Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
Македонските медии за България - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: Mедиуми (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=9)
+--- Thread: Македонските медии за България (/showthread.php?tid=1784)

Pages: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 22-12-2011

Бугарите сакаат да работат во странство

Секој втор Бугарин сака да работи во странство, а околу 20 отсто ја одложуваат одлуката заради несигурноста дали ќе најдат ангажман и од страв дека може да бидат измамени, покажаа резултатите од анкетата на Институтот за истражување на општеството и наука при Бугарската академија на науките (БАН).

Истражувањето покажа дека 28 отсто од Бугарите сонуваат за нето плата меѓу 1.000 и 1.050 лева ( 500 до 525 евра), а секој петти сака чист месечен приход меѓу 750 и 1.000 евра.

Според истражувањето, главна причина што бугарските државјани ги тера да емигрираат се малите плати, стравот од невработеност, сиромаштијата и недостигот од перспектива за подобар живот.

Во истражувањето, извршено во периодот од октомври до декември, учествувале 1.273 вработени лица.

http://sitel.com.mk/dnevnik/balkan/bugarite-sakaat-da-rabotat-vo-stranstvo


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 24-12-2011

Mакедонци на брза лента за бугарски пасош


Украинката Оксана веќе трета година чека бугарско државјанство. Во Бугарија живее 10 години, мажена е за Бугарин, но пасошот е само пуста желба за неа

Жаклина Хаџи-Зафирова
Станимир Вагленов, „24 часа“ Софија


„Чекам веќе трета година за бугарско државјанство и ништо. Секој пат кога ќе се јавам, ми ветуваат дека во следните шест месеци божем ќе го разгледаат моето барање“, раскажува со нервозен глас Украинката Оксана (името е заменето). Таа живее во Бугарија веќе 10 години - оттогаш е во брак со Бугарин. Имаат веќе две деца и успешен бизнис.

Но, очигледно, тоа не е доволно. Во исто време, особено во последната година, Министерството за правда „произведува“ нови Бугари со рекордно темпо – 22.241 кандидатури за бугарско државјанство се разгледани од Советот за државјанство само од 1 јануари до 18 ноември оваа година. Од нив 13.607 се одобрени откако добиле декрет од потпретседателот на државата и станале бугарски граѓани. Други уште чекаат, а трети се одбиени.

Случајно или не, Македонците, за разлика од другите, имаат повеќе среќа па до бугарски пасош доаѓаат за само една година. Најмногу кандидати има од источна Македонија, од местата блиску до бугарската граница, но тоа не е правило.

Еден од нив е штипјанецот Ане Арсов. „Чекав 12 месеци и ете - на 13. веќе сум на ред за декретот од потпретседателот Ангел Марин, со кој сум официјално објавен како бугарски граѓанин“, се радува 34-годишниот Арсов, кој работи во фризерски салон во Штип. Подготвен е да го прави истото тоа во Софија или „нешто подобро“. Заедно со него во редот пред Министерството за правда во Софија чека неговиот сограѓанин од Штип, 30-годишниот Перо Несторов, кој по професија е келнер. Перо веќе работел во Бугарија, на море, во одморалиштето Златни Песоци. Тој сега сака да работи во Софија или во кафулињата и рестораните на морскиот брег како бугарски државјанин.

„За нас Европа е Бугарија, не сакаме да одиме во други земји од Европската унија, тука ни се допаѓа. Важно е да има работа“, велат и Ане и Перо. Според нив, не им било тешко да ги подготват потребните документи за добивање бугарско државјанство, ниту, пак, имале проблеми со бугарските власти. И двајцата велат дека имаат бугарски корени - така се претставиле во соодветните документи во Министерството за правда. Според нив, уште многу нивни сограѓани од Штип посакуваат бугарско државјанство.



Странците со бугарски корени се размножуваат секоја година

Статистиката на оние што добиле бугарско државјанство покажува дека секоја година драстично се зголемува бројот на кандидатите кои тврдат дека имаат бугарски корени. Во исто време, вистинските странци (оние што се без бугарско потекло) остануваат постојано ист број - дури стотина годишно.

„Јас сум против рушветите и сакам да добијам бугарско државјанство законски. Ги собрав брзо и лесно документите кои ми ги побараа - дека сум мажена, добив документи за неосудуваност од Украина и од бугарскиот суд, уверение дека сум здрава, вклучувајќи психички, дека работам во Бугарија... Ги добив сите документи без проблеми. Исто така, дека сум положила испит за познавање на бугарски јазик... Едноставно не разбирам зошто треба да чекам толку и зошто никој не ми дава нормален одговор или некој рок“, вели Оксана.

Додека разговараме, таа заѕвони на телефон на вработените во Министерството за правда за да праша до каде стигнале работите со нејзината кандидатура. § одговарија дека токму сега започнале со барањата од 2008 година и и' велат да чека писмо со одговорот.

„Одлично, но пред половина година ми го рекоа истото тоа“, се насмеа тажно жената. „Жал ми е зошто некои наши украински бандити кои бегаат од затвор купуваат документи што им требаат за бугарско потекло - и побрзо стануваат бугарски државјани, а потоа заминуваат каде што сакаат во Европа и во светот“, вели Оксана.



Секој ден по 300 луѓе чекаат на ред

Упатствата за бугарско државјанство, потпишани од потпретседателот, се добиваат секоја недела од понеделник до среда, а работното време е од 9,30 до 12 часот. Во секој од овие три дена на ред се собираат по околу 300 луѓе кои чекаат со часови, вклучувајќи и на минус 7-8 степени. Луѓето се жалат на бирократски хаос и лоша организација додека чекаат да го земат посакуваниот документ. Секој понеделник се прави листа според која се повикуваат кандидатите за државјанство. Дневно службениците не успеваат да прифатат повеќе од 130 лица. Другите остануваат за следниот ден, се прави нов список, но редот се меша. Поради лошата организација, многу луѓе мора да доаѓаат по неколку пати. „Зошто нема автомати со броеви како во банките. Или преку интернет, пак, да не' известат кога да одиме“, прашуваат кандидатите за бугарско државјанство. Додека чекаат ред, тие спијат во автомобили, во евтини хотели или кај познати.

