Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ЛАГАТА И МАНИПУЛАЦИЈАТА КАКО СРЕДСТВО ЗА ДОКАЖУВАЊЕ НА ПАТРИОТИЗМОТ
Author Message
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#21

Quote:Jordan Petrovski

Еве ја Времената Спогодба:

1. Со влегувањето на сила на оваа Времена Спогодба, Првата Страна ја признава втората страна како независна и суверена држава, ПОД ПРИВРЕМЕНА ОДРЕДНИЦА воспоставена во писмото на Првата Страна со датум на оваа Привремена Спогодба, а Страните во најскор датум ќе воспостават дипломатски односи на усогласено рамниште со конечна цел тие да бидат подигнати на амбасадорско ниво.
18 hours ago · Like



Quote:Todor Petrov

Ако се сеќаваш, претседателот Ѓорге Иванов повеќепати досега повторил, да се вратиме на текстот на Резолуцијата. Тоа не го вели случајно, затоа што со недоносени дипломати забегавме, па едно време и Американците не предупредија да се вратиме на разговорите според Резолуцијата, а не да договараме се и сешто. Грците си поткупуваат (Љубчо Георгиевски, Љубомир Фрчковски...), службите им работат и едно време помислија дека време е и името да им го смениме.
18 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

ДА СЕ ВРАТИМЕ ама првин мора да ја раскинеме времената спогодба.
Тодоре неможе да се вратиме додека не се РАСКИНЕ ВРЕМЕНАТА СПОГОДБА. Тоа е МЕЃУНАРОДЕН ДОГОВОР.
18 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Член 5

1. Страните се согласуваат да ги продолжат ПРЕГОВОРИТЕ под надзор на Генералниот Секретар на Обединетите Нации, предвидени со Резолуцијата 845 (1993) со намера за постигање на согласност во врска со разликите опишани во таа резолуција и со Резолуцијата 817 (1993).
18 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Член 21

1. Страните ќе ги разрешуваат сите несогласувања исклучиво со мирни средства во согласност со Повелбата на Обединетите Нации.

2. Секоја разлика или недоразбирање кое ќе се појави меѓу страните во врска со толкувањето на оваа Времена Спогодба може да се достави од која и да е од страните до Меѓународниот Суд за Правда, освен разликите посочени во Членот 5, параграф 1.
18 hours ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Член 23

1. Оваа Времена Спогодба ќе влезе во сила и ќе стане ефективна на тринаесеттиот ден од датумот на кој ќе ја потпишат претставниците на Страните, како што е приготвено подолу.

2. Оваа Времена Спогодба ќе остане во сила се додека не биде заменета со трајна спогодба, со тоа што после седум години секоја од Страните може да се повлече од оваа Времена Спогодба со писмен допис, кој ќе стапи на сила 12 месеци после доставувањето до другата Страна.

СО ОВА СЕ ПОСВЕДОЧУВА дека Страните, преку нивните овластени претставници, ги потпишаат трите копии на Времената Спогодба на Англиски јазик, кои ќе бидат регистрирани во Секретаријатот на Обединетите Нации. Во рок од два месеци од датумот на потпишувањето, Обединетите Нации треба да подготват, во согласност со Страните, преводи на јазикот на Првата Страна и на јазикот на Втората Страна, кои ќе претставуваат дел од регистрацијата на оваа Спогодба.
18 hours ago · Like


(This post was last modified: 27-09-2011, 09:34 PM by ЈорданПетровски.)
27-09-2011, 09:33 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#22


Quote:Todor Petrov

Па страните продолжија со разговорите според резолуциите (преговорите според Привремената согласност) и не постигнаа договор за разликата за државното име Македонија. И што сега, ја откривме Америка? Јордане, тука нема надмудрување, кој подоброи чита и што разбрал читателот, па сам си толкува од разбраното. Ниту во резолуциите на СБ на ООН ниту во Привремената согласност не постои обврска да се постигне договор за промена на државноо име Македонија! Тоа разбери го, не туку тврди нешто што не постои.
18 hours ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Оваа уште еднаш ;

2. Оваа Времена Спогодба ќе остане во сила се додека не биде заменета со трајна спогодба, со тоа што после седум години секоја од Страните може да се повлече од оваа Времена Спогодба со писмен допис, кој ќе стапи на сила 12 месеци после доставувањето до другата Страна.

