Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
Македонските медии за България - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: Mедиуми (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=9)
+--- Thread: Македонските медии за България (/showthread.php?tid=1784)

Pages: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 22-11-2012

Според този велик изкукал анализатол български танкове изобщо не били от полза

Формирањето на АРМ и сегашната состојба (3)

Не е проблемот само во промената на името на нашата држава како предуслов за членство во НАТО, туку постојат и други критериуми кај политичко-воената организација на Алијансата



Не без причина го анализираме по фази (години) формирањето на АРМ и односот на Република Македонија како држава спрема нејзиното стратегиско определување за членство во НАТО. Особено во прв план ги анализираме претходните постојни меѓународни договори што Македонија ги прифати, бидејќи во процесот на нивното создавање таа активно учествуваше, меѓутоа доследно тие не беа применувани. Тој факт во значителна мера влијаеше на нашето приклучување во НАТО. Не е проблемот само во промената на името на нашата држава како предуслов за членство во НАТО, туку постојат и други критериуми кај политичко-воената организација на НАТО. Македонија усвои дел од бараните документи преку разни декларации и потпиша разни спогодби потребни во процедурата за остварување статус на земја-кандидат за членство во НАТО. Покрај одлуката на Собранието за членство во НАТО и пристапувањето за членство во Партнерството за мир, се потпиша СОФА-договорот во 1996 година за регулирање на статусот на странските војници во Македонија, потоа следуваше приклучување кон ПАРП (Процес за анализа и планирање) и ИПП (Индивидуална програма за партнерство) во 1997 година. Во рамките на Партнерството за мир од 1999 година бевме обврзани секоја година да изработуваме и презентираме ГНПЧ (Годишна Национална програма за членство во НАТО). Уште од 1993 година, Македонија заедно со уште 52 држави стана потписник на Договорите ЦФЕ и ЦФЕ-1 што стапија во сила уште во 1997 година за ограничување на конвенционалното вооружување во Европа. Завршниот документ на Дејтонскиот договор е временски неограничен и отвори врата за дополнителни билатерални и мултилатерални односи на сите подрачја за воена соработка. На 8 и 9 јуни 1998 година претставници на Македонија, Словенија, Албанија и на Австрија учествуваа на еден инструктивен семинар во виенскиот дворец „Хофбург“. Целта на овој семинар била да се појаснат основите на Договорот ЦФЕ и членовите 4 и 5 од Дејтонскиот договор. Еден од најважните заклучоци беше стриктна примена на критериумите на ОБСЕ во врска со процентот за определување на бројот на припадниците на вооружените сили. Тој процент може да се движи од 0,5 до 0,7 отсто за припадници на вооружени сили во однос на бројот на жители на дадената земја. При изработка на првата македонска Годишна национална програма за членство во НАТО 1999/2000 година, Македонија не се придржуваше кон тој критериум. Поради тоа нашата програма три пати беше враќана од Брисел за доработка. При првата изработка на ГНПЧ било предвидено АРМ да располага со активна вооружена сила од 40 илјади луѓе и со резервен состав од 120 илјади луѓе. Во првата ГНПЧ се предвидува АРМ, покрај Генералштабот, да формира еден активен корпус, еден резервен корпус, гранична бригада, команда за обучување и логистика, како и команда за ПВО (противвоздушна одбрана) и ВВ (воено воздухопловство), со придружни единици и определен број самостојни единици. Во третата верзија од таа програма, од февруари 2000 година, во делот на Заклучоци за реструктурирање стои дека сегашниот мирновременски состав на вкупните вооружени сили во кои спаѓаат воените и цивилните лица ќе биде околу 22.000 луѓе и ќе се намали на околу 16.000 или помалку.
Во 3-та верзија резервниот состав се предвидува од 120.000 да се намали на околу 60.000-70.000. Буџетот за одбрана на Македонија во 2000 година беше 76 милиони долари, или 2,17 отсто од БДП. Воено-политичката криза во Македонија од 2001 година, која практично почна во 2000 година и траеше до потпишувањето на Охридскиот рамковен договор во август 2001 година, покажа дека АРМ (не по своја вина) не беше подготвена да се справи со новонастанатата ситуација. Тогашното тукушто почнато организациско-формациско преструктурирање и слабата опременост (поради малиот буџет за потребите на армијата) ја доведоа АРМ во незавидна ситуација во борбено-воена смисла. Оваа констатација не се однесува на индивидуалната подготвеност на добро обучените војници како поединци, туку на поголеми борбени системи што требаше да се спротивстават на терористичко-воената организација наречена ОНА. Беше потребно итно да се доопреми АРМ со потребните борбени системи што би биле во функција на неутрализирање на противничката страна, која настојуваше да го загрози територијалниот интегритет на државата. Итно беше извршена набавка на муниција за повеќецевни ракетни фрлачи оган и пламен, дивизион на ракетни фрлачи град, четири авиони „сухој-25“ и 14 хеликоптери „ми 8“, „ми 17“ и „ми 24“ (борбени хеликоптери), потоа ракетни системи ПВО со краток дострел со потребната муниција и ракети за наведените системи. Беше добиена донација од 94 тенка „Т-55“ од Бугарија (во 1999 година), но тие само во мала мера ја зголемија борбената подготвеност на АРМ, бидејќи добиените тенкови беа во лоша техничка и борбена состојба. Буџетот за одбрана за 2001 година беше утврден во висина на 4.583 милиони денари или 7,5 отсто од буџетот на Македонија, односно 1,92 отсто од БДП. Како резултат на нарушената безбедносна состојба во Македонија и значително високите трошоци за справување со кризата, во август 2001 година се усвои ребалансот на буџетот. Буџетот на Министерството за одбрана се утврди на висина од 15,509 милиони денари или 20,5 отсто од ребалансираниот буџет за 2001 година, односно 6,78 од БДП. Бидејќи се работеше за итни набавки, цената на новонабавените системи за вооружување не беше мала. Вистински сојузници на Македонија во тоа време се покажаа Хрватска и Украина. По воено-политичката криза од 2001 година, македонската страна сфати дека во дотогашните предлози во Годишната национална програма за членство во НАТО за 2001/2002 година имаше доста погрешни претпоставки, па поради тоа во Анексот 3 од ГНПЧ (сегашната структура на АРМ) и Анексот 4 (сегашната структура на МО) треба да бидат предмет на ревизија. По овие настани се отвори простор за поинакво гледање на системот за одбрана во Македонија.