Најмасовно е присуството на граѓани од Македонија, од градови и од села блиску до бугарската граница. Во последно време таму имало нешто како епидемија - сите сакале да стануваат Бугари, официјално раскажуваат тие. Дури се нудел организиран превоз до Софија токму за вакви случаи, раскажуваат кандидати за бугарски пасош.

За луѓето кои немаат бугарски корени и поминуваат по обичниот ред постапката за стекнување државјанство е сложена и долга. Иако, официјалната позиција на бугарските државни институции е дека за сите кандидати има еднакви услови, сепак, кандидатите зборуваат поинаку. Оние што чекаат во ред за добивање државјанство, посебно Украинците, Молдавците, велат дека и покрај тоа што имаат бугарски корени, не можат толку лесно да дојдат до бугарско државјанство, како што е тоа случај со Македонците.

Процедурата е иста за сите. Кандидатите треба да поднесат најмалку 12 потребни документи. Ако исправите не ги исполнуваат условите, се враќаат. Секоја датотека се прегледува од Советот за државјанство. Во него има претставници на шест министерства и три државни агенции. Овој орган дава мислење дали лицето ги исполнува критериумите. Врз основа на тоа мислење, министерот за правда прави предлог до потпретседателот на републиката, кој издава декрет или, пак, одбивање за промена на државјанството.


Дури 5.300 адреси регистрирани во Ќустендил од Македонци и од Срби

Македонци и Срби кои сакаат да стекнат бугарско државјанство поднеле вкупно 500 барања за привремена регистрација во општината во Ќустендил од март до 1 декември 2011 година, соопштија од општината. За последниве години во општината се реализирани точно 5.300 адреси на регистрации на граѓани кои живеат од другата страна на западната граница на Бугарија. „Приливот се зголемува, кандидатите прикажуваат и адреси во селата околу Ќустендил. За една недела во с. Драговиштица, на пример, се регистрирани осуммина кандидати за бугарско државјанство од Белград, Ниш, од западните покраини“, рече градоначалникот на селото, Драгољуб Стојанов. Според законските регулативи, за да се пријави адреса на одредено живеалиште може да се пријават регистрации колку што е капацитетот на домот според бројот на легла, помножено со 3. А, селските куќи се речиси празни, иако на адресите на некои од нив се запишуваат и по 15-20 лица.

Десет проценти од жителите на Петрич се родени во Македонија. Поточно, 5.359 од вкупно 54.006 жители на Петрич прифатиле бугарско државјанство, според податоци од општината. Според член 17 на Законот за бугарско државјанство, кога едно лице ќе стане бугарски граѓанин, децата автоматски се заведуваат како Бугари. Ако и двајцата родители се странци и потоа земаат бугарско државјанство, нивните деца до 14-годишна возраст автоматски стануваат Бугари.

За да го земе државјанството, во меморандум, кој идниот Бугарин го пополнува, треба да се наведе постојана адреса. Пред неколку години било важно адресата да биде реална и кандидатите-Бугари да ги запишат адресите на своите блиски, познати, познати на познати што живеат во Бугарија или преку други методи (како фиктивни бракови со Бугарка или зделка со Бугарин, на чиј адреса ќе бидат регистрирани). Затоа, на некои адреси има регистирани стотици двојни граѓани. На пример, куќата на улица „Христо Чернопеев“ 44 во Петрич е наведена како адреса во лична карта на 279 нови Бугари. Хотел „Лас Вегас“ во јужниот град, исто така, е постојана адреса на живеење на повеќе од 100 Македонци кои аплицирале за бугарско државјанство.

Пред една година усвоениот нов Закон за бугарско државјанство ги задолжи кандидатите и законски да го докажат престојот на живеалиште со претставување копија од нотарски акт. Оттогаш регистрацијата на кандидати за државјанство е намалено десеткратно. Ако барањата за регистрација на адреса во општината Петрич порано биле повеќе од 100 неделно, сега тие не се повеќе од 10.

(Истражувањето е поддржано од Данската асоцијација за истражувачко
новинарство и проектот СКУП)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=F774B8F6893A2E4390E6F79AFE781FC9




RE: Македонските медии за България - Топорчо - 24-12-2011

Името не го даваме, но Бугари лесно стануваме


„Утрински весник“ во серија написи го истражува синдромот бугарски државјанства. Бугарско државјанство се добива најмногу за една година, за што се доволни само неколку документи, во кои кандидатот се изјаснува дека е со бугарско потекло

Жаклина Хаџи-Зафирова
Станимир Вагленов, „24 часа“, Софија

Јас, долупотпишаниот М.К., изјавувам дека имам бугарска национална свест и сум со бугарско потекло бидејќи моите родители... Вака оди една од изјавите која отвора врати за добивање на толку посакуваното бугарско државјанство кај нас, кое во моментов официјално го поседуваат 42.372 македонски граѓани. Некои го земаат поради студирање, но повеќето, како што велат, за да најдат парче леб во Европа, бидејќи поволностите кои ги имаат со бугарски пасош се многу - од тоа дека можат да студираат за многу помалку пари отколку кај нас, преку олеснувања за шоферите на камиони, па до можностите за заработка преку формирање мешовити бугарско-македонски фирми на кои им се отворени и вратите на Европа.

Македонците се рекордери во ловот по бугарски пасоши. Државјанството го добиваат најмногу за една година. Тоа ги разликува од државјаните на други земји, кои, исто така, аплицираат за бугарско државјанство. Ригорозни услови нема. Само неколку документи, од кои повеќето се изјави за бугарска национална свест - сопствена и на роднините од мајка, па до прадедо. Не се бараат ни конкретни докази за автентично бугарско потекло, како што е тоа случај со другите државјанства.

За разлика од порано, кога посредниците аплицирале во име на други, сега кандидатите се носат организирано, со автобуси и комбиња. Главните патници се жителите од Источна Македонија, кои толку убаво се дружат, што и самите се договараат на која адреса да се пријават во Бугарија. Така се случува и по стотина Македонци да се регистрирани дека живеат во една куќа.

Добивањето бугарски државјанства е посебно карактеристично за Источна Македонија. Велин М. од Македонска Каменица е татко на син кој заминал на печалба со бугарски пасош. Тој објаснува дека Македонска Каменица пред неколку години била мртов град, откако се затворил рудникот „Саса“ и многу млади луѓе заминале во Италија и во Словенија.