Шансата да се повлечеме не сме ја искористиле. Значи веке таква шанса нема. Договорот не предвидува повторен рок за ПОВЛЕКУВАЊЕ, значи се ПРЕГОВАРА додека не се изнајде решение кое ке го прифатат Грците.
18 hours ago · Like


27-09-2011, 09:36 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#23

Quote:Todor Petrov

Е арно де, Привремената согласност треба да ја замениме со трајна спогодба. Друго ти не разбираш, и си ја тераш водата на твоја воденица. Ниту во резолуциите на СБ на ООН ниту во Привремената согласност не постои обврска да се постигне договор за промена на државното име Македонија! Тоа разбери го, не туку тврди нешто што не постои.
18 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Ако не се ПОСТИГНЕ ДОГОВОР ОСТАНУВА референцата ПЈРМ Тодоре.
18 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

1. Со влегувањето на сила на оваа Времена Спогодба, Првата Страна ја признава втората страна како независна и суверена држава, ПОД ПРИВРЕМЕНА ОДРЕДНИЦА
18 hours ago · Like


Quote:Todor Petrov

Тоа е твој неоснован заклучок Јордане, кој никаде не го пишува!
17 hours ago · Like


Quote:Todor Petrov

Временото обраќање е преземено од Резолуцијата 817(1993). Кога ќе прекинат разговорите заради наша декларирана волја, не останува никаде ПЈРМ. НИКАДЕ!
17 hours ago · Like · 1 person



Quote:Jordan Petrovski

Вашето вакво толкување не доведе до овој безизлез. На мене ми е јасна целта. Македонија што подалеку од влез во ЕУ и НАТО. Македонија да не се демократизира.
17 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Како може да биде мој неоснован заклучок кога Времената спогодба веке не предвидува можност за ПОВЛЕКУВАЊЕ од ПРЕГОВОРИТЕ на една од страните.
17 hours ago · Like



Quote:Todor Petrov

Јордане, ти не толкуваш по слово, туку како ќе ти падне на ум. И престани веќе со импутации. Кај се најде ти поголем европеец и натовец, та другите ти се јасни?
17 hours ago · Like · 2 people


Quote:Todor Petrov

Ти книшка од ЕУ и НАТО да не имаш?
17 hours ago · Like · 2 people


Quote:Todor Petrov

Привремената согласност никаде не пишува дека страните не може да се повлечат од преговоритре за дражвното име Македонија
17 hours ago · Like · 1 person



(This post was last modified: 27-09-2011, 09:43 PM by ЈорданПетровски.)
27-09-2011, 09:41 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#24


Quote:Todor Petrov

Прекинот на разговорите за разликата за државното име Македонија од која и да е страна според Резолуцијата 817 (1993) на СБ на ООН не значи престанок на важноста на Привремената согласност од 13.09.1995 година!
17 hours ago · Like



Quote:Jordan Petrovski

Времената Спогодба е документ кој е потпишан 1995 година и тој ги регулира сите односи помеѓу Македонија и Грција.
17 hours ago · Like


Quote:Todor Petrov

Временото обраќање не е утврдено со Привремената согласност, туку со Резолуција на СБ на ООН.
17 hours ago · Like


Quote:Todor Petrov

Но Привремената согласност не е траен договор, затоа и носи наслов Привремена согласност.
17 hours ago · Like


Quote:Todor Petrov

Привремената согласност не ги регулира сите односи меѓу Македонија и Грција. Содржи основи за воспоставување билатерални односи.
17 hours ago · Like


Quote:Jordan Petrovski

Тодоре за твоите објаснувања околу Времената спогодба сте консултирале правици од САД, ЕУ ..
3 hours ago · Like
27-09-2011, 09:47 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#25


Quote:Датум: 25.09.2011, 21:23

ОМД: Македонија да бара одново прием во ОН

Владата да поднесе резолуција пред Генералното собрание на Обединетите нации за земјата повторно да биде примена во членство, но под уставното и вистинско име, Република Македонија, порача од Њујорк, Методија Колоски, претседател на Обединетата македонска дијаспора.

Колоски, го повтори ставот на Обединетата македонска дијаспора за зачувување на уставното име и за прекинување на преговорите со Грција околу разликите за името, а кои се водат под покровителство на ОН.

Лидерот на ОМД, воедно го поздрави и говорот на премиерот Никола Груевски на Генералното собрание на ОН и го оцени како најдиректен што воопшто некој наш лидер го дал во однос на прашањето за името.

- Премиерот Груевски го даде најдиректниот говор што некој македонски лидер го има дадено во историјата на Обединетите нации, што се однесува на проблемот на Грција со името на Македонија и што целата македонска дијаспора е подготвена да и помогне на Македонија и нејзиното раководство за да се заштити името на Македонија, нејзиниот идентитет и јазикот - рече Колоски.



