Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
Македонските медии за България - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: Mедиуми (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=9)
+--- Thread: Македонските медии за България (/showthread.php?tid=1784)

Pages: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 26-01-2012

Честитка од премиерот Груевски до припадниците на српската заедница
Честитка од премиерот Груевски до припадниците на српската заедница
Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски испрати честитка до припадниците на српската заедница во Република Македонија, по повод големиот национален празник „Свети Сава“.

- Почитувани припадници на српската заедница во Република Македонија, дозволете ми од мое лично име и од име на Владата на Република Македонија да Ви го честитам големиот национален празник „Свети Сава“, и да Ви посакам добро празнично расположение, исполнето со многу здравје, радост, среќа и бериќет, се вели во честитката од премиерот Груевски.

Владата на Република Македонија, се посочува, активно работи на одбележување и празнување на културниот, етничкиот, јазичниот и верскиот идентитет на сите заедници во Република Македонија. Во овој дух, веќе петта година по ред, официјално и со се поголеми манифестации се одбележува 27 јануари, денот посветен на Првиот српски архиепископ - Свети Сава, кој од секогаш бил сегмент на идентификација, препознавање и почит на српскиот народ насекаде во светот, и во Република Македонија.

- Сакам да истакнам дека како и досега, така и во иднина ќе продолжиме да го даваме својот придонес за почитување на етничките, верските и традиционални вредности на српската заедница во Република Македонија, и ќе создаваме услови за унапредување на нејзиниот културен и образовен развој. Со тоа ќе дадеме пример не само на сегашните, туку и на сите идни генерации, како треба да се уважуваат и негуваат меѓусебните односи како универзална цивилизациска придобивка во нашата држава, се нагласува во честитката.

Во духот на вредностите, се посочува, да продолжиме со реформите и модернизацијата и со останатите активности за понатамошно подобрување на состојбите во секоја област, со унапредувањето на можностите за економски раст и развој и зголемување на стандардот на населението, со европската и евроатлантска интеграција на нашата земја, и изградбата на силна и модерна Република Македонија.

- Честитајќи Ви го празникот, вам и на вашите семејства, Ви посакувам деновите од Светосавската недела да ги поминете со добро здравје, духовен мир и општа благосостојба. Нека Ви е честит големиот празник и за многу години, се нагласува во честитката од премиерот Никола Груевски до припадниците на српската заедница во Република Македонија.


Коментирај
Архива

Офф топик ама ми стана смешно Icon_razz


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 26-01-2012

Министерот Сарачини во посета на Бугарија

инистерот за економија Ваљон Сарачини денеска ќе престојува во посета на Бугарија каде ќе има билатерална средба со неговиот бугарски колега Трајчо Трајков.

Двајцата министри ќе разговараат за билатералната трговска соработка и поволностите за инвестирање во Македонија и во Бугарија, со акцент за интензивирање на соработката во енергетскиот и туристичкиот сектор.

Бугарија, со 6,8 проценти од вкупната трговска размена на Македонија, е нејзин четврт трговски партнер. Во првите 11 месеци од минатата година размената меѓу двете земји изнесувала 707.609.000 долари, од кои извоз 285.802.000 долари и увоз од 421.807.000 долари, со дефицит од 136.005.000 долари на македонска страна. Македонија најмногу извезува олово, бакар, цинк и рудни концентрати, валани производи од железо и нелегиран челик, тутун, зеленчук. Увозот од бугарската држава претежно се состои од нафтени масла, отпадоци и остатоци од железо, сурово масло од сончоглед, електрична енергија...

Со вкупен износ на инвестиции од 116.190.000 евра во периодот од 1997 -2010, Бугарија е меѓу првите 10 странски инвеститори во македонската држава. Присутна е со инвестиции во банкарскиот сектор, осигурувањето и услугите. Нивни капитални инвестиции има во фабриките за кабли во Неготино и за шеќер во Битола, Идеал шипка, ТЕТЕКС јарн,...

Во периодот јануари-октомври 2011, Македонија ја посетиле 15.213 бугарски туристи, со 29.424 ноќевања, што е зголемување за 20 проценти во однос на истиот период во 2010 година.

Владите на Македонија и на Бугарија потпишаа Договор за економска соработка во декември 2008, кој почна да се применува од ноември 2010 година.


http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/makedonija/37758/ministerot_sarachini_vo_poseta_na_bugarija.aspx


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 27-01-2012

ЕдиториЈал

Промашена комисија


Kако еден македонски историчар може да го убеди својот бугарски колега дека постои како посебен национален идентитет, со свој јазик, култура, традиција? Ако многуте историски документи кои зад себе ги оставиле македонските дејци досега не беа доволни, ако тоа не се расчистило досега на многуте средби на самите историчари, како ќе може преку некоја заедничка комисија. Да беше до комисијата, без оглед во каков и во колкав состав, разликите кои меѓу нив се појавуваат одамна ќе беа решени. Но проблемот не е до форматот, туку до суштината на ставовите, кои кај нашиот источен сосед одамна се бетонирани кога е во прашање бугарското непризнавање на македонската национална посебност.

Оттаму лесно би можело да се претпостави како во некоја иднина би можеле да се одвиваат дебатите на заедничката комисија меѓу Македонија и Бугарија каква што во Резолуцијата за нашата земја амандмански ја протна бугарскиот европратеник Евгениј Kирилов. „Вашите дејци за кои тврдите дека се Македонци се изјаснувале како Бугари. Еве еден, друг доказ...“ и тука ќе заврши с`, барем кога е во прашање бугарската страна. Оти може ли нашиот сосед да тврди нешто друго освен она што и досега го тврдел. Да се земаше некој аргумент на македонските историчари, да се земаа факти за постоењето на македонскиот етнос во Бугарија и во нашата земја, досега ќе беше сменет барем и еден став, една историска лекција, која и ден-денес ја учат младите бугарски генерации. Но сето она што како докази го изнеле македонските историчари и науката воопшто, ништо не помогнало. Излегува, поедноставно кажано, дека на таа комисија ние би требало да слушнеме дека не сме тоа за што се чувствуваме.

Оттаму, зошто Kирилов смета дека историчарите се тие од кои би можело да почне решавањето на проблемот меѓу две земји во контекстот на остварувањето на добрососедските односи во регионот. Тие, барем во последниве децении, направија речиси максимум во она што можеа да го откријат кога се во прашање историските сведоштва и докази за постоењето на македонскиот народ и јазик. Тоа е доволно од нивна стана во ситуација кога правото на нечие постоење не треба да се изведува од некакви документи, туку од чувствата што ги имаат граѓаните за самите себе и за својата етничка и за секоја друга припадност. Посебно сега кога демократските односи во општествата конечно го досегнале тоа ниво со кое е универзално човеково право да се изјаснува онака како што си сака. Ако тоа некоја друга страна не го прифаќа, ако тоа упорно го негира и врз таа основа им ги одзема правата и на сопствените граѓани кои живеат во државата, како што тоа Бугарија го прави со Македонците, тогаш проблемот е многу поголем од мандатот на една заедничка комисија каква што ја предложил европратеникот Kирилов. Затоа енергијата за ваков предлог залудно ќе се троши.

