Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#11

Бугарија обвинува: спорот е алиби – Македонија не работи доволно на реформите !

14.11.2011 - 15:27 |

Македонија

Македонија нe ги исполнувала стандардите да биде во ЕУ, а спорот со името се користи како алиби.

Во пресрет на декемврискиот Совет, Бугарија ја заострува реториката кон земјава.

Наспроти пријателските билатерални односи, бугарските европратеници во Брисел ги бранат грчките интереси.

Кристијан Вигенин од европските социјалисти предупредува дека Македонија и на овој Совет нема да добие датум за преговори, но не поради нерешениот спор со Грција.

“Македонија не се справува доволно добро и со други прашања. Имам впечаток дека спорот со името се користи како изговор и Македонија вели дека без оглед на се Грција ќе продолжи да го блокира почетокот на преговори. Сметаме дека ова не е исправна политика и дека вината за спорот не смее да се препишува целосно на Грција”, изјави Вигенин во интервју за Фокус.

По грчките, бугарските пратеници најмногу негодуваат за извештаите за Македонија на европскиот Парламент. На последниот Мешовит комитет во Скопје, единствено тие не го изгласаа амандманот за придавката “македонски”.

По ова се наметнува прашањето дали Бугарија на декемврискиот совет ќе ја поддржи Македонија во добивање датум за преговори без решен спор со Грција, како што оптимистички очекува шефот на македонската дипломатијата.

Бугарскиот Претседател Прванов, јасно кажа дека тие се индиректно засегнати од спорот со Грција и дека за нив е неприфатливо име со географска одредница

Снежана Јовановска

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/b...-reformite
Без Ботев няма България
14-11-2011, 05:43 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 14-11-2011, 05:43 PM