Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
Македонските медии за България - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: Mедиуми (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=9)
+--- Thread: Македонските медии за България (/showthread.php?tid=1784)

Pages: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 04-02-2013

МАКЕДОНЦИТЕ НЕМААТ НАЦИОАЛНИ ПРАВА КАЈ СОСЕДИТЕ

Статусот на Македонците во соседните Грција, Албанија и Бугарија и натаму не е решен. Македонците не можат слободно да се декларираат, доколку и соберат храброст за овој чекор, знаат...



Статусот на Македонците во соседните Грција, Албанија и Бугарија и натаму не е решен. Македонците не можат слободно да се декларираат, доколку и соберат храброст за овој чекор, знаат дека ќе бидат дискриминирани при остварување на нивните права во системот, велат Македонците учесници на годинешниот 9-ти по ред Семакедонски собир што се одржа викендов во Прилеп.

Во Грција реално живеат над половина милион Македонци, но притисокот велат, врз нив не прекинува, а заканите се секојдневие откако партијата „Златна зора“ партиципира во грчкиот парламент.


„Не ги оставаат народот, слободно да оди во нашата црвка, или да се декларира, ако се каже дека е Македонец, ќе има проблеми со фамилијата. Нема да му го земаат детето на работа, ако оди во банката, нема да може да земе данок, сите работи“, вели архимандрит Царкнез од Грција.


Според Македонците во Албанија, иако држвата е потписник на многу меѓународни документи, сепак не ги исполнува барањата, да им се даде право на сите малцинства слободно да се декларираат. Па, освен 5000-те Македонци од Мала Преспа,сите останати се обесправени.


„Нас споредено со другите држави, малку или минорно не признава како Македонци, ако не признава 5000 Македонци, ги негира 150.000 други Македонци“, вели Ефтим Митрески, уредник на весникот Преспа, во Албанија.

Во Бугарија, велат во ОМО Илинден, Македонците можат слободно да се декларираат, но оние кои имаат храброст да го направат тоа, свесни се дека
ќе имаа реперкусии при вработување, а дискриминари се и при остварувањето
на кои било други права низ институциите на системот.

„Актуелната власт во Бугарија, институциите, притисокот го вршат моментално
на друг начин, не јавен притисок, пропаганда против медиумите во Бугарија,
всушност ние и ги немаме нашите права“, вели Иван Хаџиев, од ОМО- Илинден.

Наспроти состојбата во овие три соседни држави, Македонците во Хрватска ги
уживаат сите права на системот, дури добиваат многу повеќе финансиска и
логистичка поддршка од државата при секоја нивна културна активност.

[ Моника Талеска ]

http://www.telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=6&item=23865



RE: Македонските медии за България - Топорчо - 04-02-2013

МАКЕДОНИЈА | 3. FEBRUARY 2013 - 13:09
Во Прилеп се одбележува 141 година од раѓањето на Гоце Делчево


По повод 141 година од раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев во Прилеп се одржува деветтиот Семакедонски собир во организација на Граѓанската иницијатива за национално, културно и духовно обединување на македонскиот народ.

На собирот присуствуваат претставници на здруженијата на Македонците од соседните земји и претставници на македонските институции. Во градската библиотека „Борка Талески“ вчера попладне, во рамки на собирот, почна тематската расправа „Улогата на политиката, научните институции и самостојните истражувачи во меѓусебното разбирање на народите на Балканот“.

Според организаторот, целта на средбите е Македонците да доаѓаат во татковината, да ги изнесат своите проблеми и да се разгледаат можностите како да и се помогне.

- Поводот на средбите е секогаш раѓањето на македонскиот великан Гоце Делчев, а собирот доби на тежина за меѓусебната комуникација на Македонците. Не може да кажеме дека решивме проблеми, но сериозно покренавме некои теми за да се решаваат проблемите и да им се помогне на Македонците, пред се нивното поврзување, комуникација со македонските институции, изјави Борис Темоски од Граѓанската иницијатива.

Македонците кои живеат во соседните земји посочија дека останува проблем тоа што не се целосно признаени како национално малцинство. Додадоа дека средбите многу им значат, а им недостасува поврзувањето со институциите во татковината.

- Отворени притисоци во Грција кон нас можеби нема, но потајни секако. Не престануваат одредени провокации. Нам ни е битно што ја имаме црквата, така можеме да се изразиме. Ни недостасува поголемната поддршка од македонските институции, вели архимандрит Никодим Царкњас.

Иван Хаџиев, потпретседател на „Омо Илинден“ изјави дека во моментов во Бугарија има силна пропагандата во медиумите, а Македонците се иронизираат, се одрекуваат.

- Ние како македонска организација се обидуваме, но отпорот е голем. Напорот за наша регистрација останува. Последно, имаме поднесено барање за регистрација на „Омо Илинден“ и на осми април чекаме одговор од окружниот суд, рече Хаџиев.

Ефтим Митревски, уредник на весникот „Преспа“ посочи дека во Албанија признаваат само 400-500 Македонци, а не 150 илјади Македонци.

- Радува фактот дека при последната посета на Албанија, македонскиот премиер Груевски на албанскиот колега Бериша отворено му кажа оти Македонците не се само во Мала Преспа, туку се во цела Албанија, потенцира Митревски.

Според директорот на Институтот за национална историја Драги Георгиев, комуникацијата на Македонците со татковината не е на задоволително ниво.

- Инситутот прави секакви напори и остварува контакти со здруженијата на Македонците. Комуникацијата треба да се подигне на повисоко нивцо. Од здруженијата треба да се иницираат проекти, идеи кои ние би ги поддржале. Институтите во Македонија работат на проекти, но кога би дошле и иницијативи од здруженијата од регионот во кој живеат, комуникацијата би била на повисоко ниво. Оваа средба во Прилеп е да се подигне комуникацијата, нагласи Георгиев.

Тој има став за зближувањето и меѓусебното разбирање на народите на Балканот.

- До тоа зближување би дошло кога би се оставиле на страна сите митови и хипотеки на национализам што ги носиме од минатото. Кога малку би се свртиле кон настани кои ги спојуваат народите, а такви има, запоставени се, кога би се ослободиле од тој национал-романтизам кој постои кај сите балкански народи, би се случило зближување. И ако политиката се остави на страна од чувствителните теми: јазикот, историјата, тогаш ќе го има разбирањето меѓу народите на Балканот, изјави Георгиев.

На 9. Семакедонски собир во Прилеп денеска продолжува тематската расправа во Градската библиотека „Борка Талески“ како и дружењето на претставниците на Македонците од соседните земји. Утре ќе биде посетен гробот на македонскиот великан Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“

http://www.sitel.com.mk/node/58099



RE: Македонските медии за България - Топорчо - 05-02-2013

04.02.2013, 17:18

Поголема поддршка за правата на Македонците во соседството


Експертите оценуваат дека и македонските здруженија треба да бидат носители на повеќе идеи за да се подигне нивото на соработка

МОНИКА ТАЛЕСКА



Прилеп - Сестрана поддршка на македонските здруженија бараат Македонците што живеат во Грција, Албанија и Бугарија за да ги остварат своите права. Но, оценка на експертите е дека и македонските здруженија треба да бидат носители на што повеќе идеи, за во соработка со институциите да се подигне и нивото на културна и научна соработка.

Ова се дел од заклучоците на 9. Семакедонски собир што по повод 141 година од раѓањето на Гоце Делчев во Прилеп го организираше Граѓанската асоцијација за културно, национално и духовно обединување „НЕ-ИМА“. На собирот Македонците од овие три држави повторно реагираат дека иако Грција и Бугарија се членки на Европската унија, и натаму има големи скриени притисоци од тамошните власти.

„Сите оние кои ја посетуваат црквата ги повикува полицијата и им забранува да доаѓаат, им се вели дека таа црква е против државата. А, состојбата на Македонците е уште потешка откако партијата Златна зора партиципира во грчкиот парламент. Секојдневни се заканите и притисоците што ги добиваме, но ние нема да се повлечеме“, вели архимандрит Царкназ од Грција.

Од „ОМО Илинден“, македонското здружение во Бугарија велат дека сите што јавно се декларираат како Македонци треба да бидат подготвени дека при конкурирање за работа или остварување на кое било друго право во државата ќе бидат дискриминирани во старт. Но, официјално ќе добијат друго образложение.

„Нам ни е потребна поголема соработка и со владините и со невладините организации во Македонија ако сакаме што поскоро да ги оствариме своите права. Официјално, јавно никој не ни забранува да ја искажеме слободно националната припадност, но потоа следи друга приказна“, вели Иван Хаџиев, од „ОМО Илинден“.

И во Албанија е иста приказната. Затоа Македонците инсистираат на поголема соработка со македонските власти.

„Треба еднаш да се прекине со синтагмата Македонците од Пустец, од Мала Преспа. Ние сме Македонци во Албанија и не' има многу, можеби 150.000, но треба да се охрабрат и другите и да се декларираат слободно“, вели Ефтим Митрески, уредник на весникот „Преспа“ од Албанија.

Наспроти овие случувања, Македонците, како малцинство се дел од Уставот на Хрватска. Ги уживаат сите права на системот, дури и државата вложува многу во финансирање на активностите кои придонесуваат за промоција на македонската култура и јазик на овие простори.

„Во Хрватска функционираат шест школи на македонски јазик, во Осиек, Загреб, Сплит, Пула, Винковци и Вуковар. Доставивме проект во македонското Министерство за надворешни работи и сега очекуваме поддршка за да се подобри образованието на овие деца“, вели Орце Ламбевски, претседател на Заедницата на Македонците во Хрватска.

Експертите на собирот се на мислење дека треба да се интензивира соработката меѓу Македонците во сите соседни држави. Треба да доставуваат свои идеи и проекти кои би помогнале за поголем културен развој и издигање на соработката на повисоко научно ниво.

Претседателот на „НЕ-ИМА“, Борис Темоски, смета дека треба да се зголеми и присуството на македонските институции, истражувачи, во медиумите во соседните држави.

„Нашето истражување покажува дека медиумите не се толку затворени, дека може да се анимираат и да се најде меѓусебна соработка, да се слушне и македонската страна на проблемите. Така, всушност, и полесно ќе се отворат проблемите и ќе се дојде чекор поблиску до изнаоѓање адекватни решенија“, апелира Темоски.


http://utrinski.com.mk/?ItemID=AD3EA1C1D325914BAFDD2864183A6CE6


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 05-02-2013

Попоски не верува во добрососедството на Бугарија

Шефот на дипломатијата Никола Попоски не соопшти ништо конкретно околу трите средби на работните групи на министерствата за надворешни работи на Македонија и на Бугарија бидејќи, како што рече, се' уште нема конкретни заклучоци од нив.