Бранко ЃОРЃЕВСКИ

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=931D006BE75D8940AF53570197522714


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 28-01-2012

Се врати увозот на струја од Бугарија


Од ноќеска на полноќ Бугарија треба да продолжи со извоз на електрична енергија кон Македонија и другите земји од регионов, откако кон крајот на минатата недела беше прекинат штрајкот на бугарските рудари.
- Продолжувањето на извозот стана можно само откако резервите на јаглен беа обновени во тамошните термоцентрали - објави надлежното бугарско министерство. Рударите во рударскиот регион Марица Исток, кој произведува 90% од јагленот во земјата, го завршија штрајкот кој траеше 8 дена на 22 јануари, согласувајќи се со понудата за добивање бонуси. Бугарија, покрај во земјава, извезува струја и во Србија, Грција, Романија и Албанија.

http://vecer.com.mk/?ItemID=22D7908A0B9B884EAB090953044EB6EC


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 28-01-2012

Во Грција се шверцува леб од Бугарија

Во северниот дел на Грција интензивирани се проверките поради незаконски увоз на леб од Бугарија.

Тоа се наведува дека во документот на Министерството за регионален развој, конкурентност и трговска флота претставен пред грчкиот Парламент.

Во документот се истакнува дека се зајакнува контролата по пазарите.

Според информација на пратеничката од Нова демократија Марија Колиа Царуха производителите на леб во Северна Грција се соочуваат со сериозен проблем поради увозот на леб со сомнителен квалитет и непознат бугарски производител.

Таа наведе дека шверцувањето на леб зазеде широки размери поради економската криза и го намалило приходот на локалните производители за повеќе 20 проценти.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/37975/vo_grcija_se_shvercuva_leb_od_bugarija.aspx


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 29-01-2012

Зимување во Бугарија

17 јан 2012 19:57

Ристо Никовски

Кај нашиот источен сосед има фолклорни канали што емитуваат скоро повеќе македонска народна музика отколку бугарска! Или барем барабар. Но ниту една песна не е најавена како – македонска. Ги нарекуваат – нашински. Пораката е јасна – само еден народ пее исти песни!

Патот кон Бугарија започнува со автопат, макар со истрошен асфалт, продолжува со пристоен пат, за, пред Крива Паланка, да се потсетиш какви биле патиштата пред 60-70 години. Ако е некаква утеха – ситуацијата во Бугарија не е подобра, ако не е и полоша. Ваквите транспортни врски, во кои нема железница, зборуваат и за третманот што двете земји го имаат една кон друга.

Боровец е врвен скијачки центар, кој извонредно се одржува. Тие што скијале во Швајцарија, Франција, Австрија… велат дека нема потреба да одиш таму кога го имаш ова, на околу четири часа возење. За разлика, во местенцето не е препорачливо да се шета. Насекаде мраз и снег и на секој чекор може да скршиш глава. Балканска работа.

Бидејќи е зима, студи, а денот е краток, времето дозволува и телевизија да се гледа. Во хотелот, на располагање се германски, француски, руски, грчки, романски… канали. Сè освен – македонски. Исто како и во Грција, Албанија… Изненадувањето, меѓутоа, доаѓа од домашните програми. Има три фолклорни канали што емитуваат речиси повеќе македонска народна музика отколку бугарска! Или барем барабар. Во почетокот не ти се верува и само проверуваш, вртиш… и – се чудиш. Има и наши пејачи и песни, ама најголемиот број се нивни, и пејачите и песните, ама пеат – на македонски. Промовираат ново цеде на Никола Бадев, со убава српска балада, која кај нас не е позната. Песната за Рајна Поп Ѓеорѓиева завршува со… го соши бајракот и го тури знакот – смрт или слобода. И толку. Не кажува дека е за Македонија. Впрочем, речиси ниту една песна не е најавена како македонска. Ги нарекуваат – нашински.

Предводник е ТВ Родина, чие име го дава и објаснувањето. Демек, се пеат песни од татковината.

Пораката е јасна – само еден народ пее исти песни! Така е, нели, во цел свет. Овој редок феномен заслужува и внимание и – експертиза. И стручна, и политичка.

Тоа потсетува на една изложба во Тирана. Во вестите за отворањето беше речено дека изложува албанскиот сликар тој и тој, без да се каже дека е од Црна Гора. Европа без граници, што друго?

Ех, колку сме лоши соседи! Наместо да нè радува што други пеат наши песни и песни на наш, македонски јазик, нам ни пречи. Проблемот е што за нив не ќе да сме странство…

Се емитува репортажа за карневалот во Струмица, без да се каже во која држава се случува тоа. Интервјуто со заменик-градоначалникот и изјавите на жителите на градот не се преведуваат, иако грото гледачи малку или ич не разбираат…

На ТВ Европа – дебатна емисија. Водителот ја најавува темата: нова антибугарска кампања во Македонија околу Евреите. Во студиото Евреин, претседател на фондацијата „Бугарија“. Долг разговор со него. Следува муабет со професор од Тел Авив, кој претходно живеел во земјата. Зборува и пензиониран обвинител од Софија. Сите го валоризираат фактот дека Бугарија не ги депортирала своите, велат, 50 илјади Евреи. Со право, тоа високо го вреднуваат. Се тврди дека Бугарија била единствената европска држава што не ги испратила во логорите на смртта. Македонија воопшто не се спомнува. Завршува дебатата и водителот заклучува дека ете, таков бил односот на Бугарија спрема Евреите, а во Македонија се води жестока кампања!

Класичен пример дека недоречената вистина е – тешка лага. Ни повеќе, ни помалку, водителот премолче „само“ дека бугарската фашистичка власт, наместо своите, ги депортира македонските Евреи. Преку 7.000. Ако е и од ЕУ, многу е.

На ТВ СКАТ, дебата на темата Бугарија, Балканот и ЕУ во 2012. Учествуваат двајца академици и еден аналитичар. Едногласни се дека треба да се очекуваат лоши вести од Македонија, Косово и БиХ. Оценуваат дека Турција се однесува како империјална сила, а не како нормална држава и, како таква, не треба да се прими во ЕУ. За академикот Марков Балканот останува поделен бидејќи тука се вкрстуваат интересите на големите сили. Очекува радикализација на исламот во западна Македонија, Албанија, Косово, БиХ и Санџак. Неговиот колега, Минков, апелира на сојуз со Грција, а ако може и со Србија – против Македонија. Единствени се дека Македонија не смее да биде примена во ЕУ без соодветни услови. Водителот Енчев ја спомнува и антиквизацијата, која очигледно ги загрижува: поврзани со античките Македонци, не можеме да бидеме Бугари!

Сè заедно, крајно, дури непристојно антимакедонски.

Весникот „24 часа“ (од 29/12/11) повика на брзо вклучување во Европскиот регистар на заштитени марки во ЕУ, на „типичните“ нивни производи: ракија, лутеница, алва, мастика, чкембе-чорба, пача… Апелот е тоа да се стори пред Турција, Србија, Македонија… да станат членки на ЕУ бидејќи и тие ги имаат истите. „Типичните“ производи не биле баш само нивни. Ова е опомена и за нас.

