Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
Македонските медии за България - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: Mедиуми (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=9)
+--- Thread: Македонските медии за България (/showthread.php?tid=1784)

Pages: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 09-01-2013

Николай и Никола – на Свети Никогаш?

Неславен крај на „романтичната“ љубов

ЕУ Солидарност

Си доаѓа мажот дома, а жена му: „Од што ти е крвава раката?“
- „Од солидарност“.
„Е, како тоа од солидарност?“, прашува жената.
- „Па, така. Гледам, пред едно кафуле, тројца батки со боксови тепаат младо момче. Сакало да влезе кај што не му било место. И, што да чинам? Не можев, а да не се замешам.“
„Па, што се случи со момчето?“, љубопитна жената.
- „Ништо, мамицата мамина му ја расплакавме“.

На оваа горка и политички некоректна анегдота се присетив откако прочитав оценка од бугарскиот претседател дека решението на Советот на министрите на ЕУ за уште една блокада на Македонија било „мъдро и солидарно“. Солзи радосници ми потекоа кога читав: „България протяга ръка към Македония в името на една обща цел“ ... „човешките отношения между българи и македонци са добри и няма никакви проблеми“.

А зошто солидарноста на Бугарија со Грција, на сметка на Македонија, би била некаков проблем за Македонците? Навистина, какви тоа проблеми меѓу нас може да има, брату Плевнелиев, роден во Гоце Делчев, со фамилија од Плевна – протерана од Егејска Македонија?

„Да му умре козата на комшијата“

Пишувам кога во Македонија се слави Свети Никола. Кај нас, не е само куќна слава, туку и именден на премиерот Никола и на министерот за надворешни работи Никола. Министерот на външните работи Николай, кој се израдува што „Европа е солидарна с България“, му честиташе именден на колегата Никола пред две седмици. Тогаш, македонски „Дневник“ објави наслов-чудо: „Свети Никола ќе нè штити од бугарска блокада“. Амин.

Откако Бугарија и Грција солидарно уживаа во поговорката „Да му умре козата на комшијата“, ретко кој во чудесната ни Македонија верува во чуда.Ама, пуста испадна надежта дека „Свети Никола“ ќе направи такво чудо. Откако Бугарија и Грција солидарно уживаа во поговорката „Да му умре козата на комшијата“, ретко кој во чудесната ни Македонија верува во чуда. Нема најави дека Никола, Никола и Николай ќе организираат заедничка прослава на Свети Никола чудотворец. Барем не во догледно време.

Дури ни победата на Македонецот Никола на бугарскиот „big brother“ нема да придонесе Македонците да подзаборават на „умрената коза“ и злорадоста на соседите. Напротив, победата на Никола од „big brother“ ги зајакнува негативните чувства. Испраќа сосем понижувачка, милитантно-пропагандна порака: „Бугарите ги прифаќаат Македонците само како помали браќа, под услов да се согласат гордо да носат бугарска воена униформа, каква што носеле нивните дедовци“. Скраја да е.

Барем засега, ниту еден Никола не успеа да ги смири страстите и да најде повод за заедничка прослава (како што најдоа Никола и Николиќ на Зебрњак). Но, денот кога Бугарија ја блокираше Македонија за ЕУ, стана идеален за заедничка прослава и на македонските и на бугарските „хејтери“. Денот паѓа таман помеѓу бугарскиот и македонскиот Свети Никола и слободно можеме да го прогласиме за ден на „добрососедските“ односи помеѓу Бугарија и Македонија. Или, нагалено - Свети Никогаш.

Љубовно танго со Грција

Не можам, а целосно да не се согласам со прекрасната оценка на другарот Николай Младенов: „Поставянето на въпроса с Македония съвсем не беше показване на мускули пред някой по-малък или по-слаб“. Точно е тоа, братучед Никола. И да ни покажеше мускули, не ќе можевме да ги видиме. Од ненадејноста на силниот „љубовен“ удар, кој ни ја помрачи националната свест.

Како човек да не биде среќен што „България за първи път успя да постави важен национален въпрос“ и што ја почувствува „солидарноста на Европа“ преку блокадата на Македонија? Како да не бидам среќен што Бугарија успеа токму со блокадата на Македонија, како што вели Николай, да започне да се држи „като страна членка, а не като уплашен кандидат“?

Сепак, најсреќен сум што Бугарија не направи никакви отстапки кон Македонија „заради романтични спомени или тежко детство.“ Туку, со еден „љубовен“ гест, во љубовно танго со Грција, го урна митот за Македонија како „најромантичниот период од бугарската историја".
Митот за „бугарска љубов“ (2006)

Уште пред шест години, бев убеден дека анализата на изразот „бугарска љубов“ може да даде значаен придонес кон решавањето на македонско-бугарскиот „јазичен“ спор и кон унапредување на соседските односи. Бугарска љубов: Мистериозната љубов на Бугарија кон Македонија, изразена преку неповторливата љубовна порака дека "Македонија е најромантичниот период од бугарската историја".

Кај „бугарската љубов“ ретко доаѓа до сексуален однос поради лошата предигра на „љубителите“ која речиси ништо не ветува и со која најчесто се негира сексуалната автономија на „љубените“.Како се препознава? Таа е романтична, еднострана, патолошки опсесивна (на моменти речиси манијакална), историски несфатена и невозвратена. Се пројавува како „нарцисоидна“ (кај оние љубители кои сметаат дека Македонците и Бугарите се „една и същи хора“) и како „инцестузна“ (кај оние што сметаат дека Македонците и Бугарите се „една и съща фамилия“). Кај „бугарската љубов“ ретко доаѓа до сексуален однос поради лошата предигра на „љубителите“ која речиси ништо не ветува и со која најчесто се негира сексуалната автономија на „љубените“.

„Бугарската предигра“ најчесто се манифестира како мастурбација, затоа што се „пали“ само вљубениот. Симптоми: жизнерадосно пеење на македонски народни песни, играње македонски ора или други погруби облици на асексуално вознемирување. Токму затоа, Бугарската „романтична љубов“ кон Македонците се сведува главно на нереализирани сексуални фантазии. Не само јазичните, туку и другите политички и културни бариери помеѓу Бугарија и Македонија ќе се надминат кога нашите „браќа Бугари“ и „сестри Бугарки“ ќе сфатат дека не се плашиме ние од едностраната и опсесивна романтична љубов. Од друго уплав имаме. Од присилен брак и семејно насилство.

Неславниот крај на „бугарската љубов“ (2012)

Сега е сосем јасно дека блокирањето на македонската интеграција кон ЕУ не доведе ниту до дефокусирање на бугарското либидо, ниту до „затоплување“ на македонската надворешно-политичка фригидност. Бугарија пак официјално декларира љубов кон Македонија, но таа веќе не е ниту безусловна, а најмалку романтична. По „љубовните“ изјави на бате Бојко, на иста маса со „македонољубецот“ Самарас, бугарската љубов кон Македонија добива форма на сапунска љубов. Изневерената „љубовничка“ ја озборува довчерашната симпатија кај злобната сосетка: "И България да заслужи да се правят филми срещу нея? Заради приятелството си, заради обичта си, заради своята откритост... Това е все едно сега да обвиниш някой, че в Африка има бедстващи от жажда или от глад хора. Защо не ги спасят? Има толкова богати държави.“

Кога ги прочитав љубовно-соседските трауми на Бате Бојко, добив филмска глад уште еднаш да го гледам „Трето полувреме“.Кога ги прочитав љубовно-соседските трауми на Бате Бојко, добив филмска глад уште еднаш да го гледам „Трето полувреме“. Првиот пат, филмот ми изгледаше премногу патетичен, неуверлив, премногу тенденциозен, националистички, квази-историски и маскулинистички. По второто гледање, имам чувство дека за некои лоши оценки сум бил престрог критичар. Најпосле, „Трето полувреме“ не е историски филм, туку авторска драма, во која Дарко Митревски јасно кажува дека бил инспириран од потресната животна приказна на Нета Коен. Тоа не е филм против денешна Бугарија, туку против фашистите. А што сведочи Нета Коен?

Приказната на Нета Коен и музејот на Холокаустот
Нета Коен, во својата животна исповед, никаде не негира дека „България е страната, която е спасила най-много евреи по време на Втората световна война, 50 000 души“ (Бате Бојко). Спасувањето на Евреите од Бугарија е тема која заслужува повеќе филмови. Меѓутоа, и спасувањето на Нета Коен си заслужува барем еден.

А еве што вели Нета во своето сведочење: „…Хитлер дојде однесе сè... Кога ги собрава нашите, јас се криев. Имав добри комшии, никој не ме кажа, децата што играа надвор прашуева, бугарски војници бева, Бугарите ги земава. Бугарија беа заедно со Хитлер, со Немците. И Бугарите дојдоа, Бугари стража, Бугари ги собрава, Бугарите куќите располагава, Бугарите све. Бугарски војници прашуват „Има ли тука Еврејка?“ – Нема. Ама да, ме знаева. Сите ме знаева, али не ме предале никој. Ме заштитуева, едноставно.“

Парадоксален е фактот дека најголем дел од негативната кампања во Бугарија во однос на филмот „Трето полувреме“ се води од лица кои никогаш не го гледале филмот и никогаш не го посетиле Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје. Да имале прилика да го посетат, ќе сфателе дека најголем дел од нивното негирање не се однесува ниту на режисерот, ниту на „Трето полувреме“, туку на она што го пишува во музејот на холокаустот.

Во музејот пишува дека „На 11 март 1943 година бугарската армија и полиција ги блокирала еврејските квартови и ги лишила од слобода Евреите од окупираните територии на Македонија, Србија и Грција (Тракија)“, дека „Сите 7 148 Евреи од Македонија биле убиени во Треблинка“, а „Според списоците за депортација, 50% од нив биле деца!“.
Малкумина во Македонија признаваат дека бугарска униформа носеле и многу Македонци, некои гордо, а некои од немајкаде.