„Не е никаква тајна дека многу млади луѓе, меѓу кои и мојот син, заминаа во Италија со бугарски пасош. Мотив да го извади бугарскиот пасош е немаштијата, а не поради тоа што се чувствувал како Бугарин. Тој е Македонец, но со бугарскиот пасош е граѓанин на Европа. Може да добие работна виза и без никаков проблем да работи во која било земја“, вели таткото Велин.

Тој објаснува дека неговиот син приложил извод од матичната книга на родените и пред службеник во Благоевград дал изјава дека сака бугарски пасош бидејќи неговите татко и дедо биле Бугари. Како адреса за престојувалиште ја искористил адресата на нивен роднина во Благоевград.

„Целата работа ја врши посредникот. Еден бугарски пасош чини од 200 до 1.000 евра, зависи за колку време сакаш да го добиеш.

Во нашиот крај многу луѓе зедоа лични карти и пасоши за полесно и поевтино да купат возило, а и регистрацијата и зелениот картон во Бугарија чинат само 60 евра. Сега е решен проблемот со евтините коли, но нашите млади и натаму се интересираат за туѓите пасоши“, ни раскажа овој жител на Македонска Каменица.

Павле С. од Радовиш ни кажа дека е многу лесно да се извади бугарски пасош. И тој чека да го добие.

„Мојот пасош е во постапка. Чекам да ми јават и да си го земам од Бугарија. Мислам дека е лесно да се добие бугарски пасош. Ти треба само извод на родените. Од интернет научив нешто и за нивната историја и државните празници. Мораш пред службеникот да кажеш дека си Бугарин и дека моите дедовци биле Бугари. Не прават проблем ако за сопругата кажеш дека е Македонка“, раскажува Павле. Процедурата за добивање пасош му ја води радовишанец, за кој вели дека е познат во градот.



„Бев пред некој месец во Бугарија и од она што го видов можам да кажам дека предност за добивање бугарски пасоши имаме ние Македонците“, вели тој. За тоа зошто побарал бугарски пасош Павле одговара дека документот му треба за да замине во странство бидејќи полесно се добива работа со него. „Со нашиот македонскиот пасош само на гости можеш да отидеш во друга држава, а не и нешто да спечалиш или пак вратите да ни се отворени кон земјите од Европа“, ни изјави Павле.

Процедурата за добивање бугарски пасош е многу лесна, а може да се врши и со посредници. Во весниците врие од огласи за посредување за бугарско државјанство, а во некои од нив стои дека само православните можат да аплицираат. За почеток, кандидатите треба да обезбедат два документи: извод од матичната книга на родените и уверение од суд за неосудуваност.

Со овие два документи се оди во Бугарија, каде што се пополнуваат претежно изјави, во кои кандидатите најчесто наведуваат дека го бараат бугарското државјанство за студирање или од други причини, но мора да наведат дека се чувствуваат како Бугари. Тоа го кажуваат и на интервјуто кое мораат да го поминат во Министерството за правда. Во просек, целата процедура за добивање пасош завршува за една година, откако претходно се добива и привремена лична карта, за која кандидатите мораат да наведат дека имаат престојувалиште во Бугарија.

„Сега се оди лично, порано со посредници. Кога аплицираш за бугарско државјанство ти даваат бројче и чекаш да излезе уверение дека можеш да бидеш бугарски државјанин. Прво се добива уверение во рок од еден месец до три месеци, а со него се добива привремена лична карта. Со неа можеш да се движиш низ Европа, ама не можеш да работиш“, вели еден од посредниците за бугарско државјанство.

Негов колега, посредник, кој има и оглас во весник дека посредува за бугарско државјанство, ни рече дека задоволството да добиеме бугарски пасош ќе не' чини вкупно 270 евра. Во оваа цена е вклучено два пати организирано одење во Бугарија за лично кандидатот да ги поднесе документите, потоа добивате адреса каде што може да се пријавите. Со себе само треба да понесете два документи: извод од матичната книга на родените и уверение од суд за неосудуваност.

„Организираме група, која ја носиме во Софија. Во рок од 45 дена се оди два пати. Целата постапка за добивање бугарско државјанство трае 6-8 месеци. Добивката е 100 отсто. Во цената е вклучена и адреса“, ни рече посредникот.

На веб-страницата на Агенцијата за Бугарите во туѓина се наведени документите кои се потребни за аплицирање за добивање бугарско државјанство. За аплицирање се доволни копија од пасош и заверена изјава за бугарска национална свест по образец. Стои и напомената дека документите се поднесуваат лично. Дополнително, кандидатот може да поднесе и докази дека има бугарско потекло од разни државни институции или од организации на Бугарите во друга држава.

Поевтини студии ако се изјасниш дека си Бугарин

Македонци кои сакале да се запишат на докторски студии тврдат дека им било понудувано да се изјаснат како бугари за да студираат поевтино. „Сакав да се запишам на докторски студии на државниот универзитет во Благоевград. Таму една година чини 3.000 евра, а докторските студии траат три години. Тоа се вкупно 9.000 евра. Во старт се откажав бидејќи немав толку пари. Но, оттаму ме охрабрија кога ми кажаа дека постои можност да се школувам за само 1.500 евра по некој член од законот“, ни рече една млада скопјанка, која сакала да ја продолжи специјализацијата откако станала магистер.

На почетокот и' рекле дека е доволно само да донесе извод од матичната книга на родените и да приложи дека има 1.500 евра на сметка. Но, кога се појавила на Универзитетот со документите и' побарале да потпише изјава во која изјавува дека има „бугарско национално сознание и е со бугарско потекло“ , ако и дека со такво потекло се и мајка и' и татко и'. Од Универзитетот и' било објаснето дека оваа изјава ќе се користи само за интерна употреба. Но, таа се откажала од првичната идеја поради тоа што смета дека на овој начин и се повредени националните чувства кон Македонија.