Р. Македонија поднела барање за прием во ОН на 30.јули.1992 година:


Quote:[Image: cvbc354cxvb45as6df4sdf5.jpg]



Кој и по која основа сега ке поднесе ново барање за прием под уставно име тоа Мето треба да го објасни.
27-09-2011, 10:19 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#26


[Image: arx1317236663v.jpg]


[Image: viu1317236707r.jpg]


[Image: rgh1317236805s.jpg]


1998 година Мане, Ѕвонко, Страшо не беа на погребот на Драган Богдановски. Тогаш беа Љупчовисти а Љупчо и Д. Богдановски не беа во најдобри односи. Си замина Љупчо, "патриотиштава" почекаа да видат дали Грујо ке продолжи па стапките на Љупчо.?? Кога се уверија дека Грујо со делото на Драган богдановски има други планови од нив веке ни семејството неможе да дојде на ред да му појде на гроб на Драгана.
28-09-2011, 08:48 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#27


Quote:МОЈОТ КОРЕН Е МАКЕДОНСКИ,ВМРО ДПМНЕ Е ГЕНОТ НА ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНИЈА!!!!!

Predrag Petrusevski-Bingo

22 ноември 2011

Македонија по многу векови,конечно е самостојна и суверена држава.Многу Македонци дадоа огромен допринос за таа цел,и никогаш не потклекнаа во борбата за Македонските идеали.Деведесетите години,се формира ВМРО ДПМНЕ,како плод на неуморните дејци за Независна Македонија.Тешките времиња,кога беше опасно да се биде член на ВМРО ДПМНЕ,се зад нас.Се појавија млади и неуморни луѓе,кои ја прифатија и раширија идеологијата на ВМРО ДПМНЕ,при тоа не забораваќи ги корените и најзаслужните ,за она што денес представува единствена сила, која искрено и секојдневно се бори против секој што работи против интересите на сопствениот Народ.

Отпадници,кои неможејќи да ги остварат своите ниски лични интереси,сами се повлекоа од ВМРО ДПМНЕ,а некои формираа и свои партии. Единствена цел им е, да и наштета на партијата,која од нив направи луѓе!

Во последно време,почнаа да шират невистини и срамни конструкции,за голем број Македонци,кои се заслужни за она што е сега ВМРО ДПМНЕ!!!

На тој начин,сакаат да удрат по корените на мојата партија,за да се разниша стеблото!!

Најтрагичен пример е ,кога Татаринот Љубчо,сакајќи,себе да се промовира во единствен вмровец,плука по оние Македонци,кои и ден денес се вистински примери за патриотизам и чесност.

Мене,како член на ВМРО ДПМНЕ,најмногу ме боли,кога идеологот и таткото на ВМРО ДПМНЕ,Драган Богдановски,се обидува да го минимизира ,а и самиот нареди да не се појави делегација на погребот на Драган Богдановски .

Ама,Македонскиот народ,вечно ќе го памети Драган ,као Македонец до коска,а Татаринот .како велепредавник и изрод од народот!!!!

Горд сум што, како Македонец,сум член на ВМРО ДПМНЕ и ги повикувам сите мои сопартијци,да застанеме заедно во остра политичка борба против секој обид на ваквите изроди,да го сечат КОРЕНОТ на ВМРО ДПМНЕ !!!

[Image: 308520_195169483886072_100001790642468_4...7707_n.jpg]
22-01-2012, 01:07 AM
Reply
toni_a Offline
1 - 2 + 3 - 4 + ...
****

Posts: 610
Joined: Jan 2010
Reputation: 12
#28

офф топик

без разлика што знам дека на моменти грешам ,башка од техничко училиште сум,
но една од првите лекции во средно по македонски јазик и литература, ми беше дека „допринос„ е србизам.

допринос вс. придонес

придонесува, а не допринесува.
0+0+0=60%
(This post was last modified: 22-01-2012, 06:07 AM by toni_a.)
22-01-2012, 06:06 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#29

(22-01-2012, 01:07 AM)ЈорданПетровски Wrote:
Quote:МОЈОТ КОРЕН Е МАКЕДОНСКИ,ВМРО ДПМНЕ Е ГЕНОТ НА ОПСТАНОКОТ НА МАКЕДОНИЈА!!!!!