„Комуникацијата меѓу работните групи се однесува на сите домени за кои сме поднеле иницијатива и за кои сметаме дека можат да бидат пресретнати од нашиот сосед. Во тој контекст има многу работи што можеме да ги реализираме независно од имање или немање договор, бидејќи соработката се гради преку конкретни гестови“, соопшти Попоски. Тој индиректно ја проблематизираше искреноста на Софија за добрососедство, а во контекст на амандманите што нејзините парламентарци ги поднесоа во Советот на Европа, и со кои се избриша македонското малцинство.

„Доколку сме за градење добрососедски односи, треба, и преку она што го предлагаме како амандмани, да изразиме определена тенденција за добрососедство. Јас тргнувам секогаш од принципот дека не треба да го правиш она што не сакаш да ти го прават тебе. Мислам дека имаме многу широк материјал и многу добра билатерална основа за соработка која може и натаму да не' приближува и да не' европеизира во односите, па таму треба да ја фокусираме енергијата, а не да ја трошиме на оние работи кои може секогаш да бидат злоупотребени за креирање перцепција за немање добрососедство“, и порача Попоски на Софија.

Изјавата Попоски ја даде по средбата со Горан Свилановиќ, од Регионалниот совет за соработка, кој престојуваше во Скопје за да договори соработка во рамките на претседавањето на Македонија со процесот за Југоисточна Европа. Притоа тој нагласи два приоритети на Советот во наредниот период, односно развој на стратегија за регионална соработка на регионот до 2020 година по примерот на таа во ЕУ, и засилено користење на фондовите на ЕУ. Околу вториот приоритет тој нагласи дека досега само половина од средствата во ИПА-фондовите биле искористени во регионот. „Тоа е лоша статистика за нас во регионот и многу лоша статистика за нашиот партнер ЕУ“, порача Свилановиќ, додавајќи дека сега ќе се бара од Брисел ИПА-2 инструментот да биде приспособен на апсорпциската моќ на земјите во регионот.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=39388BDC116E914282EE9282E8FC1D96


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 05-02-2013

Канонада од грчки и бугарски амандмани за Резолуцијата за Македонија во ЕП





Канонада од бугарско-грчки амадмани за Резолуцијата за Република Македонија што во април оваа година треба да ја донесе Европскиот парламент, јавува допинсикот на МИА од Брисел. Поднесени се вкупно 203 амадмани на предлог-Резолуцијата на известувачот Ричард Ховит, од кои дури 92 амадмани се на бугарските, а 35 на грчките европарламентарци.



Најголем број на предлог-измени во Резолуцијата дава либералот Станимир Илчев кој заедно со Андреј Ковачев (Европски народни партии) или посебно има поднесено 30 амандмани. Зад него е пратеникот од бугарска атака, Димитар Стојанов со 25 амадмани, при што најголемиот дел од нив ригидни, навредливи и апсолутно одат контра добрососедството што Евроспката унија го бара од Македонија и Бугарија. Посочениот Ковачев има поднесено 24 амандмани (сам или заедно со Илчев), додека кај Грците, предничи Николаос Салавракос (партија Народен православен собир) со 15 предлог-измени на Резолуцијата што ја предложи известувачот Ховит. По него следуваат Марија Елени-Копа (Социјалдемократи) и Мариета Јанаку (ЕПП) со по осум амадмани.

Интересно, но и самиот известувач Ховит има поднесено над 20 амадмани на својот предлог што минатиот месец го претстави пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент.

Канонадата од Бугаринот Стојанов започнува со амадман во кој се посочува дека „продолжува нетолерантноста и проследувањето на лицата со бугарска самосвет”, при што бара да се земе предвид, според него,„насилствата во Собранието пред крајот на минатата година, кога опозициски пратеници беа тепани и изнесувани на сила надвор од пленарната сала“. Тој исто така бара во Резолуциајта да влезе дека „опозициската СДСМ превзема дејства што не одговараат на европските стандарди за толерантност поради случајот кога нејзини општинки советници во Скопје скандираа „Мрсни Бугари!“ кон своите колеги од општинскиот совет по повод преименување на улица. Тој обвинува за Спаска Митрова, за отстранувањето на спомен-плочата на Мара Бунева, дека е нападнат бугарски амбасадор во Скопје, а и тоа оти годинава започнала „полициска репресија против лица што работат како посредници меѓу бугарските власти и граѓаните што сакаат да добијат бугарско државјанство, со цел да се влее страв кај лицата со бугарска самосвест”, наведува Стојанов.

Пратеникот од бугарска АТАКА вели и дека е влошена политичката ситуација во нашата земја и бара тоа да се земе предвид во однос на пристапувањето кон Европската унија. Во однос на ова прашање, Илчев од Либералите и Ковачев од ЕПП се малку поконструктивни, но и тие приговараат за „негативни консеквенци на лицата што отворено го изразуваат својот бугарски идентитет” и бараат тоа да се земе предвид при одлучувањето на Самитот на ЕС во јуни оваа година.

Известувачот Ховит, како и Едвард Кукан (ЕПП), Моника Маковеј (ЕПП), Мари Корнелисен (либерали), Чарлс Тенок (Конзервативна партија), сите до еден во посебни или заеднички амадмани инсистираат Република Македонија да ги почне пристапните преговори без одлагање (жалат што и досега тоа не е сторено), според она што го бара и Европската комисија во последниот извештај.

Ховит со амадман бара и „решавање на билатералните прашања во констурктивен дух и земајќи ги предвид севкупните интереси на ЕУ и вредностите на Унијата”.

- Во врска со одлуката на Советот да ги отвори пристапните преговори со Македонија пред крајот на јуни оваа година, инсистираме дека билатералните прашања не значи дека треба да ги опструираат преговорите за членство во Европската унија, се вели во амадманот поднесен од Маковеј, Тенок и Кристијан Дан Преда (ЕПП).

„Добрососедски односи” и „брзо решавање на спорот со името” е најчестата фраза што се употребува во амандманите на бугарските и грчките европратеници, заедно со поддршка на делувањето на македонската опозиција и барање да се осуди власта во Македонија за политичката криза, која според нив треба да влијае на евроинтегративните процеси на државата.

Бугарите Ковачев и Илчев бараат „властите да усвојат пристап кон историјата базиран на фактите, особено во однос на едукативните материјали и јавни настапи, како во земјата, така и на меѓународно ниво, со цел да се намалат меѓуетничките и регионалните тензии“. „Ги повикуваме властите да воведат едукативни материјали без идеолошки интерпретации на историјата и говор на омраза против соседните земји, лево од комунистичката ера”.

Гркинката Марија Елени-Копа има остар став и во својот амадман остро бара да не почнат преговорите за членство на нашата земја во ЕУ, без претходно решавање на билатералните проблеми, иако истата таа лани поднесе амадман кој влезе во Резолуција за стратегија на проширување на ЕУ, каде се вели дека една земја не може влезе во Унијата без решени билатерални проблеми. Таа сега оди против својата резолуција, оти бара решавање на таквите отворени прашање пред почеток на пристапните преговори.

Она што го најави, бугарскиот европратеник Димитар Стојанов го приложи и како амадман, а тоа е барање од Европската комисија да прекине со натамошно финансирање на нашата земја од Инструментот за предпристапна помош (ИПА)! Според Стојанов, она што тој бара да влезе во Резолуцијата на ЕП, како што наведува е „поради говорот на омраза, не е оправдано средствата на европските даночни обврзници да бидат потрошени за финансирање на политиките на земја-кандидат”.

Стојанов бара македонските власти да ја почитуваат одлуката на Европскиот суд во врска со човековите права и „да ја регистрираат организацијата на луѓето со бугарска самосвест ‘Радко’ како политичка партија“. Исто така, тој бара да престане државното финансирање на културни проекти, посочувајќи го за пример филмот „Трето полувреме”, каде според него „се изнесени шпекулативни сугестии и искрени историски лаги и нанесуваат тешка навреда на бугарските народ и имаат за цел да ги провоцираат добрососедските трендови меѓу граѓаните на Бугарија и земјата-кандидат”.

Но, пратеникот од АТАКА тука не застанува, па тој има и амадман со кој бара Европскиот парламент да ја повика Владата на БЈР Македонија (н.з. така ја условува нашата земја, иако е признаена под Уставното име од неговата држава) да покаже волја за добрососедство, како што напоменува „со тоа што ќе го реши со децении мародерското уривање и исмевање на бугарските воени гробишта на нејзина територија”.

Неговиот сограѓанин Илчев со амадман сака ЕП да побара од македонската Влада „да биде внимателна во врска со државното финансирање на културни проекти што ги заоструваат добрососедските односи”

Гркинките Елени Копа и Јанаку, нивниот сограѓанин Николаос Шунтис, како и Бугарите Стојанов, Илчев и Ковачев имаат идентични амадмани за да се избрише предлогот на известувачот Ховит за да се поздрави употребата на придавката „македонски” во последниот извештај на Европската комисија. Притоа, пратеникот Шунтис дури бара и да се избрише придавката и Комисијата, како и ЕП истата да не ја употребуваат.

Грците и Бугарите имаат идентични амадмани и на предлогот на Ховит дека „Европарламентот се согласува со Комисијата дека земјата ги исполнува сите политички критериуми”, па Салавракос и Кирилов бараат да се стави „сериозна загриженост за последните политички случувања и почитување на демократијата”, додека Стојанов сака дециден став од ЕП дека “земјата не ги исполнува политичките критериуми”!

Стојанов оди понатаму и бара да не се употребува терминот „Бугарин” во нашата земја а во врска со национална припадност, бидејќи, според него, тоа било пејоративно и навредливо обраќање во политичката дебата и бара политичките сили „да го исчистат својот говор од јазикот на омраза”.

Романката Норика Николај (либерали) и Британецот Чарлс Тенок имаат амадман со кој жалат за последните политички случувања во земјата и потсетуваат дека „Собранието е примарен форум за дебата во парламентарната демократија и ја охрабруваме опозицијата да се врати во парламентот, со цел да ги претставуваат граѓаните кои гласале за нив на последните избори, а ја храбриме Владата да ги превземе сите можни чекори за обновување на политички дијалог и да се создадат услови за ефективна и транспарентна активност на Собранието”.

