Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#36

Балканските држави губат население, не и ние

Пописите во Србија и во Бугарија покажаа намалување на вкупниот број на населението од пет до осум отсто, а во Македонија, иако пописот не успеа, сепак нема такви очекувања



Србија за девет години останала без 377 илјади жители, околу пет отсто од своето вкупно население, покажаа првичните резултати од пописот во оваа земја. Во годината на пописите на Балканот (која не беше еднакво успешна секаде), сличен тренд се покажа и во други земји. Бугарија загубила дури 564 илјади жители, а сé уште чекаме резултати од Албанија. Во Македонија пописот не успеа, но процената е дека ние нема да влеземе во таа шема. Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот од минатата година во земјава имало 2.057.284 жители, што е дури повеќе од 2.022.547 од пописот во 2002 година. Сепак, оттаму велат дека само кога ќе се спроведе новиот попис ќе бидеме сигурни дали губиме население како другите или успеваме да го одржиме на нешто над два милиони.

Хрватскиот весник „Слободна Далмација“ пишува дека бројот на населението се намалува во сите источноевропски словенски земји поради комбинацијата од низок наталитет и иселувања. Весникот додава дека Западот барем успева со имиграција да го надомести малиот број рожби.

Подетални резултати од пописот во Србија, меѓу кои би била и бројноста на малцинствата во таа земја, може да се очекуваат дури идната година, според најавите од тамошниот завод за статистика. Во меѓувреме е забележано дека вкупниот број на населението таму е 7.120.666, што е за 377.335 помалку од 2002 година. Освен во белградскиот регион, каде што има пораст за околу 63 илјади луѓе, во сите други статистички региони има опаѓање, кое во источна и јужна Србија изнесува дури 200.000 луѓе.

Македонци според последниот попис во 2002 година имаше 25 илјади, двојно помалку отколку во 1991 година, но сепак најмногу во однос на другите соседи. Бугарија, од друга страна, годинава изброи само 1.609 Македонци, а нивниот број, според официјалните резултати, се намалил за две третини. Имаше реакции од македонските медиуми, како и од здруженијата на Македонци во Бугарија, на што бугарските новинари одговорија дека државата не може да се грижи за тоа дека и снемало две-три илјади Македонци, кога останала без половина милион луѓе

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDet...anie=22436
Без Ботев няма България
21-11-2011, 06:29 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 21-11-2011, 06:29 PM