(Истражувањето е поддржано од Данската асоцијација за истражувачко новинарство и проектот СКУП)


Статијата е прочитана 9891 пати.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=7CC9D495BC2EC24C88E38DEEC7233294


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 26-12-2011

Како да запре јагмата за бугарски пасош

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=DE81EBFF59EF874AB28C1A55E74B5012


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 28-12-2011

БУГАРСКИ СУДСКИ СЛУЧАЈ КАКО ОД КНИГА

Близнаци минале две години во притвор погрешно обвинети дека го убиле татка си



Kако да не било доволно тоа што нивниот татко бил убиен на грозоморен наЧин, близнаците Ѓорги и Јонко ИлЧеви набрзо по апсењето Ја губат и своЈата маЈка, коЈа се убила. По две години поминати во притвор, тие излегле на слобода и денес водат правна битка против обвинителството за неправедното држење во притвор. Убиството на нивниот татко е сЕ уште мистериЈа

Пет години откако биле обвинети дека го убиле својот татко, близнаците Ѓорги и Јонко Илчеви ги смениле местата со обвинителството во една од судските сали во Бугарија, пишува бугарскиот весник „168 часа“. Иако во 2006 година двајцата триесет и петгодишни браќа се обвинети за убиство, тие денес, откако се ослободени од обвинението, одлучиле да го тужат обвинителството зашто им се уништени животите. Близнаците поминале две години во притвор под сомнение дека го убиле својот татко Радослав (51), кој бил инвалид, а имал и големи проблеми со видот, па носел очила со диоптер 12. Радослав на 13 мај 2006 година излегол од домот во градот Хасково и веќе не се вратил. За неговото исчезнување прва алармирала неговата втора сопруга. Две недели по исчезнувањето, пронајдено е тело на маж кај браната во близина на градот. Телото што започнало да се распаѓа го пронашол минувач, кој веднаш ја известил полицијата. Трупот го извадила специјална служба од локалната противпожарна бригада



Врзан, обесен, па фрлен во вода



Полицијата уште во првиот миг кога телото било извадено од водата знаела дека мажот е убиен. Рацете му биле врзани зад грб со дебело јаже. Јаже имало врзано и околу вратот, а кое со едниот крај било закачено за бетонски блок. Така „закотвен“ Радован бил фрлен во водата, каде бил околу 10 дена пред да биде пронајдено телото. Полицијата брзо утврдила дека станува збор за исчезнатиот Радослав Илчев. Истрагата почнала, а полицијата дознала вџашувачки детали за животот на жртвата. Радослав бил проблематична и скандалозна личност, имал два брака и пет деца зад себе. Поради финансиски проблеми го загубил станот во кој живеел, а проблемите продолжиле да се трупаат.

Поопширно во нашето печатено или во електронското издание.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=2197C3BFC8B4B04CA2451CA9CB345B96


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 23-01-2012

След крато празнично прекъсване ето ни отново на вашите екрани. Незнам дали ще имам възможност всеки ден да проверявам печата така че всички обвинения за непоследователност ще бъдат оправдани Icon_razz

Новиот бугарски претседател Плевнелиев ја презеде функцијата

Новиот бугарски претседател Росен Плевнелиев денеска ја презеде функцијата и повика на национално единство со цел подобрување на економската ситуација во државата.

- Можеме да успееме ако сме обединети околу заедничката цел, рече Плевнелиев во обраќањето на официјална церемонија.

Новиот претседател на Бугарија се заложи за „економски пораст, вработувања, ефикасно правосудство, балансиран регионален развој и поголеми инвестиции“.

Тој влезе во политиката како министер за енергетика пред две години и ја презеде претседателската функција од социјалистот Георги Прванов на церемонија во центарот на Софија.

Плевнелиев е четврти бугарски претседател демократски избран по паѓањето на комунизмот во 1989 година и прв кој доаѓа на таа функција од деловниот сектор, а не од политиката.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/37339/noviot_bugarski_pretsedatel_plevneliev_ja_prezede_funkcijata.aspx


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 23-01-2012

Голите Украинки ја „нападнаа“ Бугарија!

„Вооружени“ со црвени боксерски ракавици активистките на Фемен протестираа пред парламентот во Софија, против семејното насилство над жените.


На температури под нулата тие со голи гради се спротивставија на машките претставници на медиумите кои дојдоа да ги снимат. Полицаецот задолжен за обезбедување ја дозволи нивната симболична агресија и не ги уапси - пишува novinite.com.

Украинките од организацијата Фемен, познати по „голите“ протести, тврдат дека една од четири жени во Бугарија е жртва на домашно насилство. Првата пресуда за семејно насилство, и покрај ваквата ситуација, е донесена во 2011 – велат во Фемен. Украинските активисти тврдат и дека бројот на жртви на трговија со луѓе во Бугарија е многу поголем од официјалниот. Тие бараат закони во Бугарија со построги казни за насилството над жените и децата. Протестот во Софија го изведоа под мотото:

-Нивниот Господ е жена, нивната мисија е протестот, а нивното оружје се нивните гради – пишува novinite.com.

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=103&eventId=86008


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 23-01-2012

НАШЕТО KУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО ВО БУГАРИЈА И ВО СРБИJA

Најпријателски од соседите побарав да ни дозволат да направиме копии од златните маски кои се во Белград и во Софија. Не комерцијални, туку вистински, музејски копии. Со Софија начелно е завршена работата, за Белград с` уште е неизвесно, вели Паско Kузман, директор на Управата за заштита на културното наследство

Македонија од Бугарија и од Србија бара копии од златните маски и од бронзените кратери пронајдени пред стотина години во охридското село Требеништа. Kопиите од експонатите треба да бидат изложени во новиот Археолошки музеј што се гради во Скопје. Паско Kузман, директор на Управата за заштита на културното наследство вели дека бара по две копии од секој предмет, за да може да бидат изложени и во Музејот во Охрид.

- Најпријателски од соседите побарав да ни дозволат да направиме копии од златните маски кои се во Белград и во Софија. Не комерцијални, туку вистински, музејски копии. Со Софија начелно е завршена работата, за Белград с` уште е неизвесно. Чекам официјални одговори. Министерството за култура на Бугарија треба да даде согласност, но тие и порано беа подготвени, но тогаш немавме толку пари, бидејќи изработувањето копии е скапа работа - вели Kузман.