(продолжува)

Авторот е воено-политички аналитичар


Автор: Петар Шкрбина

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11211291412&id=13&prilog=0&setIzdanie=22735


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 23-11-2012

Нашиот мора да е поголем од бугарскиот

Скоп­ска фирма лее челичен јарбол за граничниот премин Деве Баир. Јар­бо­лот, на кој ќе се вее македонското знаме...

Целиот текст е објавен во печатеното и во електронското издание на Вест.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=BEB6A1A41AE84E45A53F495D5C268DE7


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 23-11-2012

Много гнуста статия завършваща с огромна храчка срещу България

Мое ќоше

И ВМРО и ДПМНЕ како личен пораз


Историјата може да се повтори во сегашноста како фарса на иднината

„Партијата што сум ја формирал во деведесеттите денеска стана сопствена карикатура. Денешното ВМРО-ДПМНЕ е мој личен пораз. Тоа е идеологија којашто не постои, тоа е партија која лажно се претставува. Се чувствувам одговорен таа позиција на ВМРО-ДПМНЕ да ја разобличувам докрај“. Оваа своја заложба со доза на резигнација, разочараност и горчина Љупчо Георгиевски веќе агилно ја одработува. Дали во тоа ќе успее е тешко да се поверува, имајќи ја предвид сегашната негова позиција.

Игнориран и навредуван од актуелната раководна гарнитура на ВМРО-ДПМНЕ, со оспорување на историскиот факт дека е основач на партијата и три мандати нејзин прв претседател, Георгиевски има и лични мотиви да ја соопштува јавно неговата вистина која е во сосема друго светло од големите рефлектори што ги запали неговиот наследник Никола Груевски кон антиката, Александар Македонски и историјата пред Христа како најсоодветна и примамлива замена за поновата историја и на државата и на партијата. Во оваа голема ресавска политичка препишувалница на историјата се вклучија и неколку луѓе од блиското опкружување на Љупчо Георгиевски од бурните времиња на големите промени кои денес со негација на историските факти самите се исклучија од својата улога во создавањето на партијата и на независна Република Македонија, при што улогата на ВМРО-ДПМНЕ и на Љупчо Георгиевски е евидентна. Негирајќи ја улогата на Георгиевски од дневнополитички потреби, го избришаа и својот придонес бидејќи многу историски настани од 1990 до 2003 година цели 13 години беа поврзани и со ВМРО-ДПМНЕ и со Љупчо Георгиевски. Се разбира, и кога се правени грешки и кога се донесени историски одлуки. Бришењето на тие настани од поблиското минато и маргинализирањето на улогата на поединци е невозможна мисија.

Познато е дека историјата може да се повтори во сегашноста како фарса на иднината. Кога ја прочитав изјавата на Љупчо Георгиевски дека денешното ВМРО-ДПМНЕ е негов личен пораз, дека тоа е идеологија која не постои и дека тоа е партија која лажно се претставува, прво што ми дојде на ум е еден мал сегмент од сеќавањата на Иван Хаџи Николов, еден од основачите на историското ВМРО 1893 година во Солун. Помислив на неговата резигнација и разочарување кое ни ги приопшти пред неколку години големиот македонозналец Гане Тодоровски и чии спомени се' уште се недостапни за македонската јавност, иако се објавени во Софија со доста големи недозволени скратувања и измени каде што место Македонци, стои „местни жители и живушти во Македонија“. За спомените на Хаџи Николов, историчарите велат дека се најдобрите од сите петмина основачи на ВМРО кои напишале мемоари. Еве го пасусот на Иван Хаџи Николов: „Мислата дека треба да се напише нешто за револуционерната организација ми го облива срцето со крв. Да се пишува за една организација, која за резултат го има упропастувањето на Македонија, макар тоа не е само организација, туку Софија, со својот цар, со своите министри и генерали со својата државна, а не националистичка политика, ја погреба Македонија и и' причини огромни жртви од луѓе и материјални блага. Јас, пак, се чувствувам како виновен за сите тие злосреќи дека јас и моите другари станавме причина за револуционизирањето и како последица на тоа - погубувањето на Македонија и на Македонците. И јас му се чудам на македонскиот дух, како тие луѓе не не' убија со камења откако го согледаа грозниот и жалниот излез на нашата револуционерна иницијатива.