Смртта на Глигоров „24 часа“ ја одбележа со „негативна“ поента дека опстојувал на тезата за македонска нација и јазик; дека „имал многубројни роднини во Бугарија, како и повеќето Македонци“, ама ги запоставил, додека сопругата Нада имала софиски корени. За телевизиите тој бил „последниот југоносталгичар, кој, со политиката на еквидистанца, настојувал да се оддалечи од Бугарија“. Прилогот завршува со – „Бог нека му прости, а има многу што“.

Ете, така стојат работите во ЕУ.

П. С. Краткиот престој во соседството покажа дека е непростлива грешка што немаме не еден, туку по неколку дописници, кои редовно и објективно ќе нè информираат што сè се случува во Бугарија, Грција, Србија, Албанија, Косово… Во соседството најлесно се чувствуваат рефлексиите на судбината, која ни ја кројат центрите на моќта.



Ристо Никовски

http://www.mkd.mk/7090/kolumni/nikovski-zimuvanje-vo-bugarija/

Авторът е амбасадор. Егати сериозната фаца има тоя пич Icon_razz
Барем за Райна Княгина да беше отворил на Гугъл та да види , че е родена , живяла и умряла на 9 дена път с камили и от най смелата карта на Голема Македония.


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 30-01-2012

Политиката да не се меша во историјата – барање на историчарите до ЕП

Здружението на историчари на Република Македонија (ЗИРМ) упати протест до претседателот на Европскиот Парламент, Мартин Шулц, откако Комисијата за надворешни работи преку нацрт-резолуција препорача формирање на заеднички експертски комисии меѓу Македонија и Бугарија за прашања поврзани со историјата.


Од ЗИРМ сметаа дека апсурдно е една политичка институција, како што е ЕП да поставува вакви барања.


„Ова се прашања со кои треба да се занимаваат историчарите, а не политичарите. Сметаме дека ваквата практика би била преседан во меѓународните односи и директно мешање на политиката во историската наука. Научноистражувачката дејност, а во тие рамки и историјата, не смее да биде предмет на политичко влијание", се вели во писмото на македонските историчари упатени до првиот човек на Европскиот Парламент.

http://www.makfax.com.mk/#2%2F276275%2Fpolitikata_da_ne_se_mesha_vo_istorijata_%E2%80%93_baranje_na_istoricharite_do_ep


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 30-01-2012

Македонските историчари со протест до Европски парламент

Бугарите побараа, Комисијата за надворешни работи при Европскиот парламент препорача.

Експертска комисија од Македонија и Бугарија да ја ревидира македонската историја. Историчарите се зачудени. Историската наука не познава ревидириање, бараат политиката да се тргне од науката.

Историчарите велат дека Бугарите од позиција на сила само ја заоструваат пропагандата. Според нив, тоа не е ништо ново и нема да има никакво влијание доколку во неа не користат Македонци кои себе си се декларираат како признати интелектуалци.

-Историчарите сметаме дека ваквата практика на европските институции би била преседан во меѓународните односи и директно мешање на политиката во историската наука, вели Наташа Коплар Трајкова, Претседател на Здружението на историчарите на РМ

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/makedonskite-istorichari-so-protest-do-evropski-parlament


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 30-01-2012

Во Романија од студ починале пет лица, во Бугарија -17 степени

Бугарските власти заради исклучително ниските температури прогласиле “жолт“ код – потенцијално опасно време во 27 од вкупно 29 окрузи. Во Романија, пак, од студ починале пет лица.

Заради снежното невреме во Романија блокирани се патиштата што ја поврзуваат престолнината со јужните и источните делови на земјата.

На патиштата се блокирани илјадници возила, а во околу дваесетина области воведени се посебни мерки за безбедност. Затворени се неколку магистрални, како и повеќе од 50 регионални патишта, јавуваат локалните медиуми.

Во Бугарија утрово во некои градови се измерени температури од 17 степени под нулата. Временската ситуација, меѓутоа, денеска е значително подобра од претходните денови, кога снежната покривка го блокираше сообраќајот во целата држава.

Локалните власти најавиле дека од утре ќе биде нормализирана наставата во училиштата, која беше запрена заради обилните врнежи од дожд и заради студот.

И во Србија, каде што вчера беше прогласена вонредна состојба во 13 општини, продолжуваат обилните врнежи од снег. Утрово во 14 општини има прекин на електричната енергија, а снабдувањето со храна на завеаните села и понатаму останува главен приоритет на српските власти. Во Србија и за оваа недела се најавени екстремно ниски температури.

Во Хрватска утрово се затворени неколку магистрални патни правци заради снежно невреме, а во прекин е и морскиот сообраќај. Утрово во Хрватска е измерена температура од минус 12 степени.

\Netpress

http://sitel.com.mk/dnevnik/balkan/vo-romanija-od-stud-pochinale-pet-lica-vo-bugarija-17-stepeni


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 03-02-2012

Бугарија сака да ја заборави еврејската епизода

Може ли да се „бајпасира“ дел од историјата и земјата сосема да се амнестира од учеството во холокаустот

Димитар Чулев


По спуштањето на последната клапа на филмот „Трето полувреме“ на режисерот Дарко Митревски, бугарската јавност и медиумите одново се возбудија околу болната тема – депортација на Евреите од окупираните територии на фашистичка Бугарија за време на Втората светска војна во концентрациониот логор „Треблинка“.

Како што пренесува Дојче веле, Централниот совет на еврејските општини во Грција побарал од Бугарија да ја преземе историската одговорност за депортацијата на 11.343 Евреи за време на Втората светска војна: околу четири илјади луѓе од северниот дел на Грција и над седум илјади од територијата на денешна Република Македонија.

Германското државно радио во поширок осврт потсетува дека за време на војната Бугарија била на страна на силите на Оската, но дека и покрај фактот што 50.000 Евреи ги избегнаа нацистичките конц-логори, Бугарија не може сосема да се амнестира од учеството во холокаустот. За тоа се повикуваат и на германскиот автор Арно Лустигер, кој во книгата „Спасувачки отпор“ вели дека „најголемиот дел од бугарските Евреи ја преживеаја Втората светска војна и антисемитската политика на уништување, но не благодарение на бугарската влада или на кралот - тие немаа никакви скрупули за да и' ги испорачат Евреите на Германија. Во мај 1943 година илјадници тракиски и македонски Евреи од бугарската окупациска зона беа депортирани во ’Треблинка‘ и убиени“.

Бугарија се' уште не одговорила официјално на барањето од грчките Евреи.

„Вината за депортацијата на Евреите од окупираните подрачја се потиснува или му се префрлува на Хитлер. Тој шизофрен став се огледува и во актуелната дискусија во Бугарија“, констатира Дојче веле, според кое „интернет-форумите се доведени до точка на вриење“ а зад тоа стоеле „препредените Грци, кои сакаат да го одвратат вниманието од нивната актуелна мизерија, како и дека ’арогантните Германци’, кои ... денес пак сакаат да владеат со светот“, пренесува радиото.

Бурната реакција не е неочекувана. Во октомври минатата година тројца бугарски европарламентарци му испратија писмо на еврокомесарот Штефан Филе во кое предупредуваат дека македонскиот филм „Трето полувреме“ шири историски манипулации. Дека екранизацијата на една мачна епизода од Втората светска војна која се однесува на бугарската депортација на македонските Евреи во „Треблинка“ „поттикнувало омраза“ против Бугарија, дека сценариото во кое има и фудбал и вистинска љубовна драма и холокауст во завршниот чин било класичен пример на јазик на омраза и побараа прекин на проектот...

