата земја и секогаш кога му беше потребен на ’Вардар‘ тој доаѓаше“, се присетува со радост и задоволство на тие времиња господинот Трајко Стаматоски.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=E8394...A30D4CBD43
Без Ботев няма България
23-11-2011, 02:24 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 23-11-2011, 02:24 PM