Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
Утрински Весник за България - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: Mедиуми (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=9)
+--- Thread: Утрински Весник за България (/showthread.php?tid=2336)

Pages: 1 2 3 4

RE: Утрински Весник за България - Топорчо - 28-01-2013

54
19.12.2006, 17:21
Смртна казна за Бугарките обвинети дека заразиле деца со вирус на сида во Либија

Пет медицински сестри и палестински лекар беа обвинети за намерно инфицирање на 426 либиски деца
ТРИПОЛИ - Либискиот суд вчера ги прогласи петте бугарски медицински сестри и палестинскиот лекар за виновни за инфицирање стотици деца со ХИВ-вирусот што предизвикува сида и на сите им изрече смртна казна. Пресудата и казните беа објавени од судијата Махмуд Хоуиса. Овие шестмина се обвинети за намерно инфицирање на 426 либиски деца со ХИВ-вирус во болница во Бенгази кон крајот на деведесеттите години. Обвинителството бараше смртна казна.

Петте бугарски медицински сестри и палестинскиот лекар ќе поднесат жалби на пресудата за намерно инфицирање стотици деца со ХИВ-вирус, изјави вчера главниот адвокат на одбраната. „Ќе поднесеме жалба на пресудата на Врховниот суд“, изјави адвокатот Отман Бизанти откако шестемина беа прогласени за виновни и осудени на смрт“. Бизанти додаде: „Ќе ја проучиме пресудата и ќе откриеме дали има грешки или несогласување на фактите“.

Бугарија ја осуди одлуката за изрекување смртна казна од страна на либискиот суд за петте свои државјани и палестинскиот лекар. Министерот за надворешни работи, Иваило Калфин, ја нарече одлуката „длабоко разочарување“. Парламентот ја повика меѓународната заедница да ја отфрли пресудата изречена од судот и да изврши притисок врз Либија за ослободување на медицинските сестри. „Категорично ја осудуваме смртната казна“, изјави спикерот на парламентот, Георги Пирински. „Апелираме до меѓународната заедница категорично да ја осуди одлуката на судот и да се приклучи кон апелот до либиската страна веднаш да ги ослободи осудените“.

Комесарот на ЕУ за правда и безбедност, Франко Фратини, изјави дека е разочаран. „Шокиран сум од оваа одлука. Силно се надевам дека либиските власти повторно ќе ја разгледаат одлуката. Се прашувам дали има конкретна можност за поништување на оваа одлука донесена од судот, инаку таа ќе биде пречка за нашата соработка. Тоа е негативна порака до ЕУ. Не можам да замислам дека смртната казна ќе биде спроведена“, изјави тој.

„Беше апсолутно предвидливо на политичка основа и тоа нема никаква врска со фактите во случајот“, изјави Џорџ Џофи, експерт во МАГХРЕБ од универзитетот Кембриџ. „Не сум изненаден. Мислам дека сега ќе почнат вистинските преговори да се изнајде начин или да се договори компензација за семејствата на инфицираните деца или да се помилуваат медицинските сестри. Има две причини за ова. Првата му дава на Гадафи многу подобра можност да изврши притисок за преговори за компензација, а втората е можност да се смират семејствата во Бенгази. Ќе треба да се плати одредена цена. Ќе зависи од тоа што меѓународната заедница е подготвена да плати. Меѓутоа, се' уште не е јасно. Речиси е сигурно дека ќе се направи тоа во форма на хуманитарна компензација“. (Ројтерс)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=BAE480A31152E141BBBDE572B672C651

RE: Утрински Весник за България - Топорчо - 28-01-2013

55
20.12.2006, 17:00
ЕУ ги приземјува бугарските и романските авиони

ЛОНДОН - Авиосообраќајот во Бугарија и во Романија, по приемот на овие две земји во Европската унија, ќе биде ставен во карантин, пишува „Фајненшел тајмс“. Според весникот, причина за карантинот е наодот на инспекторите на ЕУ дека безбедносните процедури во авиосообраќајот во Бугарија се „полни со тешки недостатоци“.

„ЕУ, меѓу другото, ќе ја предупреди Бугарија дека 55-те бивши советски авиони би можеле да останат без дозвола за летање доколку не бидат доведени во состојба на техничка исправност што одговара на европските стандарди“, пишува „Фајненшел тајмс“.(Макфакс)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=BDCA94733CC00E43B9DCC863B399EB4E

RE: Утрински Весник за България - Топорчо - 31-01-2013

56
21.12.2006, 18:35
Повик за заштита на Македонците во Бугарија

Собранието на Република Македонија да ги повика бугарските власти да ги почитуваат правата на Македонците во Република Бугарија. Ова се истакнува во Декларација на Македонската студентска унија, Сојузот на здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија, Сојузот на Македонците со исламска религија и Светскиот македонски конгрес, доставена до претседателот и пратениците на Собранието. Потписниците на Декларацијата бараат Собранието да ја осуди тортурата врз членовите на ОМО „Илинден“ - ПИРИН од бугарската полиција и да ги повика Европската унија, Советот на Европа, ОБСЕ , НАТО и Обединетите нации да ги обврзат бугарските власти да ги почитуваат правата на Македонците.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0C9A72D568AF3D43AA262C2802B2452C

RE: Утрински Весник за България - Топорчо - 31-01-2013

57
21.12.2006, 17:51
Врховистички модел во ЕУ

Ратко Ѓорѓиески, Прилеп

Ако погледнеме во минатото, во времето на режимот на деспотот Тодор Живков, а и подоцна, Македонците во Бугарија беа омаловажувани, интернирани, тепани, затворани, а само затоа што се чувствуваат како Македонци. Тоа време помина. Во Европа и на Балканот треба да дуваат нови ветришта. Денес Европската унија, кон која се стремиме да влеземе, се однесува поинаку од времето кога управуваше Живков и слични на него.

