Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
Македонските медии за България - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: Mедиуми (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=9)
+--- Thread: Македонските медии за България (/showthread.php?tid=1784)

Pages: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 19-12-2012

Чепреганов: Повторно се прави сојуз како оној од Првата Балканска војна

Директорот на Институтот за историја Тодор Чепреганов по реакцијата на бугарскиот претседател Бојко Борисов за македонскиот филм „Трето полувреме“ денеска нагласи дека 50.000 Евреи во Втората светска војна беа спасени од бугарскиот народ, а не од бугарската држава, а кои беа осудени и требаше да се испратат во логорот Треблинка.

Благодарение на Бугарската православна црква и нејзините Владици, истакна Чепреганов, кои што застанаа во одбрана на Евреите и на парламентарецот Пешев, Евреите во Бугарија беа спасени.

- Несомнено реакцијата на Борисов е резултат на филмот „Трето полувреме“, во кое се зборува за трагедијата на македонските и тракијските Евреи за време на Втората светска војна, за што во Бугарија се уште се премолчува фактот дека и покрај спасувањето Евреите во Бугарија, сепак, дадоа 11.000 Евреи во концентрациските логори на фашистичка Германија. Она што посебно е интересно во една панел дискусија на Хелсиншкиот комитет во Софија професорот Беденбаун кажа дека Бугарите се истовремено убијци и спасители на Евреите, рече Чепреганов.

Тој истакна дека 50.000 Евреи кои беа спасени да не заминат во Треблинка во 1944 година беа принудени да ја напуштат Софија и да заминат во Израел.

- Тие беа во логори во самата Бугарија, беа без никакви права, а Евреите беа ставени надвор од законите и исто така треба да се знае дека од тие 50.000 Евреи, поголемиот односно околу 40.000 по војната заминаа за Израел, вели Чепреганов.

Прашан како го коментира сојузот и блокадата на соседните држави Бугарија и Грција, Чепреганов забележа дека наместо соседите да ни помогнат да влеземе во ЕУ, тие се уште ја користат историјата да го уценуваат македонскиот народ и Македонија.

- Ако гледаме историски, повторно се прави сојуз од оние сојузници од Првата Балканска војна кои се бореа против Турција, а овде фали и уште Србија. Меѓутоа, гледаме дека во последната енциклопедија што ја објавија Српската академија на науките повторно почнува уште еден процес за негирање на македонскиот народ и Македонија, рече Чепреганов.

Според него, неприфатливо е и барањето на Бугарија нашата земја да ја прифати нивната историја, а токму тоа не оди и е против добрососедските односи.

http://sitel.com.mk/chepreganov-povtorno-se-pravi-sojuz-kako-onoj-od-prvata-balkanska-vojna


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 19-12-2012

ДИЈАЛОГ СОФИЈА-ВАШИНГТОН

Бугарија се нуди за „носач“ на американски војници

Бугарија побара од САД да постават постојани воени сили во земјата со цел да се зајакне безбедноста во регионот и да ја зголемат воената соработка. Министерот за одбрана Ану Ангелов со претставници на Пентагон на почетокот на месецов разговарал за отворање на американска воена база во Ново Село, во близина на Сливен, објави бугарскиот весник „Дневен труд“, кој не сакаше да го објави изворот од бугарската војска. Ништо засега не е ставено на хартија, но договорот е да се зголемат американските трупи во земјата, е наведено во извештајот.

Антивоениот активист Брајан Бејкер од Меѓународниот центар за акција, тврди дека ако се постигне договор, Софија ќе ја предаде моќта на Владата на САД и војската ќе преставува закана за националниот суверенитет на народот на Бугарија.

- Вие навистина не може да бидете слободна земја и да имате слободни луѓе ако имате странски трупи на ваша почва - изјави Бејкер.

Американските трупи се присутни во Бугарија во изминатите шест години под Одбранбениот договор за соработка, кој беше потпишан од двете држави во април 2006 година. Со договорот на американските војници им е дозволен престој во четири бугарски воени бази, кои се под командата на Софија и се под бугарско знаме.

- Сепак, присуството на американски сили во Бугарија е исто така американски метод на безбедно прицврстување на земјата и на нејзината економија, но и на нејзините политички лидери во Вашингтон и во однос на продавање американска воена опрема - изјави Бекер.

Такво воено присуство ќе преставува закана за Русија, додаде Бејкер, и истакнува оти постои силна мотивирачка сила за одржување на студената војна, дури и без Советскиот Сојуз.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=51F6C03D206442489B16BD72C29F29AD


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 19-12-2012

Чепреганов: Бугарија и Грција ги повампирија духовите на минатото

Историјата и се повторува на Македонија. Повторно соседите водени од своите интереси се осојузуваат за сметка на Македонија и македонскиот народ, тврди директорот на Македонскиот институт за историја д-р Тодор Чепреганов, коментирајќи ги последните средби меѓу бугарскиот и грчки државен врв, каде во нивниот дијалог нашата земја е маргинализирана.

[Чепреганов: Бугарија и Грција ги повампирија духовите на минатото]

- Повторно се осојузуваат оние сојузници, од првата Балканска војна, кои што тогаш се бореа против Турција. Овде фали само уште Србија, меѓутоа гледаме дека во последната енциклопедија што ја објавија Српската академија на науките, како повторно да почнува еден обратен процес во негирање на македонскиот народ и Македонија, изјави д-р Тодор Чепреганов – директор на Македонски институт за историја.

Наместо соседите кои се дел од европското семејство, да ни помогнат што побргу и ние да им бидеме соседи во асамблејата, тие ги повампирија духовите од минатото констатира Чепреганов. Чудно е, смета тој, што Бугарија упорно го премолчува фактот за депортација на 11 илјади Евреи од Тракија и Македонија за време на втората Светска војна.

- Сепак, дополнува Чепреганов, треба да се знае што стана со судбината на 50 те илјади спасени Евреи. Сите Евреи во 1944 година беа принудени да ја напуштат Софија и да заминат во логори што ги имаше во самата Бугарија, и таму беа користени како работна сила, беа без никакви права, за нив се применуваше Законот за заштита на државата, а тие- Евреите беа ставени надвор од тој закон. Треба да се знае, дека од тие 50 илјади спасени Евреи, поголем дел од нив, поточно 40 илјади по завршувањето на Втората светска војна заминаа за Израел, дообјасни првиот човек на македонскиот Институт за историја, д-р Тодор Чепреганов.

Историчарот Чепреганов ја потврди изјавата на бугарскиот премиер Борисов, дека тие спасиле 50 илјади Евреи, напоменувајќи, дека бугарскиот народ, а не држава ги спасил од фашистичкиот геноцид.

Дејан Ефремов

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=101913


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 19-12-2012

18 дек 2012, 19:55
Што прави Бугарин во македонски музеј? Краде историја!


Секогаш е убаво раѓањето нови пријателства. Особено е убаво кога лично сте помогнале во таквото раѓање. Ние, Македонците, неодамна ја имавме таа чест: помогнавме во спријателувањето на Бугарија и Грција.

Новородената грчко-бугарска алијанса е склопена на само една допирна точка, неа ја држи само едно мало шрафче, но очигледно доволно силно за да создаде една таква цврста коалиција: тоа шрафче се Македонија, Македонците, македонскиот јазик, македонското национално малцинство. Како во 1913 година, кога под закрила на големите сили си зедоа по едно парче од колачот. Кој поголемо, кој помало.

Безмалку 100 години потоа ја следиме истата приказна. И пак под закрила на Европа, на нивните империјалистички, а не европски и демократски принципи. Овојпат тоа се вика добрососедство.

Премиерите на Грција и на Бугарија, Андонис Самарас и Бојко Борисов, заедно со своите министри, седнаа во Атина и без ич размислување се согласија дека Македонија е лош сосед, непослушно дете што треба да го караат. И тоа го прават. Со сесрдна помош на примената на високоцивилизациските успеси на Европа и доследното непочитување на копенахашките принципи. Не признаваат национални малцинства на својата територија, не го признаваат македонскиот јазик, Македонците во нивните држави немаат ама баш никакви права освен да се бунат и да протестираат по европските судови, ја блокираат европската интеграција на Македонија…

И откако сето тоа им помина во Брисел, се собраа вчера и завчера и заедно, онака сериозни и важни, како да направиле нешто клучно за цивилизацискиот напредок, како да откриле некоја нова планета или да измислиле некој најевтин и најеколошки погон, со чаша шампањско, ликуваат и длабоко во себе си размислуваат уште кој колкав дел да земе од Македонија.