Бугарија се обидува да го „бајпасира“ овој дел од историјата иако постојат купишта докази за „Законот за заштита на нацијата“ од 1941 година со кој и посебно се уредувал „статусот“ на Евреите и на нивниот имот во тогашна Бугарија и на окупираните делови. Документиран е, исто така, отпорот на Бугарската православна црква и дел од интелектуалците кон прашањето на депортацијата на Евреите, како што постојат документи како бугарските власти организирале попис и прецизна операција за депортирање на Евреите од окупираните Тракија (4.000 лица) Македонија (7.200) и јужна Србија (3.000) кон „Треблинка“.

Дури во октомври 2008 година, македонската држава успеа да се избори и да стави спомен-обележје на локацијата на остатоците на некогашниот конц-логор и да им оддаде почит на своите Евреи.

Бугарија води политика на забошотување на историските факти. Во 1995 година, врховниот суд на Бугарија ги рехабилитира првите луѓе на фашистичкиот режим на Бугарија меѓу кои и Богдан Филов, премиер на бугарската влада од годините на фашистичка Бугарија (кој бил стрелан во 1946 година) и извесниот Иван Захариев, кој раководел со собирањето на Евреите во Монополот во Скопје и нивна депортацијата кон „Треблинка“. Во 1996 година бугарските Евреи кои живеат во САД, во чест на Борис Трети и спасувањето на 50.000 бугарски Евреи, подигнале таканаречена „Бугарска шума“ во Израел. Како дел од истата иницијатива биле подигнати и споменици на царот, на царицата Јоана, на достојници на Бугарската црква и на други заслужни личности од тоа време.

На стокхолмскиот Меѓународен форум за холокаустот што се одржа во периодот од 26 до 28 јануари 2000 година, бугарската делегација, предводена од тогашниот претседател Петар Стојанов, побара да и' се оддаде на Бугарија „специјално признание затоа што добро ги третирала Евреите за време на Втората светска војна“. Спротивно на доказите, било истакнувано дека бугарскиот парламент едногласно се спротивставил на антисемитизмот, а Стојанов тврдел дека дека прогон на Евреите, во последните 700 години, имал само кога Бугарија била под странска (турската или византиската) власт.

Организаторите го отфрлија таквиот предлог на Петар Стојанов, а организациите на Евреите од Грција и од Македонија со докази написмено го демантираа ваквото извртување на вистината.

Како резултат на реакциите на Израелците со македонско потекло и на некои бугарски интелектуалци, откако биле преиспитани сознанијата за депортацијата на Евреите од Македонија, Тракија и Поморавјето, со наредба на претседателот Шимон Перез, сите споменати споменици во Израел биле отстранети.

Во 2008 година Георги Прванов, претседател на Бугарија, при посетата на Израел ја признал вината за депортацијата на Евреите од Македонија, Тракија и Поморавјето во логорите на смртта, а израелскиот „Хаарец“ на 28 март осамна со наслов „Бугарија ја прифати вината за 11.000 жртви на холокаустот“. Прванов е прв бугарски државен функционер кој јавно ја признал вината на неговата земја за учество во систематското уништување на Евреите во Втората светска војна. Во врска со ова, во Ерусалим тој рекол: „Додека оправдано се гордееме со направеното за да ги спасиме Евреите, не треба да заборавиме дека во исто време во Бугарија имало антисемитски режим и не треба да бегаме од одговорноста за судбината на повеќе од 11.000 Евреи кои биле депортирани од Тракија и од Македонија во логорите на смртта“.

Но, организациите на македонските, а сега и на Евреите од Грција бараат Бугарија и официјално да се извини, како што го направил тоа претседателот Жак Ширак за депортација на 75.000 француски Евреи за време на војната.



http://utrinski.com.mk/?ItemID=7C97148B9E90874F91FC308A4F7D7104




RE: Македонските медии за България - Топорчо - 03-02-2012

Еврејските општини од Грција бараат бугарска одговорност

Централниот совет на еврејските општини во Грција побара од Бугарија да ја преземе историската одговорност за депортацијата на 11.343 Евреи за време на Втората светска војна, јавува радиото Дојче веле



Станува збор за околу 4 илјади луѓе од северниот дел на Грција и над 7 илјади од денешна Република Македонија.

Радиото се повикува на книгата „Спасувачки отпор“ на еврејско-полско-германскиот автор Арно Лустигер, кој пишува: „Најголемиот дел од бугарските Евреи ја преживеаја Втората светска војна и антисемитската политика на уништување, но не благодарение на бугарската влада или на кралот, кои немаа никакви скрупули за да ги израчат Евреите на Германија. Во мај 1943-та илјадници тракиски и македонски Евреи од бугарската окупациска зона беа депортирани во Треблинка и убиени“.

Помошта од Бугарите за депортацијата тогаш ја сензибилизира целата нација за судбината на сопствените Евреи.

Бугарските европратеници неодамна реагираа на филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, кој го третира овој дел од историјата.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=231292317&id=9&prilog=0&setIzdanie=22496


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 05-02-2012

Заедничка историја


Вујче од Америка

Читам по Интернет дека минатата седмица бугарскиот европратеник Евгениј Кирилов предложил, а комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент прифатила, во резолуцијата за Македонија да влезе амандманот со кој на нашата земја и се предлага заеднички да ги слави историските настани со соседните земји - Бугарија и Грција. По тој повод, во својата изјава за агенцијата „Фокус“ европратеникот Кирилов со загриженост ги коментираше состојбите во Македонија, во која (според него) „кај македонската младина се всадува омраза кон Бугарија“ и се „фрлаат пари на националистички проекти какви што се ‘Скопје 2014’ и филмот ‘Трето полувреме‘“. Искрено, не сум забележал некои наши општествено-политички градинари да всадуваат каква било омраза кај македонската младина, а особено не кон Бугарија. Исто така искрено, не ми е јасно што па на Кирилов му е гајле на што во Македонија се фрлаат пари, па не се белки на татко му?! А уште поискрено: не ми е јасно што мајка бара Кирилов дур до Брисел да се потегне за да предлага вакви амандмани поврзани со Македонија, кога истата таа Македонија му е во комшии? Та нели би било пологично за такви оригинални идеи прво кај нас да се обрати - кога и онака на нас се однесуваат? Вака испаѓа (простете ми на споредбата, ама некако сама ми се наметнува!) како да тргнал во секс-шоп за да си набави апарати за домаќинство - и после Цацко му е крив кога од тој дуќан, наместо со миксер, ќе си замине со дилдо во рацете.

Но ајде да не испадне дека нам во Македонија ниту еден бугарски предлог не ни се допаѓа и ниту едно европско дилдо не ни го прави ќефот - еве да речеме дека оваа идеја ја прифаќаме од прва, пипка-трепка! Бива? Бива бе, оти да не бива.