Музејот на „македонската љубов“

Сите кои погрешно мислат дека Музејот на холокаустот во Скопје е некаква завера против Бугарија, можат да го посетат Музејот на Македонската борба, отспротива. Таму ќе можат да се уверат дека владата на Груевски не води никаква антибугарска кампања. Токму напротив.Сите кои погрешно мислат дека Музејот на холокаустот во Скопје е некаква завера против Бугарија, можат да го посетат Музејот на Македонската борба, отспротива. Таму ќе можат да се уверат дека владата на Груевски не води никаква антибугарска кампања. Токму напротив. Во музејот на „македонската љубов“ кон ВМРО има место и за Мара Бунева, и за Тодор Александров, и за Ванчо Михајлов, а и за Владо Черноземски. Величко Димитров Керин е претставен во најпозитивно светло, со револвер во букет цвеќе, како стрела во автомобилот на југословенскиот крал. Најголемиот дел од книгите во музејот на ВМРО се на бугарски јазик, а во витрините може да се пронајде не само бугарската тробојка, туку и слоганот „Съединението прави силата“.

Има ли подобар начин за надминување на бугарско-македонските бариери од посета на Борисов, Плевнелиев и Младенов на Музејот на холокаустот и Музејот на ВМРО, крунисана со положување на цвеќе пред спомениците на цар Самоил, Кирил и Методиј, Климент и Наум, Груев, Делчев, Карев, Гемиџиите...? И возвратна посета на Груевски, Поповски и Иванов - со положување цвеќе на гробовите или паметниците на Сандански, Петров, Татарчев, Сарафов, Александров, Вапцаров...? Па, сите заедно да ги посетат гробовите на ВМРО-вските војводи во Егејска Македонија и во Плевна?

Бугарската блокада на Македонија е храна за „хејтерите“. Само со искрен и благороден гест на помирување можат да се закопаат „историските секири“ и да се замолкнат психопатолошките изблици на „говор на љубов“, во садо-мазохистичката сеанса меѓу „татарите“ и „макетата“.


Авторот еколумнист и активист за човекови права

http://www.time.mk/read/77ecb9058c/496c628ef9/index.html


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 10-01-2013

Како беа ликвидирани македонските Евреи (3)
Фељтон

Како беа ликвидирани македонските Евреи (3)



Кој ги плати билетите за Треблинка. Големите полемики меѓу бугарските политичари и историчари во 2000 година открија многу валкани работи за улогата на профашистичката влада и царот за уништувањето на Евреите

Виктор Цветаноски


Темата за депортацијата на Евреите од Македонија и од Тракија во нацистичкиот логор Треблинка во Бугарија секогаш предизвикувала мошне жолчни расправи во кои се кажува многу повеќе отколку што официјална Софија сака да дознае светот. Постојат две сосема спротивни гледишта. Едните (левите сили) сметаат дека тогашната бугарска власт на чело со царот е одговорна за тоа што во Треблинка беа испратени над 11.300 Евреи од окупираните територии; и другите (десните) тврдат дека за се' се виновни Германците и тоа било направено под нивен силен притисок.

Еден од поводите за таква полемична расправа во 2000 година беше симнувањето на плочата на царот Борис Трети во Ерусалим, која била поставена во 1993 година во спомен на спасувањето на 48.000 бугарски Евреи. Токму таа расправа покажа колку се спротивни мислењата на Бугарите за ова мошне црно петно за нив од нејзиното минато.

Десните, на чело со Сојузот на демократските сили, партијата на тогашниот претседател Петар Стојанов и експремиерот Иван Костов, ја величеа улогата на царот, а левите, предводени од БСП, на чие чело беше бившиот претседател Георги Прванов, ја поздравија одлуката на Израел за симнување на плочата, сметајќи дека царот немал никакви заслуги за спасување на бугарските Евреи и дека е еден од виновниците зашто македонските и тракиските Евреи животот го завршија во нацистичкиот логор.

Тогашниот потпретседател на Народното собрание, Благовест Сендов (пратеник од БСП), и уште четворица познати бугарски јавни личности испратиле писмо до тогашниот израелски претседател Езер Вајцман, во кое подробно му ја објасниле профашистичката улога на царот Борис. Откако власта разбра за тоа писмо и за неговата содржина, него и неговите истомисленици ги нарече „валкани национални предавници“, „болни умови“ и продолжувачи на комунистичкиот тоталитарен режим. Во декларацијата за негова смена, Сендов беше обвинет дека работел против интересите на татковината за да и' наштети на Бугарија и да омаловажи достојни Бугари.

Така јавно започна да се одмотува замрсеното клопче, се отворија сите карти и испливаа на површина многу валкани нешта за царот Борис и за тогашната профашистичка влада, која ги жртвувала Евреите од Македонија и од Тракија, нешто што дотогаш не го знаеше пошироката бугарска јавност. Говорејќи од името на БСП, Георги Пирински рече дека во „Шумата на Бугарија“ во Ерусалим не треба да има споменик на царот, туку на 11 илјади Евреи испратени во смрт токму од него.

Благовест Сендов, кој и не помислуваше да поднесе оставка, изјави дека тој е современик на тие настани. Тогаш имал 12 години и паметел како Еврејчињата во Бугарија оделе со жолти шесткраки ѕвезди и го почитувале вечерниот час. „Се сеќавам како еден Евреин со многу високо образование требаше да затвора конзерви во Асеновград“, рече тој, раскажувајќи ја притоа приказната што му ја кажал неговиот стрико кој живеел на Тасос и гледал како Евреите од Тракија биле депортирани во нацистичкиот логор Треблинка.



Aкадемик Иљчо Димитров, кој, исто така, го потпишал писмото до Вајцман, напиша во еден весник за тоа како во 1942 година бугарската влада се вклучила во исполнувањето на злосторничкиот план на Рајхот. Со двострана спогодба на Рајхот и Царството требало да се депортираат во логорите на смртта 20.000 Евреи од „новите земји“ (Македонија и Тракија), но и од „старите предели“ (Бугарија). Кон веќе испратените 11.360 Евреи од „новите земји“ требало да се депортираат уште 8.000 од „старите граници“. „И покрај тоа што дејствувала под присила, исполнувајќи ги прифатените задолженија од Тројниот пакт, бугарската држава ја носи целата одговорност за соучество во злосторствата на хитлеризмот“, нагласи овој познат бугарски интелектуалец.

Претседателот на еврејската организација „Шалом“, Емил Кало, истакна дека за царот Борис Трети немало ниту еден писмен документ ниту еден доказ дека учествувал директно во спасувачката акција. „Jас не би го наградил повеќе отколку едно кондураџиче што ставило потпис под петицијата ’Не посегнувајте на бугарските Евреи’“, нагласи тој.

Исто мислење изнесе и бившиот претседател на Бугарија, Жељу Желев. Тој за дневниот печат изјави дека царот не ги спасил Евреите од Бугарија и дека целата негова политика, од 1940 година до смртта во 1943 била, била антиеврејска. „Борис Трети се сообразувал со политиката на Хитлер. Во Бугарија фактички се воведуваат антиеврејски закони“, нагласи Желев, додавајќи дека по донесувањето Закон за заштита на нацијата, се вовел вечерен час за движење на Евреите, кои биле задолжени да носат жолти ѕвезди, им се забранувало да вршат државни служби, ги интернирале во логори.

Според Желев, тогашнатата бугарска влада подоцна ја подготвила депортацијата. Испраќањето на Евреите од Тракија, Македонија и од источна Србија во Треблинка било организирано не само со знаење на пронацистичката влада на Богдан Филов, туку и со активна соработка на окупаторската администрација во таканаречените нови земји. „Билетите на сите 11.343 депортирани Евреи во 1943 година се платени од бугарската влада“, нагласи Желев.

Израелскиот професор д-р Михаил Бар-Зоар, потомок на бугарски Евреи, објасни дека главна причина за да биде симната плочата на цар Борис биле протестите на Евреите од Тракија и од Македонија, кои, според него, биле силно настроени против бугарскиот монарх, а нивните реакции бурни и емоционални. Поради тоа, Израелскиот национален фонд решил да формира посебна комисија, која направила компромис со тоа што решила да ги симне плочите и наместо нив, да подигне заеднички голем споменик. „На тој заеднички споменик освен убавата формула на благодарност кон благородните Бугари што ги спасиле своите сонародници во Втората светска војна, ќе има натпис за спомен на загинатите Евреи од Тракија и од Македонија“, нагласи Бар-Зоар.

За време на големата полемика весниците пренесуваа разни видувања на тие трагични години за Евреите. Интересно е тоа што Македонија, која Бугарите секогаш ја прогласувале за бугарска земја, а по нејзиното окупирање дека е остварен вековниот сон за ослободување и присоединување кон „мајка Бугарија“, тврдеа дека Рајхот неа и' ја дал на Бугарија за „администрирање“, иако нејзини војници и полицајци ги апсеа Евреите и ги натоварија во возовите за Треблинка. Главно оправдување зошто владата ја потпишала спогодбата за депортација на Евреите во февруари 1943 година беше дека била под силен германски притисок, дека „многу бил кревок бугарскиот суверенитет“, а бугарската држава „нездраво скрпена“ со новите територии.

Академик Благовест Сендов беше сменет од функцијата, а тогашниот лидер на опозициската БСП, Георги Прванов, кој подоцна два мандата беше претседател на бугарската држава, ги обвини пратениците од власта дека сакаат да го рехабилитираат фашистичкиот режим што ја управувал Бугарија до 1944 година. Според него, царот бил на чело на тогашното антисемитско раководство создадено по нацистички образец, а законите што ги донело биле основа за депортирање на над 11.300 Евреи од Тракија и Македонија. Прванов им прочита на пратениците цитати на едно обраќање на царот во 1942 година пред Синодот на црквата во кое, меѓу другото, вели дека еврејската нација му пречела на просперитетот на другите европски нации.

(продолжува)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=0541B11565264B47A4E553FB03225AC4






RE: Македонските медии за България - Топорчо - 10-01-2013

KАKО АДУТ ЗА НАСТАПИТЕ ВО ЕУ

Борисов бара лекција за Македонија од своите академици





Бугарски академици ќе го „потковуваат“ со знаење бугарскиот премиер Бојко Борисов за тоа како треба да се толкува добрососедството со Македонија. Тој побара помош од Академијата за наука (БАН) во Софија - да подготви материјали врз основа на нејзини историски податоци. Тие ќе бидат користени како адут пред Брисел, со кој Бугарија ќе ги оправдува своите настапи во ЕУ, како и идните чекори во однос на Македонија. Kако што информира дневниот весник „Стандард“, ова вчера го соопштил бугарскиот премиер на седницата на советот на министри. Борисов нагласил дека отсега претседателот на БАН ќе присуствува на секоја седница на министерскиот совет.

