Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 7 Vote(s) - 2.71 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
ДАЛИ КРЕВКАТА ДЕМОКРАТИЈА ВО МК УМИРА!!??
Author Message
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#1

Демократиај е процес кој се гради, развива и надградува. Обврска е на секоја гарнитура на власт, тој процес да го развива. За жал, партијата на Груевски тој процес не да го развива, туку го уназадува. Како може да една владеачката партија донесе таква антидемократска одлука да не излегува на дебата со политичката конкуренција!?. Мене ми е тоа незамисливо. Еве коментар и од А1:

Quote:Но, за да проценат единствено што им останува е да слушаат партиски реклами, долги монолози или да одат по митинзи. Дебати и соочувања нема да има. Прв лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски одби дуел.

А сега го следат и сопартијците, со што изборната дебата е замрзната.

„За жал четврти ден по ред претставници од владејачката партија не доаѓаат на нашите дебати во Алфа. Ние ги очекуваме, за нив вратата е се уште отворена, да веруваме дека ќе се одважат до крајот на изборната кампања да дојдат“, изјави Зоран Фидановски, уредник во ТВ Алфа.

Фидановски се надева дека можеби владејачката партија ќе се одважи и ќе им дозволи на носителите на листи да се дебатираат. Соочувања помеѓу кандидатите на македонските партии нема да има ниту на Алсат.

Главниот уредник Мухамед Зекири вели дека планираат дебата со лидерите на албанските партии, но чекаат одговор од лидерот на ДУИ Али Ахмети. Откако Груевски одбил дуел, приморани се да направат само интервјуа.

„Јас не можам да најдам никакво оправдување за такво нешто. Тоа говори за нивните капацитети или некапацитети за да се соочат со аргументи со другата страна. Решаваат да не излегуваат на кампањи или си направиле таква проценка дека подобро им е да не се појавуваат и луѓето да си гласаат врз основа на тоа што го прокламираат и го тераа како кампања за време на целиот нивен мандат“, вели Мухамед Зекири.

Бојкотирањето на дебатата од страна на владејачката партија експертската јавност деновиве ја коментираше како срамна, но и понижувачка во однос на избирачите.

„Демократијата е посиромашна без дебати во кои власта и опозицијата или различни политички профили ќе седнат и ќе се соочат со силата на зборот“, рече Зоран Фидановски.

„Јавноста е автоматски скусена во тој дел, да не може да ги гледа на иста маса, сите претставници и да ги види аргументите на едната и на другата страна и тоа навистина за жал е голем недостиг и неправда кон граѓаните и гласачите, тие што треба на крај да изберат“, изјави Мухамед Зекири.

Уште во раните деведесетти на првите парламентарни избори, кога земјава се отцепуваше од Југославија беше вистински предизвик противниците да се соочуваат.

А овие избори, доколку ВМРО-ДПМНЕ и владејачката партија не се одважат да се соочат со противниците ова би биле први вакви избори во Република Македонија.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=138187
20-05-2011, 11:06 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#2

Еве уште една потврда за изреченото:

Quote:Груевски одби дуел со Црвенковски, ќе ја избегне ли и' Шекеринска

Светлана Унковска

По едно празно столче е дел од сценографијата на сите телевизиските дебати што се организираат во оваа изборна кампања. На јавните соочувања, без оглед за која телевизиска куќа се работи, досега не се одзвал ниту еден претставник од ВМРО-ДПМНЕ. Резервираното столче за претставник од оваа партија останува празно на дебатите на Алфа, на Канал 5, Телма и на А1. Македонската радио-телевизија, пак, извесно време ги откажа изборните соочувања, поради, како што известиле, технички причини, кои, од друга страна, не се проблем за другите емисии.

Дали во владејачката партија сметаат дека нема што да кажат? Или се плашат да не згрешат нешто? Дали стравуваат како ќе биде протолкувано кажаното во оваа кампања за тоа што досега како партија на власт имаат направено или како планираат да го подобрат животот на граѓаните, па ниту еден досега не најде за потребно да ги удостои граѓаните, од кои го бараат гласот на изборите, со учество во дебатна емисија да одговори на предизвикот на јавноста и на политичките опоненти. Јавноста на овие избори, се чини, дека ќе нема можност да чуе дијалог за тоа што направила оваа власт изминативе години, каде што се потрошени стотици милиони евра од буџетот, зошто назадуваме во евроинтеграциските процеси, во економијата, здравството, во судството, слободата на говорот, демократијата и зошто расте само сиромаштијата? За овие прашања во емисиите ги нема најповиканите за одговор.

Санта Аргирова, уредничка во телевизија Алфа и водителка на изборните дебати вели дека ВМРО-ДПМНЕ се поканува да учествува на дебатите, како и сите други партии и на ист начин, но ниту добиваат одговор дали ќе учествуваат, ниту пак се појавуваат на емисиите.

„Тоа е нивна одлука, ние и натаму ќе ги покануваме на секоја дебата. А, дали ќе дојдат, е нивна одлука. Присутните во емисијата би сакале да дискутираат со претставник на власта, но таа прилика досега ја немаа. Тоа е некаков став на партијата, кој секако, во принцип, не е добар за дебатата и нивното столче останува празно“, вели Аргирова.

Од ВМРО-ДПМНЕ упорно ја игнорираат јавноста и одбегнуваат да седнат во телевизиско студио, за заедно со другите политички партии да одговараат и да дискутираат на овие теми. Ги нема и министрите, и пратениците и партиските функционери. Ваквата практика, пред се', е одлика на нивниот лидер - премиерот Никола Груевски, кој досега ниту еднаш не одговорил на покана да се појави на ТВ-соочување. Но, затоа, пак, секогаш наоѓа време да учествува во емисии во кои нема политички опоненти, а одговара на прашања во медиум што му одговара.