Цела Македонија, како еден човек, со трогнувачка еднодушност тргна зад нас, ни ја даде сета своја поддршка и своја морална доверба да го водиме кон ослободување, а излезе дека сме го воделе кон упропастување и кон ново, уште потешко ропство и при такви дијаметрално противположни резултати пак да не не' обвинува, да не не' навредува, да не мрмори против нас - создавачите на револуционерната организација и водачите, туку молчаливо и со полна покорност на својата судба да си го преземе тешкиот голготски крст - тоа предизвикува во мене адмирација и велам: Македонци, вие не сте само херои, туку светци. За вас сите жртви се заслужни“.

Очевидно, вели Гане Тодоровски, Иван Хаџи Николов носи товар на вина, тешка историска вина, голем комплекс на одговорност и во кулминација на таква тешка криза си го одзеде животот.

Другите историски паралели пред неполни 120 години и сега направете ги сами.


Кликнете ОВДЕ за повеќе колумни од авторот


Статијата е прочитана 3470 пати.

Испрати коментар

http://utrinski.com.mk/?ItemID=6F74EC3E728E8B4DAE5FA7D25E154963


RE: Македонските медии за България - Басарбовски - 23-11-2012

(23-11-2012, 05:21 AM)Топорчо Wrote: Нашиот мора да е поголем од бугарскиот

Скоп­ска фирма лее челичен јарбол за граничниот премин Деве Баир. Јар­бо­лот, на кој ќе се вее македонското знаме...

Целиот текст е објавен во печатеното и во електронското издание на Вест.

http://www.vest.com.mk/?ItemID=BEB6A1A41AE84E45A53F495D5C268DE7

"Журналистиката стане ли ялова, ражда ежедневно сензации." - Радой Ралин.
Македонската май е тежко болна, но лошото е, че и в нашата има признаци на "заразяване".


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 24-11-2012

Някакъв кавал с фамилия на ич обяснява къв перфектен съсед е Гърцие и колко бил притеснен за угнегеното малцинство в Пиринска Македония

Нашиот менталитет не прифаќа наметнати решенија

Во последно време сите дебати се насочени кон влез во ЕУ. Се наметнува речиси параноична фрустрираност, од немоќ да опстанеме без помош, со која ЕУ ќе ни ја надомести сопствената несигурност. Потребата од влез во ЕУ е двонасочна. Верувам дека ЕУ не може да биде нешто цело ако нејзиното копно не е обединето. Она што нам денес ни е најпотребно се националната хомогеност и политичкиот консензус. Малодушноста, која се интерпретира преку изјави дека сме „мали“ за да се избориме со интересите на големите сили, за мене не е оправдана. Пред с` интересите на големите сили, кога е во прашање Македонија, уште се нејасни и недефинирани. Состојбата во која се наоѓаме ме потсетува на Волтерова дефиниција, со која малите народи својот колективен интелект го искажуваат со избор на чизма која треба да ги гази (понижи, асимилира или деградира). Лично сметам дека толку пати повторена антиквизација, како одговор на историски ограбен простор со кој Македонците присилно требало да се откажат од своето колективно сеќавање, не претставува закана за некој од надвор. Имено, артефактите кои ги полнат европските и светските музејски витрини се доказ за идентитетот на народот кој живее на овој простор. Зарем Македонците не ги боли изјавата на некој бугарски интелектуалци дека Охрид е „блгарски Јерусалем“? Kоренот на писменоста и славата им припаѓаат на Македонците. Ако се прочита споредбен речник од 1787 година, кој е печатен по налог на руската царица Kатерина Втора, помеѓу дванаесет словенски јазици, бугарскиот воопшто не се споменува. Македонците никојпат не биле тие што го негирале бугарскиот јазик, но интересно е што тоа го прави спротивната страна. Kолку е тоа вистински добронамерно и колку се вклопува во хармонизирање на односите помеѓу двата народа?