Бугаринот Кристијан Вигенин сака ЕП да се обврзе дека „настаните поврзани со контроверзното носење на буџетот за 2013 година во Собранието во декември 2012 година, значи сериозен чекор назад во политичкиот дијалог и функционирањето на демократските институции во земјата”, при што повикува Владата да ја превземе одговорноста во овој поглед и да се вклучи во конструктивен дијалог со опозицијата, кој би се одвивал во парламентот како клучна демократска институција.

Николаос Салавракос има амандман со кој бара ЕП да изрази „загриженост за употребата на историски аргументи во сегашната дебата во однос на добрососедските односи, вклучувајќи го и феноменот „антиквизација“ што ги зголемува тензиите со соседните земји и носи нови поделби”. Речиси идентични се и амадманите на Јанаку, но и на Бугарите Кирилов и Илчев. А, токму бугарските европратеници Ковачев, Кирилов и Илчев бараат “формирање на заеднички експертски групи за историја и обрзаование со Бугарија и Грција, со цел да се овозможи толкување на историјата базирана на факти, зајакнување на академската соработка и промовирање на позитивни ставови на младите кон своите соседи.”

Самиот известувач Ховит има неколку амадман со кој наместо „засилување на изборниот Код и зголемување на транспарентноста на финансирањето на политичките партии и целосна имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР”, сега бара „превземање на акција за целосна имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР со цел зголемување на транспареннтоста во финансирањето на партиите”. Тој предлага и цел нов параграф во врска со политичките случувања во Македонија.

- Ги забележуваме со загриженост последните политички случувања во земјата со кои се ризикува оттргнување на сите страни во клучното време за пристапување во ЕУ пред дискусиите на Европскиот совет. ЕП верува дека Собранието е примарен форум за соочување и решавање на прашања и се повиквуаат сите партии да се вклучат конструктивно во парламентарен дијалог и притоа ги пзодравуваме состаноците меѓу Владата и лидерите на опозицијата и личното лидерство од страна на комесарот за проширување. Договорена резолуција и враќање на парламентарната расправа ќе биде во интерес на сите политички партии во земјата во рамки на агендата за интеграција во ЕУ и НАТО, но и позитивна акција на домашните економски околности, што е од клучно значење за иднината на сите граѓани, без разлика на нивната политичка припадност, вели Ховит во амандманот.

Повик за враќање на опозициската СДСМ во Парламентот и учество на локалните избори, со цел да не влијае таквата ситуација на евроинтеграцијата на Македонија, има и во уште неколку други амадмани.

Британскиот европарламентарец инсистира и на амандман со кој македонската Влада, по пресудата на Високиот судски совет на Европскиот суд за човекови права од 13 декември 2012 година, без одлагање ќе испрати официјално извинување, ќе му исплати надомест на штета и ќе создаде меѓународна комисија за истрага на случајот Калид Ел-Масри од 31 декември 2003 година и неговиот 23-дневен притвор во Скопје.

Ховит, но и други европратеници од „групата на пријатели на Македонија” како Тенок, Маковеј и Кукан, имаат повеќе амадмани со кои се поздравуваат судските реформи во нашата земја и бараат нивно зајакнување. Словенката Тања Фајон има и амадман во кој изразува жалење за падот на Македонија на листата на „Репортери без граници” во врска со слободата на медиумите.

- Затоа, повикуваме на зајакнување на професионалните стандарди во новинарството, истражувачко новинарство, промовирање на медиумски плурализам, независност на јавниот радиодифузер и транспарентност во сопственоста на медиумите. Поради недостаток на саморегулаторен орган за медиумите, постои широка автоцензура кај новинарите и голем дел од кампањите што се финансирани од Владата завршуваат кај пријателските медиуми на Владата, се вели во амандманот на Фајон.

Голем дел од европратениците во своите амадмани ја поздравуваат декриминализацијата на клеветата и навредата, но речиси сите бараат обезбедување независност на новинарите и медиумски плурализам во земјата. Повеќето од нив, меѓу кои и бугарски членови на Европарламентот, имаат амадмани со кои инсистираат да се задржи безвизниот режим за Република Македонија, како клучен бенефит за граѓаните на нашата земја.

Во врска со политиките за анти-дискриминација, Бугарите Стојанов, Илчев, Ковачев и Кирилов инсистораат на „важноста од спречување на дискриминација по етничка основа, вклучувајќи и дискриминација на граѓаните што отворено го изразуваат својот бугарски идентитет и етничка припадност”.

Голем дел од амадманите имаат и позитивна нота во врска со ангажманот на македонската Влада во развојот и изградбата/доградбата на делници од оридорите 8 и 10. Интересен предлог имаат унгарскиот пратеник, академик Ѓорѓи Шопфлин и Германецот Михаел Гелер, двајцата од Европските народни партии. Тие во амандман ги поздравуваат напорите во процесот за расчистување со комунистичкото минато и јавното откривање на имињата на соработниците на поранешната југословенска тајна служба, како и продолжување на рокот на применливост на Законот за лустрација до донесувањето на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

- Во исто време, ги охрабруваме властите да ги побараат архивите на југословенската тајна служба од Србија и во процесот на лустрација да го вклучат и персоналот од разузначавките и контра-разузнавачките служби. Го охрабруваме мандатот на Комисијата за утврдување на фактите со пренесување на сите потребни документи од разузнавачките и контра-разузнавачките служби во просториите на Комисијата на трајна основа и ја нагласуваме потребата за реформа на безбедносниот сектор и зајакнување на парламентарниот надзор на разузнавачките и контра-разузнавачките служби, се вели во амандманот на европратениците Шопфлин и Гелер.

- Ирското претседателство со Европската унија да води интензивна дипломатија за да се обезбеди договор до јуни оваа година да се отворат пристапните преговори за членство на Македонија во ЕУ. Тоа може да биде пресвртница во односите со соседите и понатамошни реформи, ова е клучниот предлог на известувачот Ховит од првата верзија, заедно со поздравување и барање за почитување на пресудата на Меѓународнито суд на правдата во Хаг во корист на Македонија наспроти блокадите од Грција.

За овие прашања има голема поддршка во Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ). Првпат по однос на поднесените амандмани, АФЕТ ќе расправа на 25. февруари, а ќе гласа на 4 март. Подготвената Резолуција за Република Македонија, Европскиот парламент е најавено дека ќе ја усвојува меѓу 15 и 18 април оваа година.

http://www.sitel.com.mk/kanonada-od-grchki-i-bugarski-amandmani-za-rezolucijata-za-makedonija-vo-ep


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 05-02-2013

Балканликс: Борисов поврзан со подземјето

05.02.2013 | 14:52РегионПрочитано: 309
Премиерот Бојко Борисов пред стапувањето на политичката сцена во Бугарија работел како известувач за безбедносните сили на Бугарија, тврди сајтот Балканликс.

Борисов ги демантира тврдењата за вмешаност во ивестувањето за структурите на силите за безбедност на Бугарија додека се наоѓал на чело на една компанија за осигурување.

Тој смета дека зад сето ова се крие главната опозициска партија во земјата, Социјалистичката партија, како и одредени енергетски лобија.

Во документот објавен вчера на страницата Балканликс се наведува дека Борисов работел како известувач за Канцеларијата за борба против организираниот криминал, додека бил сопственик на една приватна компанија за осигурување. Во истиот документ се наведува дека Борисов во 1996 година имал добри односи и со подземјето во Бугарија.

Меѓутоа Борисов изјави дека таквите тврдења се резултат на пропагандата насочена против него пред општите избори, кои треба да се одржат ова лето.

- Го поддржавме проектот НАБУКО и го стопиравме проектот за Централата за нуклеарна енергија Белене. Некои кругови, кои се против оваа одлука очигледно на овој начин сакаат да го покажат своето несогласување, додаде Борисов.

http://24vesti.mk/balkanliks-borisov-povrzan-so-podzemjeto


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 05-02-2013

Ето как груйовата телевизия работи за подобруване на односите

БАЛКАН | 5. FEBRUARY 2013 - 14:54
Балканликс го поврза бугарскиот премиер со подземјето

Премиерот Бојко Борисов пред стапувањето на политичката сцена во Бугарија работел како известувач за безбедносните сили на Бугарија, тврди сајтот Балканликс.



Борисов ги демантира тврдењата за вмешаност во ивестувањето за структурите на силите за безбедност на Бугарија додека се наоѓал на чело на една компанија за осигурување.

Тој смета дека зад сето ова се крие главната опозициска партија во земјата, Социјалистичката партија, како и одредени енергетски лобија.

Во документот објавен вчера на страницата Балканликс се наведува дека Борисов работел како известувач за Канцеларијата за борба против организираниот криминал, додека бил сопственик на една приватна компанија за осигурување. Во истиот документ се наведува дека Борисов во 1996 година имал добри односи и со подземјето во Бугарија.

Меѓутоа Борисов изјави дека таквите тврдења се резултат на пропагандата насочена против него пред општите избори, кои треба да се одржат ова лето.

- Го поддржавме проектот НАБУКО и го стопиравме проектот за Централата за нуклеарна енергија Белене. Некои кругови, кои се против оваа одлука очигледно на овој начин сакаат да го покажат своето несогласување, додаде Борисов

http://sitel.com.mk/balkanliks-go-povrza-bugarskiot-premier-so-podzemjeto




RE: Македонските медии за България - Топорчо - 05-02-2013

Германски градови се жалат на раст на имиграцијата од Југоисточна Европа



Имиграцијата од Југоисточна Европа во Германија е значително зголемена во последните години и општините се мачат да го прифатат овој наплив.

Германските градови во моментов внимателно го следат проблемот и може да побараат помош од федералната влада или дури и од Европската унија, сооопшти списанието „Шпигел“.

Германските градови се растревожени од растечкиот број Романци и Бугари кои имигрираа во Германија во текот на последните години.

„Социјалниот баланс и социјалниот мир се крајно загрозени“, се наведува во внатрешен документ на Германската асоцијација на градови.

Во документот се забележува дека многу имигранти од Југоисточна Европа се настануваат во градски реони каде веќе има висока невработеност.

Се посочува дека проблеми со прифаќањето на големиот број новодојденци имаат посебно Берлин, Дортмунд, Дуисбург, Хамбург, Хановер, Минхен и Офенбах.

Во некои градови имиграцијата од Бугарија и Романија од 2006 година до сега се зголемила за шест пати.

