Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 9 Vote(s) - 2.44 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Израел ја нападна хуманитарната флотила
Author Message
mara-popara Offline
Posting Freak
*****

Posts: 769
Joined: Dec 2009
Reputation: 6
#1

Quote:Вие се приближувате кон непријателска зона


[img]http://gdb.rferl.org/1A3B510B-8B4E-4667-8BF0-609ED03CFAD8_w527_s.jpg[/mg]

Израелската морнарица го пресретна и нападна поморскиот конвој со хуманитарна помош за Појасот Газа, при што има неколку жртви и ранети. Нападот предизвика жестоки реакции во Турција која неформално ја подржуваше оваа мисија во која имаше и неколку стотини про палестински подржувачи.

Израелската армија воспостави информативно ембарго за жртвите кои се префрлени во израелските болници. Флотилата од 6 бродови со хуманитарната помош и околу 700 про - палестински подржувачи формирана во Турција тргна од Кипар и беше пресретната од израелските командоси рано изутрината.

„Вие се приближувате кон непријателска зона, која е под поморска блокада. Газа и крајбрежјето на Газа се затворени за сообраќај“.

Ова беше изјавата на неименуван израелски офицер кој им се обраќал на бродовите пред да започне судирот, а емитувана од израелската армија.

„Израелската влада подржува доставување на хуманитарна помош за цивилното население на Појасот Газа и ве повикуваме да влезете во пристаништето Ашдод. Доставувањето на помошта ке биде во согласност со правилата на властите и под ваш мониторинг по што ќе можете да се вратите на бродовите со кои пристигнавте“.


Евекуација на повредените по нападот на Флотилата

Според Ал Џезаира и Турската НТВ, израелските сили потоа отвориле оган. Нападот врз флотилата за помош на Газа предизвика жестоки реакции во Турција која неформално ја подржуваше оваа мисија. Турското министерство за надворешни работи изутрината го повика изралскиот амбасадор Габи Леви за да му врачи протестна нота. Пред израелскиот конзулат во Истамбул се распоредени силни турски сили откако лути демонстранти за момент влегле во кругот на Конзулатот. Турскиот заменик премиер Булент Аринч повика на итна седница на шефовите за безбедност на војската и полицијата. Арнич е одговорен за ситуацијата додека премиерот Реџеп Таип Ердоган е во посета на Чиле.

Флотилата составена од 3 карго бродови со помош и три патнички бродови имаше за цел да го привлече вниманието врз израелската блокадата врз Појасот Газа контролиран од Хамас а во кој живеат милион ипол палестинци. Премиерот на владата на Хамас во Газа Исмаил Ханија го осуди израелскиот напад врз поморскиот конвој во кој, како што се наведува имало градежен материјал и други видови хуманитарна помош. Тој го повика Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун да ги заштити луѓето кои беа во трите патнички бродови и да обезбеди безбеден влез во Газа. Израел и Египет воспоставија блокада на Газа откако власта ја превзеде Хамас во Јуни 2007. Според Израел, таа мерка беше неопходна поради тоа што Хамас стрела со ракети врз Израелска територија. Израел истовремено тврди дека доставува доволно храна и медицински материјал и дека нема хуманитарна криза во Газа.
31-05-2010, 08:58 AM
Reply


Messages In This Thread
Израел ја нападна хуманитарната флотила - by mara-popara - 31-05-2010, 08:58 AM