Европската академска јавност молчи кога е во прашање историјата на античките Македонци. Во македонската литература сите дела од античките писатели буквално се идентични на француските, руските, англиските или германските текстови. Во ниту едно дело не е извршен каков било обид на историската ревизија. Европската научна јавност молчи пред фактот кога се во прашање Венетите, кои уште во антички времиња се присутни на Балканот. Италијанскиот историчар Мауро Орбини, уште во 16 век, во своите дела ја обелоденува повелбата на Александар Македонски. Сето тоа укажува на потребата на Македонците да го освежат своето колективно сеќавање во одбрана на сопствениот идентитет, кој е загрозен. Македонците својот историски багаж го носат низ епохите и за нив најмногу пишувале тие што денес ги негираат. Со вистината само се потврдува самобитноста, различноста и посебноста која имала своја улога во развој на европската цивилизација. Македонците немаат територијална претензија спрема никој. Во историјата секојпат биле предмет на асимилација, со желба да се ограби брилијантната ризница која во историска смисла претставува доказ за постоење и за опстојување на овој народ.

Патот кон ЕУ и борбата за името се рационален избор на интелектуалната елита. Србија се откажала од територијална претензија кон Македонија, но и од негирање на македонскиот идентитет бидејќи педесет години соживот во иста држава ~ овозможил на српската научна елита да ги разјасни недоразбирањата кои во почетокот на 18 и 19 век, во служба на српскиот хегемонизам, биле форсирани. Голем број научни авторитети ја потврдиле посебноста на македонскиот идентитет во однос на другите народи на Балканот. Зошто тоа не го потврдуваат европските академски кругови и научната јавност? Се поставува сосема рационално прашање ако Македонците во својот устав вградуваат откажување од територијални претензии кон своите соседи, во што е тогаш проблемот? Македонците во Република Македонија болно го доживуваат негирањето на македонското малцинство во Пиринска и Егејска Македонија. Тоа се случува во Европа, во државите кои се дел од ЕУ, унија која како најголема вредност ги промовира човечките права, но цело време молчи и не реагира. Kако е можно Европа да инсистира на независно Kосово, а не може да потврди историски континуитет на Р. Македонија?! Политички Брисел е презафатен со проблемите во еврозоната. Проблемот на Р. Македонија во нивните агенди е далечна периферија. За тоа време отсуството на национален консензус е видлив, но за мене неразбирлив. Сметам дека Александар Македонски може мирно да седи на Букефал среде Скопје бидејќи тој и слични споменици се само изговор, а никако реална причина за попречување на нашиот пат кон ЕУ.

Звонимир БудимировиЌ

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6331184EB9AD314C827C9411517295A1


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 24-11-2012

В предния пост най отгоре вместо сърбите съм написал гърците. Нямам друго извинение освен напредналата ми възраст Icon_razz


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 24-11-2012

Кога Македонија им дава на сите

Овдешните квазипатриотски душегрижници, кои водеа антибугарска политика пар екселанс додека беа на власт, сега заплакаа оти на Србија власта на Груевски ѝ дала сѐ - а на Бугарија демек ништо! Како да не сакаат да се сетат оти на сите претходни избори, вклучувајќи ги и оние од 2011-та, го пеналат Груевски дека наводно го повампирува ванчомихајловизмот. Е, како може да е истовремено и србоман и ванчомихајловист



Кога патував во Бугарија како дете со родителите не можев да разберам зошто некои луѓе ни велеа „Вие сте нашите братја, Блгари“, а некои други, пак, кога ќе им кажевме дека сме од Македонија нѐ ословуваа како Срби. Се разбира, не беше потребно многу време за да ми стане јасно зошто не сакаат да не наречат Македонци.

Многу години подоцна, по прогласувањето самостојност на Македонија, кога Бугарија нѐ призна под уставното име, радосно со македонски пасоши со еден колега отпатувавме за Софија. Цариникот ги држеше љубопитно нашите сини пасоши в рака, меѓу првите, и со насмевка ни рече: „Каде бе вие, Македонци!?“ Кога ја минавме границата, мојот сопатник вчудовидено извикна: „Бугарски цариник да нѐ нарече Македонци!?“ Му реков: „Биди спокоен, ништо драматично не се случи. Тој мисли на нашето државјанство, а не на етно-националната припадност“.

Иако во почетокот од 1990-тите знаевме дека Бугарите почнаа да нѐ нарекуваат како што сакаме само поради припадноста кон државата, сепак ни беше мило што го изустуваа зборот Македонци. По весниците како Македонци почнаа да ги пишуваат и нашите спортисти што заиграа за бугарските клубови. Не се признава етно-нација, туку држава, нѐ убедуваа од Софија!

Но Жељу Желев, како кандидат за претседател на Бугарија, имаше ниет да оди и чекор понатаму. Не се заборава неговата изјава кога на прашањето на сега покојниот Бранислав Димовски од МТВ дали новата демократска власт во Софија ќе ги признае правата на малцинствата, изјави: „Се разбира“. И на Македонците, инсистираше Димовски, зашто Бугарија во тоа време не ги признаваше ниту Турците. И на Македонците, одговори Желев, теоретичар на антифашизмот и борец за човекови права и секакво угнетување во Бугарија, кому очигледно сѐ уште не му беше јасно каква политика кон малцинствата мора да води кога ќе дојде на власт.