Особена загриженост, според документот, буди фактот дека многу од имигрантите од Југоисточна Европа се финансиски нестабилни и не се добро образовани, со што за нив е речиси невозможно да си најдат работа, кога ќе пристигнат во Германија.

Во него се забележува дека напливот од Роми претставува особено тежок предизвик, ако се има предвид дека тие често пати живеат во мизерни услови.

Според документот, германските општини се исправени пред „значителни трошоци како резултат на овие миграции на сиромаштијата“.

- Очекуваме сериозна поддршка од федералната влада, за „Шпигел“ изјави Детлеф Шееле, одговарен за социјалната политика на Хамбург.

Тој, исто така, повика проблемот да се разгледа неделава на средбата на работната група, која ги претставува германските провинции.

Не само во Германија има загриженост од зголемувањето на имиграцијата од Бугарија и Романија. Во документот на асоцијацијата се посочува дека градовите во другите европски земји, исто така, покажуваат тешкотии да ги примат имигрантите

http://www.sitel.com.mk/germanski-gradovi-se-zhalat-na-rast-na-imigracijata-od-jugoistochna-evropa


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 05-02-2013

Брисел: Грчките и бугарските европратеници распалија со амандмани по Резолуцијата за Македонија

Вкупно 127 амандмани поднесоа грчките и бугарските европратеници на предлог Резолуцијата за Република Македонија што во април годинава треба да ја донесе Европскиот парламент, јави дописникот на МИА од Брисел. Поднесени се вкупно 203 амадмани на предложената Резолуција од известувачот Ричард Ховит, од кои дури 92 амадмани се на бугарските, а 35 на грчките европарламентарци.

Најактивни биле пратениците од Бугарија, либералот Станимир Илчев и Андреј Ковачев (Европски народни партии) кои поднесоа 30 амандмани. Европратеникот од бугарската партија Атака Димитар Стојанов поднел 25 амадмани. Дописникот на МИА јавува дека најголемиот дел од нив се ригидни, навредливи и апсолутно одат контра добрососедството што Евроспката Унија го бара од Македонија и од Бугарија.

Од грчките европратеници предничи Николаос Салавракос со 15 предлог-измени на Резолуцијата.

Интересно, но и самиот известувач Ховит поднел 20 амадмани на својот предлог што минатиот месец го претстави пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент.

Во еден од своите амандмани Ковачев вели дека „продолжува нетолерантноста и проследувањето на лицата со бугарска самосвет”, при што бара да се земат предвид „насилствата во Собранието пред крајот на минатата година, кога опозициски пратеници беа тепани и изнесувани на сила надвор од пленарната сала“. Тој исто така бара во Резолуцијата да влезе дека „опозициската СДСМ презема дејства што не одговараат на европските стандарди за толерантност поради случајот кога нејзини општинки советници во Скопје скандираа „мрсни Бугари!“ кон своите колеги од општинскиот совет по повод преименување на улица“. Тој обвинува за Спаска Митрова, за отстранувањето на спомен-плочата на Мара Бунева, за наводниот напад на бугарскиот амбасадор во Скопје, а и тоа оти годинава почнала „полициска репресија против лица што работат како посредници меѓу бугарските власти и граѓаните што сакаат да добијат бугарско државјанство, со цел да се влее страв кај лицата со бугарска самосвест.”

Пратеникот од бугарската Атака вели и дека е влошена политичката ситуација во нашата земја и бара тоа да се земе предвид во однос на пристапувањето кон ЕУ.

Известувачот Ховит, како и Едвард Кукан (ЕПП), Моника Маковеј (ЕПП), Мари Корнелисен (либерали), Чарлс Тенок (Конзервативна партија), сите до еден во посебни или заеднички амадмани инсистираат Република Македонија да ги почне пристапните преговори без одлагање (жалат што и досега тоа не е сторено), онака како го бара и Европската комисија во последниот извештај.

Ховит со амадман бара и „решавање на билатералните прашања во констурктивен дух и земајќи ги предвид севкупните интереси на ЕУ и вредностите на Унијата”.

http://www.mkd.mk/95686/makedonija/brisel-grckite-i-bugarskite-evropratenici-raspalija-so-amandmani-po-rezolucijata-za-makedonija/


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 05-02-2013

Канонада грчки и бугарски амандмани за Резолуцијата за Македонија во ЕП



Канонада од бугарско-грчки амадмани за Резолуцијата за Република Македонија што во април оваа година треба да ја донесе Европскиот парламент, јавува допинсикот на МИА од Брисел. Поднесени се вкупно 203 амадмани на предлог-Резолуцијата на известувачот Ричард Ховит, од кои дури 92 амадмани се на бугарските, а 35 на грчките европарламентарци.

Најголем број на предлог-измени во Резолуцијата дава либералот Станимир Илчев кој заедно со Андреј Ковачев (Европски народни партии) или посебно има поднесено 30 амандмани. Зад него е пратеникот од бугарска атака, Димитар Стојанов со 25 амадмани, при што најголемиот дел од нив ригидни, навредливи и апсолутно одат контра добрососедството што Евроспката унија го бара од Македонија и Бугарија. Посочениот Ковачев има поднесено 24 амандмани (сам или заедно со Илчев), додека кај Грците, предничи Николаос Салавракос (партија Народен православен собир) со 15 предлог-измени на Резолуцијата што ја предложи известувачот Ховит. По него следуваат Марија Елени-Копа (Социјалдемократи) и Мариета Јанаку (ЕПП) со по осум амадмани.

Интересно, но и самиот известувач Ховит има поднесено над 20 амадмани на својот предлог што минатиот месец го претстави пред Комитетот за надворешни работи (АФЕТ) на Европскиот парламент.

Канонадата од Бугаринот Стојанов започнува со амадман во кој се посочува дека „продолжува нетолерантноста и проследувањето на лицата со бугарска самосвет”, при што бара да се земе предвид, според него,„насилствата во Собранието пред крајот на минатата година, кога опозициски пратеници беа тепани и изнесувани на сила надвор од пленарната сала“. Тој исто така бара во Резолуциајта да влезе дека „опозициската СДСМ превзема дејства што не одговараат на европските стандарди за толерантност поради случајот кога нејзини општинки советници во Скопје скандираа „Мрсни Бугари!“ кон своите колеги од општинскиот совет по повод преименување на улица. Тој обвинува за Спаска Митрова, за отстранувањето на спомен-плочата на Мара Бунева, дека е нападнат бугарски амбасадор во Скопје, а и тоа оти годинава започнала „полициска репресија против лица што работат како посредници меѓу бугарските власти и граѓаните што сакаат да добијат бугарско државјанство, со цел да се влее страв кај лицата со бугарска самосвест”, наведува Стојанов.

Пратеникот од бугарска АТАКА вели и дека е влошена политичката ситуација во нашата земја и бара тоа да се земе предвид во однос на пристапувањето кон Европската унија. Во однос на ова прашање, Илчев од Либералите и Ковачев од ЕПП се малку поконструктивни, но и тие приговараат за „негативни консеквенци на лицата што отворено го изразуваат својот бугарски идентитет” и бараат тоа да се земе предвид при одлучувањето на Самитот на ЕС во јуни оваа година.

Известувачот Ховит, како и Едвард Кукан (ЕПП), Моника Маковеј (ЕПП), Мари Корнелисен (либерали), Чарлс Тенок (Конзервативна партија), сите до еден во посебни или заеднички амадмани инсистираат Република Македонија да ги почне пристапните преговори без одлагање (жалат што и досега тоа не е сторено), според она што го бара и Европската комисија во последниот извештај.

Ховит со амадман бара и „решавање на билатералните прашања во констурктивен дух и земајќи ги предвид севкупните интереси на ЕУ и вредностите на Унијата”.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=F80A4119B3949C499091FDD0E25A0488


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 06-02-2013



Грците и Бугарите ја нападнаа Македонија!


Гркинките Елени Копа и Јанаку, нивниот сограѓанин Николаос Шунтис, како и Бугарите Стојанов, Илчев и Ковачев имаат идентични амандмани за да се избрише предлогот на известувачот Ховит за да се поздрави употребата на придавката "македонски" во последниот извештај на ЕК

Канонада од бугарско-грчки амандмани за Резолуцијата за Република Македонија што треба да ја донесе Европскиот парламент во април годинава, јавува дописникот на МИА од Брисел. На Предлог-резолуцијата на известувачот Ричард Ховит поднесени биле вкупно 203 амандмани, од кои дури 92 амандмани се на бугарските, а 35 на грчките европарламентарци.

Најголем број Предлог-измени на Резолуцијата дал либералот Станимир Илчев, кој заедно со Андреј Ковачев (Европски народни партии) или посебно, има поднесено 30 амандмани. Зад него е пратеникот Димитар Стојанов, со 25 амандмани, при што најголемиот дел од нив се ригидни, навредливи и апсолутно одат контра добрососедството што го бара Европската унија од Македонија и Бугарија. Посочениот Ковачев има поднесено 24 амандмани, додека кај Грците предничи Николаос Салавракос (партија Народен православен собир) со 15 Предлог-измени на Резолуцијата што ја предложи известувачот Ховит. По него следуваат Марија Елени-Копа (Социјалдемократи) и Мариета Јанаку (ЕПП) со по осум амандмани.

Интересно, но и самиот известувач Ховит има поднесено над 20 амандмани на својот предлог што минатиот месец го претстави пред Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент. Канонадата од Бугаринот Стојанов започнува со амандман во кој се посочува дека "продолжува нетолерантноста и проследувањето на лицата со бугарска самосвест", при што бара да се земат предвид, според него, "насилствата во Собранието пред крајот на минатата година кога опозициски пратеници беа тепани и изнесувани на сила надвор од пленарната сала". Тој исто така бара во Резолуцијата да влезе дека "опозициската СДСМ презема дејства што не одговараат на европските стандарди за толерантност поради случајот кога нејзини општински советници во Скопје скандираа "Мрсни Бугари!" кон своите колеги од општинскиот совет по повод преименување на улица. Тој обвинува за Спаска Митрова, за отстранувањето на Спомен-плочата на Мара Бунева, дека е нападнат бугарски амбасадор во Скопје, дури и тоа дека годинава започнала "полициска репресија против лица што работат како посредници меѓу бугарските власти и граѓаните што сакаат да добијат бугарско државјанство, со цел да се влее страв кај лицата со бугарска самосвест". Пратеникот од бугарска АТАКА барал тоа да се земе предвид, како што рекол, влошената политичка ситуација во нашата земја. Во однос на ова прашање, Илчев од Либералите и Ковачев од ЕПП се малку поконструктивни, но и тие приговараат за "негативни консеквенции на лицата што отворено го изразуваат својот бугарски идентитет" и бараат тоа да се земе предвид при одлучувањето на Самитот на ЕС во јуни оваа година. Известувачот Ховит, како и Едвард Кукан (ЕПП), Моника Маковеј (ЕПП), Мари Корнелисен (либерали), Чарлс Тенок (Конзервативна партија), сите до еден во посебни или заеднички амандмани инсистираат Република Македонија да ги почне пристапните преговори без одлагање (жалат што и досега тоа не е сторено), според она што го бара и Европската комисија во последниот извештај.

