Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#15

Андреева: Бугарија со непроменети позиции за интегрирањето на Македонија во ЕУ

15.11.2011 - 16:35 |

Македонија

Вршителот на должноста амбасадор на Републка Бугарија во Републка Македонија, Вања Андреева денеска престојуваше во посета на Дебар.

На средбата со градоначалникот Аргетим Фида разговарале за понатамошната соработка на двете збратимени општини Дебар и Лом.

Градоначалникот Фида информираше дека разговарале и околу Коридорот 8 и Коридорот 8 Б, за автопатот Тирана-Дебар-Скопје, кој ќе ја зголеми комникацијата меѓу Албанија, Македонија, Бугарија и со Црно Море.

Договорено е на манифестацијата „Дебарско културно лето“ да учествува еден ансамбл од градот Лом, додека на летната манифестација во Лом, дебарските аматерски културно уметнички друштва„ Дибра“ и „Хаки Стрмили“. Двајцата соговорници се согласиле, Дебар и Лом да учествуваат со заеднички проекти за подобар економски развој.

Официјална Софија го нема сменето ставот во врска со процесите на интеграција на Македонија во Европската унија, изјави вршителката на должноста амбасадор на Република Бугарија во Македонија Вања Андреева, одговарајќи на новинарско прашање за ставот на Бугарија во однос на евроинтеграциите на Македонија.

- Бугарија има исти непроменети позиции кога е во прашање нејзиниот став за интегрирањето на Македонија во ЕУ, изјави Андреева.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/a...nija-vo-eu

Оваа новина я пренесуваат почти сите македонски медиуми
Без Ботев няма България
15-11-2011, 07:26 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 15-11-2011, 07:26 PM