Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
Македонските медии за България - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: Mедиуми (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=9)
+--- Thread: Македонските медии за България (/showthread.php?tid=1784)

Pages: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 15-12-2011

Македонците и Бугарите се изедначија според стандардот

Според податоците на статистичката организација на ЕУ, пониска куповна моќ од нас имаат жителите на Албанија со 31 отсто од европскиот просек и Босна и Херцеговина со 37 отсто од просекот на ЕУ. До нас се Бугарите со 42 отсто и Србите со 43 отсто




Евростат

Македонскиот БДП по жител изразен преку стандардот на индивидуална потрошувачка на граѓаните во 2010 година бил на 41 отсто од просекот на 27-те членки на ЕУ. Куповната моќ на граѓаните, според овој стандард, во Република Македонија минатата година била на еднакво ниво како и во 2009 година, а за еден отсто поголема од 2008 година. Ова се податоци на статистичката организација на ЕУ, „Евростат“, објавени во вторникот. Според овие податоци, пониска куповна моќ од нас имаат жителите на Албанија со 31 отсто од европскиот просек и Босна и Херцеговина со 37 отсто од просекот на ЕУ. До нас се Бугарите со 42 отсто и Србите со 43 отсто. Интересно, и кај едните и кај другите, како последица на економската светска криза, се јавува опаѓање на куповната моќ на граѓаните во однос на 2008 година, додека кај нас таа е зголемена за еден отсто. Скромно, но сепак зголемување, иако овој податок не им значи ништо на илјадниците граѓани на РМ што живеат во услови оквалификувани како сиромашни.

Повеќе европски земји во 2010 година бележат мало опаѓање на куповната моќ на нивните граѓани, како тие во Шпанија за четири отсто. Подрастично тоа е изразено кај Ирците, кои осиромашиле за седум отсто. Интересно, кај Грците во 2010 година степенот на куповна моќ бил 101 отсто од просекот на ЕУ, а во 2008 година тој просек изнесувал 104 отсто. Значи за трите години, во однос на европскиот просек, Грците можеле да си дозволат само за три отсто помалку добра, сеедно што во меѓувреме ги зафати којзнае кој по ред банкрот во нивната историја. Тоа фактички значи дека на Грците им се случува не баш оптимистичко сценарио, барем гледано на долги патеки: во исто време ниту се спроведуваат мерките за штедење, ниту пак се преземаат мерки за кревање на економијата што минатата година во однос на 2008-та, мерено според БДП по жител, опаднала за два отсто.

Најсиромашни во ЕУ според куповната моќ се Романците што во 2010 година биле на 45 отсто од просекот на ЕУ и Бугарите со 42 отсто.

Инаку, интересно е што ако се исклучи Луксембург, највисок стандард во ЕУ според куповната моќ имаат Британците со 121 отсто од просекот на ЕУ. Надвор од ЕУ, побогати од нив се Норвежаните со 136 отсто и Швајцарците со 125 отсто. Овие податоци на Евростат даваат едно од објаснувањата за потегот на британскиот премиер Дејвид Камерун, кој одби да се согласи со новите економски правила во ЕУ што се обидуваат да ги наметнат Германија и Франција, а кои бараат и промена на европскиот устав.

Според податоците на „Евростат“ за БДП по жител, што исто така е релевантен стандард за мерење на богатството на граѓаните на една земја, најбогати се граѓаните на Луксембург, и тоа 2,7 пати повеќе од европскиот просек. Но и самиот „Евростат“ укажува дека овие податоци за малото кнежество треба да се земат со резерва, бидејќи во нивното креирање учествуваат многу жители на околните држави што работат во Луксембург, а не се негови жители и дневно или неделно мигрираат.

По нив, според богатството, следуваат Норвежаните, кои имаат БДП по жител од 181 отсто во однос на просекот на ЕУ, па Швајцарците со 147 отсто и Холанѓаните со 130 отсто.

Ирците што меѓу првите во ЕУ беа погодени со економската криза, во 2009 и 2010 година имале БДП по жител повисок за 28 отсто во однос на просекот на ЕУ. Следува Данска со 27 отсто, Австрија со 26 отсто, Шведска со 23 отсто повеќе, Белгија со 19 отсто и Германија со 18 отсто. Грците во 2010 година биле на 90 отсто од европскиот просек, а Италијанците на 101 отсто.

Вториот, сиромашниот дел од табелата на “Евростат“ почнува со Албанија на последното место што во 2010 година имала БДП по жител што изнесува само 28 отсто од просекот на ЕУ. Следуваат БиХ со 31 отсто, Србија со 35 отсто и Република Македонија со БДП по жител што изнесувал 36 отсто од европскиот просек. Пред нас се Црна Гора со 41 отсто, Бугарија со 44 отсто, Романија со 47 отсто, Турција со 49 отсто итн.