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=72BFD12680C196408FFB2B2BE5F55E3E


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 23-01-2012

Генетички сме сродни со Србите и со Бугарите

Истражувањето е спроведено за форензички цели и иако неговите резултати се наменети за идна идентификација на жртвите во кривични истраги, ги покажува и генетичките допирни точки на балканските народи




ДНК-генетичката анализа на балканските народи, што се работеше шест години во Институтот за судска медицина и криминалистика во Скопје, покажа дека Македонците имаат најголема генетичка сличност со Србите и со Бугарите.
- Ова истражување имаше цел да се направи датотека на генетички податоци со кои ќе располагаат нашите експерти-форензичари при својата работа - вели Алексеј Дума, директорот на Институтот.
Според оваа анализа, чии резултати ги пренесоа неколку балкански медиуми, најблиски до Хрватите, според генезата, се сите народи што живеат во Босна и Херцеговина. Албанците, кои живеат во Косово, немаат ниту една заедничка генетичка допирна точка со преостанатите народи што биле предмет на ова истражување.

Истражувањето што го спровела оваа институција нема никаква врска со дневната политика ниту, пак, со потрагата по корените на балканските народи, вели Дума. Анализата на генезата на еден народ е подвиг за кој се потребни многу пари и време.
- Истражување, слично на нашето, но од поголем ранг, поврзано со генетиката на народите на Балканот, чии резултати се сметаат за исклучително релевантни, пред некоја година извршија Американциите - појаснува Дума.
Сепак, резултатите на Институтот за судска медицина ги објавија многу балкански медиуми. Според податоците, објавени во викенд-изданието на белградскиот весник „Блиц“, истражувањето на македонскиот институт покажало голема сличност меѓу ДНК-профилите на сите балкански жители.
Докторот Златко Јанковски за српскиот весник вели дека македонските научници истражувањето го вршеле врз примерок на ген, кој бил доставен кај нив од институции на балканските земји што се согласиле да ги споделат информациите од овој тип.

Единствено Грција одбила да учествува во проектот.
- Користејќи ја нашата софистицирана компјутерска технологија, успеавме да ги споредиме податоците што ги добивме од Хрватска, Србија, Босна и Херцеговина, Косово и од Бугарија. Работевме на два вида истражувања - едно преку ипсилон-хромозомот, а второто преку анализа на локус ДНК-профилот - изјавил докторот Јанковски за „Блиц“.
Резултатите на македонското истражување досега биле објавени во најважните светски списанија, кои се занимаваат со теми од областа на форензиката и форензичката генетика.
- Нашите резултати отсега ќе се користат во сите кривични истраги на земјите од Балканот за идентификација на жртвите. Ваков пример, доколку би постоел, би можел да се употреби и во несреќата во која загина македонскиот претседател Борис Трајковски - изјавил Јанковски.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=123121038221&id=9&prilog=0&setIzdanie=22486


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 23-01-2012

Бугарските лустратори открија кодош меѓу архиереите на БПЦ

Комисијата за лустрација ја растресе бугарската православна црква. Верниците бараат оставка од сите владици, за кои комисијата потврди дека биле соработници на тајните служби. Дури 11 од вкупно 15 бугарски Архереи, биле кодошни на шестата управа.

На списокот соработници не се наоѓаа само Поглаварот, Максим и уште тројца од помладата генерација архиереи.

Една недела по објавувањето на информацијата, Синодот молчи.

Во меѓувреме, лустрацијата на свештениците стана главна тема во бугарската јавност. Верниците и дел свештеници веќе побараа сите архиереи-кодоши да се повлечат од Црквата.

Во обид да се извлечат од ситуацијата во која се најдоа, дел бугарски владици тврдат дека не сториле никаков грев.
Некој од нив јавно побараа прошка.

- Молам за извинување. Ве молам пред Бога и светиот крст, простете ми, напиша Врачанскиот митрополит Калиник.

Според доказите на бугарската комисија за лустрација, најголем дел од владиците како соработници биле врбувани во периодот од 1970 до 1990. Речиси сите во деведесетите барале нивните досиеја да бидат избришани.

Меѓу кодошите во Бугарија биле и првите луѓе на тамошната ИВЗ и на католичката црква.

Во Македонија, верските заедници имаат рок од уште една недела за да ги достават изјавите до Комисијата. Засега одзивот е мал.

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/balkan/bugarskite-lustratori-otkrija-kodosh-megju-arhiereite-na-bpc


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 24-01-2012

Македонските слабости - аргументи против Македонија во ЕП

Грчките и бугарските европарламентарци сега имаа полна уста свежи аргументи да го условат датумот за нашата земја

Слободанка Јовановска

Грчките и бугарските европарламентарци ги здружија вчера силите во Европскиот парламент за да го сменат извештајот на Ричард Ховит за Македонија,
кој иако содржи доста забелешки има и доста ставови кои се во прилог на политичките надежи во земјава. Прв на удар е ставот дека Европскиот совет треба да ја послуша препораката на Европската комисија и без одлагање да почне преговори за членство со Македонија, што испровоцира повеќе амандмани со цел тоа да не биде безусловно, туку да се врзе со решавањето на спорот околу името и други прашања.

На удар на амандманите беше и препораката на Ховит да се прифати понудата на македонската влада за започнување на пре-скрининг процес со обврска до неговото завршување да се реши спорот со Грција, со отворени барања од грчките парламентарци тој дел сосема да исчезне од извештајот. Битка вчера се водеше и околу Хашката одлука, со тенденција на блокот парламентарци блиски на Македонија таа да се наметне како став на ЕП, односно да се повика Грција да ја почитува и да се овозможи прогрес во евроинтеграцијата со референцата БЈРМ, а со контраодговор од другата страна - таа да се сведе само на констатација дека треба да биде поттик за продолжување на преговорите.

За првпат грчките и бугарските европарламентарци имаа полни раце аргументи против Македонија, па освен нивните познати национални фрустрации што ги демонстрираа досега во ЕП, за да ја закочат Македонија сега ги користеа и неслободата на медиумите, зависноста на судството, апсењето на Љубе Бошкоски, нееднаквоста во бизнис третманот, антиквизацијата и ширењето негативна клима кон соседството, т.е. недобрососедските односи.