Па велат, Македонија е лошо дете, лош сосед, не слуша ништо, само се буни, сè нешто ѝ пречи, нè тужи по судови, не дава да ѝ го смениме името, Македонците не сакаат да признаат дека се Бугари, нè мразат, сакаат да ни го земат Александар, и Гоце, и Даме, и Јане, снимаат филмови, замислете, снимаат филмови! Страшно!

А нивните телевизии, на кои без никаков проблем даваат сериозни дебатни емисии во кои нивните политичари отворено викаат дека Македонците се Бугари, па кажуваат и шеги на таа тема (Што станува кога Македонец ќе се избања? Чист Бугарин!)?

А тоа што на Македонците им го забрануваат идентитетот, културата, јазикот?

А тоа што во грчкиот парламент слободно се употребува именката „циганоскопјани“?

Е тоа е добрососедство. И за Брисел и за Софија и за Атина.

Само замислете ја обратната ситуација. Во македонскиот парламент и во дебатните емисии да ја воведеме уличната терминологија, па да почнеме северна Грција да ја именуваме како Беломорска Македонија, Грците да ги нарекуваме Цигани и Арапи, Бугарите – Татари, за наслови на сериозни колумни да ставаме вицови (Што прави Бугарин во македонски музеј? Краде историја!) или во Уставот да напишеме дека сите во Македонија се Македонци по род и точка. Или пак да побараме во уставите на Грција и на Бугарија да влезат Македонците како конститутивен народ. Знаете што ќе се случи тогаш во нивните престолнини – револуција!

Секогаш кога размислувам на оваа тема, во главата ми се појавува истото прашање: како бе вака се свртеа работите? Во која историска точка нормалното стана ненормално, а ненормалното – нормално? Кога манипулирањето стана вредност, а санстефанските соништа – правда? Како омразата и навредите се вклопуваат во препораките на ОН и на Советот на Европа? И како одат рака под рака со пресудите на Меѓународниот суд на правдата во Хаг?

Ова што го прави тројната оска Брисел-Софија-Атина значи само буричкање во буништето на Балканските војни, а тоа нема ама баш никаква врска со модерниот европски дух. Напротив, сите нè враќа во 19 век.

Александар Дамовск

http://www.mkd.mk/84148/komentar/shto-pravi-bugarin-vo-makedonski-muzej/


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 19-12-2012

Малко прекалявате с жертвения плач

Воскопулос: Грчката позиција е поместена кон анти-македонски политики

Според партијата на Македонците во Грција "Виножито" постои негативно поместување во грчката позиција кон Македонија, пренесува Нетпрес

64

- “Има поместувања во грчката позиција кон уште по националистички и по анти-македонски политики, а истото го следи и Бугарија”, вели Павле Филипов Воскопулос од партијата на Македонците во Грција “Виножито” во изјава за Нетпрес.

Воскопулос вели дека Грција и Бугарија многупати досега демонстрирале обединетост против интересите на Македонија и Македонците и дека се имаат договорено Бугарија да биде таа што од внатре ќе ја поткопува стабилноста на Република Македонија со нивни марионети политичари, а Грција да биде таа што ќе прави сопки на меѓународно ниво, како постар член на НАТО и на Европската Унија.

“Во однос на обвинувањата на бугарскиот премиер насочени кон Република Македонија во однос на филмот “Трето полувреме”, вестината е дека во окупираните територии на денешна Република Македонија и во нашите региони под бугарска окупација, бугарската и нацистичката власт соработувале за истребување на Еврејскиот народ. Еден премиер треба да се засрами што така зборува, не е приципиелно да се прави обид за цензура на уметничко дело филм, а треба и да се извини на Еврејскиот народ и да се угледа на однесувањето на Меркел во овој контекст”, вели Филипов Воскопулос.

http://press24.mk/story/makedonija/voskopulos-grchkata-pozicija-e-pomestena-kon-anti-makedonski-politiki


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 20-12-2012

Хитлер исправил неправда - на Бугарија ѝ вратил дел од Егејска Македонија

Краток преглед на содржините на бугарските учебници веднаш ги открива тезите што постојано провејуваат дека Македонија е вештачка творба создадена по Втората светска војна, а дека на нејзина територија живееле Бугари што се асимилирани




ИСТОРИЈАТА СПОРЕД СОФИЈА

Разгледување и дефинирање на идните активности и договорната рамка во насока на унапредување на
соработката и односите меѓу двете земји. Ова е штурото соопштение од Министерството за надворешни работи во врска со средбата на нивни претставници со бугарските колеги одржана минатата недела во Крива Паланка. Оттаму не откриваат детали што поконкретно било зборувано и какви активности биле договорени.

Засега, пак, се познати само барањата што ги упати шефот на бугарската дипломатија Николај Младенов до македонскиот колега Никола Попоски. Имено, тој бараше да биде потпишана спогодба за добрососедски односи и соработка што ќе се основа на Декларација што во 1999 година ја склучија двете земји, изградба на неопходна инфраструктура за засилена соработка, создавање заеднички работни групи за подобрување на односите во клучните области и формирање совет на високо ниво во форма на годишни меѓувладини средби.

Неофицијално, пак, се дознава дека едно од бугарските барања е и формирање заедничка група што би се занимавала со историско-културни теми, нешто што се смета за најспорно од македонска гледна точка.
Младенов во интервју за бугарската агенција Стандард дадено викендот сепак тврди дека никој не сакал да ѝ ја одземе историјата на земјава.

- Се надевам дека политичките лидери во Македонија ќе преиспитаат каква им е политиката што ги донесе во ваква состојба и ќе направи корекции. Никој не сака да ги одземе независноста, суверенитетот, историјата на Македонија. Напротив, сакаме заедно со нив и со сите наши соседи да живееме во нормални односи во ЕУ- рече Младенов.

Според професорката Биљана Ванковска, повторно сме ставени во асиметричен спор во кој Бугарија е супериорна, бидејќи е членка на Европската Унија, а и не е сосема јасно кои се нејзините барања. Таа нагласува дека ЕУ, меѓу другото, претставува и проект на помирување меѓу стари историски противници, но не и на наметнување на сопствената верзија на историјата, туку напротив на признавање на сопствените историски грешки, злосторства, асимилации, прогони и сл.

- Комисија може да се формира, еве чисто да се покаже добра волја, но смеат ли државите да бидат креатори на вакви ревизионистички проекти, и тоа од позиција на сила? Тоа е работа на историчарите, културолозите, етнолозите, антрополозите, а нивните наоди, по логиката на слободната научна мисла, може и да се разликуваат. И да појаснам, фразата културно-историска комисија значи комисија што ќе се занимава со ново пишување на историските читанки во кои соседот ќе се покаже во светлина во која тој сака себеси да се гледа, а која не мора да одговара на историските факти. Чудно е што Брисел ова го смета за нормално барање, исто како што толерира мешање во уметничката слобода, слободата на израз итн. - вели Ванковска.

Окупација или обединување на Бугарите?

Но што ако се инсистира на ново пишување на учебниците? Тогаш сигурно и ние би имале што да кажеме за содржината на бугарските учебници. Краток преглед низ нивните лекции по историја веднаш ги открива тезите што постојано провејуваат дека Македонија е вештачка творба создадена по Втората светска војна, а дека на нејзина територија живееле Бугари што се асимилирани.

Последното искрење меѓу Софија и Скопје, пак, е поврзано со случувањата за време на Втората светска војна и депортацијата на македонските Евреи за кои официјалната бугарска власт не сака да ја преземе одговорноста.

И бугарските историчари речиси и не го споменуваат тоа. Во бугарскиот учебник „Историја и цивилизација“ за трета година средно училиште во кој се обработува периодот за време на Втората светска војна се наведува дека тогашната власт била принудена да потпише таен договор со Германија за депортирање на Евреите во Хитлеровите логори во Полска, но акцијата била осуетена и така Бугарија станала една од ретките земји во светот што ги спасила своите Евреи за време на војната.