БДП по жител е пореален приказ за богатството на некоја земја во однос на вкупно искажаниот БДП. Податоците за индивидуалната потрошувачка изразена преку куповната моќ, пак, даваат поцелосна слика за квалитетот на животот.

Што се однесува до нашата држава, карактеристично е тоа што ние подобро стоиме на табелата за лична потрошувачка отколку на табелата за БДП по жител.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=121511934267&id=9&prilog=0&setIzdanie=22456

Аз си позволих да отворя страницата на Евростат където цифрите са доста различни

http://epp.eurostat.ec.europa.eu/tgm/table.do?tab=table&init=1&plugin=1&language=en&pcode=tec00114

2010

България - 44 % от ЕУ27
Македония - 36 % от EY27


И немога да не се запитам тези ваши медии за такива балами ли ви имат та във века на интернет публикават такива дезинформации



RE: Македонските медии за България - Топорчо - 15-12-2011

Се палат автомобили во Бугарија

Софија - Во Бугарија, наспроти големиот број апсења, продолжува намерното палење автомобили, а за време на ноќта во Софија се запалени три возила. Пироманите од крајот на октомври на подрачјето на Софија запалиле 41 автомобил, а во другите градови ширум земјата шест возила, при што според претходно утврдено сценарио ги полевале со запаллива течност.

Бугарската полиција во вчерашната акција изврши контрола на 1.200 возила и на 2.600 лица, од кои за 93 утврдила дека припаѓаат на „криминален контингент“. Во јавноста се појавија различни верзии за случајот, од тоа дека палењето го организираат сопствениците на паркинзи и осигурителните компании, до тоа дека некој сака да ја дестабилизира Владата на Бојко Борисов, кој и самиот бил пожарникар, но ниту едно од тие сомневања не е докажано. (МИА)

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=E0E2E45F0DDB40438C9BC6A38E20CEB5


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 15-12-2011

Продолжува палењето автомобили во Бугарија



Во Бугарија, и покрај големиот број апсења, продолжува намерното палење на автомобили, а ноќва во Софија се запалени уште три возила.

Пироманите од крајот на октомври на подрачјето на Софија запалиле 41 автомобил, а во другите градови ширум земјата шест возила, при што според претходно утврдено сценарио ги поливале со запаллива течност.

Бугарската полиција во вчерашната акција изврши контрола на 1.200 возила и на 2.600 лица, од кои за 93 утврдила дека припаѓаат на „криминален контингент“. Во акцијата под сомнение за учество во палењето се уапсени 63 лица.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=8FC77BBE6D6559459487C33E9BB154B3

Почти исти новини иста дата ист весник Icon_razz

Во јавноста се појавија различни верзии за случајот, од тоа дека палењето го организираат сопствениците на паркинзи и осигурителните компании, до тоа дека некој сака да ја дестабилизира Владата на Бојко Борисов, кој и самиот бил пожарникар, но ниту едно од тие сомневања не е докажано.

Пироманите возилата ги палат на тој начин што ги полеваат со запалива течност во пределот на акумулаторот.




RE: Македонските медии за България - Топорчо - 15-12-2011

Продолжува палењето автомобили во Бугарија

Во Бугарија, и покрај големиот број апсења, продолжува намерното палење на автомобили, а ноќва во Софија се запалени уште три возила.

Пироманите од крајот на октомври на подрачјето на Софија запалиле 41 автомобил, а во другите градови ширум земјата шест возила, при што според претходно утврдено сценарио ги поливале со запаллива течност.

Бугарската полиција во вчерашната акција изврши контрола на 1.200 возила и на 2.600 лица, од кои за 93 утврдила дека припаѓаат на „криминален контингент“. Во акцијата под сомнение за учество во палењето се уапсени 63 лица.

Во јавноста се појавија различни верзии за случајот, од тоа дека палењето го организираат сопствениците на паркинзи и осигурителните компании, до тоа дека некој сака да ја дестабилизира Владата на Бојко Борисов, кој и самиот бил пожарникар, но ниту едно од тие сомневања не е докажано.

Пироманите возилата ги палат на тој начин што ги полеваат со запалива течност во пределот на акумулаторот.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=44D5D8E7E2BE604497D7AA28BA6EED9C


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 15-12-2011

Во Бугарија уапсени 63 лица поради сомнение дека палеле автомобили

Бугарската полиција приведе повеќе од 60 лица поради сомнение дека се поврзани со пироманите, кои запалиле голем број автомобили во Софија и во другите градови во Бугарија.

Пироманите од крајот на октомври на подрачјето на Софија запалиле 41 автомобил, а во другите градови ширум земјата шест возила, при што според претходно утврдено сценарио ги поливале со запаллива течност.