- БАН ќе врши анализа на односите меѓу Македонија и Бугарија. За добрососедството со Македонија Академијата ќе подготви материјал што ќе се користи како аргумент во Брисел пред европските функционери - рече Борисов.

И додека тој бара совети од академиците, дел од нив отворено ја напаѓаат Македонија и не ја признаваат нејзината историја. Еден од нив, историчарот Георги Марков, излезе со тврдење дека нашата историја е фалсификувана и дека личностите се преземени од бугарската.

- Фалсификувањето на историјата во Скопје почнува веднаш по Втората светска војна со цел историјата да се усогласи со создавањето на таканаречената македонска нација - вели Марков во интервју за бугарската агенција „Фокус“. Тој директно ги навредува македонските власти дека крадат туѓа историја.

- Во Скопје управувачките кругови отворено полуделе. Се чудам како стигна дотаму овој историски апсурд. Си лекуваат комплекси зашто немаат одржлив национален идентитет - тврди Марков.

Тој не е единствениот што деновиве настапи со антимакедонски ставови. Директорот на Бугарскиот национален музеј, Божидар Димитров, во вчерашното интервју за весникот „Стандард“ тврди дека македонската нација е создадена како антинација на друг народ. Според него, досега 86 илјади Македонци добиле бугарски пасош и таа бројка постојано расте.

- Тоа е речиси 10 отсто од словенското население во земјата. Овој интерес продолжува и сега, па паѓа тезата на македонската пропаганда дека сакале наше државјанство само за да патуваат на Запад. Пред две години ЕУ ги укина визите за Македонија, но интересот за бугарскиот пасош продолжува да биде исклучително голем. Властите во Скопје се обидуваат да го запрат овој процес, што би можело да ги стави во смешна ситуација, да управуваат народ во кој секој жител од словенско потекло е и бугарски државјанин - вели Димитров.

Kоментирајќи ја акцијата на македонската полиција во Струмица пред една недела, кога беше извршен претрес во домовите на 6-мина под сомнение дека издавале лажни лекарски уверенија за вадење бугарски пасоши, Димитров оценува: „Нивната влада презема репресивни дејствија кои не знам на каков закон се засноваат – посредници за добивање бугарско државјанство има 20 години. Ова се прави за да им се олесни на луѓето и да не се трупаат во редици. Не може да се спречи еден македонски државјанин да му заврши работа на друг ако има заверено полномошно“.

Kако што веќе објавивме, полицискиот претрес предизвика страв кај посредувачите во Македонија што за неколку стотици евра гарантираат добивање бугарски пасош

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=4949C9674D45C04B82696C38E10C4ACD


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 10-01-2013

Европа
Бугарија не го признава македонското малцинство


Парламнетарното Собрание на Советот на Европа (ПССЕ) побара од Бугарија целосно спроведување на сите одредби кои ги содржи Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства

Препораките посебно се однесуваат во делот на спроведувањето на индивидуалните права. Во резолуцијата на ПССЕ е забележано дека таа не го признава постоењето на македонското малцинство и помаците. Исто така од Бугарија се бара да ја потпише европската повелба за регионални и малцински јазици.

Во таа насока ПССЕ смета дека Бугарија треба да напредне во давањето на правата на лицата кои им припаѓаат на националните малцинства, во делот на промовирањето на мајчинот јазик, како и промовирањето на нивниот културен идентитет.

Од Бугарија се бара систематски и безусловно да ги осудува говорите на омрази насочени против малцинствата, како и да ги зајакне мерките за меѓусебна трпеливост и взаемно почитување и истовремено да ги охрабри политичарите да имаат примерно однесување и да се зафати со решавањето на проблемите на ромското малцинство.

Во резолуцијата подготвена од италијанскиот парламентарец Лука Волонте, се вели дека и покрај постигнатиот напредок Бугарија треба да напредува во повеќе клучни области, како независноста на правосудството, борбата против корупцијата и организираниот криминал и се надева дека таа ќе продолжи да напредува на демократски начин, објави Дојче веле.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=11596



RE: Македонските медии за България - Топорчо - 11-01-2013

Фељтон

Како беа ликвидирани македонските Евреи (4)


Зошто беше тргната плочата за царот во Ерусалим. За спасување на Евреите од Бугарија најголема заслуга има потпретседателот на Собранието, Димитар Пешев, кој повел акција да се спречи нивното депортирање и успеал. Но, за Евреите од Македонија и од Тракија немало спас

Виктор Цветаноски


За симнувањето на плочата на цар Борис Трети во Ерусалим тогашните бугарски власти ги обвинија потомците на малкуте преживеани македонски Евреи. „И јас се стресувам од омразата кон се' што е бугарско што го покажуваат потомците на депортираните Евреи во Македонија“, изјави бугарскиот професор Михаил Огњанов. Причините за тоа професорот ги гледа во наводната бугарофобија што им се всадувала во Македонија, а не во тоа што нивните предци биле ликвидирани од бугарската профашистичка влада.

Плочата била демонтирана откако Еврејската заедница од Македонија испратила писмо потпишано од Виктор Мизрахи, во кое се посочувало дека одговорноста за депортирањето и ликвидирањето на речиси сите Евреи од Македонија била на царот Борис и тогашната бугарска фашистичка влада.

Додека официјална Софија бараше од Израел да ја преиспита одлуката за симнување на плочата, 14 познати бугарски интелектуалци напишаа декларација во која решението за симнување го окарактеризираа како „комплимент и гест на врвна справедливост кон бугарскиот народ“, зашто, според нив, Евреите не ги спасил царот, туку народот и црквата.

Тогаш реагираше и израелската амбасада, подвлекувајќи дека спомен-плочите не се бугарска сопственост, дека тие се поставени од американски Евреи кои се иселиле од Бугарија и дека сите израелски влади покажувале уважување кон бугарскиот народ, но, од друга страна, не можеле да го заборават депортирањето и уништувањето во концентрациониот логор „Треблинка“ на 11.000 Евреи од Тракија и од Македонија.

За поставување спомен-плоча на цар Борис инсистирале бугарски Евреи кои живееле во Лос Анџелес. Тие сакале да му изразат благодарност што успеал да ги спасил од нацистичките логори 50.000 нивни сограѓани во Бугарија. Меѓутоа, израелскиот весник „Хар Арес“ публикувал текст во кој со аргументи се тврдело дека царот Борис учествувал во создавање репресивен закон за заштита на нацијата, кој подоцна станал силен аргумент за засилувањето на антисемитизмот и страдањето на Евреите во Бугарија и ја поддржал оската Рим - Берлин. Друг израелски весник, пак, објавил слика на цар Борис како цврсто му ја стиска раката на Хитлер.

По многуте реакции што уследиле потоа, се формирала посебна комисија, која излегла со соопштение во кое се вели дека царот ги исполнувал упатствата на нацистите за депортирање на тракиските и македонските Евреи во логорот „Треблинка“. Екстрадирањето целосно било извршено од бугарската полиција и војска, кои тогаш го окупирале тој реон на Балканот.

Проблемите на бугарските Евреи започнаа многу порано, уште при крајот на триесеттите години на минатиот век, кога под влијание на фашистичката идеологија некои бугарски политички движења, пред се', Сојузот на националните легионари, организирале кампања против нив. Тие ги кршеле излозите на еврејските продавници и канцеларии, така што дел од Евреите под притисок се иселиле во САД и во Франција.

Законот за заштита на нацијата, што бугарската држава го донела во 1940 година, бил насочен токму против Евреите. Законот ги обврзувал да носат жолти шесткраки ѕвезди, да го декларираат имотот, сметките во банките, а стопанската активност им била ограничена. Царот, и покрај тоа што имал огромна моќ, не се спротивставил на антиеврејските прогонувања.

Пратеникот Ансен Бехар, инаку Евреин, раскажа како за време на војната, поради антисемитската политика на тогашната влада, Евреите биле затворени во своите домови. Сите граѓани од „новите територии“, како што Бугарите ги нарекуваат окупираните области од бугарската војска за време на Втората светска војна, можеле да добијат бугарско државјанство, но не и Евреите, со што уште полесно можела да се изврши нивна депортација.

Ова тема уште еднаш ги разгоре страстите во Бугарија во деновите кога беше организирано потсетување на големото дело на Димитар Пешев, потпретседател на бугарското Собрание, кој во 1943 година собрал 43 потписи од пратениците на владејачкото мнозинство за да го спречи депортирањето на бугарските Евреи. Кога дознал дека владата подготвувала депортирање на Евреите од Бугарија и дека возовите веќе се товареле да тргнат за нацистичките концентрациони логори, интервенирал кај министерот за внатрешни работи, Петар Габровски, и притоа успеал да се избори да се одложи депортирањето кое веќе почнало да се подготвува во Ќустендил. Наредните денови подготвил и петиција. Поради неговото ангажирање да се спасат Евреите, владата побарала да биде сменет од потпретседател на Народното собрание, а пратениците што ставиле потпис на петицијата да бидат предупредени дека можат да бидат исклучени од него. Подоцна некои од нив ги повлекле потписите, а Пешев бил сменет од функцијата.

Говорејќи за значењето на делото на Пешев, тогашниот парламентарен спикер, Јордан Соколов, рече дека со прославата се ставало крај на митот дека бугарските Евреи биле спасени од Живков и од комунистите.

Реакциите на социјалистите и бугарските антифашисти беа огромни. Лидерот на БСП, Георги Прванов, го повика Соколов на јавна дискусија на темата за Евреите. Тој истакна дека со донесувањето на Законот за заштита на нацијата во 1940 година во Бугарија се создала основа за официјална политика за антисемистички прогонувања. Според него, овој закон создаден според нацистички образец довел до силно ограничени граѓански права на бугарските Евреи, а пронацистичкиот бугарски режим од 1941-1944 година формирал Комесаријат за еврејски прашања.

„Во крајна линија тој режим е одговорен за трагичната судбина на повеќе од 11 илјади Евреи од Македонија и Тракија, кои во тоа време беа под бугарска управа“, подвлече Прванов.