Predrag Petrusevski-Bingo

22 ноември 2011

Македонија по многу векови,конечно е самостојна и суверена држава.Многу Македонци дадоа огромен допринос за таа цел,и никогаш не потклекнаа во борбата за Македонските идеали.Деведесетите години,се формира ВМРО ДПМНЕ,како плод на неуморните дејци за Независна Македонија.Тешките времиња,кога беше опасно да се биде член на ВМРО ДПМНЕ,се зад нас.Се појавија млади и неуморни луѓе,кои ја прифатија и раширија идеологијата на ВМРО ДПМНЕ,при тоа не забораваќи ги корените и најзаслужните ,за она што денес представува единствена сила, која искрено и секојдневно се бори против секој што работи против интересите на сопствениот Народ.

Отпадници,кои неможејќи да ги остварат своите ниски лични интереси,сами се повлекоа од ВМРО ДПМНЕ,а некои формираа и свои партии. Единствена цел им е, да и наштета на партијата,која од нив направи луѓе!

Во последно време,почнаа да шират невистини и срамни конструкции,за голем број Македонци,кои се заслужни за она што е сега ВМРО ДПМНЕ!!!

На тој начин,сакаат да удрат по корените на мојата партија,за да се разниша стеблото!!

Најтрагичен пример е ,кога Татаринот Љубчо,сакајќи,себе да се промовира во единствен вмровец,плука по оние Македонци,кои и ден денес се вистински примери за патриотизам и чесност.

Мене,како член на ВМРО ДПМНЕ,најмногу ме боли,кога идеологот и таткото на ВМРО ДПМНЕ,Драган Богдановски,се обидува да го минимизира ,а и самиот нареди да не се појави делегација на погребот на Драган Богдановски .

Ама,Македонскиот народ,вечно ќе го памети Драган ,као Македонец до коска,а Татаринот .како велепредавник и изрод од народот!!!!

Горд сум што, како Македонец,сум член на ВМРО ДПМНЕ и ги повикувам сите мои сопартијци,да застанеме заедно во остра политичка борба против секој обид на ваквите изроди,да го сечат КОРЕНОТ на ВМРО ДПМНЕ !!!

[Image: 308520_195169483886072_100001790642468_4...7707_n.jpg]

Почнаа јавувања од месните заедници и куќните совети. Тешко на тие кои ке кренат глас јавно на одбрана на историјата од доцните 90-ите години од минатиот век ( време на појава на вМРО-ДПМНЕ). Е, сега, ако не лажат за тоа време, кога сме здрави, живи и над се со добра памет и помнење, како ли не лажат за нашата историја пред 2.500 години, или пред 7.000 години или пред 70.000 години!? Македонија, за жал, го минува периодот на Милошиќева Србија од раните 90-ите години од минатиот век, кога од слични вакви патриоти, квази историчари и публицисти се креираше во Србија виртуелна историја за Србија како небеска Србија. Како заврши тој проект-сите знаеме.Nenene

22-01-2012, 09:22 AM
Reply
Flok Offline
Senior Member
****

Posts: 442
Joined: Jan 2012
Reputation: 3
#30

Функционерите поголеми земјопоседници од земјоделците


И Благородна Дулиќ и Влатко Ѓорчев имаат земјоделско земјиште во странство. Дулиќ пријавила посед од 10 хектари во Суботица, а Ѓорчев земја, овоштарник и шума во Славонски Брод и Макарска вредни околу 34 илјади евра и уште парцела во Сопиште во вредност од 3,4 милиони денари

(Е.А.)
http://www.vecer.com.mk/default.asp?Item...6FD4CEBAEB



Абе нели беше овој истиот Влатко Ѓорчев кој се раскости од критика зошто во Македонија се пушта музика од екс СФРJ од српско-хрватското јазично подрчјае .
Бараше да се слуша само македонска музика како знак на лојалност и патриотизам кон Македонија .

Бродот Македонија тоне и стаорците веќе бегаат први .
Добро за Влатко е оправдано он е бегалче ..... ама барем да не се просерава дека ни бранел идентитет и дека е патриот . Тука е како и другите да се изнакрадат и да скршат главурдите во прва приликакога ќе згусти .

И кај се тука критиките за Бранко што имал имот во Хрватска .
Бранко има фирма .
А од каде му на бегалчето толку пари да купува земјиште во Хрватска .
Ем антички Македонец ем Грк а ете бил и Хрват онака попатно ..да му се најде ако затреба .
А до скоро мораа да го носат на инфузија поради дехидрација од сите оние силни плукања по нас Македонците со темите дека сме биле југоносталгичари и за децата на црвената буржоазија . Должен е да објасни како он како дете кое не било од црвената буржоазија туку бегалче на наш грб сега како ги заработил тие силни пари и што толку го привелкуваат земјите од екс СФРЈ па таму купува земја ?
25-06-2012, 12:20 AM
Reply