Денес постои Конвенција за правата на човекот, а Бугарија е нејзин потписник. Според неа, се почитуваат демократијата, т.е. се почитуваат основните човекови права на малцинствата. Тоа значи и Македонците во Бугарија, чувствувајќи се како Македонци, се зачленуваат во здружението ОМО „Илинден“ - ПИРИН. Тие како македонско малцинство, а жители на Република Бугарија, сакаат со правата што ги признава Европската унија да опстојат, чувствувајќи се како Македонци, жители на Бугарија, слободно да живеат и да ги уживаат сите права како македонско малцинство пропишани во Конвенцијата за човекови права.

Ова што се случува во Бугарија на овој план зборува за еден нецивилизиран однос на државата кон своето малцинство. Република Бугарија изгледа дека заборави дека не е времето на Живков или на врховистите, кои по секоја цена сакаат Македонците да ги направат Бугари. Многу ме зачудува фактот што европските држави не реагираат на таквиот однос на Бугарија, која наскоро треба да стане нивна членка.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=3FEE4D4326CB954CAAD049360B872BA0

RE: Утрински Весник за България - Топорчо - 31-01-2013

58
21.12.2006, 17:51
Мирни протести

Јанко Томов, Бризбен, Австралија

Бидејќи бугарската влада и нејзините институции, како и нејзините екстремни и шовинистички личности, упорно го негираат македонскиот народ и со недемократски и нехумани методи го оневозможуваат постоењето на ОМО „Илинден“- ПИРИН и го малтретираат неговоточленство, создавајќи атмосфера на загрозување на нивните животи и егзистенција, предлагам мирни протести. Тие треба да бидат достоинствени, без какви било навреди и закани, чисто и едноставно со барања да се сопрат реплесалиите кон 6.000 потписници и други Македонци - жители на Бугарија, кои се за поддршката на ОМО „Илинден“ - ПИРИН.

Каде да се вршат протестите? Тие треба да се лоцираат пред амбасадите и конзулатите на Бугарија, секаде во светот, каде што постојат. Потоа пред европските тела кои постојат во Македонија и во другите држави во светот каде што живеат македонските емигранти, пред ОН во Њујорк и на слични места.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=AD2FFF4DF8DA58499B418DFC8AD426E1

RE: Утрински Весник за България - Топорчо - 31-01-2013

59
22.12.2006, 18:40
Бугарскиот конзулат ќе се отвори на 27 декември

БИТОЛА - Само три дена пред Нова година Битола ќе го добие осмото конзуларно претставништво во градот. В среда свечено ќе биде отворен бугарскиот генерален конзулат сместен во зградата на поранешниот СОК, сега Уни банка. За генерален конзул е поставен Илијан Караманов. Во ова претставништво ќе се опслужуваат граѓаните од Битола, Охрид, Струга, Крушево, Кичево, Прилеп, Кавадарци како и од општините Гевгелија, Струмица, Валандово и Берово.

Граѓаните преку т.н. кол-центар ќе можат да се информираат кои документи им се потребни за добивање виза и кога ќе можат да ги поднесат барањата. Битолскиот конзулат веќе ги опслужува граѓаните. Наредната недела конзулатот ќе работи само во четврток и во петок од 10 до 12 часот, а од 2 јануари секој ден во наведениот термин. Туристичките агенции биле тие кои во овие денови побрзале да извадат визи за своите клиенти кои зимскиот одмор организирано ќе го поминат во одморалиштата во Бугарија. Од конзулатот велат дека ќе лиценцираат определен број туристички агенции кои ќе имаат олеснителна процедура за добивање туристички визи.

На свеченото отворање на конзулатот во Битола се очекува да допатува министерот за надворешни работи на Република Бугарија, Ивајло Калфин, а најавено е и присуството и на неговиот македонски колега, Антонио Милошовски. Инаку, првиот бугарски генерален конзулат во Битола бил отворен во 1908 година и функционирал се' до 1913 година. „Неверојатно е доживувањето да се биде конзул во еден од најубавите балкански градови кој има своја специфична атмосфера и традиција“, вели генералниот конзул Караманов. (Б.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=F0C62E544EA53F47AC6BB2DC82EEBA24

RE: Утрински Весник за България - Топорчо - 01-02-2013

60
ЕДИТОРИЈАЛ
Власта намерно го заборави Даме Груев
ВИКТОР ЦВЕТАНОСКИ

ВМРО-ДПМНЕ, партијата на власт, која бара денот на македонската револуционерна организација да се прогласи за државен празник, го заборави нејзиниот основач Даме Груев. По повод стогодишнината од неговото загинување, не отиде ниту еден нејзин или некој друг државен раководител на одбележувањето на овој трагичен настан во беровското село Русиново, каде што заврши животот на револуционерот на празникот Свети Никола. Никој не отиде ниту во Смилево, родно место на Даме, за да се поклони пред споменикот и неговите мошти во името на македонскиот народ и држава.