Политичките аналитичари се неподелени во потребата на јавноста од вакви изборни соочувања, но велат дека пресудна за присуството на нив е процената дали политичарот би добил или би изгубил од таквата дебата.

„Отсуството на ВМРО-ДПМНЕ на овие политички емисии е со цел да му се обезбеди алиби на премиерот Груевски, кој не се појавува на нив. Секогаш кога некоја партија отсуствува од јавни дуели, во прашање е политичка стратегија, а не демократија и затоа одбива да учествува тој соговорник кој оценува дека ќе изгуби на такво соочување. Никола Груевски би изгубил и затоа не се појавува, а другите членови со непојавувањето му обезбедуваат алиби“, смета комуникологот Петар Арсовски.

Според политичкиот аналитичар, Владимир Божиновски, проблемот со одбегнувањето на дуелите не е од сега, туку уште пред десетина години кога прв избегнал СДСМ.

„Сметам дека партиите прават политички проценки дали со одредено појавување на јавна дебата ќе добијат нешто или не. Порано СДСМ не се појавуваше, сега ВМРО-ДПМНЕ одбегнува тв-дуели и во тоа е целиот проблем. Таквиот вид на директно соочување на идеи или конфронтација со противникот се потребни како дел од политичката култура“, вели Божиновски. Според него, пред изборите партиите би требало да се потпише еден вид декларација, со која ќе се обврзат да се појавуваат во изборните емисии.

Последниот лидерски дуел се случи за парламентарните избори во 1998 година кога очи во очи се сретнаа двајцата лути противници, тогашниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ Љубчо Георгиевски и на СДСМ Бранко Црвенковски. Но деновиве повикот на опозицискиот лидер кон премиерот Груевски за јавно вкрстување на копјата повторно беше одбиен, бидејќи, како што искоментираа од партијата, не сакале да се изгнасат од Црвенковски затоа што „прскал со кал“.

Сепак, како кандидати за иден мандатар, Груевски најверојатно ќе добие покана за дуел со Радмила Шекеринска и дотогаш му останува да одлучи дали ќе се појави или повторно како и досега ќе реши да одбегне.

„Ние би сакале на нашата телевизија да се одржи тој дуел и секако планираме да ги поканиме Груевски и Шекеринска, но не знам што ќе биде од тоа бидејќи дуел е ако се појават двајца. Според она што го слушаме кај едната страна, односно Груевски не бил за одржување дуели и немал никакво расположение за да се појави“, вели Аргирова.

Арсовски смета дека Груевски ќе одбие и дуел со Шекеринска. !Повторно има пресметано дека штетата од тоа да не се појави ќе биде помала отколку да се појави и да остави лош впечаток“, смета Арсовски.

Со иста проценка е и Божиновски.

„Каква ќе биде проценката тоа ќе се види. Инаку јас лично би сакал да видам ТВ-дуел меѓу Груевски и Шекеринска, а претпоставувам и повеќето граѓани, но се е до политичка проценка. Не е тоа дали некој сака или не, туку дали некој смета дека ќе добие нешто со тоа или нема и тоа е веќе работа на одлука на партиските штабови“, вели Божиновски. (Св.У.)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?I...A54328456D




20-05-2011, 11:43 AM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#3

А, еве ги коментарите од читателите на горе дадениот текст:

Quote:Од: Сергеј
Датум: 20.05.2011 00:08:56
Бегањето од дебата (со години веќе) на премиерот е најјасен показател како тој го сфаќа методот на своето владеење. Со една реченица тој метод може да се искаже вака: „Само јас, никој друг!“. Ако е толку сигурен во себе, во својата победа и своите постапки, ќе прифати јавно соочување. Штом не го проифаќа, значи дека совеста не му е чиста!!! ( http://otpor.log.ph/ )

Од: Игор
Датум: 20.05.2011 00:14:53
Ех колку би било забавно да се гледа дуел меѓу Шекеринска и Груевски... Веројатно и Груевски го гледа тоа и сваќа дека нема шанси да победи во еден таков дуел па затоа и бега од него како ѓавол од крст. Како и да е целово бегање од медиуми на ДПМНЕ е мизерно. Ако сте толку добри појавете се и соочете ги аргументите.

Од: duel
Датум: 20.05.2011 00:50:49
OvA e mnogu dobra taktika na SDSM, namesto bilo sto da ponudi, postojano ke vika na duel, a grujo, bidejki neli toj e jasen i se mu e napisano vo otcetot i manifestoto"nema za sto da razgovara". glasacite ako resat da izlezat ke pokazat na civ trik nasednale.

Од: Makedonec vo EU
Датум: 20.05.2011 01:02:50
Ne samo stolceto - i glavite isto taka..

Од: Трпе
Датум: 20.05.2011 01:03:00
Откако Груевски се навикна да игра само во монодрами.Сега истото го прават и од понискиот ешалон.Се исплашија да глумат па премина само во писатели.А дали дпмне-овци сметат дека сопствениот народ толку бргу го описменија за да чита дебели романи.Нашиот народ е научен повеке да слуша и гледа.Но по се излегува дека владеачката партија нема повеке што ново да понуди ,освен да напаѓа.

Од: trpe od gradsko
Датум: 20.05.2011 01:04:52
Nema potreba od promocii na emisi ...najdobra promocija e pred narodot i so narodot...toj ke kaze koj treba da go vodi...

Од: pero micevski melburn
Датум: 20.05.2011 01:54:16
Za da se soocis so nekogo na tv duel treba da ti e na nivo ne bi trebalo PREMIEROT koj ima tolku visok rejting da se soocuva so licnos koja ne e kandidirana nitu za pratenik a zgora na toa nema nikakov rejting duri i kaj sopstvenoto clensvo zgora na toa go stiti kriminalot vo drzavata a mozebi e i soucesnik inaku zosto bi go stitel .Pozrav za VMRO DPMNE samo napred cesno posteno i dostoinsveno kako sto mu dolikuva na VMRO DPMNE do ubedliva pobeda moja prognoza za izborite 70 za VMRO DPMNE 14 ZA SDSM SRECNO.