„Не е таква судбината на Евреите од ’новите земји“’ во кои Германија ја наложува својата волја и повеќе од 11.000 луѓе стануваат жртви на нацистичкиот геноцид“, пишува во краткиот дел посветен на тоа историско случување што, поттикнато од македонскиот филм „Трето полувреме“, се актуализира периодов.
Во истиот учебник пишува и дека царот Борис Трети се трудел да ја одржи неутралната позиција, но германскиот притисок бил силен, а состојбата во светот брзо се менувала, па Бугарија немала можност за избегнување на германскиот притисок и се приклучила кон Тројниот пакт.

Забележителен е обидот да се избегне вината на Бугарија, па името на Хитлер се споменува ретко, а постојано се прави обид да се прикаже дека тие всушност и немале избор.

„Во април 1941 година, кога валјакот на германската агресија ги прегазува Југославија и Грција, направен е значителен чекор напред во насока на националното обединување. На Бугарија ѝ се вратени Моравската област (со градовите Пирот, Сурдулица и Врања) и источниот дел од Вардарска Македонија. Откако Грција капитулира, на Бугарија ѝ е вратен мал беломорски дел. Бугарската држава го добива источниот дел од Егејска Македонија и поголемиот дел од западна Тракија со островите Тасос и Самотраки. Другите територии од Егејска Македонија и Беломорието остануваат под германска и италијанската окупација. Пропагандата му дава титула на царот Борис Трети како цар-обединител, но во територијална и етничка смисла обединувањето останува незавршено. Во ’новите земји’ се воспоставува бугарска воена и граѓанска администрација само до крајот на војната“, пишува во учебникот во кој постојано се инсинуира дека со тоа всушност биле вратени бугарските стари територии под нивно владеење. Што е интересно, овде се зборува и за Егејска Македонија како бугарска, што не предизвикува реакции од грчка страна. Имено, контекстот упатува на тоа дека преку сојузот со Адолф Хитлер е исправена една неправда, па на Бугарија ѝ се вратени нејзините македонски територии, плус Тракија.
Сето ова не предизвикува никакви реакции ниту од Атина ниту од Брисел, што само покажува колку е вештачки проблемот што Грција и Бугарија го наметнуваат со Македонија.


Македонците - србизирани Бугари

„Македонското прашање политички аспекти“ и „Македонското прашање, културни и психолошки аспекти“ се две одделни глави од бугарскиот учебник за четврта година средно во кои детално се обработуваат случувањата со државава покрај тоа што проблематиката се споменува речиси низ сите лекции.

Во учебникот се тврди дека постоел српски националистички проект наречен „Стара Србија и Македонија“, а дека македонизмот бил инструмент на српскиот национализам. Имено, според пишувањата, откако се увидело дека граѓаните тука имаат силна бугарска идеја и дека не може да ја прифатат српската, почнале да го применуваат македонизмот како единствен начин да се спротивстават на таквото чувство на населението.

Посебен проблем за нас би било тврдењето со кое бугарските деца учат дека македонскиот народ е вештачки создаден меѓу двете светски војни од страна на Коминтерната. Идејата била да се создадат тракиска, добруџанска и македонска нација. Првите две отпаднале, учат бугарските средношколци, а проектот „македонски“ опстанал. Како некои комисии би го решиле ова кога врз ваквото грчко и бугарско тврдење се темели обидот Македонците да бидат збришани од лицето на Земјината топка?

Според историчарот Михајло Миноски, не треба да се прават никакви историски помирувања оти, како што вели, во науката важат аргументите и нема место за отстапувања.

- Од она што го следам, сметам дека тие бараат нашата држава да ја прифати нивната теза дека имаме заедничко историско минато, дека Македонците се дел од бугарскиот етнос и како нација се создадени по Втората светска војна, односно нивното толкување е сосема спротивно и нашата наука никогаш не може да прифати такво толкување на нашето историско минато. Тоа директно ги доведува во прашање посебноста и континуитетот на нашето историско минато, врз што се заснова и нацијата и врз тоа сознание македонскиот народ се избори за своја држава. Секој компромис или какви било отстапки ги засегаат нашите национални и државни интереси - оценува Минески.

Професорот посочува и дека никој немал право да прифати какви било отстапки на сметка на нацијата и на државата.


Автор: Фросина Димеска

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122012845145&id=9&prilog=0&setIzdanie=22760


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 20-12-2012

Џејмс Пердју: Бугарската политика кон Македонија не е мудра

Промената на политиката на Бугарија кон Македонија и блокадата на македонските евроинтеграции е политика што е спротивна и на бугарските интереси, изјави за бугарскиот весник „Труд“ Џејмс Пердју, поранешниот амбасадор на САД во Софија (2002 до 2005 година). Пердју беше и специјален пратеник на претседателот Џорџ Буш во Македонија за време на конфликтите во земјата и е еден од потписниците на Охридскиот договор. Пердју повеќе не работи за американската влада.

Според него промената на бугарската политика кон Македонија од страна на владата на Борисов воопшто не е мудар потег.

„Оваа позиција не оди во корист ни на широките национални интереси на Бугарија и ја уназадува конструктивната регионална политика која државата ја применуваше години наназад. Политиката на Бугарија во однос на регионот во последните 20 години беше зрела и конструктивна. Државата успеа да ги избегне меѓуетничките страсти и конфликти слични на оние по другите земји на Балканот. Истовремено Бугарија одлично соработуваше со меѓународната заедница во однос на надминувањето на конфликтите и приближувањето на новите држави на Балканот кон демократските западноевропски институции. Оваа разумна политика беше одраз на јасното разбирање дека бугарскиот национален интерес е најдобро заштитен кога и регионот е стабилен, кога има соработка меѓу соседите и кога се применуваат демократските вредности на ЕУ и НАТО. Блокирањето на Македонија е радикално отстапување од овие принципи кои бугарската надворешна политика досега ги применуваше. Новата бугарска политика кон Македонија може многу да ги влоши добрососедските односи. Без сомневање дека Македонија понекогаш е тежок партнер. Но Бугарија треба да разбере дека нејзиниот сосед е нова демократија и ја нема длабочината на институционалниот капацитет на Бугарија. Македонија оди побавно кон ЕУ и НАТО од Бугарија заради војната во Косово и внатрешниот меѓуетнички конфликт од 2001 година. Тука е и мачниот спор за името со Грција“.

Според Пердју Македонците се уште се обидуваат да си го дефинираат сопствениот национален идентитет. „Тоа владата на ВМРО успешно го користи за ја задржи и поддршката на гласачите. А бугарската блокада само долева масло во тој оган од негативни импулси“.

Потписникот на Охридскиот договор во интервјуто за „Труд“ вели дека и Грција сигурно сега е многу задоволна затоа што уште една земја членка на ЕУ поставува услов пред интеграцијата на Македонија. Атина го блокира Скопје и во ЕУ и во НАТО.

„Но, ако името се реши, ќе остане ли тогаш Бугарија единствената пречка пред евроинтеграцијата на Македонија. Се сомневам. Западноевропските држави ја создадоа ЕУ затоа што сфатија дека економското, а со тоа и политичкото единство е во интерес на нивните народи. НАТО е создадена според таа логика. Овие држави ги ставија настрана ситните билатерални проблеми, кои патем беа многу поголеми од овие на Бугарија Грција и на Македонија. Софија и Атина треба да го применат истиот пат кон Скопје и да ја стават иднината над малите проблеми. Спротивставувањето на членството на Македонија во ЕУ изгледа агресивно од земји членки на ЕУ кои си имаат сопствени проблеми“.

Како човек на кого двете држави му се при срце, како што самиот вели за себе, Пердју се согласува со изјавите на поранешните претседатели на Бугарија и други сериозни политички фигури кои ја осудија ваквата надворешна политика на Бугарија и „ја повикувам бугарската влада да ја смени контрапродуктивната политика во однос на македонското членство во ЕУ. Активна поддршка на членството на Македонија во ЕУ и во НАТО е од корист и за бугарските интереси, додека Бугарија се концентрира на сериозните внатрешни проблеми“.