Но, затоа, пак, на истиот ден кога се одржуваше прославата во Русиново во организација на Општина Берово и русинци, на местото каде што загина Даме пристигнале специјални автобуси со Бугари на чело со Красимир Каракачанов, лидер на антимакедонската ВМРО, демонстрирајќи јавно дека македонската историја е бугарска.

Даме Груев е голем, поголем отколку што сме можеле да прочитаме во учебниците по историја. Тој е едно од најславните македонски имиња од минатото, чија револуционерна ѕвезда сјае еднакво силно како и ѕвездата на Гоце Делчев, неговиот најдобар другар и истомисленик. Според функциите што ги вршел е прв меѓу првите. На негова иницијатива е формирана македонската револуционерна организација, која како нејзин секретар практично ја раководел. Претседавал со Смилевскиот конгрес и раководел со Илинденското востание, најкрвавиот и најславниот настан од македонското минато, кој трајно е врежан во колективната меморија на секој Македонец каде и да се наоѓа.

На Даме не може да му се забележи ама баш ништо за неговата револуционерна борба за македонска правда и вистина, ниту пробугарство, нешто што може како грев да им се припише на македонски револуционери што ја гледале Македонија во рамките на Бугарија. Имал јасна визија за ослободувањето на Македонија, умешно раководел со организацијата, го осмислил Илинденското востание и се борел за самостојна македонска држава. Како и Гоце сметал дека македонската револуционерна борба ќе успее само ако биде самостојна, без какви и да е мешања на соседите. Токму и поради тоа ги критикувал еднакво и српската, и грчката, и бугарската пропаганда, нагласувајќи дека бугарската е поопасна за македонската самобитност.

Лицемерно е однесувањето на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. На сите ѕвона удира дека е природен наследник на македонската револуционерна организација и бара 23 октомври, денот кога е формирана, да се прогласи за државен празник, а, од друга страна, целосно го игнорира делото на човекот кој е најзаслужен за формирање токму на таа организација. Луѓето што добро ги познаваат состојбите од македонското минато и идеолошката матрица на ВМРО-ДПМНЕ тврдат дека тоа не е случајно и дека Даме намерно е заборавен, зашто не се вклопува во нивната шема и критериуми за тоа кој и колку е значаен за македонската борба. Во тој контекст треба да се смести и неодамнешниот потег на министерот за внатрешни работи, кој без каков и да е повод реши да положи венец на гробот на контроверзниот Христо Матов во Софија, кого историчарите го вбројуваат меѓу водачите на десните сили на револуционерното движење кои Македонија ја сметаа за бугарска земја.

Големината на еден народ и на една држава се мерат и по тоа колку таа го почитува сопственото минато и своите херои. Колку повеќе го почитуваме минатото толку повеќе се потврдуваме себеси. Сите ние треба да знаеме од каде доаѓаме, кои биле нашите херои, како се однесувале и колкав е нивниот придонес за ова што сме денес. Тој што има заслуги за денешна Македонија треба да се почитува. А Даме заслужува да биде величан. Поголем повод од стогодишнината од неговото загинување за да му кажеме благодарам нема. Револуционер каков што е тој заслужува многу повеќе од локалните одбележувања во Русиново и во Смилево и од историските часови кои деновиве се одржуваат во училиштата што го носат неговото име.

Стогодишнината од загинувањето на Груев требаше да се прослави на државно ниво, со што Македонија вистински ќе му се оддолжеше за она што тој го направил за неа. Ова што се случи е голем срам за македонската држава и, пред се', на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, која очигледно намерно го заборави големиот Даме.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=B788F82923E9EA42B9F7BEBAC59C315B

RE: Утрински Весник за България - Топорчо - 01-02-2013

61
27.12.2006, 18:21
Калфин бара бугарските возачи да бидат ослободени

БИТОЛА - „Од бугарска страна нема нарушување на процедурата. Бугарската фирма која учествуваше во зделката е регистрирана во Бугарија и се' е чисто“, изјави во Битола министерот за надворешни работи на Бугарија, Ивајло Калфин, коментирајќи ја мегааферата со шверцот на оружје. Калфин вели дека за ова прашање разговарал со својот македонски колега Антонио Милошоски.

Бугарскиот министер побарал од македонската Влада тројцата бугарски шофери кои го превезувале оружјето за новогодишните празници да бидат ослободени од притвор. „Бидејќи транспортната фирма е трета страна во оваа зделка и учествуваше само во превозот, ќе побараме тројцата возачи да бидат ослободени од затвор. Нема да ја напуштат државата, и ќе останат на располагање на судот во секое време само да не ги поминат новогодишните празници во притвор“, изјави тој. (Б.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=AA85B8BA6710384FB630FB7AA97ED637

RE: Утрински Весник за България - Топорчо - 01-02-2013

62
27.12.2006, 18:21
Милошоски: Ќе бараме Софија да го реши македонското прашање позитивно