Ховит со амандман бара и "решавање на билатералните прашања во конструктивен дух и земајќи ги предвид севкупните интереси на ЕУ и вредностите на Унијата".
- Во врска со одлуката на Советот да ги отвори пристапните преговори со Македонија пред крајот на јуни оваа година, инсистираме дека билатералните прашања не треба да ги опструираат преговорите за членство во ЕУ, се вели во амандманот поднесен од Маковеј, Тенок и Кристијан Дан Преда (ЕПП).

"Добрососедски односи" и "брзо решавање на спорот со името" била најчестата фраза во амандманите на бугарските и грчките европратеници.
Бугарите Ковачев и Илчев барале "властите да усвојат пристап кон историјата базиран на фактите, особено во однос на едукативните материјали и јавни настапи, како во земјата, така и на меѓународно ниво, со цел да се намалат меѓуетничките и регионалните тензии".
Она што го најави бугарскиот европратеник Димитар Стојанов го приложи и како амандман, а тоа е барање од ЕК да прекине со натамошно финансирање на нашата земја од Инструментот за претпристапна помош (ИПА)! Тој има и амандман со кој бара ЕП да ја повика Владата на ПЈР Македонија (н.з. така ја условува нашата земја, иако неговата држава ја признава нашата под уставното име) да покаже волја за добрососедство, како што напоменува "со тоа што ќе го реши со децении мародерското уривање и исмевање на бугарските воени гробишта на нејзина територија".

Гркинките Елени Копа и Јанаку, нивниот сограѓанин Николаос Шунтис, како и Бугарите Стојанов, Илчев и Ковачев имаат идентични амандмани за да се избрише предлогот на известувачот Ховит за да се поздрави употребата на придавката "македонски" во последниот извештај на Европската комисија. Притоа, пратеникот Шунтис дури бара и да се избрише придавката и Комисијата и ЕП да не ја употребуваат. Грците и Бугарите имаат идентични амандмани и на предлогот на Ховит дека "Европарламентот се согласува со Комисијата дека земјата ги исполнува сите политички критериуми", па Салавракос и Кирилов бараат да се стави "сериозна загриженост за последните политички случувања и почитување на демократијата", додека Стојанов сака дециден став од ЕП дека "земјата не ги исполнува политичките критериуми"!
Стојанов оди понатаму и бара да не се употребува терминот "Бугарин" во нашата земја, а во врска со национална припадност, бидејќи, според него, тоа било пејоративно и навредливо обраќање во политичката дебата и бара политичките сили "да го исчистат својот говор од јазикот на омраза".

Романката Норика Николај (либерали) и Британецот Чарлс Тенок имаат амандман со кој жалат за последните политички случувања во земјата и потсетуваат дека "Собранието е примарен форум за дебата во парламентарната демократија и ја охрабруваме опозицијата да се врати во парламентот, со цел да ги претставуваат граѓаните кои гласале за нив на последните избори, а ја храбриме Владата да ги превземе сите можни чекори за обновување на политички дијалог и да се создадат услови за ефективна и транспарентна активност на Собранието".
Бугаринот Кристијан Вигенин сака ЕП да се обврзе дека "настаните поврзани со контроверзното носење на буџетот за 2013 година во Собранието во декември 2012 година, значи сериозен чекор назад во политичкиот дијалог и функционирањето на демократските институции во земјата", при што повикува Владата да ја преземе одговорноста во овој поглед и да се вклучи во конструктивен дијалог со опозицијата, кој би се одвивал во парламентот како клучна демократска институција.

Самиот известувач Ховит има неколку амандман со кој наместо "засилување на изборниот код и зголемување на транспарентноста на финансирањето на политичките партии и целосна имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР", сега бара "преземање на акција за целосна имплементација на препораките на ОБСЕ/ОДИХР со цел зголемување на транспарентноста во финансирањето на партиите". Тој предлага и цел нов параграф во врска со политичките случувања во Македонија.
- Ги забележуваме со загриженост последните политички случувања во земјата со кои се ризикува оттргнување на сите страни во клучното време за пристапување во ЕУ пред дискусиите на Европскиот совет. ЕП верува дека Собранието е примарен форум за соочување и решавање на прашања и се повикуваат сите партии да се вклучат конструктивно во парламентарен дијалог и притоа ги поздравуваме состаноците меѓу Владата и лидерите на опозицијата и личното лидерство од страна на комесарот за проширување. Договорена резолуција и враќање на парламентарната расправа ќе биде во интерес на сите политички партии во земјата во рамки на агендата за интеграција во ЕУ и НАТО, но и позитивна акција на домашните економски околности, што е од клучно значење за иднината на сите граѓани, без разлика на нивната политичка припадност, вели Ховит во амандманот. Повик за враќање на опозициската СДСМ во Парламентот и учество на локалните избори, со цел да не влијае таквата ситуација на евроинтеграцијата на Македонија, има и во уште неколку други амандмани. Британскиот европарламентарец инсистира и на амандман со кој македонската Влада, по пресудата на Високиот судски совет на Европскиот суд за човекови права од 13 декември 2012 година, без одлагање ќе испрати официјално извинување, ќе му исплати надомест на штета и ќе создаде меѓународна комисија за истрага на случајот Калид ел Масри од 31 декември 2003 година и неговиот 23-дневен притвор во Скопје.
Ховит, но и други европратеници од Групата на пријатели на Македонија, како Тенок, Маковеј и Кукан, имаат повеќе амандмани со кои се поздравуваат судските реформи во нашата земја и бараат нивно зајакнување. Словенката Тања Фајон има и амандман во кој изразува жалење за падот на Македонија на листата на "Репортери без граници" во врска со слободата на медиумите.
- Затоа, повикуваме на зајакнување на професионалните стандарди во новинарството, истражувачко новинарство, промовирање на медиумски плурализам, независност на јавниот радиодифузер и транспарентност во сопственоста на медиумите. Поради недостаток на саморегулаторен орган за медиумите, постои широка автоцензура кај новинарите и голем дел од кампањите што се финансирани од Владата завршуваат кај пријателските медиуми на Владата, се вели во амандманот на Фајон. За овие прашања има голема поддршка во Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ). Првпат по однос на поднесените амандмани, АФЕТ ќе расправа на 25. февруари, а ќе гласа на 4 март. Подготвената Резолуција за Република Македонија, Европскиот парламент е најавено дека ќе ја усвојува меѓу 15 и 18 април оваа година.

Оланд бара ЕУ да одлучува и без согласност од сите членки
Зборувајќи пред Европскиот парламент во Стразбур, францускиот претседател Франсоа Оланд се заложи за една диференцирана Европаа во која нема да биде неопходно одлуки за проекти да носат сите 27 членки.

Како што пренесува дописникот на МИА од Стразбур, според Оланд државите членки на Европската унија треба да можат да одлучуваат на ниво на две или повеќе држави за да одат подоалеку во интеграцијата да ангажираат проектии или да ги хармонизираат политикитее без притоа да го достигнат бројот на 27 земји членки.

Францускиот претседател тука како пример ја посочи Шенгенската зона и монетарната унија, за кои ако се одлучуваше со учество на сите земји, тие немаше да постојат.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F80234771CDCAB4AB75AF01144451BCB


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 06-02-2013

Датум: 05.02.2013, 19:33
ОТКАКО СЛОВЕНИЈА И ХРВАТСКА СТИГНАА ДО СУД ЗА КРАЊСКИОТ КОЛБАС

Бугарската шопска салата ќе нè седне на масата на ЕУ




Важно е да разбереме дека во Европа овие работи функционираат на принципот: прв стасан - прв услужен. Тоа што итно треба да го направиме е да иницираме постапка за заштита на тетовското гравче, кумановскиот суџук, крушевскиот ќебап, апелира Ванчо Дамјановски од Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин“

Искра Kоровешовска

Освен спорот со Грција, на патот на Македонија кон ЕУ како сопка може да се испречат и ракијата, мастиката, ајварот, шопската салата и македонското вино. Според експертите овие производи може да се претворат во услов што некоја од земјите од регионот може да ни го постави на патот кон Унијата.

За шопската салата, според познавачите, може да настане судир со источниот сосед. Бугарија смета дека заради Шопите како етничка заедница кои се населени во земјата и овој производ може да си го присвои. Но, реонот од каде што потекнува шопската според составот на салатата не е од Бугарија. И Македонија произведува квалитетен патлиџан, краставици, пиперки.

Македонските винарници веќе се соочија со проблемот како да го декларираат виното со оглед на проблемите што ги направи Грција која го регистрира „македонското вино“ како свое. Бугарија, пак, се обидува да ги присвои и заштити мастиката и ракијата како свој бренд, но за среќа, засега не ~ успева бидејќи се работи за генерички називи.

Последниот спор меѓу Хрватска и Словенија за тоа чиј е крањскиот колбас го вклучи алармот дека нашите бизнис-здруженија, но пред с` државните институции, треба навреме да реагираат.

Европската комисија на Хрватска и на Словенија им постави рок до средината на месецов да се договорат која од овие две земји и понатаму ќе може да го произведува овој сувомесен производ под тоа име, во спротивно Брисел ќе донесе одлуката.

Да не бидеме пасивни

Јужниот сосед не само што успеа да го заштити македонското вино, туку и го доби спорот со Данска и со Kипар за тоа кој го има ексклузивното право врз називот на сирењето фета. За разлика од Грците, ние сме пасивни.

Познавачите објаснуваат дека ако нашата земја навреме реагираше кога Грција го заштити македонско вино, можеби сега соседната земја не ќе смееше да се противи на тоа зошто на нашите етикети стои придавката „македонски“. Тие предупредуваат дека во иднина може да прераснат во проблеми одредени производи карактеристични за погранични подрачја.