Органите на редот извршиле контрола на 1.200 возила и на 2.600 лица, од кои за 93 утврдиле дека припаѓаат на „криминален контингент“, а во повеќе полициски станици приведени се 63 лица, соопшти полицијата во Софија.

Во јавноста се појавија различни верзии за случајот, од тоа дека палењето го организираат сопствениците на паркинзи и осигурителните компании, до тоа дека некој сака да ја дестабилизира Владата на Бојко Борисов, кој и самиот бил пожарникар, но ниту едно од тие сомневања не е докажано.

Тази и подобни новини са публикувани във всички медии така че няма да спамирам повече


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 16-12-2011

Уапсени 63 лица за палење автомобили


Бугарската полиција приведе 63 лица кои се осомничени дека се поврзани со палењето на голем број автомобили во Софија и во другите градови ширум Бугарија. Пироманите, од крајот на октомври на подрачјето на Софија запалиле 41 автомобил и уште шест во другите градови на земјата, при што најчесто дејствувале по претходно утврдено сценарио - полевање со возилата со запаллива течност.

Органите на редот извршиле контрола на 1.200 возила и на 2.600 лица, од кои за 93 утврдиле дека припаѓаат на "криминален контингент", а во повеќе полициски станици се приведени 63 лица, соопшти полицијата во Софија.

Во јавноста се појавија различни верзии за случајот, од тоа дека палењето го организираат сопствениците на паркинзите и осигурителните компании, до тоа дека некој сака да ја дестабилизира Владата на Бојко Борисов, кој и самиот бил пожарникар, но ниту едно од тие сомневања не е докажано.

http://vecer.com.mk/?ItemID=94A56101C8CF674B97700EB3A415D3E1


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 16-12-2011

Провокативно писмо на Каракачанов до Канал 5

: Работев за бугарското разузнавање исто како и Делчев, Груев, Сандански...

Красимир Каракачанов не се срами и признава дека работел за бугарските тајни служби. Откако Канал 5 објави дека има документи за контроверзниот бугарски политичар во архивите во Софија, Каракачанов пишува провокативно писмо до редакцијата на Канал 5.


Саркастично одговара дека како дел од бугарските служби придонел многу повеќе за опстанокот на Македонија и нејзината независност, отколку членовите на УДБА во Скопје.

- Да, мојата кауза е да ја прикажам историската вистина за Македонија, а вашата е србокомунистичка лага за Македонија. Мојата борба, е борбата која водеа генерации чесни Македонци како Кузман Шапкарев, Григор Прличев, Даме Груев, Гоце Делчев, Јане Сандански, Ѓорче Петров. Тие како мене работеле за бугарското разузнавање. Нивната борба беше да победи бугарштината во Македонија, вели Каракачанов.

Преполн со ироничност Каракачанов сака да гостува во Канал 5. Вели не се плашел да дојде за да објасни каква пропаганда се шири низ Македонија.

- Вие за што се борите? За српските лаги на Цвииќ и Новаковиќ или за глупоста наречена "античка нација", на која ви се смее целиот свет, вели Каракачанов.


Новопечениот милионер, наследникот на целиот имот на бугарското ВМРО, уште пред 23 години се согласил да работи за бугарските тајни служи, оцрнувајќи ја македонската нација и држава. Пред два дена Канал 5 откри дел од неговото досие. Под псевдонимот Дончо, Каракачанов врбувал Македонци и Бугари кои живеле тука. На своите полициски шефови им доставувал информации за нивните активности со цел да се спречи дејствување насочено против интересите на Бугарија.

Ѓорги Томиќ

http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&eventId=84313




RE: Македонските медии за България - Gnoj - 16-12-2011

(15-12-2011, 05:27 PM)Топорчо Wrote: Македонците и Бугарите се изедначија според стандардот

Според податоците на статистичката организација на ЕУ, пониска куповна моќ од нас имаат жителите на Албанија со 31 отсто од европскиот просек и Босна и Херцеговина со 37 отсто од просекот на ЕУ. До нас се Бугарите со 42 отсто и Србите со 43 отсто




Евростат

Македонскиот БДП по жител изразен преку стандардот на индивидуална потрошувачка на граѓаните во 2010 година бил на 41 отсто од просекот на 27-те членки на ЕУ. Куповната моќ на граѓаните, според овој стандард, во Република Македонија минатата година била на еднакво ниво како и во 2009 година, а за еден отсто поголема од 2008 година. Ова се податоци на статистичката организација на ЕУ, „Евростат“, објавени во вторникот. Според овие податоци, пониска куповна моќ од нас имаат жителите на Албанија со 31 отсто од европскиот просек и Босна и Херцеговина со 37 отсто од просекот на ЕУ. До нас се Бугарите со 42 отсто и Србите со 43 отсто. Интересно, и кај едните и кај другите, како последица на економската светска криза, се јавува опаѓање на куповната моќ на граѓаните во однос на 2008 година, додека кај нас таа е зголемена за еден отсто. Скромно, но сепак зголемување, иако овој податок не им значи ништо на илјадниците граѓани на РМ што живеат во услови оквалификувани како сиромашни.