БИТОЛА - Македонското прашање во Бугарија ќе бараме да биде решено позитивно, изјави во Битола министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, одговарајќи на прашањето што ќе преземе МНР за признавање на партијата на македонското малцинство во Бугарија ОМО „Илинден“ - ПИРИН. „Остануваме на онаа позиција која е многу јасна, има европски конвенции што налагаат почитување на малцинските права. Македонија е земја која е пример на кој начин треба да се почитуваат малцинските права кои, секако, имаат свои процедури. Сигурни сме дека бугарските граѓани што имаат македонска национална свест и понатаму ќе можат во рамките на процедурите што се предвидени да ги изразуваат своите културни и политички активности, ќе ги охрабруваме сите наши пријатели, особено оние од Бугарија и, секако, нашите контакти во меѓународните институции со цел ова прашање да биде затворено на позитивен начин и да биде уште еден мост во добрососедските односи меѓу двете земји“, изјави Милошоски. (Б.Т.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=AD5EB356239DB14199FB9AD3977B9FA5

RE: Утрински Весник за България - Топорчо - 01-02-2013

63
27.11.2006, 18:37
ГИНТЕР ДАУВЕН
Бугарија е неправедна и агресивна спрема Македонците
Кодиректорот на Европската слободна алијанса зборува за положбата на македонското малцинство во Бугарија и неговите права
Од нашиот дописник
ТОНИ ГЛАМЧЕВСКИ

Стразбур - Европската слободна алијанса во мај годинава одбележа 25 години од создавањето и работата во Европскиот парламент. Главната цел на оваа мала политичка формација е заштитата на националните малцинства во европските земји и посебно во земјите-членки на ЕУ. ЕФА кај нас е позната особено во нејзиното ангажирање за признавањето на правото на македонското малцинство во Грција и сега во Бугарија. Белгиецот Гинтер Даувен е нејзин кодирекор.

Г-дине Даувен, Вашата група на европратеници од Слободната европска алијанса, поддржана од нивните колеги од групата на зелените поднесоа амандман со кој се бараше од Бугарија да ја регистрира политичката партија на македонското малцинство и да се прекине со дискриминацијата и малтретирањето на кое е изложено. Како беше примена Вашата иницијатива?

- Ова претставува шок за Бугарија, бидејќи има некој што се грижи за овој проблем во Европа. Тоа што го имам научено, работејќи последниве шест години во Европската слободна алијанса (ЕФА), е дека за решавањето на политичките проблеми е потребно многу време. Не можам да ја претскажам иднината, но можно е да поминат овие амандман и. Се разбира, тоа ќе биде тешко. Жалам што беше отфрлен амандманот на нашата политичка група во Европскиот парламент, но сепак е добро што е усвоен амандманот 23 кој се однесува општо за сите малцинства во Бугарија. Кога станува збор за македонското малцинство, очигледно дека притисоците од официјалната бугарска страна беа многу големи и на извесен начин агресивни. Така, европратениците, само два месеца пред Бугарија да стане членка на Европската унија, не сакаа да гласаат за тоа.

Дали предвидувате да го вратите амандманот во игра на пленарната сесија на Европскиот парламент?

- Да, предвидуваме да го предложиме амандманот во друга форма за да добиеме поголема поддршка во парламентот. Ќе видиме, но добро знаеме дека наспроти нас е големата лоби-машина на бугарските власти. Треба да се знае дека во Бугарија постои македонско малцинство. Европскиот суд јасно кажа дека тие треба да се регистрираат како политичка партија. Тоа би требало да се направи во неделите или месеците што доаѓаат. Ние ќе преземеме иницијативи во таа насока.

За таа цел ЕФА ги покани претставниците на ОМО „Илинден“-ПИРИН да престојуваат во Брисел. Со самото нивно присуство во Европскиот парламент, кога ќе се расправа и гласа резолуцијата за прием на Бугарија во Европската унија, тоа ќе биде потврда дека македонското малцинство постои во Бугарија. За време на нивната посета ние ќе им организираме средби со претседателите на политичките групи во Европскиот парламент, при што ќе можат да ги запознаат со проблемите околу регистрацијата на нивната партија, покрај пресудата од Европскиот суд за правата на човекот.

Ние имаме организирано и конференција за печатот за претставниците на ОМО „Илинден“-ПИРИН еден ден пред гласањето на резолуцијата. Ќе видиме кои ќе бидат резултатите, но треба да се знае дека нашата политичка група во Европскиот парламент е мала. Потребна ни е подршката од групата на социјалистите и демохристијаните и се надевам дека ќе успееме да ги убедиме либералите.

Зошто ова прашање не е отворено порано во Европската унија?

- Очигледно е дека Бугарите успеаја да го закопаат проблемот и со тоа темата за правaтa на македонското малцинство. Илјадници пати повторуваа дека во Бугарија нема македонско малцинство. Тогаш, како можат да се почитуваат правата на една заедница која не постои. За тоа, евидентно, мала одговорност сноси и Европската комисија. Таа ги направи истите грешки и во други земји кои сега се членки на Европската унија, како на пример во Словачка со нерешениот проблем со унгарското малцинство. На последниот попис беа направени пречки за слободното декларирање на Македонците во Бугарија, не го знам нивниот точен број, мислам дека беа околу 5.000, па затоа изгледа чудно да се зголеми бројот на потписниците од 500 на 5.000 за регистрација на една политичка партија. Тоа е еден од триковите со кои се послужија властите. Мислам дека единствената основа врз која треба да се утврди има или не едно малцинство, тоа се меѓународните правила, на пример, европските конвенции со кои се гарантираат правата на човекот и на малцинствата.