Од: prazno stolce
Датум: 20.05.2011 02:11:38
Ova sto go pravi VMRO e navreda za gragjanite od kogo bara podrska. Dokazuva samo deka ne se spremni za bilo kakva debata. Glavni doblesti na eden politicar e da debatira, da pravi kompromisi i nekoi bitni resenija da gi nosi so konsenzus. Premierot treba da bide premier na site, i na tie sto go glasale a i na tie sto glasale protiv nego. Gruevski dokaza deka ne e spremen da bide premier. Glasot za VMRO e glas za prazno stolce na glavnata fotelja na Vladata na RM

Од: Дарко
Датум: 20.05.2011 02:14:09
Ќе им се врати како бумеранг на господата од ВМРО. Тие со овие постапки го потценуваат македонскиот гласач! Доста беа портокаловите лажни ветувања! Ќе гласам за трета опција

Од: Goran
Датум: 20.05.2011 02:58:04
Zosto da odi na duel so Crvenkovski? B.C. ne se kandidatira...

Од: Biciklisti
Датум: 20.05.2011 03:13:10
Gujo nema vreme za dueli oti e prezafaten so prerodba na makedonskiot narod. Koi reformi be Gujo ti ke pravis so Zingo, Bajram, Stojmenov i nivnite sateliti vo tvojata koalicia. Gujo dali si ti bil vo Kratovo da vidis kolku luge se vraboteni, kolku mladi luge se ostanati da ziveat vo Kratovo, kolku deca ima vo ucilistata. Gujo, tvoite reformi napravia pustos i haos vo istocna Makedoia, a Zingovci, Bajramci i Stojmenovci od den vo den se se pobogati. Prokleti ste Gujo ti i tvoite koalicioni partneri. Jas glasav ednas za tebe Gujo, oti mislev deka ke se boris so kriminalot a ti koaliciras so kriminalcite... Ovie izbori partijata Dostoinstvo e prava Makedonska patriotska opcija.

Од: gradjanska neposlusnost
Датум: 20.05.2011 04:06:17
So nepojavuvanjeto na debatni emisii DPMNE seriozno gi navreduva site ostanati politicki ciniteli i glasaci za drugi idei i partii. So toa DPMNE praka poraka deka vo slucaj na pobeda nema da formira Vlada za site tuku samo za svoite. Zatoa na ovie izbori da izlezeme i da izbereme vlast koja ke bide za site.

Од: Dragica Lapajkoska-Belchevska
Датум: 20.05.2011 04:36:21
Obicno koga covek e vo pravo ce gi uptrebi site mozni nacini da dokaze.Megjutoa sto se slucuva so Gruevski sto ne saka tv-duel so Crvenkovski.Ete,Branko go povika da mu kaze licno Gruevski kolku e "izvalkan",a nasiot premier ne znae kade da se svrti. E,bre premieru,koj te stavil tamu na taa stolica.Dali navistina toj isti narod sto glasase za tebe pak ce go stori istoto.Moram da kazam deka prost,totalno glup,a da ne zboruvame deka imas "gjubre"karakter. Begaj sto pobrzo od tamu kade sto si,barem na najgolemiot del od narodot ne si pozelen.

Од: USA
Датум: 20.05.2011 05:45:31
Duelot bi se svel na cisti navredi od strana na SDSM. Se sekavate koga Sekerinska vikase deka Gruevski se plasi od suknja. I sto bidna??? Rada treba prvo da izlize sto plukase minatiot pat, pa posle ke vidime. Za branko ne vredi da se dikutira.

Од: Aleks
Датум: 20.05.2011 06:16:17
Lugje trebe da sfatite deka ne trebaat dueli ,filozofiranja i glupiranja tuku trebaat vrabotuvanja.I dosta vekje i vie i ovie portokalive go vrbuvate narodot so izbori i perenje mozoci.Na narodot mu e smacheno od site vosochni politicki reketari.Sto dobro duel ke mu donese na narodot???Zar ke donese leb na nechija masa??? Ne bidete smeshni vi se molam.Ovie nashi politichari (poziciski i opoziciski) se da im se dade na sekoj eden po nekolku hektari nivi taka ubavi trnlivi,so motika da gi prekopuvaat i voda voopsto da ne im se dava.Taka ke imame prosperitet (ako znaat da kopaat-vo sto cisto se somnevam) a ne so dueli ,sharki i barki.Pozdrav

Од: vlatko
Датум: 20.05.2011 07:01:17
Za zal kaj nes nema vistinski debati i togas koga ima uslovi za toa, se se sveduva na gola manipulacija i vulgarno napagjanje na politickiot protivnik. A sto bi debatirale VMRO i SDSM. na edata strana i ma redica proekti za koi sekoj moze da kaze i dobro i loso so pravo . Na drugata strana i ma edno golema NISTO. Za sto tie bi debatirale?

Од: xxl
Датум: 20.05.2011 07:39:23
koga ke se ispraznat i vasite stolcinja Makedonija ke slavi a vie ke si placete zaedno so Grcite i udbasite

Од: flying-monaco
Датум: 20.05.2011 08:04:46
Mu poracuvam na Bc da e pokani babami Angelina na TV duel neka si porazgovarat malce za penziite. A babami bogami ke pobedi zasto na nejzinata penzija i go navogja ktajot, no BC e gubitelot zatoa sto kraj ne im znae na ""negoviot"kapital zasto nema da znae da dade odgovor... A GRUJO se skonentrisva za premierskoto mesto i nema vreme za Radka.

Од: Заведување на народот со негови пари
Датум: 20.05.2011 08:06:23
Кога не можеш да се носиш со политичкиот противник пред јавноста, ти останува со дебели народни пари да го замајуваш и да го заведуваш народот со ефтини пропагандни трикови! Но, овчарот кој неколку пати го лажеше народот сега е соочен со „волкот“ (читај гласачите), кој ќе го изеде, бидејки повеќе никој нема да го брани!