Повеќе европски земји во 2010 година бележат мало опаѓање на куповната моќ на нивните граѓани, како тие во Шпанија за четири отсто. Подрастично тоа е изразено кај Ирците, кои осиромашиле за седум отсто. Интересно, кај Грците во 2010 година степенот на куповна моќ бил 101 отсто од просекот на ЕУ, а во 2008 година тој просек изнесувал 104 отсто. Значи за трите години, во однос на европскиот просек, Грците можеле да си дозволат само за три отсто помалку добра, сеедно што во меѓувреме ги зафати којзнае кој по ред банкрот во нивната историја. Тоа фактички значи дека на Грците им се случува не баш оптимистичко сценарио, барем гледано на долги патеки: во исто време ниту се спроведуваат мерките за штедење, ниту пак се преземаат мерки за кревање на економијата што минатата година во однос на 2008-та, мерено според БДП по жител, опаднала за два отсто.

Најсиромашни во ЕУ според куповната моќ се Романците што во 2010 година биле на 45 отсто од просекот на ЕУ и Бугарите со 42 отсто.

Инаку, интересно е што ако се исклучи Луксембург, највисок стандард во ЕУ според куповната моќ имаат Британците со 121 отсто од просекот на ЕУ. Надвор од ЕУ, побогати од нив се Норвежаните со 136 отсто и Швајцарците со 125 отсто. Овие податоци на Евростат даваат едно од објаснувањата за потегот на британскиот премиер Дејвид Камерун, кој одби да се согласи со новите економски правила во ЕУ што се обидуваат да ги наметнат Германија и Франција, а кои бараат и промена на европскиот устав.

Според податоците на „Евростат“ за БДП по жител, што исто така е релевантен стандард за мерење на богатството на граѓаните на една земја, најбогати се граѓаните на Луксембург, и тоа 2,7 пати повеќе од европскиот просек. Но и самиот „Евростат“ укажува дека овие податоци за малото кнежество треба да се земат со резерва, бидејќи во нивното креирање учествуваат многу жители на околните држави што работат во Луксембург, а не се негови жители и дневно или неделно мигрираат.

По нив, според богатството, следуваат Норвежаните, кои имаат БДП по жител од 181 отсто во однос на просекот на ЕУ, па Швајцарците со 147 отсто и Холанѓаните со 130 отсто.

Ирците што меѓу првите во ЕУ беа погодени со економската криза, во 2009 и 2010 година имале БДП по жител повисок за 28 отсто во однос на просекот на ЕУ. Следува Данска со 27 отсто, Австрија со 26 отсто, Шведска со 23 отсто повеќе, Белгија со 19 отсто и Германија со 18 отсто. Грците во 2010 година биле на 90 отсто од европскиот просек, а Италијанците на 101 отсто.

Вториот, сиромашниот дел од табелата на “Евростат“ почнува со Албанија на последното место што во 2010 година имала БДП по жител што изнесува само 28 отсто од просекот на ЕУ. Следуваат БиХ со 31 отсто, Србија со 35 отсто и Република Македонија со БДП по жител што изнесувал 36 отсто од европскиот просек. Пред нас се Црна Гора со 41 отсто, Бугарија со 44 отсто, Романија со 47 отсто, Турција со 49 отсто итн.

БДП по жител е пореален приказ за богатството на некоја земја во однос на вкупно искажаниот БДП. Податоците за индивидуалната потрошувачка изразена преку куповната моќ, пак, даваат поцелосна слика за квалитетот на животот.

Што се однесува до нашата држава, карактеристично е тоа што ние подобро стоиме на табелата за лична потрошувачка отколку на табелата за БДП по жител.

Аз си позволих да отворя страницата на Евростат където цифрите са доста различни

http://epp.eurostat.ec.europa.eu/tgm/table.do?tab=table&init=1&plugin=1&language=en&pcode=tec00114

2010

България - 44 % от ЕУ27
Македония - 36 % от EY27


И немога да не се запитам тези ваши медии за такива балами ли ви имат та във века на интернет публикават такива дезинформации

Топорчо, нема дезинформации во случајов. "Изедначувањето" за коешто се зборува се однесува на куповната моќ, која е некаков сооднос меѓу приходите и цените. Таму пишува Македонија 41% од ЕУ27 и Бугарија - 42%. А статистиката што ја покажуваш е за БДП по глава на жител, што е друга работа. Таму, како што покажа и ти, статистиките се: Македонија 36% од ЕУ27 и Бугарија - 44%. И тоа го пишува во "Нова Македонија", само треба да погледнеш подолу во статијата што ја покажа. Таму стои и заклучокот за разликата меѓу двете статистики: "Што се однесува до нашата држава, карактеристично е тоа што ние подобро стоиме на табелата за лична потрошувачка отколку на табелата за БДП по жител."