Како претседател, Желев барем имаше визија да ја искористи самостојноста на Република Македонија, која беше дел од Југославија и долго време под културна, јазична, политичка и секаква друга доминација на Белград, за да се намали омразата Скопје - Софија. За жал, на македонска и на бугарска страна во тоа време имаше силен отпор. Глигоров фројдовски зборуваше оти во Македонија е завршена „дебугаризацијата“, а во Бугарија почнаа да доминираат старите служби што повторно го величеа „етно-јазичниот бугарски карактер на Македонија“. Со други зборови, удбашите во Скопје и ком-партиските разузнавачи во Софија си ја зедоа работата во свои раце и ја продолжија политиката на конфронтации. Зближување не беше можно.

Згора на тоа, додека посткомунистичката власт во Македонија ја набиваше Бугарија на колец поради повампирениот „историски романтизам“, а и Софија не остануваше покуса, Црвенковски и Глигоров бербатно ѝ попуштија на Грција! Под диктат ја прифатија скандалозната референца „бивша југословенска република Македонија“ како меѓународно име на земјата, го сменија Уставот во кој се откажаа од грижата за македонското малцинство во соседните земји, а потоа арбитрерно го укинаа и знамето со шеснаесеткракото сонце за божем да ги нормализираме односите со Атина. „Нормализацијата“ се виде на дело кога Грците во Букурешт во 2008-та ја погазија Привремената спогодба, за што им пресуди и судот во Хаг.

Значи, етно-фашистичката крвожед на Атина беше смирена за миг, но Софија беше фрустрирана. Каков скандал: ја призна Македонија под вековното име - а таа си ја врати Југославија во името! Српско Скопје си остана српско, резонираа во Софија. Црвенковски и Глигоров му се заблагодарија на Желев така што покажаа страхопочит кон Милошевиќ и Мицотакис!?

Владата на Иван Костов не можеше да го дочека „бугарофилот“ Георгиевски за да стокми спогодба со која ќе добие барем дел од она што Скопје веќе ѝ го даде на Атина. Кога веќе Македонија дава, нека ни даде и нам, си рекоа Бугарите! По теркот со Грција, Георгиевски испорача „немешање во внатрешните работи“ за лица-државјани на Бугарија, колку да се знае дека Македонија нема намера да се грижи ниту за Македонците во Пирин. И таа негрижа трае до денешен ден. Без исклучок. Но Црвенковски тогаш најмногу запиште оти Владата го продала македонскиот јазик. Тој го раскрчми идентитетот како на Бит-пазар - со името, со знамето, со Македонците во соседството, а ваму божем загрижен за јазикот. Арно ама тогаш само Бугарија беше душманот, а Грција сѐ уште си ја љубевме. За пари и за амфори.
Сепак, фактите говорат дека во Декларацијата за пријателство што Георгиевски ја потпиша со Костов, „македонскиот јазик“ го има, иако ја има и компромисната додавка „според Уставот на Република Македонија“. Во Привремената спогодба со Грција, пак, нема ниту име, ниту јазик, ниту нација! Тоа, се разбира, не го зголеми патриотизмот на Георгиевски, но го демаскира патриотизмот на Црвенковски.
Оттука натаму, националшовинистичките апетити на Софија растеа правопропорционално со нашиот предавнички патриотизам.

Денес Бугарија е таа што наспроти своите вековни интереси ја турка Македонија „во српски прегратки“.
Сите од ред бугарски официози говорат оти Македонија наводно ја прекршува Декларацијата за пријателство што ја потпишаа Костов и Георгиевски. Како, не кажуваат. Зашто, Македонија не ги есапи Пиринците ни за сува слива, а во Скопје одамна не се води антибугарска пропаганда. Случајот на гевгеличанката Спаска Митрова, Софија го крена во вселенски височини, но и самите бугарски власти изјавија оти тој е правен, а не политички преседан.

Тоа не ја спречи Софија да ни испорача нова спогодба за добрососедство, на крајот од 2009-та, како што објавија медиумите, со 21 точка. Спогодбата никогаш не беше обелоденета во јавноста, а според она што истече во медиумите - за нас спорни од „добрососедски“ аспект биле три-четири точки. Бугарија побарала во односите со Македонија да се уважи фактот дека таа е членка на НАТО и ЕУ, а Македонија не е, односно сака таму да влезе, со што Софија сакала да покаже кој кому треба да му се поклонува и да го моли. Ептен братски.