Од: realen
Датум: 20.05.2011 08:11:40
Duelite se veke zastarena tehnologija. A zosto nekoj da gi maltretira graganite na TV so nekakvi si dueli i debati , pa dali sakas ili ne sakas da gledas nikoj ne te prasuva. Podobro da nema takvi emisii , bidejki ne sme dolzni da im gi gledame i slusame glupostite na politicarite i so nivnite nastapi da se zgolemuva omrazata megu lugeto.

Од: prilep
Датум: 20.05.2011 08:17:41
Stom ne sakaat tribini, kade i publikata ke prasa nesto i ke pobara odgovori, jasno e kako ke tece kampanjata. So mitinzi kade tie ke bidat edinstvenite govornici i posle ke si otidat. Ova vazi za site partii. Nitu edna partija ne organizira tribina da go cue mislenjeto i na onie koi ne se poslusnici i rakopleskaci. Ova kaj nas me potsetuva na govorot na Cacko pred ovcite vo edna emisija na k-15. Takvite ovci odat od miting na miting, rakopleskaat, vikaat, se blamiraat, a za zal nitu razbiraat nesto od toa sto e kazano, nitu znaat sto e vistina (ako ja ima) i sto e laga.

Од: Сите режимски куклички
Датум: 20.05.2011 08:28:39
Како и сите режимски чоечиња, во лик на професори, така и „аналитичарите“, својата аналитичка мудрост ја црпат од поедини случаи во минатото и, како најважно, ја пласираат тезата: „сите се исти!“. Ало, господине, штабски аналитико, тоа било пред 10 години! Впрочем, дали гледаш разлика меѓу себе и Б(п)ичиклиски?

Од: Горан
Датум: 20.05.2011 08:53:27
Бидејќи си Long distance патриот немаш појма што се случува во Македонија. Не бега само Груевски од дуел со Црвенковски (или БИЛО КОЈ ДРУГ од СДСМ) туку целата партија ДПМНЕ не се појавува во ниту една дебатна емисија на било која телевизија. Кажи ми сега што ќе се случи во Австралија ако партијата на власт реши да ги игнорира сите дебатни емисии?

Од: Sale
Датум: 20.05.2011 09:15:25
Pa beganjeto od debata ne go izmisli VMRO. Kiro Gligorov prv pat mu ja kidna od debata na Ljubisha Georgievski. Ne mi se jasni sega napisite na avtorot bez vo nieden del da go spomne Kiro

Од: db
Датум: 20.05.2011 09:32:51
K U K A V I C A

Од: pero
Датум: 20.05.2011 09:44:21
Ako se pojavi Gruevski ili bilo koj vmro ke nema so da kazat.

Од: ivo
Датум: 20.05.2011 09:46:57
Mozebi DPMNE nema pari da si gi plati nastapite vo mediumi? Ili terminite se besplatni? Mozebi ne bile dovolno ljubezno pokaneti ! Mozebi ocekuvaat prasanjata da im bidat postaveni prethodno , kako sto EU i gi dostavi prasanjata na Makedonija za toa dali ste spremni za zaclenuvanje , mozebi mediumite gi smetaat za beznacajni! Mozebi gi smetatt za "zolt bunar bez dno" vo koj sto i da kazete, nema vrska so realnosta! Moze da ima i drugi pricini, opravdani, neopravdani! Moze se receno e!

Од: љубител на фер дуели
Датум: 20.05.2011 09:47:16
Груевски на ТВ дуел? Нема шанси! Никој нему не му е ниво...Туку, можеби и би прифатил ама под негови услови: ТВ дуелот да се одвива во опкружување од “случајно“ избрани граѓани - саде слободномислечки вмро-вци , и се обиде ли Шеќеринка да отвори уста : “Уууу! Грррр! Фрр!...а штом Никола ќе отвори уста, како што си е редот, културно и цивилизирано : “Никола! Пастиру!Никола! Пастиру“!,...па паѓање во транс, па трескање од земја...таков ТВ дуел можеби и би прифатил. Во секој случај, телевизиите вре- ди да размислат за овој предлог.

Од: Macki
Датум: 20.05.2011 10:04:36
VMRO kazaa vednas deka nema da odat na dueli, i jas ne znam sto e ova pisuvanje sekoj den za dueli pa za dueli, pa Sekerinska ke mu kazela, pa Gruevski nemalo da znae sto da kaze. Pa neka si rabotat i ednite i drugite kako znaat. Deka ke se pojavat i deka ke se plukaat nja televizija pa golemo fajde. Gruevski otide vo emisija na vesti vo A1 pa mu gi prevrtea meuabetite pa na nisto ne licese. Sto ke bide duelot eden ke kaze edno ovoj ke vika nema vrska pa ke kazuva stotina isprevrteni prikazni. Amante bre luge dosta od seiri dajte malku olabavete se

Од: seuste normalen
Датум: 20.05.2011 10:06:51
Ma sto si go trosime vremeto! Gruevski e veke zavrsena prikazna, medjutoa e mnogu opasen! Crnite scenarija koi gi sprema celo vreme mu se u glava. Planira bez obzir na se na 6.06. da proglasi pobeda i so toa da stvori nemiri i direktna konfrontacija so opozicijata koja objektivno i pokraj se ke go pregazi. A i sramota sto zemale da proveruvaat IP adresi, Gadafi i Mugabe ne mu se ramni. Sram i aram neka im e!

Од: b
Датум: 20.05.2011 10:08:13
Ниту има што да кажат, ниту имаат било какви аргументи со некого да дебатираат. А за интелектуалното ниво, општо познато: неможат ни две реченици да врзат. Е така столчето секогаш ке биде празно. Ако се танки со знаење, сепак, не се глупи, да би покажале се што незнаат.