Македонија

http://www.mkd.mk/84590/makedonija/dzejms-perdju-bugarska-politika-kon-makedonija-ne-e-mudra/


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 20-12-2012

Подобни лицемерни статийки в Македония минават за връх на толерантността и бугарофилството.


И роднини и душмани

„Пукај бе, братучед, пукај“ за мене има буквално значење и „и роднини и душмани“ ми е поадекватно од „или роднини или душмани“. И затоа за мене предизвик е постигнување на добрососедство, за да бидеме само роднини, а не и душмани.



Да се опишат соседските односи на Балканот, може да се употребат описи од двата екстрема од сестрински до душмански. Или, како што вели главниот негативец во филмот „Трето полувреме” на Балканот народите се „или роднини или душмани”. По противењето на Бугарија на одредувањето ЕУ датум за пристапни преговори за Македонија, македонски весник објави насловна страна - „Пукај бе, братучед, пукај“. Можеби за некого тоа е фигуративно изразување на близината со Бугарија, но за мене, и верувам и за многумина од Македонија тоа има буквално значење. Јас имам братучеди од сите соседни нации.

Комплексната историја на Македонија ги споила татко ми Панде, од село Прекопана, Вичо планина, Костурско, Грција, и мајка ми Убавка, од село Леуново, Мавровско. Селото на мајка ми е запалено од балисти во 1943 година, а на татко ми еднаш е запалено од Отоманци во 1902 година и од Грци во 1947 година, по што жителите се раселуваат. Тоа, како и другите услови, предизвикале семејствата да се растурат по целиот Балкан и подалеку. Така, денес, покрај Македонија, имам роднини-братучеди во Грција: Костур, Солун и Атина, во Бугарија: Габрово и Травна, во Србија: Белград и кум сум во јужна Србија итн... Најголем дел од најширокото семејство се чувствуваат Македонци, но има и такви кои се чувствуваат како Грци, Бугари или Срби. Веројатно имам роднини и Албанци. Пред 15-ина година бев во Вруток и секретарот на тогашната општина од ДПА, Куртеши, ми пријде и ми рече „земјак“. Да, Куртеши се од Леуново и според преданијата биле исламизирани Македонци. Од друга страна во Леуново се мешале со Шкретите, православна група која говорела албански јазик. Затоа тоа „пукај бе, братучед, пукај“ за мене има буквално значење и „и роднини и душмани“ ми е поадекватно од „или роднини или душмани“. И затоа за мене предизвик е постигнување на добрососедство, за да бидеме само роднини, а не и душмани.

И тој предизвик за добрососедство е асиметричен. Јас немам проблем со постоењето на Грци, Бугари, Срби и на Албанци. Немам проблем ниту со тоа што дел од моите роднини избрале да бидат нешто друго. Го почитувам нивниот избор. Но барам и мојот избор да биде почитуван. Не е проблемот во името на државата, ниту во филмот „Трето полувреме“, туку во непочитување на моето лично право за самоидентификација-да бидам Македонец. Предизвикот е асимитричен, бидејќи ние како „помало дете во семејството“ треба многукратно повеќе да се докажуваме пред нашите „постари браќа и сестри“. Така филмот „Трето полувреме“ е навредлив за Борисов, Премиерот на Бугарија, иако е цивилизациски дострел слободата на (уметничко) изразување во филмови, карикатури и карневали... Па јас лично истиот филм можев да го доживеам како македонски само-критичен: Скопје е претставен како град со верска сегрегација („секој во своето јато“), главниот негативец-бугарскиот командант на Скопје е по потекло од Македонија, што би рекле наш човек, прикажани се Македонци како нацисимпатизери итн. И сега што, да обвинувам дека филмот е анти-македонски!? Но истовремено, мене не треба да ме навредат глупавите и шовинистички шеги на Каракачанов и Димитров на бугарската национална телевизија.

Ние и се трудиме повеќе. Македонија не е посветена на добрососедството само затоа што министерот Никола Поповски ќе даде таква изјава. Ниту само затоа што судот во Хаг во пресудата за НАТО ветото од Грција, ќе констатира дека Македонија ја прекршила Привремената спогодба само еднаш, во 2005 година со одреден амблем на АРМ (м.з. не со спомениците), кој по реакцијата од Грција бил повлечен. Туку зошто добрососедствoто на Македонија е перцепирано од повеќето земји од Западен Балкан: Македонија има највисока перцепција за пријателски и неутрален однос. На пример во Албанија огромни 94,8% од граѓаните ја доживуваат Македонија како пријателска или неутрална, и покрај сите прашања околу македонското малцинство во Албанија или положбата на етничките Албанци во Македонија. Помал процент, 79,4%, од истите тие Албанци имаат такви перцепции за Бугарија, со која немаат вообичаени соседски проблеми.

Од друга страна, ниту во Македонија не доминираат анти-соседски чувства. Според Галуп Балкан Монитор, Бугарија ја доживуваат пријателска или неутрална 67,1% од граѓаните. Тоа е пониско од перцепцијата кон Косово (72,7%), Албанија (77,1%) или Србија (83,4%), но многу повисока од Грција (16,8%). А и кон Грција страдаме од амбивалентност, со огромни 77,7% граѓани што ја доживуваат Грција како непријателска, најмногу Македонци патуваат токму во Грција (бројот на патници во Грција ги надминува сите други земји).

И не треба да зачудуваат ваквите перцепции. Да го погледнеме последното тромесечје од оваа година. Може да ја видиме итрината на Србија, уште еднаш демонстрирана при посетата на Николиќ, претседателот на Србија, со неговата празна, ама добро пласирана понуда околу односите СПЦ-МПЦ и може да ја видиме агресивната реторика на Сали Бериша и Хашим Тачи, премиерите на Албанија и Косово, при прославата на албанското знаме во Скопје, а за изјавите на политичарите од Грција за неприфаќење на македонскиот идентитет и да не говорам. Борисов можеше да ја подобри перцепцијата кон Бугарија, но го избра патот на Грција. Така Србија успева да се претстави како помал „душман“ од другите соседи.

Да, поради асиметричноста, неправдата, смееме да биде лути. Но лутината не смее да ни биде пречка да размислуваме рационално. Да, мора да ОПСТОИМЕ, но треба и да размислиме што ние можеме повеќе да направиме за добрососедството. За почеток со Бугарија. Бугарија не е само Каракачанов и Димитров, патем и ние имаме такви примитивци. Да не запаѓаме во нивната замка ниту, пак, стравот за грчко-бугарски заговор. Маглена Кунева, поранешна евро-комесарка од Бугарија ќе ја прогласи бугарската политика како погрешна и контрапродуктивна и ќе рече „никој нема да се сеќава дека Борисов ја запрел Македонија на патот кон ЕУ, луѓето ќе речат: Бугарија нè запре“. Одлуката на Бугарија ја критикуваа и оценија како грешка сите поранешни претседатели на Бугарија: Жељу Желев, Петар Стојанов и Георги Парванов. Секако дека е неприфатливо да поради евроатлантските интеграции да дозволиме „Делчев да стане Бугарин“, но сигурно има простор за наша понатамошна, уште една демонстрација на добрососедска волја. За да бидеме само роднини, а не и душмани.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122012913198&id=13&setIzdanie=22760


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 21-12-2012

Грција сигурно е задоволна од потегот на Бугарија

Поранешниот специјален пратеник во Македонија за време на конфликтот во 2001 година и поранешен американски амбасадор во Бугарија Џејмс Пердју не се согласува со новата политика на официјална Софија кон Скопје




ПЕРДЈУ ЗА „ТРУД“

За бугарскиот весник „Труд“ тој вели дека промената на политиката и блокадата на македонските евроинтеграции е спротивна и на бугарските интереси и не е мудар потег. Според него, таа не е во корист на широките национални интереси на источниот сосед и ја уназадува конструктивната регионална политика, која ја применувале години наназад. Со таквата политика, вели Пердју, државата успеала да ги избегне меѓуетничките страсти и конфликти и одлично соработувала со меѓународната заедница во однос на надминувањето на конфликтите и приближувањето на новите држави на Балканот кон демократските западноевропски институции.

