Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Gnoj Offline
кабадаја
*****

Posts: 1,169
Joined: Feb 2010
Reputation: 33
#21

Бугарски и српски полицајци ќе патролираат во Охрид и Маврово

Министерката за внатрешни работи договорила соработка со своите бугарски и српски колеги – за време на туристичката сезона ќе си размениме полициски службеници.

- Нема да имаат надлежност за посериозни кривични дела туку ќе можат да интервенираат во делот на безбедноста во сообраќајот и одржувањето на јавниот ред и мир - изјави министерката Гордана Јанкуловска.

Јанкуловска истото ќе им го предложи на сите свои колеги од регионот вклучително и на својот грчки и турски колега. Ако предлогот биде прифатен на Халкидики за пребрзо возење ќе може да ве опомене полицаец од Македонија.

На средбите во рамки на Салцбуршкиот форум во Софија, Јанкуловска постигнала уште еден значаен договор- Македонците да стигнат до море во Црна Гора само со биометриска лична карта.

Јанкуловска очекува и иницира посилна регионална соработка. До сега неколку пати странски полициски службеници доаѓале во Македонија – највпечатливи беа британските бобис кога Македонија играше фудбалски натпревар со Англија.

Сега македонското МВР бара да има свои полициски службеници и на натпреварите во рамки на европското ракометно првенство во Ниш.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/b...-i-mavrovo
Let me hear you make decisions without your television.
17-11-2011, 05:31 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Gnoj - 17-11-2011, 05:31 PM