Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 1 Vote(s) - 5 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Македонските медии за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#8

Датум: 12.11.2011, 16:38

Бугарија од членството во ЕУ профитира со 2,25 милијарди евра

Бугарија од членството во Европската унија од јануари 2007 година до септември годинава заработи 2,25 милијарди евра, се вели во извештајот на бугарскиот министер за финансии Симеон Дјанков.

Бугарија во тој период од ЕУ доби 3,85 милијарди евра од разни фондови. Дел од средствата се од европскиот фонд за развој на земјоделството, а остатокот од претпристапни фондови.

- Во општиот буџет на ЕУ, Бугарија уплати 1,65 милијарди евра, нагласи Дјанков. Според него, Бугарија во општиот буџет на ЕУ до 2009 година внесувала повеќе отколку што добивала, но таа тенденција се сменила минатата година.

- Од нас зависи во наредниот програмски период како ќе работиме, за да усвоиме колку може повеќе средства, рече министерот за финансии, кој е и потпретседател на Владата во Софија.

Тој посочи дека Бугарија оваа година од ЕУ ќе добие 1,07 милијарди евра, а во буџетот за наредната година се предвидени 1,91 милијарда евра. Преговорите за тоа какви финансии Бугарија ќе добие ќе почнат во пролет 2012 година.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?It...1DEAE736D9
Без Ботев няма България
12-11-2011, 05:15 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Македонските медии за България - by Топорчо - 12-11-2011, 05:15 PM