По повод искажувањето на Соколов, реагираше и Бугарскиот антифашистички сојуз, а неговиот претседател Велко Волканов прочита стенографски записници од тогашното бугарско Собрание.

„Бугарските Евреи најдобро знаат што им се случи и кој ги спасуваше, но јавноста целосно е збркана од срамните изјави како на таа на Јордан Соколов. Немало фашизам, но Евреите се спасени. Од кого и како се спасени? Од фашизам со човечко лице? Од еден добар фашизам, кој што ем ги осудил Евреите на смрт ем си ги спасил самиот”, изјави Анжел Вагенштајн, бугарски Евреин. Според него, сите членови на тогашната влада и претставници на Народното собрание биле директни учесници во уништувањето на Евреите од Македонија и од Тракија.

„Дали може, од една страна, да се симулира пред Европа уважување кон Евреите, а од друга страна, да се рехабилитираат фашистите и фашизмот“ праша тој.

Од Тел Авив со писмо се јави и Евреинот Мони Папо, подвлекувајќи дека Бугарија била и си останала единствената држава во Европа, чијшто Врховен суд го рехабилитирал фашизмот. Неговата реакција беше предизвикана од фактот што Врховниот суд на Бугарија ги стави надвор од сила пресудите на Народниот суд од 1 февруари 1945 година и, притоа, рехабилитира 51 лице. Многумина од нив биле главни актери на драмата на бугарските Евреи и трагедијата на нивните сононародници во Македонија и во Тракија, но имало и такви кои биле против депортацијата на Евреите. Сите нив комунистичката власт ги осудила за вовлекување на Бугарија во Втората светска војна, против сојузничките народи и за злосторства сврзани со народот... Од нив 93 биле осудени на смрт, а останатите на временски казни. На смрт беше осуден и тогашниот премиер Богдан Филов и егзекутиран на софиските гробишта од стрелачки вод истата вечер.

Парадоксално е што тогаш бил осуден и Димитар Пешев, на кого должна почит за спасување на бугарските Евреи му беше оддадена и во Стразбур од Советот на Европа. Обвинет бил за антисемитизам и противник на Советскиот Сојуз. За него била побарана дури и смртна пресуда (од пратениците што ја потпишале пресудата, 20 биле осудени на смрт). Меѓутоа, Пешев бил спасен од својот адвокат – Евреин. Умрел во 1973 година.

(Крај)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=88A597DDED616741B5F0D100EA4DF74C


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 11-01-2013

Бугарија допрва ќе ја притиска Македонија

Политиката на Софија може да предизвика само реактивен национализам од македонска страна, ситуација од која, за жал, и двете страни би излегле како губитници, предупредуваат познавачите на состојбите




Бугарските власти, наместо да вложуваат во добрососедските односи со Македонија, се обидуваат да освојат политички поени пред домашната јавност, користејќи ги македонското прашање и отворениот национализам. По бугарската поддршка на Грција на декемврискиот самит на ЕУ, премиерот Бојко Борисов за односите со Скопје сега бара помош од најтврдокорните националистички кругови - Бугарската академија на науките (БАН). Таквата политика на Софија може да предизвика само реактивен национализам од македонска страна, ситуација од која, за жал, и двете страни би излегле како губитници, сметаат познавачите на состојбите.

Тие истакнуваат дека е апсурдно премиерот Борисов да бара помош за добрососедските односи со Македонија од академиците, кои често не ги кријат своите националистички ставови, а од друга страна да го обвинува Скопје за национализам и недоволно залагање за подобрување на односите меѓу двете земји. Според нив, станува збор за уште еден обид на бугарскиот премиер за поентирање на политички план, користејќи го македонското прашање во изборна година. Таквата политика, предупредуваат познавачите на состојбите, може да доведе до заладување на односите меѓу Софија и Скопје.

Аналитичарот Ивица Боцевски смета дека мислењата на академиците од БАН нема ништо да променат кај нас, освен да предизвикаат негативна реакција.

- Во таков случај можно е во Македонија да се појави реактивен национализам. Наместо блискоста помеѓу двете земји да се искористи за поголема соработка, имаме конфликт поради кусогледоста на политичарите. Поради тоа, односите ќе одат кон полошо - вели Боцевски.

Според него, Борисов има добар политички инстинкт и го користи моментот за зајакнување на позицијата пред домашната јавност во година на парламентарни избори.

Аналитичарите предупредуваат дека бугарската политика кон Македонија ќе се заострува во претстојниот период, без разлика на тоа кој е на чело на Владата во Софија.

- Со Борисов или без него, бугарската политика кон Македонија ќе оди кон заладување, па и заострување. Очекувам заострувањето и притисокот да се одвиваат по друга линија, односно можно е мешање на Софија, па и блокирање одредени финансии од ЕУ за Македонија - вели публицистот Владимир Перев.

Во однос на ставот на БАН за советите што академиците ќе му ги дадат на Борисов за бугарско-македонските односи, Перев не очекува некоја промена од досегашниот став, кој е изнесен во националната доктрина.

- Основните постулати на бугарската национална доктрина, која беше усвоена во средината на 1990-тите, се веќе познати. Според доктрината, во Македонија и во Бугарија живее еден народ со заедничко минато. Понатаму, се истакнува дека во двете земји се говорат различни дијалекти од еден ист јазик - додава Перев.

Според него, интересно е тоа што со бугарската официјална политика, па и со доктрината, се бара почитување на државноправниот елемент, односно се поддржува Македонија да опстане како самостојна држава.

Борисов на неодамнешната владина седница побара БАН да ги анализира односите со Македонија, а академиците да присуствуваат на седниците на Министерскиот совет и да даваат совети при носењето на одлуките. Според него, БАН треба да подготви материјал за тоа како точно да се толкува добрососедството со Македонија. Борисов смета дека таквиот документ „би им помогнал на бугарските власти при искажувањето на ставовите пред јавноста или во европските институции во Брисел“. Додека бугарскиот премиер бара совети од БАН, дел академици отворено ја напаѓаат Македонија, негирајќи ја нејзината историја. Па така, историчарот Георги Марков порача дека „македонската историја е фалсификувана и дека личностите се преземени од бугарската“.

- Фалсификувањето на историјата во Скопје почнува веднаш по Втората светска војна за историјата да се усогласи со создавањето на таканаречената македонска нација - истакна Марков за бугарската агенција „Фокус“.

Марков оди дури и подалеку, па упатува повеќе отворени навреди кон македонските власти.

- Во Скопје управувачките кругови отворено полуделе. Се чудам како стигна дотаму овој историски апсурд. Си лекуваат комплекси зашто немаат одржлив национален идентитет - вели бугарскиот академик.
Официјална Софија веќе неколку месеци, а особено пред и по декемврискиот самит на ЕУ, врши притисок врз Македонија, да прифати повеќе отстапки, кои, според бугарските власти, се во насока на добрососедските односи. Помеѓу повеќето услови, бугарските власти бараат од „Скопје да прекине со националистичките ставови, со фалсификувањето на историјата и со дискриминацијата на бугарските бизниси и на Бугарите во Македонија“.


Автор: Владимир Мијановиќ

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11113920295&id=9&prilog=0&setIzdanie=22776


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 11-01-2013

Бугарија: во стан во Софија цело семејство пронајдено мртво

Бугарска брачна двојка, нивните два возрасни синови и бабата биле пронајдени мртви во стан во Софија со повеќекратни убодни и прострелни рани, соопштила полицијата.


Како што пренесува сајтот Новините, еден од синовите, 27-годишен со психички проблеми, ги убил останатите четворица пред да изврши самоубиство.

Полицијата, која не сакала да ги потврди информациите, навела само дека на почетокот на истрагата не се пронајдени докази дека во моментите на злосторството во станот имало и други лица.

Шефот на полицијата во Софија, Валери Јорданов, изјавил дека на местото на злосторот биле пронајдени нож и пиштол, кој таткото легално го поседувал.

http://www.mkd.mk/89474/svet/vo-stan-vo-sofija-pronajdeno-celo-semejstvo-mrtvo/


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 11-01-2013

Туй розово свине осве за се друго ни мафта с пръст и за "македонска Тракия "

Кој е крадецот на задниот влез во Брисел?!

Политичките проблеми не може да се решат научно. Оттука, науката, а јасно е колку бугарската наука што ќе биде пласирана пред европските институции носи вистина во себе, како во случајов, може да се користи само како инструмент за постигнување на некои одамна зацртани цели. Жесток одговор од наша страна, политички, а не научен, би требало да следува по сето ова



Надвор од здравиот разум е на какво било, а најмалку на академско ниво, во какви било, а најмалку во примарно политички институции, да се дебатира за постоењето на македонската нација, јазик, култура, историја. Надвор од здравиот разум е да се бара и од една балканска академија (бугарска, грчка или српска), да си постави цел решавање на т.н. отворени прашања на Балканот, под превезот дека спроведува мировна мисија и употребувајќи терминологија како што е „добрососедство“. Секоја ваква идеја (во последно време се намножија од матрицата на Бугарската академија на науките) би требало да биде однапред осуетена.

Што (или што добро) може да се очекува од индоктринирани балкански академици, бугарски, грчки или албански, по прашањето Македонија во некоја европска институција? Ништо, освен „чисти неумности“ (како што ги нарекува проф. Димитар Мирчев). Уште повеќе, што може да се очекува од една академија на науки, конкретно од бугарската, кога во нејзините изданија, исто како и во изданијата на кои било други бугарски сателитски „научни“ и „невладини“ институти, во последните 10-15 години, се оправдува дури и Хитлеровата агресија на Балканот и холокаустот во Македонија и македонска Тракија?!