Притоа, место во амандманите најде и повикот на Андреј Ковачев да се објават имињата на агентите на нашите тајните служби, настан кој по се изгледа со внимание се следи во Бугарија. И едните и другите се обидоа да го зацементираат условот добрососедски односи како клучен критериум, барајќи патем да влезе во документот дека кај нас манипулативно се интерпретира историја на сметка на соседните и дека се преземаат потези и се даваат изјави кои имаат негативни ефекти врз нив.

Во еден од амандманите се бара македонскиот државен врв „да го симне тонот“ во изјавите и да и стави крај на антиквизацијата која, не само надвор, туку провоцира и внатрешни поделби во земјата. Како што се очекуваше, се создаде и бугарско-грчки неформален сојуз за тргање на членот со кој се укажува на последиците од неупотребата на македонскиот јазик во извештајот на ЕК и се бара Брисел таа политика да си ја преиспита, а со цел таквиот став да го смена од извештајот на Ховит.

Јелко Кацин бараше во извештајот да влезе и загриженост за политичкото и бизнис мешање во медиумите, а загриженост за нашата слобода во оваа сфера покажаа и бугарските европарламентарци.

Два куриозитета беа што меѓу 164-те амандмани беа и неколку на холандскиот евроскептик Бари Мадленер кој побара да не и се дава датум за преговори на Македонија и да не се прави арбитража за билатералните прашања, како и обидот во заклучоците да влезе и честитката за големиот успех во кошарката - со куп амандмани да ја снема во крајната верзија. Амандманите вчера беа на расправа во ЕП, каде се очекува нивно усогласување до конечниот извештај за Македонија.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=37AEEF5F279233409B3657B995CF83EE


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 24-01-2012

БУГАРСKИТЕ И ГРЧKИТЕ ЕВРОПРАТЕНИЦИ БОМБАРДИРАА СО АМАНДМАНИ

Добрососедските односи да бидат суштински за проширувањето

Известувачот Ричард Ховит добил 164 амандмани на предлог-резолуцијата за напредокот на Македонија, при што грчките и бугарските пратеници инсистирале на вметнување на добрососедските односи како суштински елемент во процесот на проширувањето на Унијата

Добрососедските односи да бидат суштински елемент во процесот на проширувањето, измени на резолуцијата во делот за слободата на печатот, зголемување на синдикалните слободи и подобрување на положбата на жената, се дел од амандманите на европарламентарците на предлог-резолуцијата за напредокот на Македонија, изработена од известувачот Ричард Ховит.

Неговите колеги пратеници предложиле вкупно 164 амандмани речиси за секој член од предлог-резолуцијата. Расправата по амандманите почна вчера попладне и, според очекувањата во Европскиот парламент, пратениците уште еднаш ќе испратат повик до Советот на ЕУ за започнување на преговорите како и на претскрининг процесот на хармонизација на законодавството на земјата со придобивките на ЕУ, како и за спроведување на втората фаза на Спогодбата за стабилизација и асоцијација.

За ова има широка согласност и поддршка. Така, британскиот пратеник Чарлс Танок во својот амандман вели дека „кредибилноста на процесот на проширување на ЕУ ќе биде компромитирана од постојаното одложување на преговорите за членство“. Со него се согласува и грчката пратеничка Марија Елени Kопа, но додава дека треба истовремено да се изнајде заедничко прифатливо решение за името.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=17762462CFABFB4987F3A654F6C85CC2[/i]


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 24-01-2012

Европратениците бараат преговори за Македонија

Незвисно од спорот со името, Советот на ЕУ итно треба да и додели на Македонија датум за почеток на преговори. Најголем дел од европратениците го признаваат реформскиот напредок на земјава.

Поднесувачот на Резолуцијата, Ричард Хауит очекува Советот во март да деблокира македонските евроинтеграции. На денешната дебата во Комисијата за надворешни европратениците повторно се фокусираа на спорот со името.

“Сакам да повикам на почеток на преговбори за членство. Тоа беше позиција на Европскиот Параламент, минатата година, и верувам дека се уште е”, изјави известувачот за Македонија во ЕП Ричард Хауит.

“Настрана од дебата за спорот со името, Советот треба да ја следи препорката на Комисијата за почеток на преговори”, вели Едвард Кукан известувач за Македонија во сенка.

“Времето тече, а ништо не се менува, Сметам дека не смее да станеме заложници на ова билатерално прашање”, изјави Кристијан Вигенин, бугарски европратеник.

Препораката на Хауит за употреба на придавката “македонски “ги разлути Грците. Бараат бришење на формулацијата во која стои “билатералните проблеми да не бидат пречка во процесот на проширувањето”.

“Оваа земја настојува да воспостави лажен идентитет базиран на пропаганда. Проблемот не е името, туку пропагандата која произлегува од името”, реагираше грчката европратеничка Марјета Јанаку.

“Македонски” стои во договорот како официјален јазик. Не можете да им кажете на луѓето како да се нарекуваат, изјави Бернд Поселт.

“Не можеме да зборуваме за некој и негде. Секој идентитет треба да си има свое име”, вели словенечкиот европратеник Алојз Петерле.

“Сметам дека не можеме да ја игнорираме ниту пресудата на Меѓународниот Суд на правдата”, изјави британскиот европратеник Чарлс Танок.

И бугарските европратеници инситираат “доборседските” односи да бидат клучни во процесот на зачленување, “Нашите македонски соседи треба да го надминат минатото и да се обидат да изградат добрососедски односи”, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

Хауит ги повика грчките и бугарските колеги да се воздржат од провокации. Спорот со името и хашката пресуда да се не злоупотребуваат и да не се повторуваат истите амандмани од лани за кои веќе е постигнат компромис. За промена на текстот на резолуцијата поднесени се вкупно 164 . Финалната верзија, Европкиот Парламент ќе ја гласа во Март.

Снежана Јовановска



RE: Македонските медии за България - Топорчо - 24-01-2012

ЕП го засилува притисокот за датум врз Европскиот Совет со пресудата од Хаг

Пратеникот Николаос Шунтис во Европскиот Парламент смета дека двете земји сами никогаш нема да се договорат.


- Ние веруваме дека проблемот меѓу Грција и ФИРОМ тоа е меѓународен проблем и треба да се реши само преку посредство на Обединетите Нации. Доколку овој проблем се остави само на двете земји тие никогаш нема да го решат. Што се однесува до терминот македонски сметам дека тоа не е точно затоа што Македонија се наоѓа и на делот на Грција, рече Николаос Шунтис.