Одлуката да се блокира Македонија, според поранешниот американски дипломат, е радикално отстапување од таквите принципи на бугарската надворешна политика.

- Новата бугарска политика кон Македонија може многу да ги влоши добрососедските односи. Без сомневање дека Македонија понекогаш е тежок партнер. Но Бугарија треба да разбере дека нејзиниот сосед е нова демократија и ја нема длабочината на институционалниот капацитет на Бугарија. Македонија оди побавно кон ЕУ и НАТО од Бугарија поради војната во Косово и внатрешниот меѓуетнички конфликт од 2001 година. Тука е и мачниот спор за името со Грција - вели Пердју.

Според него, Македонците сѐ уште се обидуваат да си го дефинираат сопствениот национален идентитет, а тоа владата на ВМРО-ДПМНЕ успешно го користела за ја задржела поддршката на гласачите.
- Грција сигурно е многу задоволна што уште една земја-членка на ЕУ постави услови за Македонија. Атина го блокира Скопје и за ЕУ и за НАТО. Но ако сепак спорот за името се реши, ќе остане ли Бугарија единствената пречка пред евроинтеграцијата на Македонија? Многу се сомневам - вели Пердју.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122112832395&id=9&prilog=0&setIzdanie=22761


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 22-12-2012

Бугарите земаат најниски плати во Европа

Бугарите земаат најниска плата во Европската унија, едно евро на час, во однос на 1,3 евра во Романија, 3,4 евра во Португалија, 16,6 евра во Данска или 12,2 евра во Ирска. Секој шести вработен во Европската унија добивал ниска плата во 2010 година, или 17 отсто од сите вработени, додека во Бугарија уделот на ниските плати е 22 отсто, покажуваат податоците на „Евростат“. Најголем е процентот на ниските плати во Латвија (27,8 отсто), во Литванија (27,2 отсто), во Романија (25,6 отсто) и во Полска (24,2отсто).

Најмал процент на луѓе што работат со ниски плати има во Шведска (2,5 отсто), Финска (5,9 отсто), Франција (6,1 отсто), Белгија (6,4 отсто) и Данска (7,7 отсто). Евростат забележува дека се' уште има големи разлики меѓу платите на мажите и жените во ЕУ. Просечно во 27 земји-членки 21,2 отсто од жените во 2010 година добивале пониски плати во однос на 13,3 отсто од мажите. Во целата Унија 29 отсто од вработените со ниски плати во 2010 година биле со низок степен на образование, а 5,8 отсто со високо образование. (Ек.Р.)

http://utrinski.com.mk/?ItemID=9ECCEAA41D1A2145BBBC90EC26BEAA09


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 22-12-2012

БУГАРИЈА


Студот однесе уште две жртви

Двајца мажи вчера починаа од студ во Бугарија, на североистокот на земјата, каде е прогласена вонредна состојба поради исклучително ниските температури и обилните снежни врнежи. Бугарското радио јави дека 60-годишен маж е пронајден смрзнат во својот автомобил на еден селски пат, додека вториот 70-годишен маж е пронајден мртов со смрзнатини по телото во градот Варна, на брегот на Црното Море. Бројот на жртвите од студот што ја погоди Бугарија за една недела се зголеми на шест лица. Над 200 села на југоистокот на Бугарија од вчера се без струја, додека вкупно 494 училишта ширум земјата денеска се затворени.

http://vecer.com.mk/?ItemID=CCC9F05595EA9F4A975C784F01539CE4


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 22-12-2012

Супер нагла лъжа. В Мацедония как обычно всички са заровили главите в пясъка . Абсолютни безсрамници

Давутоглу: Ако требаше да биде крај на светот пак ќе одберев да сум тука во Скопје, Македонија, мојот дом!

Ако според календарот на Маите денеска требаше да се случи крајот на светот, јас ќе одберев да бидам тука во Скопје, Македонија, мојот дом. Овие 20 години од воспоставување на односите ќе ги продолжиме до крајот на историјата.Продолжуваме да бидеме партнери и сојузници.

[Давутоглу: Ако требаше да биде крај на светот пак ќе одберев да сум тука во Скопје, Македонија, мојот дом!]

Ова го изјави министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Давутоглу на заедничката прес-конференција во Скопје со неговиот домаќин шефот на македонската дипломатија Никола Попоски.

[undefined=undefined]Давутоглу потсети дека во август 1992 година Турција беше првата земја која ја призна Македонија под уставното име и оттогаш трае поддршката за нејзина интеграција во ЕУ и НАТО.[/undefined]

- Ние ќе продолжиме со оваа политика бидејќи веруваме дека стабилноста, просперитетот и безбедноста на Македонија е стожер на регионалната стабилност. Членството на Македонија во НАТО и ЕУ и другите меѓународни организации е од суштествено значење за регионот, рече Давутоглу.

Тој посочи оти поради мултикултурниот, мултирелигискиот и мултијазичниот карактер таа е Балкан во мало и затоа сите соседни земји треба да ја поддржат.

Коментирајќи ги добрите односи меѓу двете земји, Давутоглу ја пофали Македонија за почитувањето и толеранцијата во однос на сите малцинства како пример на Балканот.

Ја потенцира и одличната културна соработка меѓу Анкара и Скопје за која мост на поврзување, рече, претставуваат турската заедница во Македонија но и големиот број на жители во Турција со потекло во Македонија.

- Ве уверувам дека турската Влада, премиерот, претседателот и 75 милиони Турци ги имате за свои пријатели и тоа пријателство ќе продолжи вечно. Моето присуство во Скопје денес е уште една потврда дека ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Македонија секогаш и секаде, засекогаш. Стабилноста, просперитетот и безбедноста на Македонија е важна за нас како и нашата стабилност и безбедност, рече Давутоглу - јави МИА.

Министерот Попоски, пак, изрази уверување дека соработката со Турција како нова контакт-земја за НАТО за Македонија ќе продолжи за целосна интеграција на Македонија и на регионот и во Алијансата.

Тој се осврна и на економската соработка, оценувајќи оти дека сегашната размена од 400 милиони долари во следниот период ќе достигне една милијарда долари. Како многу значајна за натамошно уредување на културната соработка и размена меѓу двете земји го оцени и скорешното отворање на културно-информативни центри во Скопје и во Истанбул.

Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу синоќа имаше средба со макеоднскиот претседател Ѓорге Иванов, а претходно на Унивезтитет „Свети Кирил и Методиј“ му беше доделена титулата „почесен доктор на науки“. Давутоглу денеска треба да се сртене со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски./www.kanal5.com.mk

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=102092



RE: Македонските медии за България - Топорчо - 22-12-2012

И Македонија има свои добрососедски барања до Бугарија

Според некои информации, македонската страна веќе побарала симетрија, односно сето она што го бара официјална Софија од Скопје да важи и обратно. Слични информации имаше и во 2010 година, кога Бугарија ги испрати своите барања, кои во домашната јавност никогаш не беа целосно објавени





Солун е грчки, бугарски или македонски град: бугарската војска влегува во градот во 1912 година
ИСТОРИЧАРИТЕ ПРОТИВ КОМИСИИ
Бугарија да ги смени тезите во своите учебници според кои македонската нација нема историски континуитет, инаку нема да стане членка на Европската Унија. Вака некако би можело да изгледа македонското барање до официјална Софија доколку земјава беше дел од евроатлантските структури, а источниот сосед не. Но состојбата реално е поинаква. Владата на премиерот Бојко Борисов застана цврсто на своите тврдења дека Македонија не е добар сосед и дека нема да дозволи напредок доколку не се постигне договор за добрососедство. Во него, пак, меѓу другото се бара и формирање комисија за историја што би требало да врши и ревизија на македонските учебници, а и да договара прославување заеднички празници.
Според некои информации, македонската страна веќе побарала симетрија, односно сето она што го бара официјална Софија од Скопје да важи и за нив. Слични информации имаше и во 2010 година, кога Бугарија ги испрати своите барања, кои во домашната јавност никогаш не беа целосно објавени, но според дипломатски извори откако и тогаш Македонија побарала симетрија, од бугарската влада не стигнала повратна реакција.