Во што е тогаш проблемот?

- Проблемот е во тоа што државите се тие кои одлучуваат и ако се побара нешто за ова прашање од Европската комисија, секогаш ни велат: „Тоа е внатрешна работа“. Тука е проблемот, бидејќи во моментов Бугарија се' уште не е членка на ЕУ, но таа ќе биде членка на 1 јануари 2007 година. Од тој момент таа ќе располага со уште поголема моќ за да рече дека тоа е внатрешно прашање.

Но, тука се одлуките на Европскиот суд за правата на човекот.

- Точно е тоа, Бугарија ги потпиша и ратификува меѓународните конвенции за почитување на малцинските права, за непочитувањето на правото на македонското малцинство на слободно здружување, таа беше осудена од Европскиот суд за правата на човекот. Но, таа не ги почитува овие инструменти кога станува збор за македонското малцинство.

Дали знаете како се реагира во Бугарија на овие Ваши акции?

- Имаме многу реакции од луѓе кои живеат во Бугарија, од пратеници, новинари кои ни велат: „Зошто, зошто сега два месеца пред приемот на Бугарија во Европската унија. Зошто ни го правите тоа сега, тоа е навистина лошо од ваша страна“. Тие не' обвинуваат дека ние сме тие кои го произведуваме проблемот. Но, всушност, тие се тие кои не ја презедоа одговорноста да се грижат за овој конкретен проблем.

Вие, како кодиректор на ЕФА, го придружувавте Вашиот европратеник Бернат Жуан И Мари, во посетата во Бугарија и Грција. Што констатиравте таму?

- Во Грција посетивме многу градоначалници, сите ги снимаа нашите разговори, со што е јасно дека тие беа инструирани од Атина да не кажат ништо друго од официјалната линија.

При посетата се случуваше нешто чудно, политичарите со кои зборувавме се однесуваа како новинари, бидејќи ги снимаа сите наши разговори, ние поставуваме прашања, тие одговараа љубезно. Новинарите, пак, на конференциите за печатот се однесуваа како политичари, бидејќи не ги интересираа нашите мислења. Напротив, сакаа само да го сменат нашето мислење. Тие не' прекинуваа додека зборувавме.

Во Бугарија каде што, меѓу другото, имавме средба со градоначалникот на Сандански и со претставници на регионот, имаше и еден пратеник од бугарскиот парламент, кој беше со нас, но не се имаше претставено. По едночасовен состанок се претстави - јас сум Борис Јачев, сакам да кажам нешто. По десетминутен монолог, го прекинав г. Јачев и му поставив едно лесно прашање: Дали има или нема Македонци во Бугарија?

Одговорот за него не беше лесен, бидејќи тоа му одзеде многу време и не' слушнавме, ниту да ниту не. Повторно го поставив прашањето и повторно останав без одговор. Потоа заклучив и му реков на Јачев дека сметам оти Бугарија е светски шампион во една специфична дисциплина. Присутните беа изненадени од мојот заклучок и очекуваа што ќе речам. Јас реков: Бугарија е светски шампион во почитувањето на еден народ кој не постои!

Тоа беше шок за луѓето кои живеат таму, тие не ја разбираат се' уште присутната противречност, која можеме да ја резимираме во една реченица: „Луѓето од ОМО ‘Илинден’-ПИРИН се опасни, тие се сепаратисти, тие се антибугари, тие дејствуваат против државата, но тие не постојат“.

Тоа е надреализмот што го констатиравме во Бугарија.

Европската слободна алијанса му даде статус на набљудувач на ОМО „Илинден“ - ПИРИН.

- Да, во мај годинава, кога прославуваме 25 години од Европската слободна алијанса, на ОМО „Илинден“ - ПИРИН му доделивме статус на набљудувач во нашата европска политичка партија.

Ние сме запознати со сите нивни проблеми околу регистрацијата како политичка партија во Бугарија, ова и покрај пресудата на Европскиот суд за правата на човекот. Бугарската држава само ја исплати паричната казна и со последната одлука на судот само потврди дека нема намера да ја почитува пресудата на Европскиот суд за човекови права. При последниот обид за регистрација на партијата, извршени се притисоци врз членовите на ОМО „Илинден“ - ПИРИН, еден од неговите потпретседатели е уапсен илегално и досието со околу 500 потписи со имиња и адреси на потписниците му беше конфискувано од полицијата. Поднесена е тужба на три нивоа против оваа илегална акција, но засега немаме ништо слушнато.

Друг пример, само еден ден пред поднесувањето на потписите, бидејќи успеаја да соберат околу 5.600 потписи, полицијата се обиде, но не успеа да ги конфискува потписите. Ова само како пример за да знаете во каква клима оваа партија се обидува да се регистрира како политичка партија.

За сето ова ЕФА испрати повеќе писма до институциите на ЕУ. Какви се резултатите?

- По сите овие настани ние им пишувавме повторно на претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, и на комесарот за проширување, Оли Рен. Од нив добивме многу општи одговори, затоа повторно им напишавме. Во септември Рен повторно ни врати општ одговор на нашите забелешки.