Грчките и бугарските европратеници синхронизирано поднесоа речиси 100 амандмани. Ја критикуваат Македонија за лош сосед и бараат повторно бришење на придавката македонски од извештајот на британскиот европратеник Ричард Ховит. Голем дел од нив не поминаа. Утринава европратениците гласаа за поднесените амандмани. Европскиот Парламент со новите измени во извештајот на европратеникот Риџард Ховит го зголемува притисокот врз Европскиот Совет за случајот со Македонија. Пресудата од Меѓународниот суд на правдата се дополнува во низата аргументи, зошто Македонија треба да ги започне преговорите со Европската Унија.

- Не треба да се игнорира времената спогодба, таа треба да се спроведува. Цело време повторувавме дека треба да се сочека пресудата на судот од Хаг. Сега ја имаме таа пресуда и повторно треба да се чека, не знам што треба да се чека. Ако пресудата беше поинаква немаше да чекаме, затоа сум скептичен кон оваа ситуација, вели Чарлс Танок.

Грчките европратеници ја нападна Македонја обвинувајќи дека прави пропаганда за својот идентитет и ја лаже целата јавност. На известувачот Ховит не му се допадна тонот на кој дискутираа европратениците. Од Грците побара поголема дисциплина и да ја почитуваат одлуката на Меѓународниот суд на правдата, идентично како што тоа го прави Скопје.

Ѓорги Томиќ


http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=86069


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 24-01-2012

„Цар Киро“ осуден на три и пол години затвор

„Цар Киро“ осуден на три и пол години затвор
Бугарскиот суд го осуди контроверзниот ромски богаташ Кирил Рашков на три ипол години затвор поради упатување смртни закани за време на судирите со жителите на селото Катуница, по што избувнаа големи антиромски протести низ земјата.

Регионалниот суд во Асеновград го прогласи Рашков (69), познат како „Цар Киро“, за виновен за упатување смртни закани на двајца бугарски државјани во Катуница, откако 19-годишен Бугар загина во сообраќајна несреќа предизвикана од роднина на Рашков.

- Рашков е осуден доцна синоќа на три години и шест месеци затвор за изрекување на смртни закани упатени кон две лица, изјави претседателот на Судот Иван Криватсев.

Еден од адвокатите на Рашков најави деке ќе биде поднесена жалба на пресудата.

Бугарската полиција на 27-ми септември минатата година го уапси „Цар Киро“ и 168 демонстранти, за нарушување на јавниот ред и мир за време на протестите организирани низ целата земја во знак на поддршка на жителите на селото Катуница, во близина на Пловдив.

Немирите избувнаа по убиството на момче во сообраќајна несреќа со комбе во кое се наоѓало семејството на „Цар Киро“.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/37556/%E2%80%9Ecar_kiro%E2%80%9C_osuden_na_tri_i_pol_godini_zatvor.aspx


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 25-01-2012

Македонија доби бугарски амбасадор со чисто досие

Нов бугарски амбасадор во Македонија ќе биде Иван Петков - објавија денеска кабинетите на премиерот Бојко Борисов и на претседателот Росен Плевнелиев. Петков ќе ја пополни веќе шест месеци празната амбасадорска фотелја во земјава, откако бугарската влада реши да ја лустрира дипломатијата и како соработници на разузнувачките служби повлече на триесет свои амабасадори низ светот, вклучувајќи го Лашев Раковски во Скопје.

Денеска претседателот, кој во петокот ја презеде функцијата, ја потпиша листата на 24 нови бугарски амбасадори, меѓу другите и за Виена, Атина, Пекинг и Брисел. Тоа значи дека Македонија ќе добие бугарски амбасадор со чисто досие, и дека неговата работа нема да биде оптоварена со политичката хипотека од минатото, бидејќи бугарската влада сака да расчисти со амбасадори што работеле за разузнувањето.

Петков е роден во 1953 година во градот Варна, а дипломирал на Институтот за меѓународни односи во Москва со специјалност "меѓународно право". Во Министерството за надворешни работи работел од 1979 година и бил амбасадор со специјални задачи за црноморскиот регион, специјален претставник на бугарското претседателство на Организацијата за црноморска економска соработка и заменик-министер за надворешни работи. Од февруари лани е директор на дирекцијата за човекови права. (С.Ј.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=00D2E0BCF138664B9C5DCEA10121BFAE


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 25-01-2012

Експерти ќе ги расветлуваат историските недоразбирања меѓу Македонија и Бугарија

По инсистирање на бугарските европратенци, Европскиот Парламент и наложи на Македонија да формира заедничка експертска комисија со Бугарија,со задача да се справи со сензитивното прашање на историјата во образованието.

Предлогот кој сега е составен дел од резолуцијата за Македонија го поднесе Евјениј Кирилов од групата на социјалистите, информира бугарскара агенција “Новините”.

Тезата која Кирилов ја изложил во Брисел е дека Македонија со извитоперување на фактите го краде бугарското историско наследство и поттикнува омраза кај младите генерации.

“Ако го погледнете историското толкување, јасно е дека соседната земја поттикнува омраза, без разлика што имаме заеднички историски моменти, што подразбира и поблиски односи.

Се работи за извитоперување на историските факти. Заедничката експертска комисија ќе се анагажира во подобрување на ставовите на младите кон нивните соседи”, изјавил Кирилов.

Пратеникот предупредува дека ваквиот тренд може да биде контрапродуктивен за македонското членство во Унијата.

Според Кирилов ако не може да се потстигне компромис, тогаш големите историски личности кои за едните се Бугари, за другите Македонци, треба заеднички да се слават.

