Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
ШТО Е ПРИЧИНАТА ЗА ВОЈНАТА ПОМЕЃУ МИА И ВОА - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: Mедиуми (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=9)
+--- Thread: ШТО Е ПРИЧИНАТА ЗА ВОЈНАТА ПОМЕЃУ МИА И ВОА (/showthread.php?tid=3897)



ШТО Е ПРИЧИНАТА ЗА ВОЈНАТА ПОМЕЃУ МИА И ВОА - ЈорданПетровски - 01-11-2018

Quote:“Македонски глупаци во Вашингтон”, МИА во војна со VOA


November 1, 2018
[Image: Screenshot_20181101-105922_Samsung-Inter...=300%2C216]
Македонската Информативна Агенција (МИА) влезе во јавен судир со радиото Гласот на Америка (ВОА) откако вчера нејзиниот дописник од Вашингтон со навредливи зборови се нафрли на македонскиот сервис на ВОА и координаторот на тимот новинари Лилица Китановска.
Петпарачко новинарство, повраќаница и македонски глупаци се навредите кои дописникот на македонската државна информативна агенција ги упатува кон луѓето и медиумот кој по втората светска војна како официјално гласило на САД на различни начини (радио, ТВ, интернет) се пренесува во десетици земји, меѓу нив и во Македонија.
“VOA – Глас на Америка Во нивниот безнадежен случај на петпарачко новинарство, предводено од повраќаницата Л. Китановска, VOA би имало смисла да значи Vomit of America – Macedonian schmucks in Washington DC” (Повраќаница од Америка – Македонски глупаци во Вашингтон), напишал на својот фејсбук профил Борис Камчев, актуелен дописник на МИА од Вашингтон.
Камчев не открива што е причината за ваквите навреди кон шефицата на македонскиот сервис на ВОА и кон медиумот кој се финансира од страна на американските власти.
Ваков директен напад на претставник на македонски државен медиум кон американска институција или медиум не е забележан досега.