Со новиот договор Македонија требало да го санкционира говорот на омраза, да ги прифати бугарските воени споменици, заедно да слави историја со Софија и да учествува во комисија за заедничко толкување на историјата! Во март 2010-та МНР одговори на оваа понуда за „добрососедство“, но ниту тој договор не стана достапен во јавноста. Значи, меморандумското спогодбено условување на Софија за добрососедство не е од вчера. Тоа стана манир на нашиот источен сосед, штом влезе во ЕУ. Сега е само мултиплицирано поради

Згора на тоа, Владата на Груевски, во Скопје и во Софија, денес е обвинета дека наводни води просрпска политика. Во таа смисла се споменува и неодамнешната прослава на Зебрњак, каде што целиот српски државен врв прославуваше 100-годишнина од Кумановската битка. Овдешните квазипатриотски душегрижници, кои водеа антибугарска политика пар екселанс додека беа на власт, сега заплакаа оти на Србија власта на Груевски ѝ дала сѐ - а на Бугарија демек ништо! Како да заборавија оти бугарскиот претседател Прванов беше на чествување на гробиштата на загинатите бугарски војници од Првата светска војна, кои Македонија ги обнови. Како да сметнаа од умот оти Груевски во своето ВМРО-ДПМНЕ ја кооптира речиси целата „бугарофилска“ струја на Д. Димовска, освен дел од „народњаците“ на Љубчо. Како да не сакаат да се сетат оти на сите претходни избори, вклучувајќи и оние од 2011-та, го пеналат Груевски дека наводно го повампирувал ванчомихајловизмот. Е како може да е истовремено и србоман и ванчомихајловист?

Но тоа важи за власта, а за народот? Кон кого да се приклонат денес Македонците? Српскиот претседател Томислав Николиќ, каков-таков, како што го дал Господ, изјавува - ќе ви го испорачам томосот за МПЦ, само ослободете го Вранишковски! Реторички, тоа не звучи антимакедонски. А бугарскиот претседател Росен Плевнелиев, пак, говори оти поддршката на Софија за нашите евроинтеграции нема да биде безусловна, а ниту на сон не мисли да вети, на пример, да ја регистрира ОМО Илинден Пирин, за возврат на, да речеме, комисија што ќе ја испитува историјата.

Напротив, бугарскиот европратеник Евгениј Кирилов на Груевски своевремено му забележа оти ние сме ја краделе бугарската историја со проектот „Скопје 2014“! Како? Со тоа што ги излеавме во бронза Гоце Делчев, Даме Груев, Никола Карев, Тодор Александров? Па нели сме ние Бугари, мајката, а и сите тие револуционери биле Бугари!? Или, пак, Бугарите сѐ повеќе загрижени што „ја крадеме“ грчката историја!?

Автор: Зоран Димитровски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112312166111&id=13&prilog=0&setIzdanie=22738

македонците добри , сърбите добри - бугарите пак не чинат


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 24-11-2012

Плукането отново набира скорост
Лапна милион и половина евро човека , сега трябва да ги изплаща


Финале на пенали

Официјално Скопје од АСНОМ до ден-денес доследно ја спроведува идејата формулирана од деветнаесетвековниот британски државник Вилијам Гледстоун, која гласи „Македонија на Македонците“



Се чини дека Македонија има нов проблем на меѓународен план. Овој пат тоа е проблем со Бугарија, која веќе неколкупати се заканува дека ќе го блокира нејзиниот прием во Европската Унија. Речиси во сите настапи на бугарските политичари и нивните гласноговорници како причина за таквата бугарска политика директно или индиректно се наведува еден филм. Авторот на тој филм е потписник на оваа колумна што ја читате. Погодувате: станува збор за филмот „Трето полувреме“.

Како што реков, се чини дека Македонија има нов проблем. Токму така: се чини. Прво, затоа што проблемот не е нов, туку збајатено стар. Имено, не е никаква тајна дека сите бугарски влади, и оние фашистичките хитлеровски сателити, и оние комунистичките советски поданици, и денешните демократски што се колнат во европските вредности - сите тие на Македонија гледаа и сѐ уште гледаат како на своја бавча со која можат да прават што ќе посакаат. Единствен проблем е што тапијата за таа градина не е во нивните раце, туку во рацете на македонските граѓани (чие, патем речено, основно демократско право на самоопределување тие не го признаваат). И тука се крие повеќедеценискиот проблем во македонско-бугарските односи: официјално Скопје од АСНОМ до ден-денес доследно ја спроведува идејата формулирана од деветнаесетвековниот британски државник Вилијам Гледстоун, која гласи „Македонија на Македонците“. Истовремено, официјална Софија не крие дека многу подрага ѝ е платформата „Македонија без Македонците“. Како и да е, во овој спор нема ништо ново - освен што овој пат кавгата е издигната до највисоките кругови во Брисел. И тука доаѓаме до втората, многу покомплицирана страна на проблемот.
Имено, од времињата кога доктор Јозеф Гебелс, министер за пропаганда на Третиот рајх, врескајќи протестирал против стрип-јунакот Супермен (нарекувајќи го „јудејско-масонски производ“), на почвата на европскиот континент не се случило највисоки официјални лица на една земја да војуваат против едно уметничко дело. Тоа што бугарските државници, политичари, европарламентарци, новинари, историчари и разни други медиумски послушници јавно ѝ се закануваат на една соседна земја заради филм што таа го произвела - претставува скандал без преседан во модерната европска политика. Оваа афера ќе беше комична доколку филмот не обработуваше историски настан од Втората светска војна во кој тогашната бугарска влада на чело со премиерот Богдан Филов, нејзината војска и полиција под команда на министерот Петар Габровски, по наредба на комесарот за еврејски прашања Александар Белев и одобрение на царот Борис Трети, не испратија во директна смрт 7.148 невини луѓе - или статистички кажано, 98 проценти од еврејската популација во Вардарска Македонија, сите до еден убиени во концентрациониот логор „Треблинка“.

