Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#31

21.11.2011, 16:50

Рендген за гостите во Холандија

Холандските власти веќе зазедоа построг став во однос на проширувањето на шенген-зоната кон Романија и Бугарија


БРИСЕЛ – Сериозно зависна од антиимигрантското гласање, холандската влада планира да воведе систем на автоматско видеонабљудување во должина на своите граници. Од 1 јануари, холандските власти ќе инсталираат мрежа од видеокамери на 15 главни премини со Белгија и Германија, ќе ги проверува сите регистерски таблички и броеви на украдените автомобили или други сомнителни прекугранични кривични дела, соопшти холандското министерство за миграција за „Фајненшел тајмс Дојчланд“. Европската комисија сега проверува дали системот е во согласност со европскиот Закон за слобода на движење во безграничната шенген-зона, која ја сочинуваат 25 земји-членки и нечленки на ЕУ. Холандските власти веќе зазедоа построг став во однос на проширувањето на шенген-зоната кон Романија и Бугарија, наведувајќи го неуспехот да се справат со корупцијата и со организираниот криминал. Финска, исто така, стави вето на овој потег на почетокот од годинава, но оттогаш го има омекнато својот став. Меѓутоа, холандската влада укажа на тоа дека е мала веројатноста да се промени насоката во брзо време во однос на ова прашање. Но, нејзините дипломати се бесни на позициите што треба да ги бранат кога преговараат со нивните колеги од ЕУ. Минибунт против министерот за надворешни работи Ури Росентал се случи за време на викендот, кога неколкумина дипломати се пожалија до НРЦ Ханделсблад околу она што тие го гледаат како политика за изолација на нивниот шеф. Розентал возврати со ветување дека ќе им забрани на дипломатите во иднина да зборуваат со медиумите.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...2BE5898200
Без Ботев няма България
21-11-2011, 06:06 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 21-11-2011, 06:06 PM