Од: goran
Датум: 20.05.2011 10:08:56
Toj sto bega od TV duel, nema pravo da zboruva za demokratija. Jas sakam da me ubedi toj sto saka da glasam za nego, so zborovi direktno na TV, a ne da čitam nekoi pečateni pamfleti. Sakam da mi pokaže kolku e iskren vo toa što go vetuva. Svesta za demokratija vo RM e na mnogu nisko nivo.

Од: Џеврие
Датум: 20.05.2011 10:17:40
Еве , ако сака нека дојде и со мене на дуел. Ако му стиска!! Не кри се Грујооо!!




20-05-2011, 11:47 AM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#4


Додека политичари од ваков тип не бидат казнети со неизбор дотогаш ке се однесуваат вака. Ке ги потценуваат гласачите. Не ко казнивме Глигоров !!! Ако гласачите ја сторат истата грешка со Груевски, не го казнат за одбегнување на дебати навистина ке кажеме збогум на демоктаските процеси.


Quote:Од: pero micevski melburn

Датум: 20.05.2011 01:54:16

Za da se soocis so nekogo na tv duel treba da ti e na nivo ne bi trebalo PREMIEROT koj ima tolku visok rejting da se soocuva so licnos koja ne e kandidirana nitu za pratenik a zgora na toa nema nikakov rejting duri i kaj sopstvenoto clensvo zgora na toa go stiti kriminalot vo drzavata a mozebi e i soucesnik inaku zosto bi go stitel .Pozrav za VMRO DPMNE samo napred cesno posteno i dostoinsveno kako sto mu dolikuva na VMRO DPMNE do ubedliva pobeda moja prognoza za izborite 70 za VMRO DPMNE 14 ZA SDSM SRECNO.


Го издвоив овој коментар кој ги покажува двојните аршини на наши сонародници. Перо Мицевски сигурно во Австралија не се однесува вака, оправдува избегнување на изборна дебата, кога се во прашање кандидатите изборите во Австаралија.
20-05-2011, 01:03 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#5

Уште еден новинарски коментар на ова тема:

Quote:ОТКАКО ГРУЕВСКИ ГО ОДБИ ТВ-ДУЕЛОТ И СОПАРТИЈАЦИТЕ ГО СЛЕДАТ
ВМРО-ДПМНЕ целосно се повлече од дебатите

Ана Анастасовска

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ донела одлука да не учествува во ниту една ТВ-дебата што ќе се одржи за време на изборната кампања, информираат партиски извори. И покрај тоа, деновиве веќе стана очигледно дека на изборните дебати, кои ги организираат некои од националните телевизии, не се појавуваат претставници на ВМРО-ДПМНЕ, а образложението кое го добиваат новинарите е дека „партијата така одлучила“. Ова досега не било практика на владејачката партија. Иако нивниот шеф Никола Груевски со години одбива да седне на иста маса со своите политички опоненти, сепак, тоа не го правеле неговите сопартијци. Груевски и годинава ја отфрли поканата на лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, да седнат и да се соочат за сите отворени прашања, под образложение дека „Црвенковски го избегнал дуелот на 5 јуни и дека тој е истрошен политичар со кого нема за што да дебатира“. Кандидатот за пратеник и носител на листата од ВМРО-ДПМНЕ во третата изборна единица, Влатко Ѓорчев, ни даде објаснување дека е презафатен со средби со граѓаните. - Во мојата изборна единица имам преку 400 села што треба да ги обиколам и да се сретнам со сите поддржувачи. Не знам дали некој оди на ТВ-дебати. Прашајте во Центарот за комуникации бидејќи таму ги организираат нашите настапи - изјави Ѓорчев. Од Центарот за комуникации не успеавме да добиеме одговор. Сепак, партиски извори информираат дека на овие избори партијата ќе оди со таква стратегија да не се судира со идеите на другите партии, туку само со граѓаните и со своите идеи. Според аналитичарите, ова е погрешна стратегија, особено за еден демократски процес каков што се изборите, во кој граѓаните очекуваат да слушнат што нудат сите партии, преку судир на нивните размислувања и понуди. Тие се согласни дека ваквата одлука на ВМРО-ДПМНЕ е токму поради фактот што владејачката партија е таа што на овие избори нема што ново да им понуди на граѓаните, па оттаму е и стравот од соочување со политичките противници. - Со тоа што не се појавуваат на дебати, сопартијците на Груевски му обезбедуваат алиби за неговата немоќ да се соочи со Црвенковски. Тој што одбива дебата, логично е да се плаши дека ќе загуби. ВМРО-ДПМНЕ на овие избори е во полоша ситуација од СДСМ. Ако ги прашате во владејачката партија зошто одат на избори и што нудат, ќе ви одговорат „гласајте за нас за да биде исто, само малку полошо бидејќи она што не го направивме со 63 пратеници, сега ќе го направиме со 50 пратеници“. Ваквата порака нема силина - вели аналитичарот Петар Арсовски. Од одлуката на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ да не учествуваат на дебати е изненаден и професорот Јове Кекеновски. - Секој треба да излезе и да ги спротивстави аргументите. Генерално, ваквата стратегија не е добра за партијата. Ова само укажува дека во владејачката партија се ранливи и немаат доверба во народот - посочува Кекеновски. СДСМ завчера обвини дека владејачката партија, поради одлуката да не учествува на ТВ-дебати, забранила да се реализираат и други предизборни дебати на македонската национална телевизија.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.a...eID=161062

20-05-2011, 01:48 PM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,135
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#6

Во Канада, кога се одржуваат избори, четирите најголеми партии во Парламентот, како и помалите партии добиваат шанси своите програми да ги престават на Телевизија,како и да се соочат меѓусебе на ТВ дебата.

Засега ниеден лидер нема одбиено да присуствува на ТВ дуели.