Добро познатата доктрина на БАН - отворено посегање по македонскиот интегритет, идентитет, суверенитет и воопшто егзистенцијалната судбина на нашиот народ - сега ќе се индоктринира и во Брисел. Имено, деновиве бугарскиот премиер Бојко Борисов побара од академиците да му помагаат на темата „добрососедство со Македонија“, односно „да ја заштитуваат Бугарија во Брисел по темата Македонија“. Бугарските академици ќе подготват материјал околу тоа како точно ќе се толкува „добрососедството со Македонија“, документ што би им помогнал на бугарските власти при искажувањето на ставовите во европските институции во Брисел. Бугарската академија не може да придонесе за разгледувањето и затворањето на „чувствителните прашања“ помеѓу државите, особено затоа што е позната тврдокорната линија на која стојат нејзините членови. Оттука, за осуда се сите пориви на Бугарија „научно да решава“ за всушност политички проблеми. А ова е само еден во низата бугарски притисоци, кои сѐ повеќе преминуваат во отворени напади врз Македонија и доаѓа откако историчарот-академик Георги Марков од БАН изјави дека во Македонија историјата почнала да се фалсификува веднаш по Втората светска војна, а со време се стигнало до присвојување на најважните личности од историите на соседните земји сѐ до антиката; откако изложбата на македонските средновековни ракописи во Белгија предизвика жестоки реакции во соседна Бугарија и кога истиот академик обвини дека со изложбата „Скопје сакало да влезе во Брисел како крадец на задниот влез“; или откако бугарските историчари го нападнаа филмот „Трето полувреме“ на Дарко Митревски, и тоа сѐ уште неприкажан.

Еден наш академик во една пригода рече дека науката може да нуди решенија за одредени чувствителни прашања, но за тоа се потребни слободни луѓе што можат, ако ништо друго, да го кажат своето мислење. Академиците би требало да бидат такви, ама не се. Затоа, и науката и сѐ друго е зависно од политиката и од идеологијата, а особено од националната идеологија. Ако интелектуалците биле добронамерни, досега веќе ќе се дошло до некоја објективна вистина за Балканот, како територија со заедничка историја. Но во ваква ситуација се покажува дека империјалистичките претензии не се минато, дека секој сѐ уште сака да го грабне туѓото и да го прикаже како свое. И така ќе биде сѐ додека академиите на соседите имаат платформи, доктрини и енциклопедии во кои се негира македонскиот идентитет.

Политичките проблеми не може да се решат научно. Оттука, науката, а јасно е колку бугарската наука што ќе биде пласирана пред европските институции носи вистина во себе, како во случајов, може да се користи само како инструмент за постигнување на некои одамна зацртани цели. Жесток одговор од наша страна, политички, а не научен, би требало да следува по сето ова.

Автор: Весна Дамчевска

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1111393846&id=13&prilog=0&setIzdanie=22776


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 11-01-2013

Изненадувачки политичари

Изненадувањето е ситуација која често политичарите ја користат како оружје. Тоа им носи предност пред соговорникот или политичкиот соперник бидејќи човек кој е затечен со спротивното од очекуваното извесен период останува збунет, вчудовиден, па може дури и да биде шокиран.

Мајстори за предизвикување такво нешто се грчките политичари. Со ненадејни потези често сакаат да стекнат предност, да збунат, а потоа ако може, и да изманипулираат. Така пред два дена постапи и премиерот на јужниот сосед, Андонис Самарас. Најави дека нема време да се сретне со дипломатот од ОН, Метју Нимиц, ама одеднаш се појави во грчкото министерство за надворешни работи и разговараше со посредникот, кој со години пробува да реши проблем кој самите Грци го наметнаа. Останува непознато какво ли изненадување приредил при разговорот и какви ли с` нови услови и црвени линии не му изнакажал на Нимиц. Ама едно е јасно. Со изненадното присуство на состанок кој претходно го омаловажи сака да постигне две цели: да покаже пред своите сонародници дека е заинтересиран за македонското прашање, а истото тоа да му го покаже и на светот, и особено на сојузниците кои го критикуваат дека избегнува решавање на спорот. Фотографиите од изненадната средба ги објавија медиумите, а дали потоа останува неговата незаинтересираност да се реши проблемот, ќе се види. До некое негово следно изненадување. Нам и на Нимиц ни преостанува да бидеме на штрек и да не дозволиме да бидеме затекнати и изненадени.

Добар ученик на Грците во користењето на ненадејното како дипломатска вештина е бугарскиот премиер Бојко Борисов. Тој исто така завчера приреди изненадување. Море, дури и н` шокира со неочекуваната желба да учи. И тоа не од кого било, туку побара учители да му бидат академиците на Бугарија. Ги повика да го „потковаат“ како треба да се толкува добрососедство кога е во прашање Македонија. А, без да изненади еден тамошен академик веднаш (и тоа преку медиумите) го подучи дека Македонија нема историја и ја краде туѓата, односно нивната. По вака академско толкување на добрососедството нема да изненади ако Борисов го земе овој академик и за личен учител по историја и односи со соседните земји. Kога академикот ќе го вклучи школското ѕвонче, премиерот веднаш ќе седне на клупата и ќе слуша нова лекција за „одродените“ Македонци. Со тие знаења потоа ќе ги изненадува во Брисел какви всушност сме ние.

Kај нас, пак, изненадување ќе биде ако воопшто заѕвони ѕвончето од будилникот во МАНУ. Таму најголемиот дел од нашите академици спијат, што не е неочекувано. Така е со години. Понекогаш онака мамурни ќе кажат понекој умен збор и задоволни од направениот „голем напор“ во име на нацијата, пак си продолжуваат со мирниот сон.

Можеби овој пат и не треба многу да им се лутиме на умните бели глави. Едноставно нема кому да му држат лекции, оти на нашите политичари деновиве им недостига време да се занимаваат со соседите, кои често ни приредуваат ненадејни непријатности. Овдешните политички избраници нам, на жителите на Македонија, ни приготвуваат изненадувања. Изненадувања кои се многу големи, ама изгледа ние сме отрпнати, па некако не им даваме големо значење. Секаде во светот би било неочекувано водечките партии во една земја со децении да не најдат заеднички јазик за најважните државни прашања. Секаде би биле вџашени да видат како новинари се исфрлаат од парламент. Или, зарем е очекувано сериозна опозициска партија да тврди дека нема да оди на избори, па по неколку минути да се демантира, па потоа да поставува едни услови и барања до власта, па потоа други, за на крај да наброи невозможни очекувања за да може повторно да каже дека не е за избори? Не е за очекување, ама кај нас дел од работиве се испревртеа, станаа нелогични, а поради фактот дека станаа и чести, тие веќе и не се изненадувачки.

Загрижувачки е начинот на кој успеавме да го постигнеме она што Маршалот Тито го бараше со децении од жителите и институциите на поранешната СФРЈ: „Ништа нас не смије изненадити“.

А толку многу посакуваме лидерите на посериозните партии да ни приредат едно вистинско изненадување. Пријатно. Да се спастрат, да погледнат во реалноста, да помислат на иднината на земјата и потоа да работат што е можно посложно во интерес на Македонија.

За да не н` изненадат соседите - непријатно.

Антонио СПАСЕВ

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=38AEB05B2CB3AB40959B3D74AA333EC3


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 11-01-2013

Проекции на „Трето полувреме“ во Австралија, САД и во Kанада

Склучен е договор за прикажување на „Трето полувреме“ во Австралија, а во тек се преговори за дистрибуција во САД и во Kанада. Режисерот Дарко Митревски во „Гласот за Америка“ вели дека го избрал Палм Спрингс за промоција на филмот зашто фестивалот ги прикажува филмовите кои учествувале во оскаровската трка, нуди пресек на најдоброто од светската продукција, од новиот бран автори.

- Ова не е филм што испраќа политички пораки, но „во секој случај, зборува за еден период од македонската историја кога се формирале, меѓу другото, и некои политички идеи. Тоа биле идеи кои ќе вродат со плод долги години подоцна – вели Митревски.

Филмот повлече политичка напнатост на релација Бугарија - Македонија за темата - депортацијата на македонските Евреи за време на Втората светска војна, кога Македонија била под бугарска окупација. Бугарскиот премиер Бојко Борисов беше цитиран во медиумите дека Бугарија не заслужува филм против неа, затоа што земјата спасила 50.000 Евреи.

Митревски, пак, со став: „Јас мислам дека овој филм не е проблем на Македонија. Никаков. Ова е македонски филм, но не е наш проблем. Дали е тоа проблем на Бугарија? Веројатно да, доколку Бугарија не може да се соочи со сопственото минато и со некои темни дамки во него. И, секако, е проблем на Европската унија. Ако ЕУ себеси се смета за федерација во која е можно попречување на цела една земја и цела нација заради уметничко дело, кое, меѓу другото, кажува стопроцентно потврдени проверени факти - не од македонски и бугарски, туку од светски - американски и европски авторитети - тогаш Македонија не е таа што има проблем, туку ЕУ“.

Митревски додава дека неговиот филм е против омраза, против идеологии кои проповедаат нетолеранција, против идеологии кои проповедаат исклучивост.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=FB6B94121CD9FD48A0412C477809D7BD


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 12-01-2013

Откриена шверцувана стока од Бугарија

Полицијата при контрола на возило на магистралниот пат Крива Паланка – Куманово, открила 1.860 парчиња наочари со диоптер, и друга стока која илегално од Бугарија била внесена во Македонија.
Во започнатата истрага, полицијата дознала дека стоката требало да биде препродавана на пазарите во Скопје. Против возачот МВР најави соодветна пријава.

http://www.plusinfo.mk/vest/75844/Otkriena-shvercuvana-stoka-od-Bugarija


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 12-01-2013

Датум: 11.01.2013, 16:44

НОВО ПРОДОЛЖЕНИЕ ВО ЖИВОТНАТА ЕПИЗОДА НА ТРЕНЕРОТ ОД „ТРЕТО ПОЛУВРЕМЕ“

Бугарите го депортирале, но и му помогнале да се спаси


Откако деновиве бугарски портал објави дека Бугарија, всушност, не го депортирала, туку го спасила еврејскиот тренер Илеш Шпиц, јунакот на филмот „Трето полувреме“, ја проверувавме оваа фудбалска епизода во сенка на актуелното преиспитување на македонско-бугарските односи и на политички план. Што излезе? Да, Шпиц бил депортиран од Скопје за Треблинка од бугарската војска. И да, управата на клубот „Македонија“ интервенирала кај тогашната бугарска полиција. И точно е дека некаде на територијата на Србија германски војници го симнале Шпиц од вагоните на смртта. Вистината помеѓу не е целосно позната. Kај нас се смета дека Скопје го спасило, Бугарија тврди дека таа го сторила тоа

Лична интервенција на шефот на Бугарската национална спортска федерација (БНСФ), Иван Батембергски, го спасува од сигурна смрт тренерот на фудбалскиот клуб „Македонија“ (Скопје)- Илеш Шпиц.
Тоа сознание е во силен контраст со филмот „Трето полувреме“, кој ги растресе односите меѓу Македонија и Бугарија. Во него се опишува финалето на првенството во 1942 година меѓу скопскиот тим, кој го носи името на поранешната југословенска република, и „Левски“.