RE: Македонските медии за България - Gnoj - 16-12-2011

Еве ја и сликата што ја поставиле од "Нова Македонија":
[Image: bdp.jpg]


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 17-12-2011

Прав си Гной - моя грешка


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 17-12-2011

Конески беше најсилниот бранител на јазикот

Първата поливина е посветена на боготворене на Конески втората половина на България.Слагам само линк

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=89380F36CDA7024A97CBF0C9E09F42C3


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 19-12-2011

Бугарска политика


Пишува: Драган П. ЛАТАС


Во Софија, пред некој ден, е уапсен Јулијан Ковачки, затоа што запалил 25 автомобили. Неколку дена претходно, е уапсен друг Бугарин, кој запалил 12 други возила. Сума сумарум, само во Софија, за еден месец биле запалени 45 автомобили, а годинава најмалку 150 коли ја имале таа судбина.

За што се работи.
Според бугарските новинари палењето е планско. Со намера, и за добивка, секако. Организатори на палењето автомобили, според нив, се најверојатно дилерите, мафијата која тргува со стари и украдени коли. Пазарот се намалил, на ним им пропаѓа бизнисот, и за мали пари наоѓаат наркомани и ситни шверцери кои, за нивни потреби, ќе ги запалат колите.
После, се знае. Мора да се купи нова кола на место од запалената. И ете нова шанса за бизнисот.
Мене особено ме импресионираа опозиционерите од Софија. Според нив, палењето, демек, било симболичен политички револт против премиерот Бојко Борисов. Тој, некогаш, бил пожарникар па сега незадоволниот народ, на тој начин, сакал да му укаже дека е време за вонредни избори, и негова оставка.

Има тука симболика. Ама не таа. Поинаква.
Колку пати Црвенковски бил фатен во обид да подметне пожар, политички пожар, за да се спаси себеси во својот бизнис? Од повик кон Албанците да го урнат Груевски, и исфрлат Ахмети... секако не со молење, туку со тепање... до поттик кон Грците дека се во право за тоа што Груевски ги нервирал со Александар Македонски и антиквизацијата... па се до налог невладиниот сектор да излезел на улици, на мерење мускули со полицијата, за да се урнела владата, и потоа тој да бил власт... последниот пример, кога ги стави во пироманска машина Велија и новинарите од А1 за свои потреби, а после ги пушти низ вода, е само потврда на претходното.

Тоа е бугарска, пироманска политика. СДСМ само ја применил. Ако не можеш да го продадеш своето жито, запали им ги нивите на другите, па после побарувачката сама ќе ти дојде пред врата.

И неговите, не од партијата, него неговите околу него го поддржуваат во тоа. Што е нормално. Он ги створил за они да му климаат со глава. Не за друго.

На СДСМ не му оди. И тоа во долга серија порази, кои би натерале на размислување секого, освен нив. Само Црвенковски од СДСМ, Тома Николиќ напредњакот од Србија, и Јадранка Косор од ХДЗ загрепски сметаат дека поразите се туѓи, а само победите нивни. И кога губат, тие лично победуваат.

Тие околу него, како што е речено, мора да веруваат во таа мантра. Којзнае колку неиспукани дијаболи има во кругот на обожаватели околу Бранко.

Јани Макрадули, на пример, паметно се трансформира во ВМРО-вец. Верува дека, ако си ВМРО-вец, аутоматски си победник. Само што, онаков каков го дал Господ, а го давал на пазарен ден, кога имало фабрички попуст за фалична роба... таков каков што Господ го дал под тие околности, на Јани Макрадули толку многу му се брзало да стане победник, да стане ВМРО-вец значи, што немал време да разликува со кого од ВМРО да се поистоветува.

Па, стандардно за него, ја утна работата пак. Излезе на собраниска говорница со вмровската парола од пред равно сто години, дека раката на неговата партија била долга... па се повика и на Ванчо Михајлов, како пример за тоа. ОК, дечко, толку ти сече. Једном бандераш, увек бандераш!

Ако дошло време СДСМ-овскиот корифеј Јани Макрадули да се повикува, и следи политика на Ванчо Михајлов, мора да е тешко време за СДСМ. Ванчо Михајлов отиде во историјата како фашистички соработник, со над седумдесет порачани или извршени убиства, врз Македонци претежно. Политички.

Погрешен ВМРО-вец избрал Јани за да се запише меѓу победниците.
Да се идентификуваше барем со Влатко Ѓорчев, кој три пати го тепа СДСМ како носител на листа во изборната единица три... ќе беше поинаку. Вака...