- Можеби утре на Грција ќе ~ текне да бара како свој да заштити одреден производ што се создава на планината Kајмакчалан или, пак, на Албанија да бара ексклузивно право на пастрмката во Охридското Езеро. Ова се хипотетички примери, кои може да бидат вистинити. Важно е да разбереме дека во Европа овие работи функционираат на принципот: прв стасан - прв услужен. Земјата на која прва ќе ~ текне да ја потегне постапката и да докажува сопственост или матично потекло на даден продукт, нормално дека ќе биде во предност пред Европската комисија, апелира Ванчо Дамјановски од Агенцијата за интелектуална сопственост „Берин“. Според него, токму тоа ~ се случува и на Хрватска во врска со крањскиот колбас, а Словенија е помоќна оти веќе е членка на ЕУ.

Развиените земји соборуваат рекорди во патентирање

Што се однесува до ракијата, мастиката, шопската, според упатените, досега барањата на Бугарија се покажаа како неосновани. Тоа што итно треба да го направиме е да иницираме постапка за заштита, на пример на тетовското гравче, кумановскиот суџук, крушевскиот ќебап, порачува Дамјановски.

Експертите најголемиот проблем го лоцираат во финансиите. Сепак, велат дека извозот на заштитениот или патентиран производ уште првата година ќе ги врати потрошените пари за изработка на елаборат и добивање патент.

- Заштитата на производите треба да биде составен дел на поставувањето на бизнис-планот, да биде дел од бизнис-логиката. За жал, минимален е бројот на заинтересирани здруженија и компании кои вака ги проектираат нештата, вели Дамјановски. Истото го порачува и адвокатот и познавач на заштитата на интелектуална сопственост, Валентин Пепељуговски. Според него, нашите компании се убедени дека единствениот успех е производството и продажбата.

- Тие не се свесни дека современите бариери не се царинските, туку бариерите се во стандардите и интелектуалната сопственост, смета Пепељуговски.

Додека Македонија с` уште дебатира, развиените земји поставуваат рекорди во број поднесени барања за патентирање. Меѓународната патентна организација постави нов рекорд во 2011 година со примени 181.900 апликации за патентирање производи. Од нив речиси 90 отсто се од Kина, Јапонија и од САД.

Австрија е лидер

Во 2012 година, Европската патентна организација доделила 65.700 европски патенти, поставувајќи нов рекорд за трета година по ред. Вкупно до неа биле поднесени 257. 833 барања за патентирање. Инаку, според податоците на организацијата во 2011, лидер во патентирање производи била Австрија. ЕПО ~ доделила 737 патенти. Од земјите во регионот, Бугарија има добиено 8, Грција 29, а Македонија, Босна и Албанија ниту доставиле барање за заштита на продукти.

Број на одобрени патенти за 2011 година
Австрија 737
Турција 95
Хрватска 56
Словенија 42
Грција 29
Бугарија 8
Македонија 0
Албанија 0
Босна и Херцеговина 0

Ни пари ни свест

Според податоците од Државниот завод за индустриска сопственост, од околу 20 македонски производи што имаат национална заштита, само за четири производителите пројавиле интерес меѓународно да ги заштитат. Домашните компании последниве неколку години не поднеле ниту едно барање до Европската патентна организација за да патентираат свој производ. Според познавачите, проблемот е во немањето свест за потребата производите да се заштитат, но и немањето финансии за да се реализира еден ваков процес. Само елаборатите за утврдување на потеклото и географските ознаки на даден производ чини од 500 до 5.000 евра, а постапката на патентирање е скапа и може да чини до 50 илјади евра.

Грција не и го дава ни ѓеврекот на Турција

Освен македонското вино, фета-сирењето, нашиот јужен сосед е активен на уште на неколку фронта. Најмногу војува со Турција. Најпрво беше проблемот со ѓеврекот. Пред неколку години се спречкаа и за баклавата, откако на една приредба во ЕУ благото било претставено како типичен десерт на кипарските Грци. Сличен проблем имаше и со локумот. Независно каков ќе биде епилогот, според експертите, силна порака испраќа фактот што земјата масовно се бори да присвојува производи и да патентира ексклузивни називи како во случајот со фета-сирењето. Има и други примери на земји во ЕУ кои воделе вакви спорови. На пример, пармезанот ги скара Италија и Германија за на крајот да се утврди дека сепак неговата матична земја е Италија. Германија ~ беше лута на Франција оти сакаше да го присвои виното „рајнски ризлинг“. На крајот се покажа дека георгафските ознаки на виното се совпаѓаат со реонот по кој го добил името - реката Рајна.

Што значи географска ознака?

Според европската регулатива за интелектуална сопственост, географските ознаки обично се географски називи. Но и негеографски имиња, исто така, може да бидат заштитени ако на некаков начин се поврзани со одредено место. Најпознат таков пример е фета-сирењето. Тоа не е именувано според место во Грција, но е тесно поврзано со земјата и затоа се идентификува како инхерентно грчки производ. ЕУ-легислативата предвидува 3 главни услови за признавање одреден термин како географска ознака:
- таа се однесува на стоки, иако во некои земји во ваквите ознаки се вклучени и услуги
- овие стоки мора да потекнуваат од дефинирана област;
- стоката мора да има квалитети, углед или други карактеристики кои се јасно поврзани со конкретното географското потекло.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=08E48C71D415B9499BCC9D8D8C7B7426



RE: Македонските медии за България - Топорчо - 06-02-2013

Датум: 05.02.2013, 19:34
Бугарите и Грците бомбардираа со амандмани во ЕП


Бугарски и грчки европарламентарци бомбардираа со амандмани за Резолуцијата за Македонија што во април оваа година треба да ја донесе Европскиот парламент. Поднесени се вкупно 203 амандмани на Предлог-резолуцијата на известувачот Ричард Ховит, од кои дури 92 амандмана се на бугарските, а 35 на грчките европарламентарци. Најголем број предлог-измени во Резолуцијата дава либералот Станимир Илчев, кој има поднесено 30 амандмани. Kај Грците предничи Николаос Салавракос со 15 предлог-измени на Резолуцијата што ја предложи известувачот Ховит. И самиот известувач Ховит има поднесено над 20 амандмани на својот предлог што минатиот месец го претстави пред Kомитетот за надворешни работи. Стојанов предложи амандман во кој стои дека „продолжува нетолерантноста и проследувањето на лицата со бугарска самосвест“, при што бара да се земат предвид, според него,„насилствата во Собранието пред крајот на минатата година, кога опозициски пратеници беа тепани и изнесувани насила надвор од пленарната сала“.

Известувачот Ховит, како и неговите колеги Едвард Kукан, Моника Маковеј, Мари Kорнелисен и Чарлс Тенок, во посебни или заеднички амандмани инсистираат Македонија да ги почне пристапните преговори без одлагање (жалат што и досега тоа не е сторено), како што го бара и Европската комисија во последниот извештај.

„Добрососедски односи“ и „брзо решавање на спорот за името“ е најчестата фраза што се употребува во амандманите на бугарските и на грчките европратеници, заедно со барање да се осуди власта во Македонија за политичката криза, според нив треба да влијае на евроинтегративните процеси


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=1CD2A9CCEA001740ACF135E030A7FAFA



RE: Македонските медии за България - Топорчо - 06-02-2013

Добро бъдеще я чака кака ти Форсина

И Србите краделе бугарска историја

угарските историчари имаат проблем со читањето на минатото и со своите српски колеги. Додека од Македонија постојано бараат ревизија на историјата, заедничко чествување личности и настани за кои тие тврдат дека ги извршиле бугарски херои, сличен однос имаат и кон некои настани од српската историја





Нишката буна ги зоврива балканските страсти
СОФИЈА ЌЕ МУ ПРАВИ ПРОБЛЕМИ И НА БЕЛГРАД?
Гоце Делчев и сите илинденци и преродбеници се Бугари, а Илинденското востание го кренале исто така Бугари. Историската приказна за нашите источни соседи не завршува тука, само со претензии кон македонското минато. Дека Македонците не се само проблем за Бугарите покажува примерот и со српското Нишко востание од 1841 година, за кое бугарската историја тврди дека го кренале бугарски селани. Оттука, тврдењето на Белград дека станува збор за српско востание очигледно претставува кражба на бугарската историја. Зарем не?
Имено, во овој случај станува збор за различно читање на историјата од страна на бугарските и српските историчари. Тоа води кон заклучокот дека, освен кон македонските настани, бугарските историчари имаат сличен однос и кон некои историски настани од српската историја.

„Нишкото востание е најпознатото и масовно востание на Бугарите од северозападните бугарски земји кренато во 19 век. Востаничките дејства се случуваат во периодот од април до јуни 1841 година“, пишува на Википедија на бугарски јазик, која се повикува на делата на историчарите Христо Герчев, Стојан Романски и Игор Дамјанов.

Сосема поинакво толкување даваат српските историчари Драгољуб Симоновиќ и Севеделин Андрејевиќ. Во нивните извори може да се најде дека Нишкиот, Лесковачкиот или Милојевиот бунт е меѓу трите најзначајни случувања во националната историја на српскиот народ од југоисточниот дел на земјата.

Според академикот Владимир Стојанчевиќ, тврдењето дека Нишкиот бунт е дел од бугарската национална историја е сосема неосновано и необјективно.

„Бунтот го организирале Срби од неослободените краишта. Тој бил поттикнуван и помаган од Србија, која прифатила десетина илјади бегалци, бунтовници, старци, жени и деца, а безредието е завршено со активно вклучување високи претставници од Србија“, се наведува во српските извори.

Според српските историчари, најважни се три елементи со кои се докажува дека се работи за српски бунт: националната припадност на бунтовниците, целта на бунтот и односот на Србија кон бунтот.

Од каде Ниш е бугарски?

Наспроти тоа, според бугарскиот историчар Јордан Василев, Ниш никогаш не бил дел од српското кралство или кнежевство, освен неколку години за време на српско-бугарските војни, за време на доцното средновековие. За едниот од водачите на бунтот Милое Јовановиќ тој тврди дека нема никакви докази дека е Србин и оти многу Бугари во тој период имале српски имиња и презимиња. Според него, логично се поставувало и прашањето ако бунтот бил српски, зошто не бил поддржан од српското кнежевство. Има докази дека два дена по избувнувањето на востанието, односно на 8 април, делегација на востаниците заминала во Белград да побара помош од кнезот Михаил, но тие одбиле да им дадат војска или оружје со објаснување дека тоа е бугарски бунт, пишува историчарот во бугарскиот весник „Десант“.

