Добредојдовте
  • Users with e-mails at mail ·ru, aol ·com and gmx ·com to contact admins for registration.
  • Новорегистрираните членови повратниот одговор од форумот за активирање на сметката нека го побараат и во Junk на нивните пошти.
  • Сите регистрирани членови кои неучествуваат во дискусиите три месеци автоматски им се брише регистрацијата

 

Thread Rating:
  • 0 Vote(s) - 0 Average
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
Утрински Весник за България
Author Message
Топорчо Offline
Posting Freak
*****

Posts: 1,000
Joined: Jul 2011
Reputation: 9
#61

54
19.12.2006, 17:21
Смртна казна за Бугарките обвинети дека заразиле деца со вирус на сида во Либија


Пет медицински сестри и палестински лекар беа обвинети за намерно инфицирање на 426 либиски деца
ТРИПОЛИ - Либискиот суд вчера ги прогласи петте бугарски медицински сестри и палестинскиот лекар за виновни за инфицирање стотици деца со ХИВ-вирусот што предизвикува сида и на сите им изрече смртна казна. Пресудата и казните беа објавени од судијата Махмуд Хоуиса. Овие шестмина се обвинети за намерно инфицирање на 426 либиски деца со ХИВ-вирус во болница во Бенгази кон крајот на деведесеттите години. Обвинителството бараше смртна казна.

Петте бугарски медицински сестри и палестинскиот лекар ќе поднесат жалби на пресудата за намерно инфицирање стотици деца со ХИВ-вирус, изјави вчера главниот адвокат на одбраната. „Ќе поднесеме жалба на пресудата на Врховниот суд“, изјави адвокатот Отман Бизанти откако шестемина беа прогласени за виновни и осудени на смрт“. Бизанти додаде: „Ќе ја проучиме пресудата и ќе откриеме дали има грешки или несогласување на фактите“.

Бугарија ја осуди одлуката за изрекување смртна казна од страна на либискиот суд за петте свои државјани и палестинскиот лекар. Министерот за надворешни работи, Иваило Калфин, ја нарече одлуката „длабоко разочарување“. Парламентот ја повика меѓународната заедница да ја отфрли пресудата изречена од судот и да изврши притисок врз Либија за ослободување на медицинските сестри. „Категорично ја осудуваме смртната казна“, изјави спикерот на парламентот, Георги Пирински. „Апелираме до меѓународната заедница категорично да ја осуди одлуката на судот и да се приклучи кон апелот до либиската страна веднаш да ги ослободи осудените“.

Комесарот на ЕУ за правда и безбедност, Франко Фратини, изјави дека е разочаран. „Шокиран сум од оваа одлука. Силно се надевам дека либиските власти повторно ќе ја разгледаат одлуката. Се прашувам дали има конкретна можност за поништување на оваа одлука донесена од судот, инаку таа ќе биде пречка за нашата соработка. Тоа е негативна порака до ЕУ. Не можам да замислам дека смртната казна ќе биде спроведена“, изјави тој.

„Беше апсолутно предвидливо на политичка основа и тоа нема никаква врска со фактите во случајот“, изјави Џорџ Џофи, експерт во МАГХРЕБ од универзитетот Кембриџ. „Не сум изненаден. Мислам дека сега ќе почнат вистинските преговори да се изнајде начин или да се договори компензација за семејствата на инфицираните деца или да се помилуваат медицинските сестри. Има две причини за ова. Првата му дава на Гадафи многу подобра можност да изврши притисок за преговори за компензација, а втората е можност да се смират семејствата во Бенгази. Ќе треба да се плати одредена цена. Ќе зависи од тоа што меѓународната заедница е подготвена да плати. Меѓутоа, се' уште не е јасно. Речиси е сигурно дека ќе се направи тоа во форма на хуманитарна компензација“. (Ројтерс)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=BAE480A31...72B672C651
Без Ботев няма България
28-01-2013, 06:29 PM
Reply


Messages In This Thread
RE: Утрински Весник за България - by Топорчо - 28-01-2013, 06:29 PM