Во нивните учебници е забележителен млакиот речник за бугарското учество во акциите на нацистичка Германија и негирањето на постоењето на македонската нација до 1944 година. Овие тези провејуваат во речиси сите бугарски учебници по историја. Државата што инсистира на договор за добрососедство, во кој меѓу другото бара и историско-културна комисија, во своите книги го тврди сосема спротивното од она што се учи кај нас.

Македонските историчари се категорични дека воопшто не треба да се преговара за историските факти, но и доколку дојде до такво нешто, мора претходно да се договори под ист третман да бидат и нивните учебници.

- И ние имаме наши барања. Не може да се инсистира на прославување „заеднички празници“ пред да се расчистат други работи - вели историчарот Далибор Јовановски.

Според неговиот колега Тодор Чепреганов, воопшто и не може да се прави компромис со историјата.
- Во нивните учебници македонската историја е претставена како бугарска. Не може да се прават компромиси затоа што Бугарија ни ги нема признаено јазикот и нацијата туку само државата. Досега не е познато некои држави да ја менаџираат историјата на друга држава. Дали тоа значи дека со комисии од Бугарија и од Грција ќе треба да ја пишуваме нашата историја? Компромисот со историските факти е најлошото решение - вели Чепреганов.

На прашањето какви отстапки при евентуалното договарање би можела да прифати Македонија историчарот поставува контрапрашање. Дали тоа би значело дека ние претходно би требало да се согласиме со тоа дека сме коминтерновска или Титова творба?

Да се прашаат партизаните против кого се бореле

- Тие до ден-денес не нѐ признаваат како нација и како би разговарале со некој што тврди дека не постоиме. Треба да се разговара, но не со уцени и само како рамноправни народи - вели Чепреганов.
Според него, Македонија како услов би требало да постави неколку работи, меѓу кои тие да го признаат македонскиот јазик, народ, неговиот историски континуитет и да се откажат од тезите дека сме коминтерновска творба.

Јовановски вели дека ако Бугарија инсистира само на промени во македонските учебници, тогаш нема да може ништо да се направи. Тој не сака да постави црвена линија на која би требало да инсистира македонската страна, бидејќи, како што вели, треба да се направи анализа врз која ќе се постават нашите барања.

- Тргнете нѐ нас историчарите настрана. Најдобро е да се прашаат преживеаните партизани против кого се бореле, или пак да се прашаат потомците на оние малку преживеани македонски Евреи што се случувало со нивните предци за време на Втората светска војна. Ако нас како историчари нѐ сметаат за фалсификатори, да ја чуеме нивната вистина - вели Јовановски.

Коминтерновска творба

Инаку, во бугарските учебници се прави обид да се релативизира нивното учество во Втората светска војна од страна на Тројниот пакт, посочувајќи дека царот Борис Трети немал друг избор освен да се приклучи кон силите предводени од Хитлер. Од друга страна, се нагласува и дека на таквиот сојуз се гледало како на можност за враќање за национално обединување преку враќање на нивните територии.

„Во април 1941 година, кога валјакот на германската агресија ги прегазува Југославија и Грција, е направен значителен чекор напред во насока на националното обединување. На Бугарија ѝ се вратени Моравската област (со градовите Пирот, Сурдулица и Врања) и источниот дел од Вардарска Македонија.
Откако Грција капитулира на Бугарија ѝ е вратен мал беломорски дел. Бугарската држава го добива источниот дел од Егејска Македонија и поголемиот дел од западна Тракија со островите Тасос и Самотраки. Другите територии од Егејска Македонија и Беломорието остануваат под германска и италијанската окупација. Пропагандата му дава титула на царот Борис Трети како цар-обединител, но во територијална и етничка смисла обединувањето останува незавршено. Во „новите земји“ се воспоставува бугарска воена и граѓанска администрација само до крајот на војната“, пишува во учебникот.

Во контекст на македонската нација се тврди дека постоел српски националистички проект наречен „Стара Србија и Македонија“ дека луѓето што живееле тука се декларирале како Бугари, но дека биле под силен притисок на Србите да се откажат од својот идентитет. Македонизмот, според бугарските историчари, бил само инструмент на српскиот национализам, кој го сметале за единствен начин да се спротивстават на таквото чувство на населението.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122212934275&id=9&prilog=0&setIzdanie=22762



RE: Македонските медии за България - Топорчо - 22-12-2012

Несбъднатият носител на оскар - псевдоуметникът Дарко е взел толкова много държавни пари , че цял живот да плюе нема да може да се изплати на сводника си Груйович

Господинот Адижес е еден од врвните американски авторитети од областа на менаџментот, автор на серија книги и стручни написи, светски експерт во сферата на економијата, професионалец што работел како консултант на неколку влади и државници, човек со бистар поглед и интелигентно око…


Факти


Во близината на Санта Барбара, калифорниско гратче на само час и пол возење од мојот дом, на својот ранч живее Исак Адижес, постар господин роден во истата земја во која сум роден и јас - Македонија, во истиот град во кој сум роден и јас - Скопје. Господинот Адижес е еден од врвните американски авторитети од областа на менаџментот, автор на серија книги и стручни написи, светски експерт во сферата на економијата, професионалец што работел како консултант на неколку влади и државници, човек со бистар поглед и интелигентно око… Не, не е грешка - знам дека обично се вика „интелигентни очи“, но господинот Адижес нема очи (множина), тој има око (еднина). Да бидам уште попрецизен: има само десно око, а наместо лево, око има стаклен додаток. Доколку го запрашате што станало со неговото лево око, ќе ви раскаже дека го загубил како петгодишно дете. Всушност, „загубил“ не е вистинскиот збор - тоа око му било избиено со кундак, од страна на еден војник. Тој војник бил еден од многуте војници што ги собрале семејството Адижес и сите нивни сонародници од Скопје, Битола и од Штип и со денови ги држеле затворени без вода и храна во магацините на скопската фабрика за тутун. Малиот Исак, изгладнет и жеден, пришол до фонтаната во која пливале златни рипки - се напил од водата, а кога посакал да изеде една рипка, војникот-стражар (кој веројатно ги чувал златните рипки од гладни деца) кренал пушка и со крволочна прецизност и бруталност му го избил окото. Да повторам: тој војник, според сеќавањата на господинот Адижес, имал иста униформа како и сите други војници што ги извршиле рацијата и депортацијата на 7.148 македонски Евреи во гасните логори на Треблинка. Сите тие униформи (или да бидам попрецизен: шлемовите над нив) ги красела бело-зелено-црвена тробојка. Погодувате, станува збор за знамето на Бугарија.

Војниците и полицајците што ја извршиле оваа крвава наредба (доста педантно, со оглед на тоа што во само неколку дена во сигурна смрт испратиле дури 98 проценти од еврејската популација во Македонија - што претставува процент поголем дури и од холокаустот извршен во Германија) биле раководени од бугарскиот комесар за еврејски прашања Александар Белев. Доколку ја посетите интернет-страницата на Меморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон, ќе најдете фотографии на кои ќе можете да го видите тој Белев, во цивилна облека и со намуртен изглед, снимен покрај товарни вагони и војниците со кои командувал, како раководи со депортацијата на македонските Евреи. Негов соучесник во злосторството бил министерот за внатрешни работи на Царството Бугарија, Петар Габровски, член на националсоцијалистичката организација „Ратник“, скроена по углед на германските нацисти, која се залагала за радикален националшовинизам, антисемитизам и клерикализам - како и по слепа лојалност кон владејачката бугарска монархија. Претпоставен на двајцата им бил бугарскиот премиер Богдан Филов, државник што го вовел озлогласениот Закон за заштита на нацијата (идентичен на Хитлеровите Нирнбершки закони), со кој на Евреите низ Бугарија и териториите што Бугарија ги окупирала/администрирала/владеела им се одземаат сите граѓански права (подоцна ќе им биде одземено и правото на живот, но тоа злосторство не било определено со закон туку претставувало акт на таен договор помеѓу Бугарија и Третиот рајх). И за крај, да нема забуни: премиерот Филов бил верна марионета поставена од бугарскиот монарх Борис Трети, човек што стоел на врвот на оваа хиерархија.