Два месеца потоа, на 8 ноември добивме писмо од кабинетот на Баросо во кое ни ја објасни позицијата на Европската комисија, која можам да ја резимирам вака: „Бугарија мора да ги почитува пресудите на Европскиот суд за правата на човекот. Кога, всушност, таа не ги почитува тие одлуки, Комитетот на министрите на Советот на Европа може да заклучи дека Бугарија не ја почитува пресудата“. Според Европската комисија, сите земји-членки на ЕУ треба да ги почитуваат правилата и пресудите на судот од Стразбур.

Европската слободна алијанса се надева дека ќе успееме на крајот да го разрешиме проблемот со регистрацијата на нашиот партнер ОМО „Илинден“ -ПИРИН и за да се гарантираат правата на Македонците во Бугарија за да живеат тие во мир и да бидат почитувани во Бугарија.

Европските држави имаат голема одговорност кон историјата, кон Македонија и кон Македонците. Веруваме дека Европската унија нема да си дозволи да ја изгуби македонската заедница и се надевам дека процесот на проширување успешно ќе продолжи.

Знаете, претседателката на нашата Европска слободна алијанса, Нели Мас, јасно му рече на претставникот на Грција во Брисел: „Г-дине, треба да ви биде јасно. Во моментот кога Република Македонија ќе стане членка на Европската унија, името ќе биде Република Македонија, а не ФИРОМ“.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0949A2D47D10954AAA98D8B6F881C283

RE: Утрински Весник за България - Топорчо - 01-02-2013

64
28.12.2006, 17:20
Романија и Бугарија во маѓепсаниот круг на трговијата со жени и со дрога

Годишно илјадници жени, некои не постари од 13 години, се намамуваат со ветувања за добро платени работи или бракови
БУКУРЕШТ - Анка сметаше дека девојките кои пред ТВ-камерите говореа за тоа дека биле продадени како сексуални робинки биле платени да измислат такви стории за да го зголемат рејтингот на емисијата. Тоа беше така се' додека не одговори на поканата на својата пријателка да и' се приклучи во Германија и да работи како садомијачка во град во близина на Хамбург. Кога пристигна таму и' беше одземен пасошот и нејзините заробувачи ја принудија да работи како проститутка за нивните клиенти. Три месеци подоцна таа два ката се спушти по одводната цевка, трчаше неколку километри низ шума за, конечно, да најде такси што ја однесе до полициска станица и на безбедно. „Девојката што ме покани си ја заработи слободата со тоа што донесе уште две други девојки“, вели Анка, тивка 20-годишна девојка од едно романско село. Таа побара нејзиното вистинско име да не биде обелоденето за да се заштити од нејзините заробувачи.

Додека се подготвуваат да и' се приклучат на ЕУ, Романија и Бугарија се обидуваат да се справат со трговијата со луѓе и шверцот, особено на дрога, која има ендемски размери во црноморскиот регион, кој наскоро ќе стане источна граница на ЕУ. Годишно илјадници жени како Анка, некои не постари од 13 години, се киднапираат или намамуваат со ветувања за добро платени работи или бракови, и се продаваат на банди кои ги затвораат во ноќни клубови и бордели, или ги принудуваат да работат на улиците. Набљудувачите велат дека многу повеќе жени би можеле да бидат доведени во ризик откако двете земји во јануари ќе и' се приклучат на ЕУ, а трговците ќе се обидат да го зголемат бизнисот со искористување на предноста од полесен пристап до Западна Европа, каде што завршуваат најголем број од жртвите. „Има голема експлоатација во Романија и убедена сум дека бројката ќе стане уште поголема“, изјави Гина Марија Стојан, која го води случајот на Анка и директор на фондацијата „Адрапе“, романска организација која им помага на жртвите на трговија со луѓе. „Веќе постои секс-туризам околу Црно Море“.

Романија и нејзиниот јужен сосед Бугарија се меѓу 11-те земји на листата на ОН како главни извори на трговијата со луѓе, врз основа на пријавените бројки на жртви. И други земји во регионот, најсиромшниот во Европа, исто така, се легло на организираниот криминал и илегалната трговија, како што тоа е случајот со Молдавија и Украина. Сиромаштијата, разочараноста од бавните реформи во регионот по колапсот на комунизмот, и ослабените нишки на општеството по неколкудецениската принудна репатријација на многу заедници, што помогнаа да дојде до појава на банди и пронаоѓање лесни жртви. „Постои сиромаштија, нефункционален семејства, менталитет. Девојките немаат потекло, самопочитување“, вели Иана Матеи, која раководи со романска добротворна организација „Подавање рака“, која има помага на жртвите од трговијата. „Трговците сега бараат девојчиња 13-14 години. Тие полесно се контролираат. Тука се обучуваат и им се ’мие мозокот‘. Тие гледаат дека може да добијат само мала помош од полицијата, системот. И мислат дека може да заработат пари и да станат независни“, вели таа.

И географијата, исто така, е проблем. Бугарија и Романија се дел од „балканската маршрута“ за транспорт на хероин од Авганистан – каде што се произведува огромно мнозинство од потребите за овој производ во светот - за Западна Европа. Осумдесет отсто од авганистанскиот хероин пристигнува до западните корисници по оваа маршрута. „Романија ќе биде финалната граница, финалната погранична област на ЕУ“, вели Кристијан Дута од центарот СЕКИ од Букурешт, кој ја помага борбата против прекуграничниот криминал во Југоисточна Европа. „Тоа ќе биде првиот чекор за секој што ќе сака да влезе во ЕУ“.

