Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#20

Додека ние го чекаме, турски „Шишеџам“ вложува во Бугарија

Од Агенцијата неодамна посочија дека контактите со „Шишеџам“ не престанале и дека континуирано се комуницира

Ние го очекуваме, а турски „Шишеџам“ почна да се проширува на пазарот во соседна Бугарија. Инвестицијата на „Шишеџам“ во Македонија се' уште е неизвесна, иако претставници од оваа компанија уште пред крајот на минатата година најавија дека на почетокот од годинава ќе почнат со нејзина реализација, преку изградба на фабрика за стакло во економската зона „Бунарџик“. И вицепремиерот за економски прашања, Владимир Пешевски, ја потврди во неколку наврати таа информација, како и поранешниот директор на Агенцијата за странски инвестиции Виктор Мизо. Од Агенцијата неодамна посочија дека контактите со „Шишеџам“ не престанале и дека континуирано се комуницира со претставници на оваа компанија и само прашање на време е кога тие ќе се одлучат да инвестираат во нашата земја.

И додека Македонија е во исчекување на оваа инвестиција, „Шишеџам“ почна со изградба на две нови фабрики за производство на стакло во Бугарија, во рамки на комплексот „Тракија глас“ во Трговиште. Како што јавуваат бугарски медиуми, во изградбата на фабриките ќе се вложат околу 400 милиони долари, а работите ќе ги изведува турска компанија која победи на тендерот.

„Шишеџам“ веќе има две фабрики во соседна Бугарија во кои работат околу илјада работници во производство и 500 во други дејности. Турците планираат со изградбата на пет нови, во Трговиште да поседуваат вкупно девет фабрики за производство на различни видови стакло. (М.Т.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...327072039C
Без Ботев няма България
17-11-2011, 05:26 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 17-11-2011, 05:26 PM