Доколку мислите дека горенаведените лица се некакви мрачни воени злосторници, се лажете! Сите тие политичари се рехабилитирани во деведесеттите години на минатиот век, а самиот Борис Трети денес е славен како цар-обединител поради обединувањето (читај: анексирање или окупирање) на дел од Вардарска и Егејска Македонија со она што тогаш се викало „отечествена земја“ (што и да значело тоа).

А доколку мислите дека сево ова е само некаков бугарско-еврејски проблем во кој Македонија не треба да се меша, или пак сметате дека минатата седмица нашата држава беше колатерална штета на војната на еден филм и неговиот автор со една (само навидум) демократска држава-членка на Европската Унија, дозволете да ве потсетам на следните лица:
Перо Видев (15)
Ристо Гондев (17)
Пане Мешков (17)
Ферчо Поп Ѓорѓиев (25)
Герасим Матаков (17)
Илчо Димов (17)
Диме Чекоров (20)
Данко Дафков (17)
Васо Хаџијорданов (27)
Пане Џунов (17)
Блаже Ицев (17)
Ванчо Ѓурев (17)
Наведените имиња им припаѓаат на дванаесетте младинци, сите до еден антифашистички активисти, застрелани во селото Ваташа од страна на бугарскиот окупатор. Бројките во заграда ја означуваат возраста на која се убиени.

Да повторам уште еднаш: поради сите овие погоре изнесени историски факти (како и сите жртви поврзани со тие факти) на Република Македонија минатата седмица ѝ е попречено членството во Европската Унија од страна на една нејзина земја-членка.
Толку за денес.

Авторот е режисер и сценарист

Автор: Дарко Митревски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1221121548374&id=13&prilog=0&setIzdanie=22762[/align]


RE: Македонските медии за България - Stefan - 22-12-2012

Все пак има развитие. От јавно стрелање на деца стана дванаесетте младинци.

Друг е въпросът, че БезДарко пак се опитва да спекулира с годините на "децата". Защото според мк.вики, която обаче се позовава на "Енциклопедија на Македонија", стр. 273., годините не са:

Перо Видев (15),
Ристо Гондев (17),
Пане Мешков (17),
Ферчо Поп Ѓорѓиев (25),
Герасим Матаков (17),
Илчо Димов (17),
Диме Чекоров (20),
Данко Дафков (17),
Васо Хаџијорданов (27),
Пане Џунов (17),
Блаже Ицев (17),
Ванчо Ѓурев (17),

ами:

Перо Илов (15 г.),
Ванчо Гурев (19 г.),
Данко Давков (18 г.),
Илија Димов (18 г.),
Ристо Гондев (18 г.),
Блаже Ицев (20 г.),
Пане Мешков (18 г.),
Герасим Матаков (18 г.),
Ферчо Попѓорѓиев (26 г.),
Васо Хаџиjорданов (28 г.),
Диме Чекоров (20 г.
Пане Джунов (18 г.)


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 23-12-2012

Фараж - Британија ја очекува инвазија од Бугари и Романци

Лондон, 23. декември 2012 (ИНПРЕС)
извор: Дејли Експрес фото: архива

Велика Британија треба да се подготви за огромен бран емигранти од Бугарија и Романија, предупреди претседателот на Независната британска партија (UKIP) и европратеник Најџел Фараж за „Дејли Експрес“.



Фараж предвидува дека 29 милиони Бугари и Романци ќе имаат право на неограничен пристап до системите за бенефиции за невработени лица во Велика Британија по 2014 година. Според лидерот на UKIP, социо-економските состојби во двете балкански земји ќе ги поттикнат жителите да емигрираат кон Островот.

- Ова ќе биде најголемото прашање со кое ќе се занимаваме во рамките на кампањата следната година, бидејќи ќе има влијание врз секој од избирачите, за кои се бориме, рече тој.

Минатата година правилата беа сите луѓе од Источна Европа да работат 12 месеци, пред да имаат право да побараат помош како невработени, но сега тоа не е така.

- Во Бугарија, 46 проценти од населението живее под прагот на сиромаштијата. Тоа е вистинската сиромаштија - да не можеш да го прехраниш семејството - не онаа за која зборува Дејвид Камерон. Доколку бев Бугарин, сега ќе се пакував и ќе се подготвував да дојдам во Велика Британија, знаејќи дека ако не си најдам работа, ќе добијам бенефиции и засолниште, рече тој. (Крај)

http://inpress.com.mk/?ItemID=B3EDF37C6C239E48BBD48222944F852F


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 24-12-2012

Бугарија незадоволна од тврдењата на Давутоглу за Македонија

Изјавата на турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, дадена за време на посетата на Скопје, предизвика одредено незадоволство во Софија поради тврдењето дека Турција била првата земја што ја призна независноста на Македонија. Бугарските медиуми наведуваат дека Давутоглу прави грешка, не толкувајќи дека тоа е намерно или ненамерно, со образложение дека Бугарија беше прва што ја призна независноста на Македонија.

Овие тврдења се точни затоа што Бугарија навистина прва ја призна независноста на Македонија во средината на јануари, веднаш по објавувањето на извештајот на Бадинтеровата комисија. Бугарија ја призна Македонија под уставното име и на таа своја одлука остана и по приемот во НАТО и во ЕУ. Турција ја призна независноста на Македонија во август 1992 година. (Н.Р.)


Статијата е прочитана 711 пати.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=0806B5C238F97E4289DA938A77F232CF


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 25-12-2012

Мистър Бийн вече на ултиматоми премина. Само е пропуснал накрая да стави едно многозначинелно "или...."


Никола Попоски: Бугарија да покаже конкретни дела за писмените заложби!

Според шефот на македонската дипломатија, нема никакво оправдување зошто да не се нормализираат односите меѓу Скопје и Софија, доколку двете страни се посветени, за што Македонија е одлучна


Бугарските власти да ги преточат во конкретни дела заложбите содржани во договорот за соработка во европските и евроатланските интеграции, порача шефот на македонската дипломатија Никола Попоски. Тој посочи дека во досегашната преписка со шефот на бугарската дипломатија е заклучено дека и двете земји имаат интерес да бидат активни во овој процес. Попоски вели дека во следниот период Македонија ќе биде посветена во следниот период да дојде до придвижување во односите со Бугарија врз основа на симетричност, заемно почитување и посветеност на европската рамка на регулирање на билатералните односи. Се надева дека во следниот период би дошло до средби на министерско или повисоко ниво.
- Не би сакал да прејудицирам никаква одлука. Јас првата посета која ја направив на земја-членка на Европската унија беше токму во Република Бугарија, во чии рамки потпишавме договор за соработка во контекст на европските и евроатланските интеграции. Моја желба би била да видиме активности кои би ги преточиле тие заложби во конкретни гестови од бугарската страна. Имавме средби на ниво на работни групи. Се надеваме дека тие средби на работни групи ќе ни овозможат таа клима која сакавме да ја постигнеме со договорите да биде изразена во рамки на таа комуникација. Мислам дека многу брзо ќе има можности за остварување на средби на министерско, и се надевам повисоко ниво. Во секој случај, Република Македонија приоѓа кон тоа како можност за зголемена комуникација, вели Попоски.

Според министерот Попоски, нема никакво оправдување зошто да не се нормализираат односите меѓу Скопје и Софија, доколку двете страни се посветени, за што Македонија е одлучна.
Попоски повторно не сакаше пред време да дава очекувања за претстојната посета на медијаторот Метју Нимиц во Скопје и Атина во јануари. Потврди дека Македонија останува конструктивна во дијалогот, а коментари ќе има откако Нимиц ќе ги изнесе своите видувања.
Шефот на македонската дипломатија вчера се сретна со претставниците на дипломатско конзуларните претставништва на Македонија. На редовниот Амбасадорски совет беа присутни 30-ина шефови на ДКП-а во Македонија. Попоски посочи дека клучни насоки и приоритети во кои ќе делува македонската дипломатија во следната година се засилена дипломатска активност во делот на остварување на стратешките цели - членството во НАТО и ЕУ и особено задачите доделени од ЕК пред пролетниот извештај, како и промоција на можностите за инвестиции во државата остануваат. (В.С.)