Не е Јани Макрадули крив. Медицината е се уште несовршена наука. Он, како мал, по грешка има примено вакцина против духовитост. Се потоа е последица на медицинска грешка, за што тој не може да сноси одговорност. И, токму затоа, никој не му суди. Можат само да го сожалуваат.
Како и Радмила Шекеринска.

Да те влечат како стара крпа по избори, кои треба да ги загубиш, за Бранко да го сочува своето име од службена прибелешка за поразот... само за да те има и понатаму во политика, на телевизија, и на кафица по амбасади - е мазохизам. За нормални луѓе да, но за Радмила тоа е бизнис политика.

А тој бизнис, за пари да си спремен да јадеш туѓ ќутек, очигледно и цвета. Од каде инаку на неа асамблиња од пар иљади евра секое. Допунски ташна од каталог, плус ципела од пар стотини евра пар... она има мали приходи, а прилично големи расходи. Толку многу троши, што само Мајкрософт би можел тоа да го издржи. Секоја поврзаност на нејзината исклучително скапа гардероба, со нејзиното учество во јавните набавки за сметка на Мајкрософт, е случајност.
Можам да замислам како се чувствувале социјалдемократите, божем левата политичка опција која ги брани интересите на граѓаните, контра крупниот капитал... како се чувствувале во собраниската расправа за Топлификација.

ВМРО ја дисциплинира Топлификација, која не дава услуги за наплатените пари, и се заканува дека нема да грее, ако не и се плати максимално барана цена. На ова Груевски им стега закон по кој, ако не пуштат парно, им ја зима фирмата и го дава монополот на друг. Енде. Па ти сега курчи се и понатаму.

СеДеСето, како крап на дудинка, се фаќа на јадицата. Наместо на страна на граѓаните кои се ем ограбени, ем со ладни радијатори, решава да фати страна, отаде разумот. И, социјалдемократски, го брани крупниот капитал на Топлификација. Сред Собрание, пред камери и новинари.
Не знам кој ги праел овие од СеДеСето, ама до толку се единствени во визиите што веќе и физички си личат. Безусловно се од иста семка. Ги има толку многу вакви, што заедничкиот им татко мора да користел кинески кондоми. Со прописно поминат рок.

Ја друго, логично, објаснување немам.

http://vecer.com.mk/?ItemID=63C22907C744C64E9418E2AF05FBF3A4


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 19-12-2011

Бугарски генерал им продал руски хеликоптери на САД

Генералот на бугарските резервни воени сили Стефан Попов им продал три хеликоптери од руско производство Ми-24 на САД и успеал да заработи меѓу 25 илјади и 30 илјади долари по хеликоптер, јавуваат денеска бугарските медиуми.

Попов изјави дека успеал да ги продаде хеликоптерите за повеќе пари, отколку што биле потрошени за нив.

Тој истакна дека не знае за што Американците ќе ги користат овие хеликоптери и додаде дека повеќе нема да тргува со оваа техника, бидејќи нема пазари за неа.

Генералот Попов е пензиониран од бугарската армија како началник на военовоздухопловните сили.

Хеликоптерите, кои им ги продал на САД Попов ги купил во 2004 година, заедно со уште пет воени хеликоптери од фирмата „Снабдување и трговија на Министерството за одбрана“.

Моторите на повеќето хеликоптери не биле функционални, но по поправката би можеле да се користат во воени, транспортни и туристички цели, тврдат воени експерти. Според нив САД би можеле овие хеликоптери да ги користат и за обука на пилотите за извршување на разузнавачки мисии.

http://mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/34321/bugarski_general_im_prodal_ruski_helikopteri_na_sad.aspx


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 21-12-2011

Бугарија трета во ЕУ според намалената градба

Бугарија се наоѓа на третото место меѓу државите членки на ЕУ според намалување на градежната продукција во оваа година, покажуваат податоците на европската статистичка служба - Евростат.

Падот на градежништвото во Бугарија изнесува 9,5 отсто, а пред неа се само Португалија со намалување до 11,3 отсто и Словенија со пад од 25,3 отсто.

Раст на градбата е регистриран во Полска од 9,4 отсто, Шведска од 7,3 отсто и Германија од 1,6 отсто.

Градежништвото во еврозоната е во опаѓање од 2,8 отсто на годишни ниво, а во цела Унија за два отсто.

Во Бугарија е забележен и пад на цената на недвижностите, така што, на пример, во најпознатото одморалиште во земјата Сончев Брег двособен стан може да се купи за 16.000 евра.

http://mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/34434/bugarija_treta_vo_eu_spored_namalenata_gradba.aspx


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 21-12-2011

Секој трет бугарски работодовач планира намалување на бројот на вработените

Секој трет работодавач во Бугарија планира во текот на следната година да го намали бројот на вработените, покажуваат податоците на Бугарската трговска комора (БТК) за деловното опкружување во земјата.