Ова е исечок од текстот „Бугарија го спасува еврејскиот тренер од Трето полувреме“, објавен неделава на софискиот портал „24 часа“ како ново продолжение од бугарската пресметка со филмот на режисерот Дарко Митревски, започната уште во времето на неговото снимање. Филмот, кој како што вели порталот, ги растресе односите меѓу двете земји, моментно се прикажува на филмскиот фестивал во Палм Спрингс и во кината низ Македонија, каде што досега, според податоците на продукцијата „Kино-око“, го виделе 80 илјади гледачи.

Битката за „Оскарот“ што се доделува за остварување од неанглиско јазично подрачје не ја извојува, но сè уште ја води војната за историската веродостојност на приказната од „Трето полувреме“ и, конечно, за правото на уметничка слобода во документарните податоци, искористени во неа.

Во „Трето полувреме“, кој Митревски го опишува, пред сè, како приказна за љубовта, навистина се зборува за љубовта – кон фудбалот, кон луѓето, кон земјата. Но, тие паралелни приказни за создавањето на клубот „Македонија“, кој „24часа.бг“ со нескриена тенденциозност го нарекува „тимот што го носи името на поранешната југословенска република“, се случуваат на заднината на Втората светска војна и на фонот на трагичната приказна за протерувањето на македонските Евреи.

Откако е расчистена големата улога што во тоа протерување ја имале бугарските окупаторски сили, согласно официјалните меѓународно прифатени податоци за страната што ја зазела државата на нашата источна граница, сега се отвораат некои нови етапи за преиспитување на помалите епизодни улоги, на тогашниот шеф на Бугарската национална спортска федерација, Иван Батембергски. Тој, се чини, навистина помогнал во спасувањето на Шпиц, откако тоа било побарано од управата на клубот „Македонија“.

Kој бил спасителот?

Во филмот, бугарски офицер го праќа Шпиц во логорите на смртта. Историјата е сепак друга. Тренерот е веќе одведен во поранешната тутунска фабрика на македонската престолнина и чека да биде транспортиран во логорите на смртта, заедно со својата сопруга и со детето. Ова го разбира претседателот на клубот, Димче Хаџитомов (во текстот на „24часа.бг“ Хаџитанов, з.н.) и ѕвони во Софија. Тогаш претседателот на Бугарската спортска федерација, Иван Батембергски, организира итна средба со Министерството за внатрешни работи и Шпиц е симнат од транспортот на смртта на територијата на денешна Србија. Таму му се издадени нови документи и е пратен во Велика Британија. По војната се прибира во родната Унгарија, но повторно се враќа на Балканот.

Овој развој на приказната што го пренесува „24часа.бг“ делумно се потврдува во сознанијата што за тој период ги имаат познавачите на спортската историја во Македонија.

Илија Атанасовски, поранешен генерален секретар на Фудбалската федерација на Македонија и автор на книгата „Ние сме големо семејство на фудбалот“, го раскажува македонскиот дел од оваа епизода.

- Во управата на клубот „Македонија“ долгогодишен функционер бил Kирил Пенушлиски. Kога скопските Евреи биле собрани за депортација во Треблинка, во клубот дотрчала сопругата на Шпиц (која очигледно не била одведена со него, како што тврди „24часа.бг“, з.н.) и на лош македонски јазик вознемирено соопштила: „Узели Шпица“. Пенушлиски интервенирал кај Димитар Шкартов, претседател на спортскиот клуб „Македонија“, а тој пак веројатно директно во Бугарија. Kако се одвивала приказната понатаму во Бугарија не знаеме, но факт е дека Шпиц бил симнат од вагоните на смртта – раскажува Атанасовски.

Шпиц, по завршувањето на војната, се вратил на Балканот.

- Приказната за него е убава и трагична во исто време. Тој починал на атлетската патека до фудбалскиот стадион за време на натпреварот помеѓу „Вардар“ и ОФK „Белград“, пред 20-илјадна публика на трибините. Резултатот бил 3-1, па 3-2, тој ја водел играта довикувајќи од патеката, од каде што го следел натпреварот, и починал од срцев удар - раскажува Атанасовски.

Натпреварот завршил со победата на „Вардар“ од 3:2 над ОФK „Белград“.

Овие детали Атанасовски ги има слушнато прибирајќи податоци за книгата што ја издал, која, како што вели, е тешка 4,5 килограми и содржи 1.500 архивски фотографии за македонскиот фудбал. Но, многу подетаљно оваа епизода е раскажана во книгата „Скопски фудбалски незаборави“ на Ивко Панговски, спортски новинар во пензија. Во книгата се пренесени спомените на Пенушлиски. Тој раскажувал:

„Во раните утрински часови на 8 март 1942 година, во канцеларијата уплакана и избезумена втрча сопругата на нашиот тренер и на унгарско-македонски-српски почна да вика: Однела полиција мој Шпиц, убише Шпиц! Не чекавме да ни докаже како е уапсен и одведен. Со Мицко Симеонов се упативме кон зградата на Ибни Пајко, каде што беше сместено архитектонското биро, сопственост на претседателот на клубот „Македонија“, Димитар Шкартов. Му ја пренесовме веста со коментар дека ова е смислена атака против него. Тој налутено го крена телефонот и заврте неколку броеви. Од разговорот сфативме дека на линија го има директорот на бугарската полиција во Македонија, Асен Богданов, кому со висок тон му рече: Асене, одведувањето на Шпиц го сметам како атака врз мене. По ова ја спушти слушалката“, раскажал Пенушлиски за книгата на Панговски.

Во книгата се набележани и спомените на Симеонов, кој го раскажал враќањето на Шпиц, кој вечерта истиот ден се појавил во просториите на клубот.

„Со треперлив глас раскажуваше: Ме спроведоа во Монополот и со моите сонародници Евреи ме качија во вагоните. Гледајќи низ процепите на вагоните, сфатив дека се движиме кон Србија. Загубив секаква надеж. Неочекувано композицијата запре негде кај Сурдулица. Мене ме извлекоа од вагонот, неколку германски офицери ме качија во автомобил и ме вратија во Скопје“.

Во тврдењето на „24часа.бг“ тоа го сториле бугарски офицери, кои му обезбедиле пасош на Шпиц да пребега во Велика Британија за да се врати на Балканот по крајот на Втората светска војна.

И реалниот крај - филмски

Самиот фудбалски клуб „Македонија“, според порталот „24часа.бг“, е создаден од Бугарија. На 10 август 1941 година се раѓа новиот тим. Авторите на филмот се потпираат многу на интервјуто што го направиле со голманот Васил Дилев, последниот преживеан од тимот. Во него, сепак, има доста измислици, што може да се припише и на неговата поодмината возраст.

Дарко Митревски веќе изјави дека не сака да влегува во нови дебати за историската веродостојност на податоците во филмот, но на известувањето за најновото пишување на бугарскиот портал во врска со „Трето полувреме“ само кратко прокоментира:

- Ех, па, тие сè знаат подобро од Дилев, кој бил директен учесник во настаните.

Во книгата на Панговски, како и во филмот на Митревски, клубот „Македонија“ е основан во Скопје и има несомнен придонес во борбата против германско-бугарските окупатори. „Тие применувале сакакви репресалии за да го задушат гневот и нараснатото чувство кај сите дека македонскиот народ ја води битката против окупаторот и на зеленото фудбалско поле“, пишува Панговски во „Фудбалски незаборави“.

Инаку, Шпиц навистина го задолжил балканскиот фудбал. Во 1946 година, по завршувањето на војната, поканет е од српскиот гигант „Партизан“ да го преземе тимот. Во Белград работи речиси цела деценија, освоил две титули и три купа со „црно-белите“.

Собира уникатен тим во кој се Бобек и Златко Чајковски-Чик.

„Сè што сум научил за фудбалот е благодарение на Илеш Шпиц“, има изјавено Чајковски, една од легендите на фудбалот во поранешна Југославија.

Во 1960 година се враќа во Скопје за да го преземе „Вардар“ и уште следната година го освојува Kупот на Југославија. Срцето му сопрело на 1 октомври 1961 година на стадионот во Скопје. Целиот тим се собрал за да го пренесе ковчегот на легендарниот тренер. Телото му било изложено на градскиот стадион.

Во „Трето полувреме“ Шпиц бега откако управникот на клубот „Македонија“, не можејќи да го убие како што му сугерирал бугарскиот офицер, самиот се убива. (Д.Н. - Ј.Ф.)

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=AD63BFC2FB447C4D9689329C5578E482


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 12-01-2013

Датум: 11.01.2013, 16:47

Македонско-бугарска приказна со ист крај до бескрај


Филмот „Трето полувреме“ , случајот „Спаска Митрова“, наводните проблеми со бугарското малцинство во Македонија, барањето „Македонија да се однесува добрососедски“ се само нишки во долгата низа случувања низ годините со кои нашиот источен сосед настојува да покаже дека Македонија е причината за нарушените добрососедски односи. И покрај манифестираните напорите на Македонија да се смират страстите, меѓусоседската релација како да се влошува.

Искра КОРОВЕШОВСКА

Министерот за надворешни работи Никола Попоски му напиша писмо на бугарскиот колега Николај Младенов согласност за неговите предлози за унапредување на добрососедството. Преку бугарските медиуми Младенов му одговори дека е време да се премине кон преговори за предлозите. Работните групи од двете соседни држави е најавено да се сретнат и да почнат со работа во втората половина на јануари. Од Министерството за надворешни работи засега не откриваат детали за средбите ниту за членовите на групите.

И додека се чинеше дека „топката се смирува“, полициската акција во Струмица од 2 јануари, во која беа разоткриени лица осомничени дека издавале лажни лекарски уверенија за вадење бугарски пасош, повторно го вклучи алармот во официјална Софија. Слично како во случајот „Спаска Митрова“, и сега бугарските медиуми ја искористија ситуацијата опишувајќи ја акцијата како „апсење на Бугари во Македонија“ и „гнев на Македонците кон бугарскиот народ“.