На овие простори, пописот има повеќе политичка отколку математичка тежина!
Важно за секоја земја од регионот е при спроведување на такви операции да внимава на политичката чувствителност во тој контекст, вели министерот за надворешни работи коментирајќи ги барањата на македонското малцинство во Албанија за нов попис.
- Примена на тоа што е евростат методологија може секогаш да помогне. Знаме дека во овој дел од светот повеќе политичка отколку математичка тежина се дава на операцијата попис. Не би сакал да се остави какво било чувство на непочитување на определени процедури. И затоа во регионот државите треба да пристапат со определено ниво на политичка чувствителност бидејќи сите имаат мултикултурна и мултиетничка димензија, рече Попоски.


http://vecer.com.mk/?ItemID=D2BE0AEE1609A54B8759E8A007513D57


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 25-12-2012

Потегот на Борисов обид за добивање гласови

За разлика од Грција, каде што секогаш чекорите на официјална Атина кога е во прашање Македонија се примаат речиси едногласно и без јавно спротивставување, кај источниот сосед дел од политичката и од интелектуалната јавност препознава погрешен потег на нивното раководство



Бојко Борисов

ПОЛЕМИКА ВО БУГАРСКИТЕ МЕДИУМИ

Обид на Бојко Борисов да придобие повеќе гласови од националистите во Бугарија на парламентарните избори што ќе се одржат во јули идната година и лоша одлука за меѓународниот имиџ. Ова се главните две поенти што во бугарската јавност ги пласираат тамошните аналитичари и политичари што не се согласуваат со одлуката на актуелната тамошна власт да го блокира датумот за преговори со Европската Унија. За разлика од Грција, каде што секогаш чекорите на официјална Атина кога е во прашање Македонија се примаат речиси едногласно и без јавно спротивставување, кај источниот сосед дел од политичката и од интелектуалната јавност препознава погрешен потег на нивното раководство.

Според Стефан Попов, извршен директор на бугарската фондација „Риск мониторинг“, позицијата на Бугарија може да се објасни единствено со тоа што лидерите на владејачката партија ГЕРБ се вклучуваат во линијата на тонот на АТАКА, ВМРО и други за да фатат позиции за изборите.

„Стратегискиот интерес на Бугарија не е сврзан директно за Македонија, туку со интегрирањето на целиот Балкан во ЕУ. Во многу свои точки регионот продолжува да е полн со експлозиви што не се знае кога ќе експлодираат. Секое гледање на една страна не само на Македонија е недалековидно - коментира Попов за бугарскиот весник „Капитал“.

Тој прашува и кои критериуми за членство ги исполнувала Бугарија, прашувајќи дали тоа е независната судска власт или, пак, административниот капацитет.

- Состојбата во Бугарија денес, шеста година откако е член на ЕУ, е влошена за тие критериуми. Ако имаше механизам за повторно разгледување на членството во Унијата, не сме сигурни дека нема да отпадневме од ЕУ - вели Попов.

Аналитичарот смета и дека тврдите барања кон Македонија се нечесни и дека е смешно Бугарија да се поставува како старател на Македонија.

- Какви аргументи и да измисли Бугарија за да ги поддржи резервите кон Македонија тие ја поставуваат во исто гнездо со Грција. Тоа е акт на доброволно урната репутација: Грција има многу лош глас поради поведението кон Македонија, со хистериите за името, со блокирањето на преговорите за членство во НАТО и во ЕУ и со секакви опструкции. Што и да каже МНР, ваквиот потег ја сместува Бугарија во таа група - оценува Попов.

Слично мислење има и Меглена Кунева, која беше прв бугарски еврокомесар и поранешен главен преговарач за зачленување на Бугарија во ЕУ, а сега е претседател на „Движење Бугарија на граѓаните“.
Според неа, бугарската држава направи грешка откако се одлучи да биде против определувањето датум за почеток на преговорите за зачленување во ЕУ.

- Бугарија ја пропушти исклучителната можност преку Европската Унија да ја заштити својата позиција кон Македонија. Имавме можност да ги поставиме јасно нашите барања, да го поддржиме давањето датум за почеток на преговорите и додека тие траеја постојано да ги следиме и да бараме исполнување на очекуваниот резултат - коментира Кунева за бугарските медиуми.

Речиси сите бугарски политичари и аналитичари што ја критикуваат ваквата постапка на Владата на Борисов сметаат и дека таа ќе ги поттикне антибугарските струи во Македонија.

- Едно внатрешнополитичко прашање беше искористено за внатрешнополитички цели. Власта се обиде да мобилизира гласови барајќи ги симпатиите на националистичките настроени гласачи. Утре никој нема да памети дека власта на премиерот Борисов го запрела членството, туку сите ќе кажат дека Бугарија го направила тоа. Тоа е недалековидна политика - вели бившиот еврокомесар Кунева.

Веднаш по состаноците на Европската Унија, на кои се одлучи земјава да не добие датум, а Бугарија ја покажа својата гласност и сериозност, реагираше и првиот демократски избран претседател на источниот сосед Жељу Жељев.

Според него, Софија се доближува кон нивото на Грција, која ја блокира Македонија за влез во НАТО и во ЕУ поради името.

- Не значи дека треба да си ги мериме силите доколку во Македонија се зборуваат лаги и измислици за Бугарија. Тоа е друго, членството на Македонија во ЕУ е одговорност на Бугарија - коментираше Желев.
Според поранешниот специјален пратеник во Македонија за време на конфликтот во 2001 година и поранешен американски амбасадор во Бугарија, Џејмс Пердју, промената на политиката и блокадата на македонските евроинтеграции е спротивна и на бугарските интереси и не е мудар потег.


Автор: Ф.Д.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=122512724557&id=9&prilog=0&setIzdanie=22764


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 25-12-2012

По древно антична македонска традиция България е описана като ад на земята.

Европски правила на бугарски начин

Од неодамна пушењето е забрането во затворени јавни простории во Бугарија, но цигарите можат слободно да се рекламираат.

Неодамнешните истражувања покажаа дека Бугарите се еден од најнесереќните народи во Европската унија. Од друга страна, Бугарија е распната меѓу новата европска и балканската реалност во многу прашања. Од неодамна пушењето е забрането во затворени јавни простории во Бугарија. Репортерот на Ал Џезира ја посети Софија, од каде известува за отпорот кон правилата кои ги наметнува Европа.

- Во Бугарија сите пушат, тоа е традиција. Тој закон не е добар - вели студентката Силвија.

Гордоста е историја

Нема пушење во затворено и кон тоа сите строго се придржуваат, но затоа цигарите можат слободно да се рекламираат секаде. Европски тенденции Бугарија очигледно се обидува да ги прилагоди на своите реалности.

За забраната за пушење многу се зборува, но за пензионерите тоа е најмал проблем.
- Гордоста остана во историјата - вели пензионер кој носи знаме и слика од народни херои.

Група пензионери често демонстрираат пред зградата на Владата.
- Пензијата ми е 100 евра. Има пензии и од 60 евра. Како да се живее со тоа? Пеколот на комунизмот се уште не е поминат - вели Мариа Демезлиева, пензионирана новинарка.

Пониски цени

За среќа, во Бугарија цените се се уште ниски во споредба со остатокот на Унијата. Но, како и другите поголеми градови, Софија има своја скапа улица. Целата просечна плата тука може за момент да се потроши. Продавниците сепак добро работат. Вработените не сакаат да зборуваат пред камера, но велат дека имаат доволно богати клиенти. Уличниот свирач не го интересира шопинг. Задоволен е со тоа што ќе го собере. Нему Европа му го остварила боемскиот сон.

- Луѓето ме слушаат и кога одам на Канарски острови и во Амстердам, Инсбрук. Свирам низ цела Европа - задоволен е уличниот свирач Робот.

Многумина сонуваат да заминат, од што се плаши западна Европа. Претседателот од својата зграда на сите им посакува среќна Нова година, а Бугарите сепак очекуваат многу повеќе од добри желби.

http://www.sitel.com.mk/evropski-pravila-na-bugarski-nachin