Е сега, од кај да тргнеме сефте? Ај прво да ги усогласиме деталите, односно празниците што ќе ги славиме и историските настани што заеднички ќе ги одбележуваме. Да не тргаме од Кулина-бана, пошто Кулин-бан и онака не е ниту наш ниту бугарски, туку да фатиме да раскреваме од таа историја што тазе се собрала, да речеме од последниве сто години. Пардон, што датум е денеска? Четврти февруари 2012 година, така? Што се случило во Македонија пред рамно сто години? Е не играла мечка, де, туку се случила Првата балканска војна, една мала историска епизода што денес речиси никој не ја ни памети - освен нас и оние што во неа учествувале. И што се случило во таа војна? Е па, ништо особено: неколку балкански земји се уортачиле за да ја набркаат Отоманската Империја од Балканот. Звучи како фина иницијатива, со мала напомена: со неколку меѓусебни тајни договори тие земји се спогодиле да си ја разделат територијата што дотогаш ја владееле османлиите. Таа, географски посебна и демографски доста измешана територија, се викала (и сé уште се вика, фала на прашањето) Македонија. Оваа војна во македонската историја е запомнета како огромна национална трагедија. Во Бугарија, пак, деновиве се гланцаат фанфарите што треба да загрмат во слава на стогодишнината од бугарското учество во поделбата на македонскиот народ и земја. Доколку ја прифатиме иницијативата на Кирилов, ќе треба или Бугарите да си ги замолчат фанфарите, или Македонците да си ја задушат тагата.

Но еве да не цепидаличиме, да им дадеме шанса за поправен испит на соседите. Рака на срце, Бугарија самата се изборила за таков поправен испит - кога во Првата светска војна се обидела да ги заграби оние делови од Македонија што во претходните две балкански војни и се лизнале од раце. Ова можеби и ќе беше некакво какво-такво решение на македонското прашање, барем да не мораат први братучеди да живеат во две или три различни држави... Арно ама идилата кратко траела: Бугарија (исто како и Србија, исто како и Грција) наскоро почнала со мобилизација на локалното македонско население, па не ретко се случувало тие први македонски братучеди (а понекогаш и родени браќа, од исто место и под ист покрив растени) на Солунскиот фронт да се најдат во две различни униформи, вперувајќи пушка еден во друг. За бугарската историја оваа војна е правична, бидејќи (барем за кратко време) си ја оствариле целта: Македонија да е бугарска. За македонската историја оваа војна е жива рана, која и по цел еден век сé уште знае да заболи. И како сега да се пазариме - да ја славиме или да си ја жалиме болката?

Добро де, да не дозволиме меланхолијата да ни ја скара соседската калимера - ај да се обидеме да се сетиме на некој настан кој заедно сме го славеле! И ич нема да чекам Кирилов да ме потсети кој е тој настан, самиот ќе го наведам: влегувањето на бугарските војски во Вардарска Македонија во април 1941 година. Македонците тогаш масовно излегле по улиците на своите градови за да ја поздрават братската војска што ги ослободила од српската воена чизма и џандарски ќотек. Кога се зборува за Втората светска војна, во Бугарија и ден-денешен нé прекоруваат: „Оти, братја Македонци, не паметите как не пречекахте?“. На секој ваков прекор Македонците возвраќаат: „Ве пречекахме, комшии, збор да нема околу тоа - ама оти па вие не паметите как ве испратихме?“. А факт е дека бугарската војска од Македонија е набркана не од Црвената армија или пак некаква српска, турска, грчка или британска солдатеска - туку од македонските партизански единици, кои во таа 1944 година имале 60.000 припадници. Денес сите наши професионални војници, полицајци, обезбедувачи, шумари, пожарникари и цариници да ги ставиме на еден куп, пак нема да собереме толку Македонци во униформа. Мајка му стара, па не делеле К-15 во планина, што волку многу македонски граѓани се испотепале да се тепаат?!
Можеби некоја мака ги натерала? Или пак нешто ги разгневило? Можеби некој ситен ексцес во селото Ваташа или во селото Лавци? Или пак некакви депортации по Скопје, Битола и во Штип? Или пак инцидентните погибии на луѓето што денес ги славиме како народни херои? Како и да е, иницијативата на европратеникот Кирилов е убав повод и ние и Бугарите да се потсетиме на тие настани и луѓето што во нив го загубиле животот. И да формираме заеднички делегации што ќе положат венци на нивните гробови и споменици. И да ги поканиме бугарските државници да го следат примерот на Вили Брант, кој во Варшавското гето клекна во знак на извинување, барајќи прошка и помирување.

Прошка и помирување бараме и ние Македонците, живни сé најмило, па преку глава ни е дојдено од кавги... Само, има ли отаде Ќустендил кој да клекне и да се извини? Еве, Евгениј Кирилов, на пример?

Авторот е режисер и сценарист


Автор: Дарко Митревски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=23122117512&id=13&prilog=0&setIzdanie=22497

Да оставим настрана цялата жлъч, митичните 60 000 партизани кое едва ли не сами спечелили войната ( и ако никой неможе да цитире дури едно нивно сражение и конкретна военна операция ) ама накрая се намеква че великите партицани изгониле бугарите фашисти заради депортацията на евреите Se_klanjam Поклон пред такава демагогия


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 07-02-2012

Тази седмица про правителствения Нова Македония е хвърлил всички сили на източния фронт Icon_razz

Бугарска историја за грчко-српска Македонија


Исходот на Балканските војни е различно интерпретиран од земјите учеснички во нив

Предлогот на бугарскиот европратеник Евгени Кирилов за формирање комисија чија цел би била да ги изедначи разликите меѓу Република Македонија и Република Бугарија по одредени историски прашања во образовниот систем, дури и ако се гледа добронамерно, има еден мал недостаток. Тој се однесува на Република Македонија и нејзините погледи на минатото, а спорниот период за кој зборува Кирилов во голема мера се однесува на Македонија од пред Балканските војни, кога таа имала единствена историја на речиси трипати поголема површина од денешната. Потоа, по поделбата во 1912/1913 година, таа единствена историја добила три различни погледи (српски, грчки и бугарски), кои главно имаат опстоено и до денешните денови. Оттука, македонско-бугарската комисија (под претпоставка да се формира, што во овој момент изгледа како доста неразумна идеја) би морала да опфати и разгледување на прашања што се однесуваат на трети земји, а во овој случај Грција и Србија.



Бугарско-грчки договор

Тоа значи дека предлогот на Кирилов претполага дека бугарската држава своите историски погледи што се однесуваат на цела Македонија веќе ги има усогласено со другите соседи. Баш нé интересира како е сторено тоа во поглед на Грција, на пример во врска со Балканските војни. Грците во рамките на територијата на својата држава поседуваат и 51 отсто од територијата на Македонија. Првпат во историјата тие официјално имаат стапнато на почвата на Македонија во текот на Првата балканска војна, кога исто така првпат влегуваат и во Солун, каде што во тоа време како население се малцинство. Според грчката историја, тоа е чин на ослободување на некогашната грчка земја и чин на исправање на една вековна историска неправда.