Само осум отсто од учесниците во анкетата планира следната година да го зголеми бројот на вработени, 17 отсто работодавачи не размислува за тоа, а 46 отсто планираат бројот на вработени да остане ист.

Многу загрижувачка е и тенденцијата за се повеќе згаснати работни места. Така, во Бугарија во текот на 2010 година се згаснати околу 294.000 работни места, покажуваат резултатите од истражувањето на БТК.

http://mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/34415/sekoj_tret_bugarski_rabotodovach_planira_namaluvanje_na_brojot_na_vrabotenite.aspx

Извршниот претседател на Комората Божидар Данев соопшти дека е загрижувачки и падот на инвестиции во земјата од половина милијарда евра во првите девет месеци од годината. Според него, интересот на работодавачите во 2012 година ќе биде насочен кон ангажирање висококвалификувани работници. Најбарани се елктроинженерите и градежните инженери, а продолжува да опаѓа потребата за работници од општа струка, додаде Данев.


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 21-12-2011

И бугарските европарламентарци почнаа да ја менуваат страната во ЕП во корист на Македонија

Слободанка Јовановска

Известувачот Ричард Ховит си даде мисија да го обели образот на Брисел во Македонија, со тоа што отсега натаму ќе ја промовира придавката „македонски“, што ЕК веќе неколку години ја игнорира во извештаите за земјата. Ховит, на расправата за извештајот за Македонија, побара ЕУ што поскоро да назначи и амбасадор во земјата, бидејќи најавите се дека тој ќе дојде дури во март идната година. Иако најбитно, барањето на Ховит Македонија да добие датум за преговори не одекна со некаква силина, бидејќи Европскиот парламент во континуитет неколку години го бара тоа, а резултатот изостанува. Како и да е, околу потребата да не се блокира веќе земјата застанаа многу европарламентарци, а впечаток е дека на македонска страна почнаа да се престројуваат и тие од Бугарија.

Најгласен од нив беше Кристијан Вигенин, кој предупреди дека ситуацијата во Македонија се влошува од разни причини, но блокадата на евроинтеграцијата е една од нив.

„Комисијата три години препорачува преговори и тоа не може да се случи. Треба да ја земеме предвид чувствителноста за ова прашање на грчка страна, но и тешката ситуација во која е самата Македонија“, рече Вигенин. Според него, Парламентот не може да преговара место двете земји, но може да даде барем некои идеи, па ако ништо друго, Грција и Македонија барем да почнат повторно да разговараат за ова прашање.

И покрај познатата жалопојка за немањето слух за заедничките празници, заеднички историски комисии и негативни чувства кон Бугарите, и Евгениј Кирилов заклучи дека можеби е подобро Македонија да ги почне преговорите, па да се создаде основа за подобрување на односите меѓу нашата и нивната држава. „Прашањето за името не е само билатерално, туку го загрозува и политичкиот напредок“, констатираше и романска европарламентарка, која побара ЕУ да најде механизам за негово решавање, додека Алојз Петерле посочи дека неколку имиња се употребуваат за Македонија, а таа е спречена да напредува. И тој, како Ховит кажа „јас лично ќе ја користам придавката македонски“, бидејќи е преседан да се оспорува јазик на една држава и идентитет.

За Марија Елени Копа од ПАСОК не е точна констатацијата на Ховит за статус квото на Македонија како проблем за регионот, бидејќи со одлуките на Советот на ЕУ во статус кво ситуација се и Србија и Црна Гора. Таа се пожали што во извештајот не се споменува антиквизацијата бидејќи таа им одмагала на преговорите со Грција.

Извештајот на Ховит ќе претрпи амандмански измени и уште неколку читања, но генералната интонација (околу датумот) сепак тешко ќе се смени. Во него тој ја повика ЕУ да ја има предвид важноста на Хашката одлука и да не наметнува решение за спорот бидејќи не може да се постигне договор ако некоја од страните се чувствува како губитничка, а ја поздрави понудата од нашата влада да ни се даде рок за решавање на спорот додека би траел скрининг-процесот. Надвор од ова прашање, тој се приклучи на хорот барања да се декриминализира клеветата кон новинарите, да има правична распределба на рекламите во медиумите, МРТВ да стане објективен и непристрасен, а владата да покаже апсолутна посветеност на медиумскиот плурализам. Тој ги спомена и сите досега слушнати критики за сеприсутноста на корупцијата, за пристрасноста на судството, за неефикасната јавна администрација, за поделеноста во образованието по етничка линија, за дискриминација по разни основи...

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=8C278BA3C83FEF429EB9445E3ED75BAB


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 22-12-2011

Величествениот го отсвири третото полувреме

Кој кого имитира - филмот животот или обратно?