За историчарите антимакедонската приказна е стара колку што се стари и двете држави, дури и пред тоа. Други, пак, тврдат дека антибугарското расположение од комунистичкиот период сè уште се провлекува и е најизразено по осамостојувањето на земјава.

Kои се клучните моменти што ги одбележуваат македонско-бугарските односи од моментот кога Македонија стана самостојна, суверена и независна држава?

На 15 јануари 1992 година, кога на власт беше Жељу Желев, Бугарија беше првата земја што ја призна Македонија под уставното име. Според познавачите, единствениот позитивен гест од нашиот сосед, на кој низ годините постојано нè потсетуваат

Во 1999, тогашните премиери Љубчо Георгиевски и Иван Kостов потпишаа Договор за пријателство. Историчарот академик Иван Kатарџиев во една пригода го оцени како „глупост од политичка гледна точка“. „Се работи за меч со две острици. Се сметаше дека на овој начин ќе се апсолвира проблемот со македонскиот јазик, оти во Договорот нашиот јазик е признат како уставна категорија, а не како творба настаната по природен пат“, објасни Kатарџиев.

Според него, слична е приказната и со онаа нетемелно поставена иницијатива, своевремено поттикната од поранешниот бугарски претседател Георги Прванов во Сандански, а прифатена од неговиот колега Борис Трајковски за заедничко славење во чест на раволуционерот Јане Сандански.

Во 2007 бугарските власти го забранија чествувањето на гробот на Сандански, 2010 дел од македонската делегација беше спречена да стигне до Рожденскиот манастир. Следната 2011 на група македонски новинари не им беше дозволено ниту да ја преминат бугарската граница.

Според историчарите, влегувањето на Бугарија во ЕУ и во НАТО можеше да значи и затворање на сите проблеми напластени во изминатите години. Но, реалноста покажува нешто друго. Ако признавањето на Македонија под уставното име требаше да биде почеток на позитивна добрососедска атмосфера, проблемите на македонското малцинство во Бугарија низ годините укажуваат дека таа сè уште не е постигната.

Евроинтеграцијата на Македонија ќе значи дека Бугарија ќе треба по демократски пат, почитувајќи ги правата на малцинствата и другите права, да го реши проблемот. А тоа, пак, повлекува крај на кариерите на силни бугарски бизнисмени и политичари, стекнати низ водењето антимакедонска политика, порачуваат Македонците во Бугарија.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=D294B0DC5187C34EA6A8EE068EE9B51B


RE: Македонските медии за България - nescafe - 12-01-2013

(09-01-2013, 06:17 PM)Топорчо Wrote: Николай и Никола – на Свети Никогаш?

Неславен крај на „романтичната“ љубов


http://www.time.mk/read/77ecb9058c/496c628ef9/index.html

Много интересно есе. Понякога ми се струва, че за някои хора от Македония отношението към България може да се опише по-добре с клинични, медицински термини - в случая имаме класическа, като по учебник, homosexual anxiety.

Става дума за тревожност, когато не си уверен в собствената си идентичност (в случая - не точно сексуална) и това те кара постоянно да си задаваш фундаментални въпроси - "такъв ли съм или не съм". Да се вглеждаш в дребни житейски детайли, като например как сядаш на стола, как си кръстосваш краката ("такъв ли съм или не съм"!!!!), докато по-простичките хора простичко си сядат и само се понаместват, ако им убива. Да се отнасяш с внезапна злоба към хората, които разпознаваш като грешни, като подсъзнателно се надяваш, че ако ги унищожиш или унизиш тях, ти самият ще потвърдиш собствената си правилна идентичност ("не, не, аз не съм от тях"). Внезапни пристъпи на паника. Страхове.

Спокойно, тези неща се лекуват. Авторът може да пробва на гугъл homosexual anxiety, да замести сексуална с етническа идентичност, да види какви лекарства се предписват и да се успокои. Това са си съвсем нормални болежки в модерните общества, нямаме основание за тревога.


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 14-01-2013

НА 85-ГОДИШНИНАТА ОД СМРТТА НА БУГАРКАТА БУНЕВА


Каракачанов навлечен на Мара



Група приврзаници на бугарската ВМРО - Бугарско национално движење предводени од лидерот Красимир Каракачанов вчера, среде Скопје ја одбележаа 85 годишнината од смртта на контроверзната Мара Бунева. Настанот, иако проследен со мали провокации од одредени лица, за среќа помина без инциденти, но и без некоја голема помпа. Се разбира, ако се тргне настрана говорот на Каракачанов полн со националистичка омраза. И сценографијата позната, а годинава заедно со партиските знамиња се вееше и македонското.
Церемонијата започна во црквата "Свети Димитрија" со панихида нарачана од Бугарскиот клуб-Скопје, која ја одржа македонски свештеник. Потоа, групата преку Камениот мост се упати кон Кејот на Вардар, до спомен-плочата на Бунева. До старото мермерно обележје, беше поставена уште една пластифицирана плоча.

Во својот говор пред присутните Каракачанов побара на Мара Бунева да и се подигне споменик.
- Гледам колку статуи се поставени во центарот на Скопје, на пејачи и на секакви луѓе а нема ниту една плоча на жената која го дала животот, на хероината која умрела за својата Македонија. Нема ни знак. Како што кажав, важно е да се вложи во тие луѓе кои загинале за Македонија и за тоа сме тука, рече Каракачанов.
Официјалната македонска историја вели дека Бунева работела спротивно на интересите на македонското ослободително движење. Таа на 13 јануари 1925 година во Скопје, водена од големобугарската идеја на Ванчо Михајлов, извршила атентат врз српскиот началник Велимир Прелиќ, па се самоубила.

(И.Т.)
фото; Д.МИТРЕСКИ

http://vecer.com.mk/?ItemID=DF884A342B0A124DB3449ED9882F6EDE


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 14-01-2013

Анализа: Можеме да се помириме со Бугарија – само да сакаме

Прочитано: 987

М-р Митко Јованов



На крајот од текстот го изложив доказот дека постојат можности за историско помирување со Бугарија. Потребно е само да имаме воља и истата треба да ја манифестираме со што нашата обврска ќе ја исполниме. Да подадиме вистинска рака за историско решавање на проблемите кои не разделуваат со Бугарија.



Помирувањето во Европа-мал историјат

Вековните и најголеми непријатели кои во историјата повеќе години биле во војна отколку во мир, Германија и Франција, се помирија наскоро по завршувањето на Втората светска војна, за подоцна тоа помирување и упатеност на меѓусебна соработка да бидат основата на денешната Европска унија.

Зад помирувањето на Германија и Франција се милиони мртви, разурнувања на градови, индустрија, човечки трагедии, силувања, измачувања, нанесување неправди…

Помирувањето не значи газење врз милионите жртви на двете страни, страдањата, солзите и патењата, туку помирувањето значеше инвестиција во сегашноста и иднината, без да се заборави минатото туку да се извлече поука.

Таа „помирувачка инвестиција“ со текот на времето се потврди дека е непроценливо исплатлива.

Двете држави, од најголеми фактори на поделби во Европа во историјата, прераснаа во носители на европското обединување.

Токму затоа помирувањето меѓу државите односно решавањето на нивните спорови со соседите, е услов за влез во ЕУ.

Се надевам дека иако во кратки црти, сепак го доволив јасно инсистирањето на ЕУ за новите членки да ги уредат односите со соседите како услов за влез во Унијата.





Мерна единица за нашата блискост до влез во ЕУ

Нашите односи со соседните држави се потвдра за тоа колку сме ние далеку од челнство во ЕУ.

Ако погледниме реално на состојбата денеска, откако на крајот од минатата година и Бугарија ни го испорача условот за нашиот пристап во ЕУ, можеме да заклучиме дека нашите перспективи за членство во ЕУ никогаш не изгледале толку далеку како денеска.

Во оваа прилика ќе се фокусирам на односите со Бугарија, бидејќи испорачувањето на условите од нејзина страна, воедно и одат во прилог на политиката на Грција кон нас, со што ние драматично ја губиме и таа позиција што ја имавме претходно во однос на наметнатиот спор од Грција за нашето уставно име. За спорот со Грција, во друга прилика.

Во продлжение преку призмата на европските вредности да се обидеме да разбериме зошто од нас се бара менување на политиката во градење на односите со соседите, во случајот со Бугарија.

Притоа го имам во предвид ризикот да заработам некоја од етикетите кои се во тренд изминатите години и кои така лесно се прилепуваат.

Но, мојот предизвик за јавно изнесување ставови не е со цел да собирам аплаузи и масовна подршка, туку да го кажам тоа што сметам дека е добро за мојата држава денеска, а кое посебно ќе се покаже полезно во иднина, и покрај тоа што денеска е спротивно на мнозинското расположение.

Расположението пак е последица на креирањето на јавното мислење од политичките партии, медиумите и дежурните „експерти“, кои дел од незнаење, дел од лични мотивации, им пропагрираат на граѓаните ставови типични за времињата кои се одамна минато.

Голем дел од граѓаните во Македонија и денеска имаат стереотипи од минатото за Бугарија, дека ние можеме многу работи во Бугарија да добиеме со една „чрвена“.

За жал додека ние живееме во таквите заблуди, Бугарија станува европска држава во која се градат автопати, енергетски капацитети, и друга инфраструктура, и тоа во голем дел со пари од фондовите на ЕУ.

Бугарија ни е добра лекција за тоа што значи да си внатре а што значи да си надвор од ЕУ.

Но ние наместо да извлечиме поуки од лошата политика, одиме и понатаму со главта во ѕид. Денеска предводници на негативната кампања кон Бугарија се една мала структура личности кои се на јавната сцена и се дежурни критичари на Бугарија, а кои притоа се претставуваат како големи патриоти.



Креатори на омраза

Имаме новинари кои се познати „патриоти“ за одбрана на Македонија од Бугарија, кои не прoпуштаат и најмала прилика за стартување со медиумска офанзива за „одбрана“ на Македонија од Бугарија.