Но историјата на нашиот источен сосед, Македонија ја смета за бугарска земја. Прванов ли беше, кој кажа дека Македонија е најромантичниот дел од бугарската историја? Но тој романтизам не е белки килав, па да се однесува само на 30 и нешто отсто од Македонија, колку што и припаѓа на РМ. Според бугарскиот статистичар Васил Кнчев, во 1900 година на територијата на Македонија од 2,2 милиони жители, имало само 228.702 Грци, од кои 214.329 христијани, а другите муслимани. Значи 10 отсто. На територијата што потоа Грција ја „ослободила“ имало приближно нешто повеќе од еден милион жители. Во тие рамки грчкиот процент се удвојува, но повторно е убедливо низок. Денес, на истата територија, живеат исклучиво Грци. Прашањето, кое пред разгледување на бугарско-македонската историја треба нам да ни се одговори, е што станало со преостанатото население? Како Кирилов и бугарската историја гледаат на грчкото „ослободување“ на таа „бугарска“ земја? Како нивната заедничка бугарско-грчка историја (пред Бугарија да биде примена во ЕУ тие прашања сигурно биле регулирани, како што тоа сега се бара од нас), веројатно усогласена со сите достигнувања на западната европска цивилизација (која во минатиот век однесе над 100 милиони жртви во двете светски војни), го решила прашањето на една девојка од Сер што грчките војници ја ослободиле така што ја силувале, па и ги ископале очите и на крајот ја убиле. Или случајот, на пример, со Кукуш, родниот град на Гоце Делчев? Градот е запален до темел во 1913 година за да се врати во прегратките на мајка Грција, како што тврди грчката историја, или е запален како акт на агресија за во него никогаш повеќе „да не никне бугарското семе“, што е бугарска верзија? За да нема забуни, Кукуш е запален од страна на Грците, во текот на борбите со бугарската војска. И нова дилема: ако Кукуш (што е ерес, треба да стои Килкис, нели?) е и отсекогаш бил грчки, тогаш што барале Бугарите да војуваат таму? Формално, Втората балканска војна почнала така што бугарскиот генерал Савов ја нападнал грчката армија, на територијата на Македонија што денес и припаѓа на Грција.

Заеднички споменик

Тоа значи дека пред каква било комисија да ја разгледува нашата историја, ќе треба да видиме признание од бугарската историска наука дека Бугарија во летото 1913 година извршила агресија врз Грција. Но ако тоа е така, ако Бугарите историски гледано се откажале од 51 отсто од „нивната“ територија на Македонија, тогаш што бара Кирилов од овие 39 отсто? Патем, во светло на бугарската грижа за историјата, во светло на нивните добрососедски односи со Грција и заедничко славење историски настани како зрели рамноправни членки на ЕУ што никогаш немале некаков бенчмарк од овој тип, може ли Кирилов да посочи каде е споменикот на Гоце Делчев во Кукуш изграден по бугарско настојување, а со дозвола на нивните сојузници - Грците? Или споменикот во Баница, на местото каде што Делчев загинал? Ние овде, во Република Македонија, немаме увид во тие работи, но сигурно секој 4 февруари бугарска делегација со грчки домаќини положува цвеќе пред споменикот на револуционерот во Кукуш, а секој 4 мај истото тоа се прави пред обележјето во сега веќе непостојната Баница. Тоа е заедничка историја, нели? Да не зборуваме за костурчанецот Васил Чакаларов (кого не го сакаат и во Република Македонија, зашто служел во бугарската војска), чија глава Грците ја исекле и ја носеле на тацна по македонските (односно бугарските, односно грчките) села. Како Кирилов го решил проблемот со овој револуционер со Грците? Што бил тој: разбојник, што е грчка верзија, или ослободител и херој, што е бугарска и македонска верзија на историјата?

Или за нас Македонците не е спорно дека во 1913 година Грците извршиле стотици и стотици злосторства врз негрчкото население во тој дел од Македонија и дека, на пример, во 1913 година, во Лерин или во кој било друг македонски град, Грција е доживеана како агресор, а не ослободител. Каков е погледот на Кирилов за ова? Бидејќи не сме чуле дека Грците се бунат за бугарскиот историски став по ова прашање, дали тоа значи дека откако Бугарија стана членка во ЕУ, во бугарските учебници стои дека Грците ги ослободиле тие градови и села од словенските елементи?

Како поразена страна во Балканските војни и во Првата светска војна, Бугарите во 1922 година имаат потпишано со Грците договор за размена на населението. Тоа, меѓутоа, не ги менува настаните во Балканските војни. Значи, официјалната бугарска историја би требало да се изјасни: „бугарското“ население во тој дел од Македонија било натрапник или не? Било на своја земја од која подоцна било протерано или било окупатор на грчка земја? И со тоа да ни даде урнек како Бугарите ги решиле со Грците овие прашања пред да влезат во ЕУ. Односно, накратко кажано: има Кирилов таков документ со кој Бугарија и Грција ја изедначиле историјата во поглед на 51-те отсто од Македонија или нема?

Бугарско-српски договор

Но дури и да го оставиме тој дел од Македонија, работите не се така едноставни ни кога е во прашање територијата само на нашата држава. Имено, со договорот за сојуз меѓу Бугарија и Србија склучен пред Првата балканска војна, Бугарите се согласиле на Србија да и припаднат Косово (Стара Србија) и територијата на Македонија, која, грубо нацртано, оди северно од линијата Крива Паланка, Куманово, Велес, Прилеп и Битола и завршува меѓу селата Ливадиште и Горенци на Охридско Езеро кај манастирот „Г’бовци“ (таен додаток на Договорот за пријателство и сојуз меѓу Бугарија и Србија од 29 февруари 1912 година). Тоа значи дека Бугарите целата таа територија северно од споменатата линија ја сметале за српско наследство, вклучувајќи го и Скопје. Ако тоа е така, значи ако Бугарите територијата јужно од Гевгелија ја сметаат за грчка, а северно од Велес и Прилеп за српска, тогаш останува дека тие имаат проблем околу историјата само на територијата меѓу Велес и Прилеп и границата на Република Македонија со Грција. Од Велес до границата има околу 110 километри, но од Битола до границата тоа растојание е само пет километри. Дали комисијата на Кирилов треба да ги изедначува историските разлики само за таа територија?

Само што, и да испадне така, на Бугарите пак ќе им се отвори проблем со Грците. Имено, со договорот на српскиот премиер Пашиќ и грчкиот премиер Венизелос од 1913 година (меѓу другото, дел од нивните разговори за поделба на Македонија меѓу двете земји се имаат водено и во вагон на железничката станица во Скопје на 3 јули 1913 година), подоцна верификуван во Букурешт, Грците им го имаат признаено правото на Србите на територијата сé до Гевгелија. Единствено како спорен се јавувал токму овој град, но грчко-српските недоразбирања за ова брзо биле решени. На 14 јули 1913 година Пашиќ од Букурешт, каде што српската делегација заедно со грчката пристигнала на конференцијата за поделба на Македонија, порачал: „По прашањето за Гевгелија меѓу нас и Грција нема несогласувања“. На тоа се надоврзал грчкиот делегат Димитар Панас: „Гевгелија нема да ни прави проблем, меѓу нас и Србите нема несогласувања“.

