Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#18

Бугарија најсмртоносна за живеење?


Хроничното загадување во Бугарија ја прави земјата едно од најсмртоносните места за живеење во светот, поради лошиот квалитет на воздухот, а последиците од тоа се повеќекратни, пишува "Еуроактив". И покрај напорите на бугарските власти, откако земјата станала членка на ЕУ во 2007 година, еколозите тврдат дека новите мерки се уште недоволно се применуваат, како од националните, така и од европските институции.

"Имаме добри закони и системи за набљудување, но најголемиот проблем е, што не постои институција која ќе ги примени... Сиромаштијата има голем придонес во ова", изјавил експертот Георги Стефанов, кој додал дека повеќето домаќинствата се уште се зависни од употреба на разни загадувачки горива за греење и готвење.

Според "Еуроактив",освен токсичното наследство од социјализмот, за денешните проблеми придонесуваат и застарената индустриска инфраструктура, како и старите автомобили и средствата за масовен транспорт.

Извештајот на ООН за 2011 година покажува дека Бугарија е лидер во Европа по интензитетот на загадување. Смртноста поради лошиот квалитет на воздухот, пак, највисока е во Романија и изнесува 439 лица на милион жители, додека во Бугарија е 437. Нивото на градското загадување во Бугарија, е двојно поголемо отколку просечното во целиот регион.

http://vecer.com.mk/default.asp?ItemID=D...4CD996B4D2
Без Ботев няма България
16-11-2011, 06:12 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 16-11-2011, 06:12 PM