Ако се навратиме наназад неколку години, токму за овие „истакнати“ новинари беа објавени информации во јавноста дека биле евентулани соработници на тајни служби. Да продолжат со својата „патриотска“ активност пред јавноста мораа да инсистираат МВР да им потпише „ливче“ или некое хартииче на кое им напишаа од МВР дека не соработувале со служби, иако и псевдонимите под кои беа заведени излегоа во јавност.

Сепак граѓаните толку лесно не забораваат, и ако се подзаборави, сепак архивите стојат и може да се направи секогаш освежување на настаните.

Ама кога се нема критериуми, кога не виреат стандарди во општеството, ниту пишани уште помалку непишани, а кои се именуваат како морал и се нема, што би се рекло, ниту срам ниту перде, државата ќе го трпи штетното влијание од нивната крајно сомнителна активност. Иако, целта на лустрацијата беше да ги елиминира ваквите дејствија.

Дали ваквата состојба е креирана од нашите политички раководства, или пак тие само ја ползуваат за добивање политички поени возејќи се според расположението кое преовладува кај граѓаните, а е рецидив од периодот на СФРЈ, кога критиката кон Бугарија беше државна политика која се креираше и во Белград. Ова е тема за посебен осврт, затоа во друга прилика.



Работи кои не зближуваат со Бугарија

Државното раководство е тоа кое треба да преземе иницијатива за драстично менување на политиката кон Бугарија во насока на поставување нови основи за нејзино градење.

Ако постои добра воља за да изградиме добри односи со Бугарија, за тоа има многу добри основи и причини, но треба да ги истакнеме нив наместо негативните кои не разделуваат, а кои добро ги знаеме, и треба да ги изоставиме од нашето секојдневие и да ги препуштиме на историјата.

Во ваква прилика на пишување колумни, нема можност за анализирање и осврт на десетина страни, што пак е ризично да се биде погрешно сватен. Со пресметан ризик ќе наведам неколку насоки/области во кои треба да ги уредиме односите со Бугарија на сосема пинакви односи, отколку постоечките.

1. Кога зборуваме за окупацијата на Бугарија на Македонија во текот на Втората светска војна, воедно треба да зборуваме и за нејзиниот однос кон нас после нејзината капитулација и приклучувањето кон сојузничките сили а против германските војски кои се уште биле на Балканот, и активностите на бугарската војска во Македонија во втората половина на 1944 година.



Голем предизвик за истражување пред нашите историчари, наместо како досега што постапуваат – уште недопрашани, тие истураат рафали на сметка на Бугарија, како да живеат уште во времето на Инфорбирото и после него, во педесетите и следните децении од минатиот век.



2. Од историјата ни е добро познато дека Софија бил центарот на македонската интелегенција и револуционерното и политичко дејствување на многу наши дејци за слободна Македонија, особено за зајакнувањето на македонското револуционерно движење кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век.

Во Бугарија многу наши борци и идеолози наоѓале засолниште за своето дејствување.

Ако гледаме негативно во овој однос, тогаш многу ни е познато за штетите кои се предизвикани врз нашето револуционерно движење со мешањето на бугарската држава во неговата работа.

Но, каква полза имаме ние ако тоа го истакнуваме, а притоа ги потиснуваме и позитивните аспекти, па макар тие биле и помали во спредба со негативните.

Истотака има многу личности – Македонци кои оставиле траен белег во политичкиот, образовниот, културниот живот на Бугарија, еден од познатите премиери на Бугарија меѓу двете светски војни е Андреј Љапчев, роден ресенчанец.

Токму таквите личности можат да бидат една од алките кои ќе не зближуваат.

3. Блискоста на јазиците е истотака алка која треба да не спојува и факт кој треба да не зближува заради тоа што Македонците и Бугарите можат да се разбираат без нужно да им треба преведувач.

Браќата Кирил и Методиј не ја правеле азбуката специјално за Македонците или пак од бугарски аспект гледано, за Бугарите, туку за описменување на словенсите народи и ширење на христијанството.

4. Филмот „Трето полувреме“ е добар филм од уметнички аспект, и веројатно се темели на вистински настани. Истовремено ќе го поставам прашањето за општествената ангажираност на авторот на филмот, имено кои последици во актулниот момент ќе ги предизвика, посебно бидејќи и Владата учествува во неговата подршка да се реализира.



Токму затоа авторот постигнува моментална слава и воодушевување, но подоцна тој ќе биде запаметен по тоа што филмот ги отежнал односите меѓу двете држави, а уметничкото остварување ќе биде потиснато во втор план.

Државата треба да подржува да се направат филмови и тоа ако може и во меѓусебна копродукција со Бугарија, за настани кои ќе бидат во функција на зближување на двата народа а за тоа постојат и фондови на ЕУ за подршка на културната соработка.



Доказот дека може да се помириме со Бугарија

Треба да престанеме да бидеме заложници на идеологијата која беше изградена во комунистичкиот период, кога растел рејтингот на голем патриот пропорционално со степенот на омаловажување на Бугарија.

Денеска не живееме во поделена Европа и блоковски поделен свет. Ако сакаме да живееме заедно во ЕУ, ќе мораме да изградиме пријателски односи со Бугарија.

Бидејќи ние сме надвор а бугарија внатре, ние мораме да бидеме повеќе активни и креативни за да ги уредиме односите со источниот сосед. Тоа и не е тешко, ако сме искрени во намерите.

Зад нас веќе имаме добро искуство на помирување со Србите, кои ако зборуваме за нивниот однос кон македонскиот народ до 1941 годоина, не помалку биле окупатори од Бугарите.

Но, кога се определивме да живееме заедно со Србите во заедничка држава СФРЈ, се спроведе процес на помирување преку интервенција во историјата со остранување на негативните моменти, културна соработка и зближување….

Резултатот е се уште евидентен, немаме колективни негативни чуства кон Србите како кон Бугарите, туку напротив, дел од граѓаните се и просрпски настроени како рецидив од времето на СФРЈ.

Значи кога се сака, или мора, можело да се помириме. Доволен доказ дека можеме и со Бугарија да се помириме кога веќе посакуваме да бидеме членови на ЕУ-организацијата која треба да биде заедничка со Бугарија.

Кога можеа Германија и Франција-можеме и ние!



П.С.

Сосема погрешно е да се гледа на интегрирањето во ЕУ како губење на индентитетот. Бидејќи индентитетот се губи преку вршење асимилација, тоа не е случај во ЕУ, напротив, во ЕУ индентитетите се зајакнуваат, посебно тоа е случај со малите народи, кои имаат прилика да преседаваат со телата и органите на ЕУ.

Интеграцијата во ЕУ подразбира успешно зајакнување на капацитетите на институциите на државата, функционална правна држава, заштита на човековите права, развој на демократијата, порационално управување и трошење на државните пари, ефикасна борба против корупцијата, економски развој…

Авторот е основач на онлајн магазинот „Револуција“

http://www.libertas.mk/%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D0%BB%D0%B8%D0%B7%D0%B0-%D0%BC%D0%BE%D0%B6%D0%B5%D0%BC%D0%B5-%D0%B4%D0%B0-%D1%81%D0%B5-%D0%BF%D0%BE%D0%BC%D0%B8%D1%80%D0%B8%D0%BC%D0%B5-%D1%81%D0%BE-%D0%B1%D1%83%D0%B3%D0%B0%D1%80/


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 14-01-2013

Осквернавена спомен плочата на Мара Бунева поставена од бугарските здруженија


Спомен плочата која денеска беше поставена во чест на Мара Бунева, на кејот во Скопје, од страна на бугарските здруженија во земјава, е целосно искршена од непознати сторители.

Читател на МКД.мк испрати фотографии од кои се гледа дека спомен плочата е искршена и уништена. Плочата беше поставена денеска во присуство на Красимир Каракачанов, претседател на бугарската ВМРО-БНД откако претходно беше организирана и панихида за Mара Бунева во црквата Свети Димитрија. Бугарските здруженија во земјава и годинава, како и претходните години, се пожалија дека македонската држава не им дозволувала тие да се изразуваат како Бугари. Тие истакнаа дека Македонците кои живеат во Бугарија не биле Mакедонци туку Власи.

Во македонската историја Мара Бунева е контраверзна личност која им служела на бугарските интереси и делувала под директива на Ванчо Михајлов. Бунева се посочува дека учествувала и во убиството на македонскиот револуционер Димо Хаџи – Димов.

Инаку, на денешен ден пред 85 години Бунева на кејот на Вардар извршила атентат врз началникот на српската џандармерија во Скопје, Велимир Прелиќ, по што се самоубила.

За да се постави спомен обележје потребна е дозвола од општинските власти, во случајов за тоа е надлежен Град Скопје. Останува да видиме дали општината дала дозвола или организаторите самоиницијативно ја поставиле спомен плочата на Мара Бунева.

http://www.mkd.mk/89979/crna-hronika/oskv%D0%B5rnavena-spomen-plochata-na-mara-buneva/


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 15-01-2013

Е туй ако не е омраза.
Дали има барем един омовец кой да е бил бит в България ?


Го претепаа Македонецот кој победи во „Големиот брат“

Објавено: пред 13 часа
Прочитано: 7395
Печати

Сподели со твоите пријатели!

Победникот во последната сезона на „Големиот брат“, Никола Лестер, добил ќотек од националистичка банда во Македонија, која била револтирана зашто учесникот во шоуто ја испеал бугарската химна.

Лестер исто така призна дека неговиот дедо служел во бугарската армија, па ова била доволна причина за националистичката банда да го претепа за време на неговиот краток престој во Македонија пред десетина дена.

http://www.plusinfo.mk/vest/76149/Go-pretepaa-Makedonecot-koj-pobedi-vo-Golemiot-brat






RE: Македонските медии за България - Топорчо - 15-01-2013

С тази статия аз спирам да следя активно какво пишат македонските медии за нас , защото честно казано вече ми се повръща. Поне за известно време. Който има интерес нека следи публикациите за Утрински.


RE: Македонските медии за България - nescafe - 15-01-2013

Много благодаря за големия труд, който полагаше до сега. Последователно, систематично, с търпение и ум - направи наистина много полезно нещо и след време и други хори, които искат да навлязат в проблемите, ще го ползват.

Направи си за всеки случай резервно копие на тази тема, може след време да потрябва.

Още веднъж благодаря.