Значи, ако се прашуваат Грците (а Кирилов веројатно ги прашал), за Грците и овој дел на Македонија нема бугарска историја, туку српска. Што значи, територијата за која Кирилов сака да формира бугарско-македонска комисија уште повеќе се стеснува. Со тоа што Бугарите тука имаат спор не само со Грците туку и со Србите. Што раѓа потреба од нова комисија. На списокот можеме да ја додадеме и Струмица, која, според договорот од Букурешт, и припаднала на Бугарија, а подоцна и била одземена во полза на Србија. Така што, ако се тргне по оваа идеја, која може да се крсти како европска, а не бугарска (Грците и Бугарите се членови на цивилизираниот дел од Стариот континент), на крајот таа бугарско-македонска комисија можеби би расправала само за историјата на оној дел од Македонија што не е спорен за Атина, а тоа се тие 10 отсто што со Букурешкиот договор од 1913 година и припаднаа на Бугарија. Значи, за Пиринска Македонија. Со тоа што не веруваме дека првичната идеја на Кирилов била таква.


Автор: Дарко Јаневски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2712914187&id=9&prilog=0&setIzdanie=22499


RE: Македонските медии за България - TATAP - 07-02-2012

Само едно мога да кажа:Прав е! Razmisluva


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 09-02-2012

Љубчо да биде затворен, поради велепредавство
Како доказ за бугарското државјанство на Георгиевски, СМК го посочува интервјуто кое за бугарскиот дневен весник во февруари 2006 го дал Ангел Марин, ополномоштен од последниот бугарски претседател Георги Прванов за потпишување на указите за бугарско државјанство


Надлежните органи да го испитаат потеклото и да го конфискуваат имотот на Љубчо Георгиевски, бара Светскиот македонски конгрес. Од СМК исто така сметаат дека Георгиевски треба да биде затворен во Идризово, поради велепредавство бидејќи постоеле докази за неговото бугарско државјанство. Во соопштението до медиумите, СМК се повикува на информацијата на порталот "Македонска нација" за документацијата околу бугарското државјанство на поранешниот премиер. Порталот го објавува интервјуто на поранешниот бугарски потпретседател Ангел Марин, ополномоштен од последниот бугарски претседател Георги Прванов за потпишување на указите за прием во бугарско државјанство, од службената интернет-страница на претседателот на Бугарија, дадено на 21 јули 2006 година за весникот "24 часа". Според веста на порталот поранешниот бугарски потпретседател, на 23 февруари 2006 година потпишал указ за бугарско државјанство на Георгиевски, според неговото "бугарско потекло".
-Конечно и документирано е потврдена демисијата на овој отпадник од нацијата, од бугарски врховист, до бугарски државјанин поради своето "бугарско потекло". Од проекциите за рекомпонирање на државноста со кантонизација, редефинирање на македонскиот ентитет преку индоктринација, диференцијација и селекција во македонското општество, пред се, во државната и јавната администрација, до извршител на симулираната војна во 2001 година и проекциите за внатрешна редистрибуција на територии и население во Македонија. СМК смета дека повеќе не постојат Македонци во светот кои се уште му веруваат, освен што е интересен за соседните контраразузнавачки служби и за СДСМ во намерата за реализација на сценарија за дестабилизација на Македонија и за рекомпонирање на власта поради промена на државното име Македонија и страст за власт и сласт за моќ и пари, се вели во соопштението на СМК.



Што се однесува до имотот за кој беше прозван од неговите доскорешни сопартијци од ВМРО-НП, Георгиевски и во емисијата "Во центар" говори за земјиште во Бардовци кое најпрвин било земјоделско. Марјан Додовски кој премина во ВМРО-ДПМНЕ го обвини Георгиевски дека договара коалиција со СДСМ, бидејќи ќе добие плацови во неколку општини во кои оваа партија има градоначалници. Меѓу нив, како што посочи е општина Карпош каде градоначалник е Стевчо

http://vecer.com.mk/?ItemID=125C08B35419444E9B1A1C428B839F64

Малкото диктаторче май е напълно извън контрол



RE: Македонските медии за България - Топорчо - 11-02-2012

БУГАРСКА ИНТЕРПРЕТАЦИЈА - РАДИКАЛНИТЕ МАКЕДОНЦИ ГО САКААТ ГЕОРГИЕВСКИ ВО ЗАТВОР, ЗАТОА ШТО Е БУГАРИН


Бугарите во одбрана на нивниот Љубчо!



Бугарската новинска агенција презентира апсурдни историски факти и констатира дека "од почетокот на Средниот век, па се до првата половина на 20 век, Македонија и нејзиното словенско население се сметаат за дел од бугарската нација, не само од страна на Бугарија, туку и од другите соседи и меѓународната заедница"


Барањето на Светскиот македонски конгрес надлежните органи во земјава да го испитаат потеклото и да го конфискуваат имотот на Љубчо Георгиевски ги испровоцира Бугарите, кои застанаа во одбрана на својот државјанин. Софиската новинска агенција "Новините" го пренесува соопштението од СМК во текст со наслов "Радикалните Македонци сакаат да го видат поранешниот премиер во затвор, затоа што е Бугарин". Пишуваат дека ултранационалистите од СМК го класифицираат Љубчо Георгиевски како "отпадник од нацијата" и сакаат да биде гонет за предавство затоа што има бугарско државјанство. "Новините" пренесува дел од соопштението на СМК, во кое како доказ за бугарското државјанство на Георгиевски, СМК го посочува интервјуто кое за бугарскиот дневен весник во февруари 2006 го дал Ангел Марин, ополномоштен од последниот бугарски претседател Георги Прванов за потпишување на указите за бугарско државјанство.

Бугарската новинска агенција презентира апсурдни историски факти и констатира дека "од почетокот на Средниот век, па се до првата половина на 20 век, Македонија и нејзиното словенско население се сметаат за дел од бугарската нација, не само од страна на Бугарија, туку и од другите соседи и меѓународната заедница". На крај, уште и се фалат дека во последните неколку години десетици илјади граѓани на Република Македонија добиле бугарско државјанство врз основа на нивното бугарско потекло.

http://vecer.com.mk/?ItemID=902561A6C917B044BFEA2233575D00EA


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 11-02-2012

Бугарија го стопира извозот на струја за Балканот

Бугарија го стопира извозот на електрична енергија, бидејќи не може да ја покрие домашната потрошувачка поради екстремно ниските температури. Ова доаѓа поради тоа што во Бугарија се јавил недостаток од околу 400 мегавати на час. Бугарија во просек извезува 1.000 мегавати на час во соседните земји Грција, Србија, Македонија и Турција. Прекинот на Бугарија доведе до зголемување на цените на струјата на берзите. Вчера се тргуваше по цени од над 200 евра за мегават час.

http://vecer.com.mk/?ItemID=DAD294F4AAE51D459A22A8D65E70B75F


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 13-02-2012

Филмови

Пишува: Драган П. ЛАТАС

Мислењето во Светот го формираат телевизиите и филмовите. Колку и да не сте го забележале тоа, работата е таква.

Телевизиите и филмовите се под контрола на Американците. Малку и на некои од европските култури, но тоа е речиси безначително во споредба со она што доаѓа од Америка.
А оној што ја има контролата врз нив, има контрола над се.

Во Америка генералот Кастер вршел геноцид врз Индијанците. Во книгите по историја пишува за етничко чистење на десетина милиони староседелци. Но, во филмовите генералите се фини, култивирани ликови, кои тоа го правеле за доброто на нацијата. За ширење на религијата, и прогресот. Апачите, Чеените... индијанските племиња се дивјаци кои не се адаптирале на новиот свет, па исчезнале. И, тој впечаток останува.