ТВ Дуелите се меѓу најгледаните политички програми.
За време на ТВ дуелите најдобро можеме да видиме, кој од лидерите заслужува да ја води државата до следните избори.

Поради одбивањето на Груевски и на партијата ВМРО-ДПМНЕ, да учествуваат на ТВ дебата,би било убаво но и пожелно, таа партија и лидер да се казнат со тоа што гласачите нема да гласаат за нивните кандидати.

Со самиот чин на негласање за ВМРО-ДПМНЕ ќе се упати јасна и гласна порака до сите партии во иднинина да не влечат такви потези.
Но и би било убаво, самиот Груевски да даде убаво објаснување зошто избегнува ТВ дуели!!
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
20-05-2011, 03:02 PM
Reply
montehristo Offline
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#7

Problemot so NE pojavuvanjeto na Gruevski sto toj samiot e lika i prilika na Branko Crvenkovski.
MOTOTO na Branko e : "Za nekoi raboti ne vredi da se diskutira", a toa e se ona sto vo momentot ne mu odi vo prilog, i novinari koi ne se papagali.
Problemot koj sega izleguva na videlina i za koj site imaat dvojni arsini e deka site onie novinari koi koga bese Branko na vlast a koi mu go lizea gazot sega se zabutani dlaboko vo gazot na Gruevski.
Sekoj dobro nameren covek, iskren, vistinoljubiv i pravdoljubiv mora i da razbere i da se distancira od Branko Crvenkovski.
Zosto?
Site gledaat deka Gruevski odbegnuva duel, ama ne gledaat deka izbegnuva duel so Crvenkovski, ne gledaat ili ne sakaat toj fakt da go vidat,zosto?
Sekoj trebase da se zaprasa, zosto ne izleze Sekerinska na duel?
Neli taa trebase da bide premier?
Ako e taa tokmena za premier, taa treba da izleze na duel i da ja obrazlozuva nejzinata vizija, nejzinite pogledi.
Vaka site koi bea vo nejziniot tim za vo vladata se gleda deka ne se nejzin izbor, taa moze slobodno da se prikluci na Mapet Show, bidejki se gleda od avion deka e kukla na dalecinsko upravuvanje.
Pojavuvanjeto na Branko Crvenkovski e kontraproduktivno za SDS samo vo slucaj dokolku narodot sozreal i uvidel deka ne treba da se pali na Vojvodi i Marshali kako Ljubcho i vecniot Sranko.
No, bidejki imame mladina koje=a e zadoena so semeto na UDBa i Branko taka da sega si imame Branko i kockastoglavata druzina.
Od druga strana pak ova sekako deka mu odi vo prilog i na samiot Gruevski bidejki izbegnuvajki go duelot samo si ja odlozuva propasta i na samiot sebe si i na negovata surija.
Mene ova vaka mi izgleda, ne znam, mozebi gresam, ako ima nekoj nesto popametno da me ispravi togas povelete.
E sega narodot kje si ispashta, zatoa shto e ovca, a neli volkot ima pravo na ovcata, pa kurban.
(This post was last modified: 20-05-2011, 07:44 PM by montehristo.)
20-05-2011, 07:40 PM
Reply
hristo Offline
Super Moderator
******

Posts: 2,955
Joined: Dec 2009
Reputation: 33
#8

(20-05-2011, 07:40 PM)montehristo Wrote: Problemot so NE pojavuvanjeto na Gruevski sto toj samiot e lika i prilika na Branko Crvenkovski.
MOTOTO na Branko e : "Za nekoi raboti ne vredi da se diskutira", a toa e se ona sto vo momentot ne mu odi vo prilog, i novinari koi ne se papagali.
Problemot koj sega izleguva na videlina i za koj site imaat dvojni arsini e deka site onie novinari koi koga bese Branko na vlast a koi mu go lizea gazot sega se zabutani dlaboko vo gazot na Gruevski.
Sekoj dobro nameren covek, iskren, vistinoljubiv i pravdoljubiv mora i da razbere i da se distancira od Branko Crvenkovski.
Zosto?
Site gledaat deka Gruevski odbegnuva duel, ama ne gledaat deka izbegnuva duel so Crvenkovski, ne gledaat ili ne sakaat toj fakt da go vidat,zosto?
Sekoj trebase da se zaprasa, zosto ne izleze Sekerinska na duel?
Neli taa trebase da bide premier?
Ako e taa tokmena za premier, taa treba da izleze na duel i da ja obrazlozuva nejzinata vizija, nejzinite pogledi.
Vaka site koi bea vo nejziniot tim za vo vladata se gleda deka ne se nejzin izbor, taa moze slobodno da se prikluci na Mapet Show, bidejki se gleda od avion deka e kukla na dalecinsko upravuvanje.
Pojavuvanjeto na Branko Crvenkovski e kontraproduktivno za SDS samo vo slucaj dokolku narodot sozreal i uvidel deka ne treba da se pali na Vojvodi i Marshali kako Ljubcho i vecniot Sranko.
No, bidejki imame mladina koje=a e zadoena so semeto na UDBa i Branko taka da sega si imame Branko i kockastoglavata druzina.
Od druga strana pak ova sekako deka mu odi vo prilog i na samiot Gruevski bidejki izbegnuvajki go duelot samo si ja odlozuva propasta i na samiot sebe si i na negovata surija.
Mene ova vaka mi izgleda, ne znam, mozebi gresam, ako ima nekoj nesto popametno da me ispravi togas povelete.
E sega narodot kje si ispashta, zatoa shto e ovca, a neli volkot ima pravo na ovcata, pa kurban.

Не само Груевски што го избегнува дуелот со Бранко или Радмила, туку НИКОЈ од ВМРО-ДПМНЕ не учествува во предизборните партиски дебати што веќе се водат на некои телевизии ( Канал 5, Алфа). Нивните столчиња остануваат празни. Значи, никој од ВМРО-ДПМНЕ не зема учество во дебатите. Вчера го гледав Груевски како кај Миленко, ќаскаат и муабетат во неговото шоу. Исто како да си беа кај Миленко дома, и како два пријатели си коментираа.Миленко ке му нафрли топка, а Груевски удира волејSmajlito Срамно и жално.Ова нема никаква врска со вистински демократски избори.

