Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#32

Визијата за Европа е истрошена



Ако Србија, Црна Гора, а можеби и Македонија почнат преговори за членство кон крајот на идната година, ќе поминат барем шест-седум години додека да дојдат до прагот на Унијата, прогнозираат бриселски дипломати


Промените во Европската Унија, кои по избивањето на должничката криза изгледаат неизбежни, ќе влијаат врз темпото на проширување, а Брисел, соочен со тешкотиите, многу повеќе ќе инсистира на остварување на стандардите за да можат идните членки целосно да бидат подготвени за членството, сметаат аналитичарите во регионот на југоисточна Европа во анализата на „Еурактив“. Некои од нив, сепак, оценуваат дека успешните внатрешни реформи на ЕУ би можеле поволно да се одразат и врз земјите што се во процес на интеграција, како и дека на темпото на проширување посебно ќе влијае отпорот кон промените што ги носат реформите на патот кон Унијата.

- Промените во ЕУ на некој начин ќе го забават процесот на интеграција на регионот во Унијата. Ќе се инсистира на видливи промени и квалитетни реформи, што е многу поважно од ветената брзина. ЕУ повеќе не сака нови проблеми, особено не сега кога решава актуелни предизвици - вели извршната директорка на црногорскиот Центар за граѓанско образование, Далиборка Улјаревиќ.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози веќе најавија дека ЕУ е пред темелни промени. Според бриселски дипломатски извори, ако Србија, Црна Гора, а можеби и Македонија почнат преговори за членство кон крајот на идната година, ќе поминат барем шест-седум години додека да дојдат до прагот на Унијата. А дотогаш ЕУ ќе се трансформира.



ЕУ го зголемува притисокот

Таквиот пристап на Брисел, сепак, не менува ништо во политиката на проширување кон регионот. Процесот на реструктурирање на Унијата и соочувањето со системските проблеми во нејзиното функционирање, доколку се изврши ефикасно и без отпор, ќе ја зајакне позицијата на ЕУ и ќе има позитивно влијание врз реформите во нејзините гранични делови, како што е Западен Балкан. Некои аналитичари сметаат дека новиот пристап на Брисел со отворање преговори по најтешките поглавја покажува дека фокусот ќе биде на реформите, но истовремено покажува дека Унијата го зголемува притисокот и посилно ќе се меша во внатрешните односи. Тоа значи дека с` помалку ќе биде партнер, а с` повеќе ќе ги наметнува своите правила и мерки.

Европа скапо ја чинеше приемот на Романија и на Бугарија, кога одлуките се донесоа од политички и геостратегиски причини, а не врз основа на степенот на развој, па не сака таа грешка да ја повтори.

Политичкиот аналитичар од Босна и професор на универзитетот во Виена, Ведран Џихиќ, оценува дека и пред актуелната криза во ЕУ беше јасно оти интеграцијата на Западен Балкан нема да биде ни едноставна ни линеарна. Според него, Унијата минува низ најтурбулентниот период во својата историја, а „дебатите за проширување или за продлабочување на интеграцијата кои се водеа пред потпишувањето на Лисабонскиот договор ги замени една кризна динамика во која секоја финална прогноза за конечната судбина на ЕУ е невозможна“.

- Веќе неколку години е јасно дека апетитот на ЕУ за проширување е низок, а апетитите на домашните политички елити за опструкција на тој процес се пропорционално високи. Тоа е замката во која моментално се наоѓаат сите земји од регионот, освен Хрватска - вели Џихиќ, додавајќи дека визијата на Европа е прилично истрошена и с` повеќе се троши во овие кризни времиња.



Наместо реформи, популистички пароли

Според него, како замена за политиката на реформи се нудат едноставни популистички пароли, а национализмот и десниот екстремизам се повторно во пораст. На актуелните политички елити едноставно им недостига визија и подготвеност да се фатат во костец со длабоките промени во општествата.

Резултат на сево ова е кризата на европскиот проект на Балканот, која се надополнува на веќе постојната криза со демократијата во регионот. Најголемите жртви на ваквата ситуација повторно се обичните граѓани, кои се преокупирани со сопственото преживување, па вестите од ЕУ ги примаат како вести од некоја далечна планета. #

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...CCE39C6E61
Без Ботев няма България
21-11-2011, 06:08 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 21-11-2011, 06:08 PM