Дали оваа трагична историска приказна е неодамна откриена? Се разбира дека не, бидејќи на таа тема пишувале безбројни историчари во светот – освен во Бугарија. Дали тие податоци биле скриени од очите на светската (вклучувајќи ја и бугарската) јавност? Се разбира дека не - секој што сакал да се информира за ова можел лесно да ги дознае историските факти посетувајќи ги интернет-страниците на Меморијалниот музеј на холокаустот во Вашингтон или, пак, меморијалниот центар „Јад Вашем“ во Израел. Податоците што се изложени на овие страници се идентични на податоците што ги соопштува филмот „Трето полувреме“. Ќе повторам: идентични. И уште еднаш ќе повторам: и-ден-тич-ни!

Па зошто тогаш официјална Софија не покаже со прст кон Вашингтон или Тел Авив, обвинувајќи ги и нив за антибугарска политика, туку тоа го прави само кон Македонија? Има две причини за тоа. Првата причина гласи: ако не можеш по магарето, удри по самарот. Втората причина се состои во природата на филмскиот медиум: за разлика од музеите, филмовите имаат далеку помногубројна публика. Во случајот со „Трето полувреме“ таа публика на домашен терен наближува кон цифрата од 100.000 кино-гледачи (и два милиона потенцијални ТВ-гледачи), додека пак на меѓународен терен таа бројка ќе биде многу поголема и географски многу пораспространета. Со други зборови, мрачната тајна што сите досегашни бугарски влади ја криеја од сопствениот народ – сега ќе има можност да ја види сиот свет. И, ете, затоа официјална Софија е бесна до ниво на хистерија.

Ќе кажам уште еднаш: се чини дека Македонија има проблем со ова. Но само така се чини. Всушност, проблем со ова има Бугарија, чие општество упорно замижува пред едно масовно злосторство, продолжувајќи ја насилничката политика кон земјата на чија територија тоа злосторство е спроведено. Но уште поголем проблем има Европската Унија, чија полноправна членка негирањето на холокаустот го прогласува за своја официјална агенда. Дали Брисел ќе застане зад ваквата суицидална, антисемитска, ревизионистичка, отворено неофашистичка политика на Софија? Се обложувам дека нема. И се обложувам дека филмот што во моментов личи на камен околу вратот на земјата што го произвела, ќе биде камен од кој ќе си ги искршат забите нејзините противници. Фудбалски речено: овој натпревар ќе биде напорен и ќе потрае сѐ до изведување на пеналите - но ниту една нивна топка нема да ја затресе нашата мрежа. И подготвен сум во првата спортска обложувачница да го вложам остатокот од мојата кариера, обложувајќи се на ваков резултат.

Е сега, тоа што одредени наши играчи облекоа нивен дрес и што нашите противници во серијата плотуни испукани против „Трето полувреме“ како своја последна муниција на големо и нашироко ги цитираат текстовите што против овој филм ги напишаа некои домашни македонски пера – тоа е тема за некоја друга дискусија, посветена на друг проблем. Проблем што, за разлика од овој бугарско-европскиот, Македонија навистина го има - и за кој нема решение низ сета своја историја.

Авторот е режисер и сценарист

Автор: Дарко Митревски

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112312167139&id=13&prilog=0&setIzdanie=22738


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 24-11-2012

Доде албанците веят знамена из државичката патриотчетата македончета се едно си знаят


Европарламентот влегува во грчката игра?

Резолуцијата, предложена од грчката европратеничка Марија Елени Копа, бара „решавање на билатералните спорови пред членството во ЕУ, а пожелно е и пред почетокот на преговорите“. Иако документот не се однесува само за Македонија, таквите позиции се спротивни од тоа што еврокомесарот Штефан Филе го заговара во изминатиот период - добивање датум за преговори и решавање на спорот во рана фаза од преговорите




Атина го засилува притисокот

Грчката влада засилено врши притисок и лобира во Брисел во пресрет на декемврискиот самит на ЕУ, за барање алиби Македонија без решен спор за името да не добие зелено светло за почнување на преговорите. Во целата дипломатска офанзива и инсистирањето на „добрососедските односи“, Атина успеа да изврши делумно влијание и врз европарламентот, кој завчера со големо мнозинство ја усвои резолуцијата посветена на политиката и на критериумите за проширување и стратегиските интереси на ЕУ. Резолуцијата, предложена од грчката европратеничка Марија Елени Копа, бара „решавање на билатералните спорови пред членството во ЕУ, а пожелно е и пред почетокот на преговорите“. Иако документот не се однесува само за Македонија, таквите позиции се спротивни од тоа што еврокомесарот Штефан Филе го заговара во изминатиот период - добивање датум за преговори и решавање на спорот во рана фаза од преговорите, сметаат домашните експерти.