22-05-2011, 09:05 AM
Reply
montehristo Offline
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#9

Христо,
не сум во Македонија, ниту ќе бидам таму за избори.
За Груевски ќе биде најдобро маркетинг во четири очи да се види со граѓаните самиот како што беше случајот од 1998 со Демократска Алтернатива.
Тоа што не излегуваат на телевизии им е мудра одлука, без разлика на тоа што ти ќе кажеш од проста причина што сваќаат дека не се партал од кој можат сите да си бришат нозе кој како стигне.
Секое чудо за три дена, без разлика што столчето стои празно.
22-05-2011, 10:30 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#10

(22-05-2011, 10:30 PM)montehristo Wrote: Христо,
не сум во Македонија, ниту ќе бидам таму за избори.
За Груевски ќе биде најдобро маркетинг во четири очи да се види со граѓаните самиот како што беше случајот од 1998 со Демократска Алтернатива.
Тоа што не излегуваат на телевизии им е мудра одлука, без разлика на тоа што ти ќе кажеш од проста причина што сваќаат дека не се партал од кој можат сите да си бришат нозе кој како стигне.
Секое чудо за три дена, без разлика што столчето стои празно.



Не си во право Монтехристо. Груевски мора да ги стави на тест неговите ставови и програмата на партијата за иднината на Македонија. Тестот е ДУЕЛОТ со политичките конкуренти.

Со бегањето од соочување со политичките противници тој самиот се прави партал. Ни кажува дека неговите пораки за "светлу будуќност" се лаги во кои и тој самиот не верува.

пс. зошто се повлекоа еден куп дискутанти од КОТЛЕ, последниот "ДОСТОИНСТВО". Затоа што немаа аргументи да го одбранат онаа што се обидуваа да го "продадат".
22-05-2011, 11:17 PM
Reply
montehristo Offline
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#11

(22-05-2011, 11:17 PM)ЈорданПетровски-ЦРНИ Wrote:
(22-05-2011, 10:30 PM)montehristo Wrote: Христо,
не сум во Македонија, ниту ќе бидам таму за избори.
За Груевски ќе биде најдобро маркетинг во четири очи да се види со граѓаните самиот како што беше случајот од 1998 со Демократска Алтернатива.
Тоа што не излегуваат на телевизии им е мудра одлука, без разлика на тоа што ти ќе кажеш од проста причина што сваќаат дека не се партал од кој можат сите да си бришат нозе кој како стигне.
Секое чудо за три дена, без разлика што столчето стои празно.



Не си во право Монтехристо. Груевски мора да ги стави на тест неговите ставови и програмата на партијата за иднината на Македонија. Тестот е ДУЕЛОТ со политичките конкуренти.

Со бегањето од соочување со политичките противници тој самиот се прави партал. Ни кажува дека неговите пораки за "светлу будуќност" се лаги во кои и тој самиот не верува.

пс. зошто се повлекоа еден куп дискутанти од КОТЛЕ, последниот "ДОСТОИНСТВО". Затоа што немаа аргументи да го одбранат онаа што се обидуваа да го "продадат".
Јоцо, прости што не бев доволно јасен.
Јас поаѓам од реалната ситуација, а тоа е Грујо нема ниедна телевизија во џеб 100%.
Второ, народот сеуште е во наркоманска заблуда дека државата треба да биде "welfare state".
Да отиде Груевски сега на дуел, ќе има уште поголема поделба(поточно речено ќе биде повидлива истата).
Да повторам, ниедна опција од партиите не е всушност опција која работи за Македонија.
Во овие услови само потенцирав дека според мене подобро ќе пројдат вака како што проаѓаат.
Ете го Груевски се појави кај Миленко.
Тој нема храброст да собере повеќе новинари и да направи интервју како бранко што си направи.
Ние отпосле сознавме дека тоа интервју било наштелувано, дури кога “Фабрика“ беше откриена.
Кај Груевски се види дека нема кај себе такви новинари.

23-05-2011, 05:59 AM
Reply
montehristo Offline
Неверан Тома
*****

Posts: 1,490
Joined: Aug 2010
Reputation: 30
#12

Дополнување, Кај Груевски се види дека нема кај себе толку новинари.
23-05-2011, 06:11 AM
Reply
basilius_2 Offline
Moderator
*****

Posts: 1,135
Joined: Dec 2009
Reputation: 17
#13

А, да дадам едно убаво реторичко прашање:

Дали од постоењето на Македонската држава воопшто имаше Демократија, од нејзиното осамостојување па до денес?

Да се посебно осврнеме на следниве настани:

-Гаснењето на Република и Епоха!(наводно поради немање на хартија),па некој би го прашал Никола Младенов, како успева ем да биде опозицонер, а да не снема хартија за неговиот весник.Ако се земе во обзир, и тврдењето на Панде Колимишевски дека и сега во Македонија нема доволно хартија за печатење весници.
Зошто досега не беше решен баш тој проблем?


-Случувањата на Битпазар.

-Случајот со Блажо Стојановски и неговото досие водено под оперативно име:Декструктивец.

[u]Изборите во 1994 година,колку резултатот на Киро Глигоров да биде прогласен победник со 49,50%, а веќерта кога се демонстрираше поради таквата одлука,издал наредба да се пука во Живо Месо!!!!![/u]
"He who controls the present, controls the past. He who controls the past, controls the future." -- George Orwell
"Тој што ја контролира сегашноста,тој го контролира минатото.Тој што го контролира минатото ја контролира иднината." Џорџ Орвел
_____________________________________________________________

http://www.cd-macedonia.com
(This post was last modified: 25-05-2011, 03:22 AM by basilius_2.)
25-05-2011, 03:21 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#14

(25-05-2011, 03:21 AM)basilius_2 Wrote: А, да дадам едно убаво реторичко прашање:

Дали од постоењето на Македонската држава воопшто имаше Демократија, од нејзиното осамостојување па до денес?