И овој предлог беше преточен во амандман, но не ја доби поддршката од европратениците.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/eksperti-ke-gi-rasvetluvaat-istoriskite-nedorazbiranja-megju-makedonija-i-bugarij


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 26-01-2012

Македонската историја не може да се дели со бугарската

Амандманот на бугарскиот европратеник Kирилов за заеднички прославување на историски личности е играње на стари карти за остварување на тесни национални или националистички интереси, овој пат на штета на Република Македонија, смета пратеникот Александар Спасеновски

Обид за остварување на националистичките интереси, излитено повторување на големобугарските претензии кон нашата земја и неприфатливо мешање во македонската историја претставува став со кој од нашата земја се бара создавање заедничката експертска комисија за историја и образование со Бугарија. Вакви реакции доаѓаат од нашите политичари и историчари по завчерашното вградување на амандманот на бугарскиот европратеник Евгениј Kирилов во резолуцијата за Македонија, а кој бил прифатен од Kомисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. Kирилов се заложи за тоа нашата земја заеднички да ги прославува историските личности и настани со соседните земји - Бугарија и Грција, како и за „објективно толкување на историјата втемелено врз историските факти“. Во изјавата за бугарската агенција „Фокус“ тој вчера дури нагласи дека кај македонската младина се всадува омраза кон Бугарија.

- Има проекти чисто националистички, како „Скопје 2014“, како и филмот „Трето полувреме“, во кој има шпекулации со кои се создаваат антибугарски чувства и не се историски точни - рече тој.

Александар Спасеновски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, вчера изрази надеж дека ваквиот амандман на Kирилов нема да помине на конечното гласање во Европскиот парламент.

- Мислам дека тој игра на стари карти. Очигледно е дека ЕП е полигон на некои бугарски европратеници за остварување на тесните национални или националистички интереси, овој пат на штета на Република Македонија. Ова е и обид за собирање на политички поени пред домашната јавност - нагласи тој.

Идејата за заеднички македонско-бугарски чествувања во 2006 година ја предложи и тогашниот премиер Владо Бучковски, но таа беше отфрлена во нашата јавност.

Историчарот Ванчо Ѓорѓиев потенцира дека е неприфатливо Европарламент да одлучува што ќе прославуваме и со кого тоа ќе го правиме.

- Сигурно, во сечија историја може да се најдат некои допирни точки, ние како две земји и два народа сме живееле долго во рамките на истата Отоманската Империја, но никој не треба да ни кажува како ќе ја одбележуваме сопствената историја. Секој народ си ја пишува сопствената историја и си ја толкува онака како што си смета дека е адекватно и објективно. Ваквиот пристап ми наликува и повторното наметнување на големобугарските тези - нагласува тој.

Според Паско Kузман, директор на Управата за заштита на културното наследство, ова се „стари и излитени приказни кои се надминати во модерната историја“.

- Можеби може да се формира некоја таква комисија, но и сто комисии да формираме, однесувањето на нашите соседи ќе биде исто. Точно е дека ние имаме некои заеднички точки од историјата со некои наши соседи, но тоа не треба да н` разделува, туку да н` зближува. Не е проблем во заедничкото чествување, тоа може да се направи за некои личности кои ни се заеднички. Еден Глигор Прличев треба да се слави во три држави, но грдо е да се каже дека овој е само мој, а тој само негов. Такво нешто нема во модерните времиња, нема таква чиста раса - нагласува Kузман. (Б.Ѓ.)

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6F01ABBD0A80DE4DB665B32B91BD6AA1


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 26-01-2012

Кирилов гледа омраза во Македонија

БРИСЕЛ – Бугарскиот европарламентарец Евгениј Кирилов, по гласањето во ЕП и прифаќањето на ставот дека Македонија и Бугарија треба да формираат заедничката комисија од експерти што ќе ја толкуваат историјата, изразува скепса дека тоа е доволно бидејќи во нашата држава младите место со факти се хранат со омраза.

„Сведоци сме на тренд, кој има врска со иднината на Македонија како потенцијална членка на ЕУ, и кој е многу контрапродуктивен. Тој е поврзан со погрешно толкување на историските факти. Во овој случај, ние не зборуваме за Грција, каде што се работи за античката историја, туку за бугарската историја. Ако ги погледнете историските интерпретации, јасно е дека омраза се негува од соседната земја, без разлика што имаме заеднички историски моменти, со која би требале да имаме братски односи. Напротив, овој тренд продолжува и е оставина од поранешни времиња“, изјави Кирилов.

Според него, токму затоа историските факти имаат потреба од разјаснување и барем дискусиите треба да се водат на научно ниво.

„На крајот на краиштата, ако некои интерпретации на историските факти не можат да бидат надминати, некои големи луѓе што ние ги нарекуваме Бугари, а тие Македонци, може да се чествуваат заеднички“, изјави Кирилов. (Фокус)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=E72EA94C36DECA45B52A8B724E242E2C


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 26-01-2012

Чепреганов: Апсурдно е бугарски експерти да ја пишуваат македонската историја !

Апсурдно е држава која не го признава македонскиот народ, да ги пишува македонските учебници по историја.

Вака првиот човек на Институтот за национална историја го коментира повикот за формирање „Заедничка експертска Комисија“ меѓу Македонија и Бугарија задолжена за објективно изучувањето на историјата во образованието.

По барање на бугарскиот европратеник Евгениј Кирилов, Европскиот Парламент во најновата резолуцијата за Македонија( чии амандмански измени беа усвоени на Комисијата за надворешни работи), наложи формирање на ваква Комисија.

-Се доаѓа во една апсурдна ситуација дали таа Комисија ќе го заземе ставот на бугарската страна дека Македонците се Бугари и дека не постојат како посебна нација како што е претставено во бугарските учебници. Тоа би било добро, кога би се формирала Комисија, и која би направила учебници, но кои би биле користени и во Македонија и во Бугарија, за да и Бугарите ги напуштат нивните стереотипи, изјави Д-р Тодор Чепреганов, директор на Институтот за национална историја.

Образложението кое Кирилов го изложил во Брисел е дека Македонија со извитоперување на фактите го краде бугарското историско наследство и поттикнува омраза кај младите генерации.

-Ова е без преседан. Некој да ви кажува дека вие во вашите учебници пишувате нешто кое предизвикува омраза. Колку што јас сум запознаен македонските учебници имаат највисоки оценки по содржината. Ако ги земете учебниците од балканските држави, во скоро ниту еден учебник нема да сретнете некој да пишува за историјата на Македонија, изјави Чепреганов.

Бугарите предупредија дека трендот кој го применува Македонија може да биде контрапродуктивен и за македонското членство во Унијата.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/chepreganov-apsurdno-e-bugarski-eksperti-da-ja-pishuvaat-makedonskata-istorija