Како докази дека зад случувањата во Ниш и околината стојат тие, според бугарските историчари, се и соопштенијата испратени од турските власти до Истанбул во кои пишувало дека бунтот е во северозападна Бугарија. Според Василев, Нишкото востание Србите почнуваат да го присвојуваат во 1878 година по Берлинскиот конгрес, на кој големите сили се договориле да не дозволат формирање бугарска држава во етничките граници.



Според друг бугарски историчар Игор Дамјанов, Нишкото востание не бил стихиен бунт на угнетените и од Турците потиснати бугарски селани, туку било долго подготвувано, а фактот дека било прерано кренато не било доказ за неговата неорганизираност.

Србите, пак, тврдат дека Бугарите почнале да си го присвојуваат востанието како свое за време на бугарската окупација од 1915 година до 1918 година, односно во периодот на големобугарската пропаганда.

За Бугарите, само Грците се коректни

Односите поврзани со историските теми меѓу Македонија и Бугарија, пак, секогаш се топло-ладно, но последниве години, со приближувањето на Македонија кон Европската Унија, владата предводена од Бојко Борисов одлучи да инсистира на договор за добрососедство, во кој, меѓу другото, се бара и формирање комисија за историја што би требало да врши и ревизија на македонските учебници, а и да договара прославување заеднички празници.

Во своите дела, меѓу кои и во учебниците, и покрај присвојувањето на македонските личности и востанија, бугарските историчари тврдат дека македонската нација не постоела до 1944 година и оти е вештачка коминтерновска творба. Објаснувањата се дека постоел српски националистички проект наречен „Стара Србија и Македонија“ преку кој луѓето што се декларирале како Бугари, под силен притисок на Србите, се откажувале од својот идентитет.

Во однос на Втората светска војна, историчарите стојат на ставот дека тие не биле окупатори, туку ослободители на Македонија, а се релативизира и нивното учество во војната од страна на Тројниот пакт.
Единствено Бугарите досега немале проблем со читањето на грчката историја за Балканот. Имено, иако во учебниците на нашиот јужен сосед се наведува дека Бугарите во Втората светска војна биле окупатори, официјална Софија не споменала ниту збор.


Автор: Фросина Димеска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2613853499&id=9&prilog=0&setIzdanie=22798



RE: Македонските медии за България - Топорчо - 06-02-2013

МАКЕДОНИЈА
Македонско малцинство во Бугарија на нови маки



Во спротивност со своите досегашни залагања Парламентарното Собрание на Советот на Европа во резолуцијата за Бугарија го избриша од текстот македонското малцинство што не ја олеснува нивната положба во таа земја.
Исфрлањето на македонското малцинство од текстот на резолуцијата е резултат на преговори и компромиси меѓу членовите на ПССЕ, кои се до последен момент немаа одлучено дали ќе продолжи или не следењето на Бугарија. Бугарскиот парламентарец Лачезар Тошев кој го бранеше амандманот пред ПССЕ, смета дека отстранувањето на македонското малцинство и на помаците од текстот на резолуцијата е „подобра формула за за да им се даде саканата заштита од страна на Советот на Европа“ и со тоа се „избегнува отворањето на пандорината кутија со специфично назначување на одредени малцинства и групи“.
Специјалистот за малцинските прашања во ПССЕ, летонскиот пратеник Борис Цилевич, не го дели истото мислење, тој потсетува дека бугарското законодавство не ги посочува со точност „expressis verba“ малцинствата кои се признати и тие кои не се признати. Цилевич потсети дека е познато во практиката: „тие (Македонците и помаците) не се претставени во Советот на малцинствата, а се донесени повеќе пресуди на Судот за човекови права поради одбивањето за официјално регистрирање на организациите кои ги претставуваат овие малцинства.“
При ратификувањето на Рамковната конвенција за малцинствата, Бугарија до Советот на Европа достави листа на признати малцинства и македонското малцинство не е на таа листа. Бугарија ја брани тезата дека на нејзина територија „сите групи можат да ја уживаат заштитата на рамковната конвенција“.

Имено, секоја држава самата одлучува која малцинска етничка група може да ги ужива правата гарантирани со Европската рамковна конвенција.
Македонската делегација со искрена поддршка кон соседот
Македонските парламентарци Александар Николоски и Ермира Мехмети Деваја гласаа против амандманот на Тошев и против целиот текст на резолуцијата иако најавија дека ќе гласаат за подигање на пост-мониторингот за соседната земја.
„Јас јасно ставив на знаење во моето обраќање пред ПС на Советот не Европа дека Бугарија е наша пријателска држава и сосед, токму заради овие причини, како и заради тоа што во првичниот текст јасно беше побарано македонското малцинство, да бидат дел од Советот за национални малцинства на Бугарија, а беа посочени и проблемите кои ги имаат со нивните права и спроведувањето на одлуките на Судот во Стразбур. Тоа беше наша искрена подршка“, објаснува за Дојче Веле Александар Николоски шефот на македонската делегација при ПССЕ за неговата претходна поддршка за затварање на пост-мониторинг дијалогот со Бугарија.
Но, амандманската расправа и прифаќањето на бугарскиот амандман, согласно кој поименично не се наведени Македонците и Помаците со образложение дека Бугарија го прифатила моделот согласно кој на сите малцинства им се гарантира еднаков третман, беа причините кои ги навеле Александар Николоски и Ермира Мехмети да ја променат одлуката за гласањето.
Разочарување кај претставниците на македонското малцинсто во во Бугарија.
„Секако дека сме многу разочарани. Макар да не е прв пат експертите да им даваат подршка на нашите барања, а политичарите по некои нивни причини да не прескокнуваат. Револтирачки беа аргументите со кои се постигна нашето бришење. Испадна како непостоењето официјална процедура за признавање малцинство да прави невозможно и непотребно признавање на малцинство. Ако е тоа така во Бугарија како тогаш се признаени турското и ромското малцинство например?“, вели за Дојче Веле д-р Стојко Стојков од ОМО Илинден Пирин.
Тоа според него е резултат „не во немањето процедура, туку во немањето желба.“
„Беа употребени и отворени лаги - како таа дека сме ги уживале правата и сме имале поголем број регистрирани организации, кога немаме ниту една. А пак
Парламентот во Софија
изјавата на Тошев на дебатата дека преку нашето бришење од резолуцијата подобро ќе ни биделе заштитени правата е отворен цинизам“, додава тој.
Потребна е уште многу работа за да се признае македонското малцинство
„Во иднина ќе се потрудиме подобро да ги информираме пратениците во ПССЕ - да ја сфатат суштината на проблемот, дека не станува збор дури за непризнаено, туку за отворено и официјално негирано малцинство, на кое не му се дава ниту едно од правата по Конвенцијата. Неопходно е очигледно уште многу разјаснување. Досега така да се каже сме ја добиле битката на експертско ниво, останува тоа да го направиме и на политичко. И не само во ПССЕ. Инаку останатиот дел на резолуцијата е добар и ние го подржуваме“, додава д-р Стојков.
ПССЕ во резолуцијата побара од Бугарија целосно спроведување на сите одредби кои ги содржи Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства, посебно во делот на спроведувањето на индивидуалните права, како и потпишување и ратификација на Европската повелба за регионални и малцински јазици. Но оваа формулација, според нашите соговорници од Стразбур сигурно дека нема да дозволи признавање на македонското малцинство од страна на бугарската држава. Уште повеќе ако се знае дека таа не реагирала ниту на формулации многу подиректни од таа што беше усвоена на последната сесија.


Датум 06.02.2013
Автор Тони Гламчевски
Редактор Б. Георгиевски
Сподели Испрати Фејсбук Твитер google+ повеќе...
Ваш коментар: Пишете ни
Печати Испечати ја страната
Permalink http://dw.de/p/17Ygi


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 06-02-2013

Бугарија нема пари за земјоделски субвенции?

Бугарските производители на житарки најавија протест поради доцнењето со исплатата на субвенциите.


Бугарската асоцијација на земјоделци на синоќешниот состанок во Софија донесе одлука со трактори да блокира дел од главниот град на Бугарија од 18 до 22 февруари.

Земјоделците бараат брза исплата на европските субвенции во износ од околу 500.000 евра, што требало да ги примат до крајот на јануари.

Поради недостиг на пари во буџетот, бугарската Влада одлучи да ја одложи исплатата на субвенциите за неколку недели, односно до март и април.

Бугарските фармери еднаш веќе влегоа со трактори во Софија. Кон крајот на 2011 година земјоделците своето незадоволство го изразија поради намалувањето на буџетските средства за аграрот.

http://kurir.mk/svet/region/102435-Bugarija-nema-pari-za-zemjodelski-subvencii


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 06-02-2013

Бугарија не го признава македонското малцинство

Бугарскиот парламентарец Лачезар Тошев изјавува дека отстранувањето на македонското малцинство е добра формула за да им се даде саканата заштита од страна на Советот на Европа и да се избегне отварањето на пандорината кутија со специфично назначување на одредени малцинства и групи.

Летонскиот пратеник Борис Цилевич пак од друга страна не го дели истото мислење туку смета дека бугарското законодавство не ги посочува со точност малцинствата кои се признати и тие кои не се признати.

Инаку, Бугарија до Советот на Европа достави листа на признати малцинства и македонското малцинство не е на таа листа.

Македонските парламентарци Александар Николоски и Ермира Мехмети Деваја гласаа против амандманот на Тошев и против целиот текст на резолуцијата.

- Јас јасно ставив на знаење во моето обраќање пред ПС на Советот не Европа дека Бугарија е наша пријателска држава и сосед, токму заради овие причини, како и заради тоа што во првичниот текст јасно беше побарано македонското малцинство да биде дел од Советот за национални малцинства на Бугарија, а беа посочени и проблемите кои ги имаат со нивните права и спроведувањето на одлуките на Судот во Стразбур. Тоа беше наша искрена подршка, објаснува за Дојче Веле Александар Николоски шефот на македонската делегација при ПССЕ за неговата претходна поддршка за затварање на пост-мониторинг дијалогот со Бугарија.

http://press24.mk/story/makedonija/bugarija-ne-go-priznava-makedonskoto-malcinstvo


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 06-02-2013

ДЕБАТА ЗА ОДНОСИТЕ СО БУГАРИЈА: ИСТОРИЈАТА ОД БРОЈ ЕДЕН ДА ОДИ НА БРОЈ 100 ВО БИЛАТЕРАЛАТА!