Да се посебно осврнеме на следниве настани:

-Гаснењето на Република и Епоха!(наводно поради немање на хартија),па некој би го прашал Никола Младенов, како успева ем да биде опозицонер, а да не снема хартија за неговиот весник.Ако се земе во обзир, и тврдењето на Панде Колимишевски дека и сега во Македонија нема доволно хартија за печатење весници.
Зошто досега не беше решен баш тој проблем?


-Случувањата на Битпазар.

-Случајот со Блажо Стојановски и неговото досие водено под оперативно име:Декструктивец.

[u]Изборите во 1994 година,колку резултатот на Киро Глигоров да биде прогласен победник со 49,50%, а веќерта кога се демонстрираше поради таквата одлука,издал наредба да се пука во Живо Месо!!!!![/u]

Басилиусе, те честам една ж'та за ова!

Она што никогаш не се родило, не може да умре. За какво враќање и за какво демократија зборат СДСМ и Љубчо. Досиеата на Јордан и Блажо се водени во времето кога овие две гарнитури владееле; како поминаа бунтовниците од Кумановското докорско крило пред 11 години...

Ум, луѓе! УМ!!!
25-05-2011, 05:27 PM
Reply
ЈорданПетровски Online
ЈорданПетровски-ЦРНИ
*****

Posts: 17,091
Joined: Mar 2010
Reputation: 36
#15











11-06-2011, 12:24 AM
Reply
Solenik Offline
wiseman - мудрец
*****

Posts: 956
Joined: Jan 2010
Reputation: 23
#16

Quote:Владимир Костовски

Created on Friday, 10 June 2011 23:01


РЕЖИМ КАКО КОНСТАНТА!


Глупаво е да се зборува дека во Македонија сега владее режим наместо влада или дека сега, со Груевски, работите драстично се смениле и од демократија сме станале тоталитаризам. Тоа можат да го кажат само злобни луѓе без два грама мозок, кои не се способни да ги согледаат нештата длабински. А, кога ќе се погледне така, ќе се дојде до тажната встина дека во Македонија, всушност, никогаш и не се видело ни „Д“ од демократијата, а камо ли демократијата во нејзиниот цел сјај.

Без оглед што ние знаеме дека во Македонија нема опозиција, ниту некогаш ја имало, туку дека сите тие се во „Власта“.

Режим или демократија?

Но, кога за демократијата праиме муабет, нам деновиве ни се вртат сѐ погласните „озборувања“, јавни, дека во Македонија немало демократска власт, туку дека владеел режим. Оној на Груевски. И оти тоа бил врв на пропаѓањето на Македонија. Демек, државава пропаднала и никогаш полошо не ѝ било. Мижи Асане да те лажам!

Овие „озборувања“, овие „клевети и лаги“, ги пласираат симпатизерите и активистите на левата банда, кои, улулкани во својата „изборна победа“ со 43-те пратеници, сметаат дека сега можат да ја шират старата приказна уште поуверливо.

Вистината, сепак, е многу покомплексна и посурава од нивните лижавчиња-лажалки што ги пласираат во јавноста. Вистината е, дека во Македонија немало, никогаш немало вистинска демократија, туку како и сѐ останато поврзано со „новиот систем“ што го видовме во 1990 година, е всушност една голема лага.

Ајде да тргнеме од најновите настани. Се случија две крупни„ дешавки“ во изминативе денови, што ни се одлична подлошка за мини анализава што сакаме да ја направиме. И двата настана се поврзани генерално со Власта, со начинот на владеење преку „ударната тупаница“ на бандите—полицијата—а во крајниот резултат, тие два настана го покажуваат нивото и степенот на развој на демократијата во Македонија.


Македонија никогаш не ја искусила демократијата!

Двата настана што ги анализиравме за да покажеме дали во Македонија има демократија или режим, недвосмислено покажуваат дека тоталитарната свест кај десната банда прераснува во вистинска опасност, владеењето да го трансформира во владеење слично на дикататорски режими. Тука нема сомнеж.

Но, само неколку години да се вратиме наназад, а де не зборуваме за петнаесетина години наназад, во раните деведесети, ќе се види дека сѐ било различно, а сѐ било исто. Треба ли да ги набројуваме полициските тортури против неистомислениците што ги спроведуваше ДБК, до степен на исчезнувања, самоубиства или неразјаснети убиства. Или, треба ли да споменуваме како една друга банда, неколку години пред оваа, се справи со едно несреќно лице кое остана запаметено во јавноста како „Диме Поштарот“?

Но, за разлика од бедни проститутки како Ивона и Латас, ние оваа констатација не ја кажуваме за да ја одбраниме бедната сегашност. Нашата констатација е само во смисла да докажеме дека Македонија немала, ниту ќе има во скоро време среќа, да запознае што е вистинска демократија, што е правна држава и што се и со какво значење се човековите права во демократските системи.

Оправдувањата од типот и Америка тоа го прави (такви можеме да слушнеме од гласногооврниците на оваа банда - демек видете како го уапсиле оној од ММФ или видете како го кршат законот со актот за тотална контрола на комуникациите по 9/11), не држат. Оти во истата таа Америка, имате право не фер судење кога ќе ви ги прекршат правата.

Конечно, Америка не е единствен пример кој треба да се гледа или да се следи. Погледнете како почитувањето на човековите права на исклучително високо ниво се кренати во Канада, Велика Британија, Германија или Скандинавските земји.

Погледнете и кажете, каде е Македонија во споредба со нив?


12-06-2011, 04:07 PM
Reply