Некои набљудувачи се загрижени дека влезот на Романија и Бугарија во ЕУ може да помогне во прелевањето на незаконската трговија на Запад, што го погоди црноморскиот регион. Владите во Букурешт и Софија соопштија дека прават се' што е во нивна моќ да се справат со трговијата и злоупотребата. Романија беше пофалена од страна на Брисел за спроведувањето реформи во контролата на границите, борбата против еднемската корупција и подобрување на полициската соработка. Меѓутоа, ЕУ беше повнимателна во врска со Бугарија, критикувајќи ја Софија дека не прави доволно во борбата против распространетиот организиран криминал.

Агенциските податоци покажуваат дека околу 1.400 романски жртви на трговијата со луѓе, вклучувајќи и сексуална експлоатација и принудна работа, се идентификувани во првите девет месеци од годинава, додека околу 200 извршители се уапсени. Единицата за борба против организираниот криминал во софиското Министерство за внатрешни работи соопшти дека годишно 4.000 до 5.000 Бугарки се жртви на трговија со луѓе. Набљудувачите велат дека официјалните податоци за бројот на жртвите на трговијата со луѓе покажуваат само мал дел од трендот. (Ројтерс)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=DC70EC0ADF416A419B11A17F875BF83A

RE: Утрински Весник за България - Топорчо - 02-02-2013

Това беше последната вест за България за периода 25.10.2006-до края на годината.

За този период бял свят са видели 55 печатни издания , а намерените вести за България са 64. Ако допуснем , че поне 10-20% от вестите са останали незабелязани ( поради факта , че ако в заглавието не пише Бугария , София или нещо , което очевидно ги свързва с темата-аз нямам как да ги забележа и отразя в изследването или по вашему в изтражуването )

Простата математика показва , че за периода е имало почти по 1,5 статии за България във издание. Мнозиството са редакторски или по македонски казано едиториал , на първа страница или в рубриките за коментари и анализи.

За да не правя сам анализ колко са положителни и колко отрицателни ще помоля за помощ македонските форумджии. Зограф , Гной , Йордан , Христо - да не пропусна някой всички са поканени.А и българските също.

За не повече от 30 минути може да преминете през всички статии - и да кажете например 50% са положителни - 50% отрицателни. Интересно ще бъде кой до какви заключения ще стигне.

RE: Утрински Весник за България - Топорчо - 09-02-2013

(02-02-2013, 06:01 AM)Топорчо Wrote: Това беше последната вест за България за периода 25.10.2006-до края на годината.

Поради липса на други анализи ето ги моите предварителни резултати Icon_razz

От 64 статии , публикувани в 54 печатни издание , за период от почти 2 месеца - 2 са положителни , 62 негативни. Това прави съотношението на негативните 96,875 % . Две трети и повече от статиите са редакторски , такива на първа страница или в рубриките за мисления и анализи. Коефицентът е много притеснителен . Мене лично резултатите от този анализ ме тревожат много повече от това кой как интерпретира историята , на колко хиляди години е, дали ме нарича татарин , дали ще ми каже , че е спал с жена ми за две червени и прочие, защото тези неща са следствие от работата , която македонските медии вършат вече дълги години.

RE: Утрински Весник за България - stetos2000 - 30-04-2013

(09-02-2013, 06:51 AM)Топорчо Wrote:

Овие се татарски провокации - нашите медии се чесни и демократски, во Бугариja единствената вистиснка и обективна медия е "Народна Воля" - народот толкоз я сака, дека от цел свет собираме паре да я даваме безплатно... ама люгето ги е страв от Татарите да го взимаат весникот.

MakedonijaMakedonijaMakedonija

Поръбен Македонец от Пиринска Македониjа

RE: Утрински Весник за България - Zoograf - 22-05-2013

(02-02-2013, 06:01 AM)Топорчо Wrote: Това беше последната вест за България за периода 25.10.2006-до края на годината.

За този период бял свят са видели 55 печатни издания , а намерените вести за България са 64. Ако допуснем , че поне 10-20% от вестите са останали незабелязани ( поради факта , че ако в заглавието не пише Бугария , София или нещо , което очевидно ги свързва с темата-аз нямам как да ги забележа и отразя в изследването или по вашему в изтражуването )

Простата математика показва , че за периода е имало почти по 1,5 статии за България във издание. Мнозиството са редакторски или по македонски казано едиториал , на първа страница или в рубриките за коментари и анализи.

За да не правя сам анализ колко са положителни и колко отрицателни ще помоля за помощ македонските форумджии. Зограф , Гной , Йордан , Христо - да не пропусна някой всички са поканени.А и българските също.

За не повече от 30 минути може да преминете през всички статии - и да кажете например 50% са положителни - 50% отрицателни. Интересно ще бъде кой до какви заключения ще стигне.
64 статији од 2006 до 2013 звучи премалку. Колку гледам овде од 2007 до 2013 има 6,666 статии каде спомнато Бугарија.
http://www.utrinski.com.mk/default-mk.asp?pSearch=%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80%D0%B8%D1%98%D0%B0&yearFrom=2007&yearTo=2013&btnSearch.x=15&btnSearch.y=13

Инаку во статиите што си ги поставил има доста, според мене неутрални вести. Од негативните, чинам 90% се од типот на признавање на ОМО и македонското малцинство и слично. Тоа за мене е охрабрувачки, бидејки таков проблем ми се чини лесно е решлив.
Еве еден артикал од утрински кој е позитивен

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=7205C821EC79B24E8EC30389275B957E

Кој ги скара Македонија и Бугарија?