Пораки за кревање на гласот на разумот во дипломатските односи помеѓу Скопје и Софија се испратија на денешната дебата во организација на Гем - клубот на која учествуваа аналитичари и поранешни функционери од двете држави. Заклучокот на сите беше еден – историјата отпроварува и историските митови се главниот товар кој мора да се симне за да се олабави билатералата

Македонија и Бугарија не смеат да дозволат меѓусебните односи да бидат диктирани од историјата, од едноставна причина што историјата се темели на ограничување и на поделби на ваше и наше, а политиката бара нешто сосема друго – компромис и дијалог. Ова е главниот заклучок на денешната дебата во во организација на Гем - клубот на која учествуваа аналитичари и поранешни функционери од двете држави, насловена „Односите меѓу Македонија и Бугарија-четврто полувреме“.
Бугарскиот аналитичар Јавор Сидеров го впери прстот во историјата и во начинот на којшто таа се злоупотребува во политички цели. Тој оцени дека историјата не е само тоа што се помни, туку и тоа што се заборава и дека историските митови се градат токму врз заборавените факти:
„Бугарија и Македонија се шампиони во заборавање. Премногу се важни нашите меѓусебни односи за да ги оставиме само на историчарите. Што е нацијата? Таа е социјална категорија, таа е само верување на група луѓе. Каква смисла може да има во национализирањето или присвојувањето на еден Гоце Делчев, кој кажал како го разбира светот, на едни Кирил и Методиј кои се значајни за целото човештво? Тоа нема логика. А национализмот и во Македонија и во Бугарија е национализам на малите народи, дефанзивен и штетен.
Директорот на канцеларијата на Европскиот совет за надворешни односи во Софија, Димитар Бечев го дели ставот дека гласовите на разумот многу слабо се слушаат на двете страни од границата.
„Тоа е маѓепсаниот круг во кој не внесуваат нашите историчари – полицајци, додека оние разумните се премногу тивки. Лидерствата во двете земји имаа обиди за издигнување над заедничките проблеми. Љубчо Георгиевски и Иван Костов како премиери во Рим заеднички го славеа празникот на словенските просветители, Бранко Црвенковски се поколни на споменикот на Јане Сандански, Владо Бучковски имаше идеи за заедничко славење на Илинден, што значи дека имало смелост за да се погледне напред. Сега ги прашувам двете влади - зошто се прави проблем? Историјата не смее да биде број еден, таа е број 100 по значење во билатералата. Ние имаме економија, инфраструктура и проекти кои се пред нас, а кои чекаат на реализација. Се друго е дневна политика“.
Бечев, за разлика од повеќето бугарски интелектуалци, сподели една поинаква перцепција за македонската политика кон соседот:
„Не би рекол дека тука се води анти – бугарска кампања, напротив. Односот кон Тодор Александров, Мара Бунева, Ванчо Михајлов, тоа е токму пробугарски став“ .
Со коментар се јави и поранешниот шеф на дипломатијата, Љубомир Фрчкоски кој оцени дека не е така и дека токму проблем е како да им се објасни на Бугарите дека ВМРО – ДПМНЕ води просрпска политика. Фрчкоски повика на носење на разумни политички одлуки во однос на историските факти:
„Фактите се факти, да, но политиката избира кои факти ќе ги потенцира и кои ќе ги памети. Проблемите со Бугарија постојат. Ние имаме проблем како да ја одбележуваме заедничката историја без притоа да се претопиме и да останеме свои, Бугарите имаат проблем во однос на Народно – ослободителната борба, понатаму, тука е и прашањето со малцинствата што секако ќе се најде на заедничка маса, но само со дијалог овие недоразбирања можат да се надминат. Се што треба е политичка волја“ вели тој.
Дебатата се одржа на еден ден откако во Брисел, известувачот за земјава, Парламент Ричард Ховит ја презентираше Резолуцијата за Македонија што во април годинава треба да ја донесе Европскиот парламент. Токму бугарските европратеници поднесоа најмногу амандмани за истата – 92, што заедно со 35-те на нивните грчки колеги придонесоа да има вкупно 203 забелешки.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/92356/debata_za_odnosite_so_bugarija__istorijata_od_broj_eden_da_odi_na_broj_100_vo_bilateralata!.aspx


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 06-02-2013

Бугарски европратеник бара да го исфрлиме зборот „Бугарин“

Лицата со бугарска самосвест во Македонија се соочуваат со нетолеранција, опозицијата извикува „мрсни Бугари“, а полицијата ги репресира оние што посредуваат за бугарско државјанство





Ова е дел од содржината на 25-те амандмани што бугарскиот европратеник Димитар Стојанов (од националистичката партија АТАКА) ги има поднесено против резолуцијата за Македонија што ја подготви известувачот за нашата земја Ричард Ховит. Бугарите во Европарламентот поднесува дури 92 амандмани на резолуцијата, Грците 35, самиот Ховит над 20, а другите европратеници педесетина. Не се сите негативни, дел пратеници со амандмани бараат земјава да ги почне преговорите за членство во ЕУ.

Но бугарските и грчките членови на ова тело се држат до „добрососедските односи“ и до „решение на прашањето за името“. Стојанов дури побара да се прекинат ИПА-фондовите за Македонија, да се регистрира здружението „Радко“ како политичка партија и да запре, како што вели, уривањето на бугарските воени гробишта. Грците и Бугарите бараат да не се употребува придавката „македонски“, а се обидуваат да ја искористат и актуелната политичка криза како аргумент против приближувањето на Македонија кон ЕУ. Едно од барањата на Стојанов е и да се исфрли терминот „Бугарин“ во врска со националната припадност, бидејќи, како што вели, се употребувал во навредлив контекст.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=2613854265&id=9&prilog=0&setIzdanie=22798


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 07-02-2013

АПСУРДНО ОБЈАСНУВАЊЕ ЗА „БОМБАРДИРАЊЕТО“ ВО ЕВРОПСKИОТ ПАРЛАМЕНТ

Бугарите со амандманите не нè кочеле, туку ни помагале


На прашањето дали големиот број амандмани се порака за добрососедство, бугарскиот европратеник Kовачев вели да не се гледа само бројот на амандманите бидејќи тие отворено кажуваат каде се проблемите

Жана П. Божиновска

Бугарија сака да и' помогне на Македонија да не ги прави истите грешки што ги правела таа кога неподготвена влегла во Европската унија. Вака бугарските европратеници го објаснуваат големиот број амандмани што ги поднесоа на Предлог-резолуцијата на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Ричард Ховит.

Овој пат бугарските пратеници се рекордери во поднесување амандмани на предлог-резолуција и од вкупно 203 амандмани на 97 страници, 90-ина се од бугарски пратеници, околу 30 од грчки пратеници, а преостанатите се од другите европарламентарци. Известувачот Ховит не е многу загрижен од бројот на амандманите и за „Дневник“ објаснува дека е нормално во Европскиот парламент да има различни ставови.

- Верувам дека амандманите се пријателски забелешки и ќе бидат основа за добар текст. Јас исто така поднесов амандмани и се обидувам да бидам од помош како известувач - ни изјави Ховит.

За добронамерност и пријателски совети зборуваат и бугарските пратеници.

- Kако добри соседи сакаме да и' помогнеме на Македонија да не ги прави истите грешки што ги правевме ние - вели за „Дневник“ бугарскиот пратеник Андреј Kовачев.

Според него, бугарските пратеници, а и Бугарите генерално, сакаат да им помогнат на македонските граѓани да станат европски граѓани, а истовремено да се подобрат добрососедските односи.

Сепак, додава Kовачев, за тоа не е доволно само да се потпише договорот за добрососедство, туку потребни се постојани контакти на сите полиња.

- Зошто, на пример, да не се направи заеднички македонско-бугарски филм или изложба - додава тој.

На прашањето дали големиот број амандмани се порака за добрососедство, Kовачев советува да не се гледа само бројот на амандманите бидејќи тие отворено кажуваат каде се проблемите. Тој не пропушти да потсети дека меѓу неговите амандмани е и барањето да не се враќаат шенген-визите за македонските граѓани, исто како што не заборави да потстети дека во Македонија од два милиона жители околу 100 илјади имаат бугарски пасоши, а тие граѓани никаде не фигурираат. Наместо тоа, во уставот на државата се споменати сите други националности, освен Бугарите - објаснува Kовачев.

Неговиот колега Димитар Стојанов овој пат е рекордер по поднесени амандмани на предлог-резолуција за Македонија. Тој се согласува со Kовачев дека амандманите се добронамерни за да не се случи и Македонија како Бугарија да влезе неподготвена во ЕУ, но има дополнително објаснување.

- Новиот известувач Ричард Ховит не е многу добро запознаен со Македонија. Ние ја знаеме многу подобро - ни изјави Стојанов.

Големиот број амандмани тој го објаснува со фактот дека „за да бидеш добар пријател со некого, треба отворено да се зборува за проблемите“. Тоа, според него, е чесен однос кон Македонија. Инаку, меѓу многуте амандмани поднесени од Стојанов е тој за Спаска Митрова, за чиј случај вели дека уште не е решен, а таа била подложена на репресии. Митрова работи како негов асистент во Бугарија, што го потврди и самиот Стојанов.

Шефот на дипломатијата, Никола Попоски, ги повика бугарските европарламентарци да помогнат со дела, а не со амандмани.

- За добронамерна размена на мислења за позитивни и негативни амандмани сме подготвени, но не сме подготвени за недобронамерни амандмани, прикажани како помош. Помогнете со дела, а не со амандмани - коментира Попоски.

Предлог-резолуцијата на Ховит тој ја смета за обид на известувачот за избалансиран текст, но очекува пратениците во Европскиот парламент да се потрудат да им помогнат на своите влади да не навлегуваат во реторика што не го подобрува добрососедството.

- Од европските пратеници би очекувал да бидат лидери во поврзувањето на државите и модел за тоа како Балканот сака да биде виден во Европа - вели Попоски.

Според него, негативната реторика во функција на добивање краткорочни поени не е најдобриот пристап, а секој европарламентарец може да има свој придонес за засилување на евроинтеграцискиот процес, што е интерес за сите во регионот.

Предложените амандмани на Предлог-резолуцијата на Ховит за Македонија главно се однесуваат на добрососедството, на прашањето за името, слободата на изразување и на политичката криза во Македонија.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=32556823E07F8D4D8F64F5815242D5C0