Наполеон, иконата на Французите, ги сотрел Русите, и сите други кои се нашле на патот на неговата војска. Кога би бил Арап, Србин, Хрват, Турчин... во денешни времиња би заглавил на меѓународен суд. Но, не. Тој е легенда за Французите. Дури и за туристите. Некои од тие се и директни потомци на фамилиите кои страдале од неговите освојувања.

Светот гледа филмови. Уште повеќе, гледа телевизија.
Постои ли битен филм во кој Русин, Кинез или Арап е добриот... а Американец, Французин или Англичанец да е лошиот. Има такви филмови, но тие не добиваат награди. Не се на насловните страници на битните весници, а уште помалку се коментира за нив на големите, глобални телевизии.

Историјата, потоа, само го констатира она што телевизиите и филмовите снимиле, и пуштиле да се тркала како единствена вистина.

Деновиве се зборува за филмот на Анџелина Џоли, "Земја на крв и мед". Снимен во Босна. Според филмските новинари, темата е дека во Босна муслиманите биле тероризирани од Србите и Хрватите. Жртви кои биле пасивни. Само трпеле агресија, и страдале по верска линија.
Никаде во филмот ги нема муџахедините. Според јавно објавените податоци по војната во Босна, околу 6.000 платеници, муџахедини доаѓале од Авганистан, Пакистан... и биле плаќани претежно од Саудиска Арабија, за да извршат етничко чистење, и воспостават муслиманска, шеријатска власт.

Можеби, за Анџелина Џоли, муџахедините дошле како туристи.
За споредба, 6.000 муџахедини се отприлика бројка која е рамна на вкупниот број на македонската војска. Прилично многу, ќе се сложите.

Но, во американските филмови, муџахедините во Босна и на Косово се ослободители, а во сите други сличаи, за нив, се осовина на злото.

На најмоќниот пишувач на историјата во Светот, на Си-Ен-Ен, беа прикажани фотографии од Авганистан. На нив американски војници мочаат врз телата на убиените муџахедини. Аналитичарката на Си-Ен-Ен, Дана Лоеш, изјави дека војниците биле кул! Да можела и таа ќе ги соблекла гаќите, и ќе мочала врз нив, изјави насмеаната Дана. На Си-Ен-Ен!
И, ни влакно од косата не и фалеше.

Тоа е веројатно истиот синдром по кој, во Либија, го мочаа и влечеа по улици мртвото тело на Гадафи. Оној што го убија заради диктатура, а сега после него, уживаат во слобода и демократија.

Американската држава не мисли така. Војниците ќе бидат судени.
Телевизиите ја пишуваат историјата. Филмовите и даваат печат.

Во Ирак, од падот на Садам во 2003, до повлекувањето на Американците годинава, загинаа над 6.000 американски и сојузнички војници. Загинаа и над 110.000 цивили, во разни тероризми и пресметки. Толку луѓе загинаа и за време на војната во Босна. Иако во Ирак беше мир. Но, тоа не беа битни вести, заради кои светот се возбудуваше, или се вршеа судења.

Нафтата во Ирак ги смени сопствениците, како и во Либија... и нема веќе камери на Си-Ен-Ен, и другите видео-историчари, да го формираат нашето мислење, и поттикнат акција. Сега се снима во Сирија. Каде, исто така, се убива. Но, тие убиства се поинакви. Како поинакви, не знам, но очигледно десетте загинати во Сирија се поважни од педесетте во Каиро, или оние во Багдад. Така решиле на Си-Ен-Ен... таков филм има во Холивуд... и, за мене овде, тоа е историја. Друга вистина нема.

По инвазијата на турските серии врз Балканот, во Македонија особено, се прашувам дали воопшто постела причина за Крушевската република?

Кога Македонец, доброволно, седи и гледа како Султанот Сулејман и неговите потомци маме ебаваат низ Балканот, а патем стануваат наши миленици и херои... нешто не е во ред со нас. Најчеста реплика на Султанот и наследниците е - сечи му ја главата. А главата е од нашиот дедо...

Телевизијата е моќ. Филмот е магија. Од племенски времиња, до денес, со нас владеат силата и магијата. Само формата се менува. Ако зареди вака, ќе имаме генерации кои наместо историско, ќе имаат филмско паметење.

Бугарите полудеа заради најновиот македонски филм "Трето полувреме". Во него, замисли, тие биле претставени како окупатори на Македонија. Само чекам кога Љубчо Георгиевски ќе побара одговорност од Министерството за култура зошто го финансирале филмот.

За нивна среќа, филмот не е на англиски јазик, па нема да го гледаат како хит низ светот. Инаку, ќе помислеа дека Бугарите во тие времиња навистина биле фашисти што, скраја да е, ни случајно не е така.

Ние немаме ни Си-Ен-Ен, а ни новинари што гордо, пред камери, би изјавиле дека со задоволство би мочале врз војниците на Султанот, или на бугарските окупатори. За среќа, овде живее понормален свет.

Да имавме Си-Ен-Ен, егејската трагедија ќе беше причина Грција да банкротира заради долгови кон Македонија, а не кон Европа.

Тоа го немаме, но затоа ги имаме ликовите како Љубе, Борјан, Геро, Љубчо... кои едвај чекаат да бидат главни глумци во филмовите на Бугарија или Грција, во кои тие глумат, и ја пишуваат нашата иднина.

Кога човек ќе проголта микрофон, или камера, болен е засекогаш.

http://vecer.com.mk/?ItemID=1D181EFC5BFEA6489FAC4F14D07C960A


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 13-02-2012

Чудно как фалангите са тръгнали по всички портали и порталчета да бранят сръбската чест.


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 15-02-2012

ОН бараат изучување на македонскиот јазик во бугарските училишта

Воведување на македонскиот јазик во бугарскиот образовен систем и почитување на одлуките на Европскиот суд за човекови права за регистрација на партијата на Македонците, препорачуваат експерти на ОН.

[ОН бараат изучување на македонскиот јазик во бугарските училишта]

Во извештајот на Независните експерти за малцински прашања на ОН за ситуацијата во Бугарија изготвен по посетата на соседите се вели дека бугарската влада со негирањето на македонско малцинство и на заедницата на Помаците покрај меѓународнто право го крши и Членот 54 од бугарскиот Устав според кој сите имаат право да ги користат националните и универзалните човечки културни вредности и да ја развиваат сопствената култура во согласност со нивното етничко самоопределување.

Независните експерти препорачуваат ревизија на официјалната политика кон македонското прашање и почитување на правото за етничко самоопределување и внесување на македонскиот јазик во бугарскиот образовен систем.

Според сугестијата двојазичното образование кое би почнало уште од најраните години на образованието би им помогнало на децата во користењето на мајчиниот јазик како и на бугарскиот.

Со користење на мајчиниот јазик децата ќе го задржат својот етнички и јазичен идентитет, а тоа ќе им помогне на учениците од малцинствата да постигнуваат позитивни образовни резултати.

На крајот на извештајот меѓународните експерти директно ја повикуваат владата во Софија да воведе двојазично образование и да го ратификува европскиот Договор за регионални и малцински јазици.

Горан Момироски

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=87157