Очекувањата во бугарското општество сега се поголеми од времето на Декларацијата меѓу двете земји

Слободанка Јовановска

Македонско-бугарските односи се жртви на некаков микс на комунизмот и национализмот - беше краткиот опис на Димитар Бечев од Европскиот совет за надворешни односи во Софија, на вчерашната дебата организирана од ГЕМ клубот во Скопје. Според него, проблем во Бугарија е што темата Македонија секогаш била во доменот на ваквите средини, при што и поранешниот претседател Георги Прванов и Божидар Димитров правеле кариера на Македонија како соработници на службите.

„Ова е маѓепсан круг меѓу полицајците, историчарите и некои кругови во Македонија кои немаат интерес да се развиваат односите меѓу Бугарија и Македонија“, оцени Бечев, додавајќи дека и покрај тоа, меѓу двете земји има голем напредок изминатите дваесет години. Како примери, ги посочи признавањето на Македонија, декларацијата со која на некој начин се призна македонскиот јазик, заедничкото славење на Љупчо Георгиевски и Иван Костов, некои разумни потези на Бранко Црвенковски и предлогот за заедничко славење Илинден од Владо Бучковски, што ги окарактеризира како заедничка политичка волја да се оди напред, која, како што нагласи, недостига во моментов. Уште повеќе, тој смета дека со блокадата во ЕУ на преговорите со Македонија се создава нов маѓепсан круг, бидејќи тоа поттикнува негативна реторика во Македонија која потоа предизвикува реакции во Бугарија. „Македонската Влада нема желба да влезете во ЕУ, или барем не по секоја цена, па го користи грчкото вето како алиби“, оцени Бачев додавајќи дека токму политичките елити треба да не' извадат од тој маѓепсан круг.

Бугарскиот аналитичар Јавор Сидеров тврдеше исто така дека решението на проблемите треба да биде политичко, отфрлајќи секаква улога на историчарите. Според него, никој повеќе не го употребува говорот на омразата од нив, па ако историјата не може да биде игнорирана, тогаш да биде впрегната во компромис. „Крајно време е историјата меѓу Бугарија и Македонија да биде напишана за подобра иднина, а не за минатото“, порача Сидоров со оцена дека и ветото на Софија во ЕУ, и антиквизацијата кај нас не им служат на долгорочните цели на двете земји. Историчарката Ирена Стефоска, по апелот „аман, сите се нафрливте на нас историчарите“, изјави дека националистичките идеологии се кичести зошто се неточни, а дијалогот е естетика.

Љубомир Фрчкоски сметаше дека во Македонија се потценува признавањето од Бугарија, а идентитетските закани се преувеличани, уште повеќе што дома се соочуваме со поопасен удар од антиквизацијата. Македонскиот идентитет, смета тој, може да го градиме и со споделување на бугарски и албански историски ликови, но клучен проблем за подобрување на односите е политичката волја кај нас, а последните години и во Софија. Ние, според Фрчковски, имаме проблем со Кирил и Методиј и настојувањето да останеме посебни, додека Бугарија има проблем со окупацијата. Проблем за Бугарија се и малцинствата и мултикултурализмот што го градиме, а кај нив се прима со резерва. Проблем, според него е и нашиот однос кон Македонците што се сметаат за Бугари.

Антоанета Приматарова, поранешен заменик-преговарач со ЕУ, смета дека не би требало да биде проблем да се постигне договор во рамките на преговорите што се водат сега меѓу двете земји, но проблем е што сега во бугарското општество се создале поголеми очекувања. Според неа, европската рамка може да помогне, но нема да ги реши сите недоразбирања и тоа ќе биде долгорочен процес. Бартоломеј Кајтази, наш поранешен амбасадор во Ватикан, нагласи дека на 148 километри заедничка граница со Бугарија, има само три гранични премини, од кои два се и регионални. Инфраструктурната поврзаност кажува многу, заклучи тој, па нагласи дека меѓу двете земји нема ни железница, ни авионска линија - и тоа е така со децении. Како шлагворт Бечев ја предложи Кумановската битка од 1944 година како можност за заедничко славење во која имало пет илјади жртви, а македонските партизани се бореле заедно со бугарската војска. „Задоцнивме, но тогаш бевме на вистинската страна“, забележа тој шеговито. Дебатата беше видно позитивистичка со тенденција да се избегнуваат спорните прашања, како што нафрли претходно Бечев, со акцент на тоа како да одиме напред.

RE: Утрински Весник за България - Топорчо - 23-05-2013

(22-05-2013, 10:51 PM)Zoograf Wrote:

64 статии за периода 25.10.2006 - до края на 2006 или за около 2 месеца. Написал съм 64 статии за 55 издания на Утрински. Неутрални за мене лично са една две

RE: Утрински Весник за България - Zoograf - 28-05-2013

(23-05-2013, 05:13 PM)Топорчо Wrote: 64 статии за периода 25.10.2006 - до края на 2006 или за около 2 месеца. Написал съм 64 статии за 55 издания на Утрински. Неутрални за мене лично са една две

А ОК, не те разбрав добро. My bad, sorry.