Кога бугарските европарламентарци неодамна реагираа дека филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски ја лажира историјата на нивната земја, всушност, ја отворија Пандорината кутија на изместени критериуми во политиката, историјата и во уметноста, во кои во периодот што следуваше се сплеткаа и актуелните филмови „Во земјата на медот и крвта“ на Анџелина Џоли, најновиот биографски филм за Маргарет Тачер, а богами и новолансираната турска ТВ-серија „Величествениот“, која веќе се прикажува и кај нас.

Што ги обединува сите овие креативни продукти? Протестот на публиката, обична и политичка, која од дела што припаѓаат во категоријата фикција бара историска веродостојност, каква што би посакувале нивните национални (или пријателски) средини. Познавачите не се изненадени од ваквата замена на тезите.

- Порано, до пред триесетина години, за нешто што е неверојатно се велеше „како во филм“. Сега, сите ние, опишувајќи ги нашите секојдневни активности, тоа што го живееме, велиме „тоа ми е филмот“ - вели Петар Волнаровски од Кинотеката на Македонија.

Па, „каков им е филмот“ на негодувачите на најновата филмска продукција?

Бугарските европарламентарци велат дека бугарските војници се негативно прикажани во контекстот на филмот „Трето полувреме“.

- Смешно е да се негираат злосторствата на Бугарија во Втората светска војна - велат од продукцијата на сé уште незавршениот филм на Митревски.


-----

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122111853529&id=9&prilog=0&setIzdanie=22461










RE: Македонските медии за България - Топорчо - 22-12-2011

Како преку ноќ се станува Бугарин

Со бугарскиот пасош добиваш работа, со македонскиот можеш само да отидеш на гости во Европа, кажуваат Македонци кои се изјаснуваат за бугари и аплицираат за бугарски пасош во потрага по подобар живот

Жаклина Хаџи-Зафирова
Станимир Вагленов „24 часа“

Јас, долупотпишаниот М.К., изјавувам дека имам бугарска национална свест и сум со бугарско потекло бидејќи моите родители... Вака оди една од изјавите која отвора врати за добивање на толку посакуваното бугарско државјанство кај нас, кое во моментов официјално го поседуваат 42.372 македонски граѓани. Некои го земаат поради студирање, но повеќето, како што велат, за да најдат парче леб во Европа, бидејќи поволностите кои ги имаат со бугарски пасош се многу - од тоа дека можат да студираат за многу помалку пари отколку кај нас, преку олеснувања за шоферите на камиони, па до можностите за заработка преку формирање мешовити бугарско-македонски фирми на кои им се отворени и вратите на Европа.

Македонците се рекордери во ловот по бугарски пасоши. Државјанството го добиваат најмногу за една година. Тоа ги разликува од државјаните на други земји, кои, исто така, аплицираат за бугарско државјанство. Ригорозни услови нема. Само неколку документи, од кои повеќето се изјави за бугарска национална свест - сопствена и на роднините од мајка, па до прадедо. Не се бараат ни конкретни докази за автентично бугарско потекло, како што е тоа случај со другите државјанства.

(Целосниот текст ќе може да го прочитате во утрешното печатено и електронско издание на „Утрински“)

Статијата е прочитана 902 пати.

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=7D66A8057662494D93F0FF22CEA6F1FE


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 22-12-2011

Во Софија објавени слики на скулптури со врзани очи во знак на протест

На интернет се објавени слики на скулптури во Софија со превез преку очите, со објаснување дека станува збор за протест поради едно отпуштање од работно место во Министерството за култура.

Авторите на невообичаениот протест објаснија дека протестираат поради отпуштањето на архитектот Јорданка Кандулкова, инаку директор на Националниот институт за неподвижно културно наследство.

Се наведува дека на Кандулкова не и е директно соопштено за отказот, туку за тоа е информирана во писмена форма.

http://mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/34693/vo_sofija_objaveni_sliki_na_skulpturi_so_vrzani_ochi_vo_znak_na_protest.aspx


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 22-12-2011

Секој втор Бугарин сака да работи во странство

Секој втор Бугарин сака да работи во странство, а околу 20 отсто ја одложуваат одлуката заради несигурноста дали ќе најдат ангажман и од страв дека може да бидат измамени, покажаа резултатите од анкетата на Институтот за истражување на општеството и наука при Бугарската академија на науките (БАН)

Истражувањето покажа дека 28 отсто од Бугарите сонуваат за нето плата меѓу 1.000 и 1.050 лева ( 500 до 525 евра), а секој петти сака чист месечен приход меѓу 750 и 1.000 евра.

Според истражувањето, главна причина што бугарските државјани ги тера да емигрираат се малите плати, стравот од невработеност, сиромаштијата и недостигот од перспектива за подобар живот.

Во истражувањето, извршено во периодот од октомври до декември, учествувале 1.273 вработени лица.

http://mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/34665/sekoj_vtor_bugarin_saka_da_raboti_vo_stranstvo.aspx