Професорката Тања Каракамишева вели дека не е изненадена од таквата резолуција, бидејќи европарламентот е политичка институција, во која се можни секакви комбинаторики.

Грција силно лобира

- Не треба да изненадува тоа што европарламентот до некаде има спротивен став на комисијата и на комесарот Филе. Можни се секакви комбинаторики. Едно е сигурно, а тоа е дека Грција засилено лобира во европарламентот да издејствува одлуки во своја корист - додава Каракамишева.

И Малинка Јорданова од Институтот за европски политики смета дека во поглед на најновата резолуција на Европскиот парламент, формулацијата за решавање на билатералните проблеми сепак е различна од онаа на комисијата.

- Не толку во поглед на решавањето во рана фаза во процесот на пристапување, тука се позициите исти со комисијата, туку затоа што повеќе ја нагласува одговорноста на државите-пристапнички. Резолуцијата нагласи дека државите што пристапуваат треба да ги решат своите билатерални проблеми. Натаму, не се повторува позицијата на комисијата дека билатералните прашања не треба да го задржуваат пристапниот процес. Затоа, оваа резолуција е понеповолна од досегашните, конкретно за билатералните прашања. Преостанува повеќе да се лобира за следната „редовна“ резолуција за годинешниот извештај за Македонија - вели Јорданова.

Во расправата за резолуцијата, предложена од Копа, европратениците од групата на народни партии Бернд Поселт и Моника Маковеј побараа да ѝ се дозволи на Македонија да ги почне преговорите за членство во Унијата. Според Маковеј, дијалогот на високо ниво со Македонија е нешто добро, но не може да го замени процесот на преговори за членство.

- Македонија треба да биде оценувана според нејзините резултати. Таа е земја што заслужува уште сега да ги почне преговорите за членство во ЕУ - нагласи романската европратеничка.

Германскиот европратеник Бернд Поселт од своја страна инсистираше дека не треба повторно да се одложува датумот за преговори за Република Македонија.

- Македонија има потреба од дијалог на високо ниво, добро е што тој беше отворен, но не смее уште еднаш годинава да не ѝ се даде датум за преговори. Треба да ѝ се стави крај на грчката блокада на оваа земја - истакна Поселт.

Атина и Софија заеднички

Како што дознава „Нова Македонија“, низ дипломатски кругови се разговараат повеќе можни опции за исходот од претстојниот самит во Брисел. Според дипломатски извори, едно од најексплоатираните сценарија е токму бугарско-грчкото, за кое притискаат грчките и бугарските претставници во Брисел.
Станува збор за опцијата на Македонија да ѝ се даде датум за почнување на преговорите во текот на 2013 година, кој би се активирал доколку земјата исполни одредени услови. Извори од Брисел за нашиот весник велат дека наводно станува збор за стандардните услови - реформи на судството, државната администрација, дополнети со елементот „добрососедство“. Според познавачите на состојбите, токму во рамките на овој услов, Бугарија и Грција би можеле да внесат многу барања. Затоа не е случајно што Софија токму во периодов се активира, барајќи од Скопје да „престане со антибугарската пропаганда“, застанувајќи рамо до рамо со Атина.

Попоски: Дводеценискиот спор не се решава за неколку дена

Не мислам дека е реално да се очекува оти дваесетгодишен спор можеме да го решиме во наредните неколку дена и не сметам дека креирањето такви очекувања е нешто што оди во прилог, истакна шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во интервјуто за Дојче веле.
Запрашан дали по разговорите во Њујорк може до декември да дојде до исчекор во спорот за името, Попоски нема позитивни прогнози.
- Тоа што го кажавме е дека се работи за една од серијата дискусии што ги имавме на ниво на претставници со посредникот Нимиц и го поздравивме тој факт. Сметам дека до она што се однесува на размислувањата на господинот Нимиц и можностите за напредок во иднина потребно е да ги согледаме сите елементи и потоа да излеземе со став кој ќе ги рефлектира нашите видувања. Во овој стадиум не сметам дека би можеле да му помогнеме на господинот Нимиц со какви било процени на неговите ставови и затоа би го почекале оној момент да процени, да имаме директна комуникација и да излеземе со определени видувања за тоа како може да се придвижиме. Од аспект на моментот - не мислам дека е реално да се очекува дека дваесетгодишен спор можеме да го решиме во следните неколку дена - вели Попоски.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112412829571&id=9&prilog=0&setIzdanie=22738




RE: Македонските медии за България - Топорчо - 25-11-2012

На ИМДБ се води вистински македонско-бугарски натпревар за „Трето полувреме“, па кој сака нека клика

Бугарските провокации и местенки за филмот „Трето полувреме“ не престануваат. Освен жестоките реакции на нивните политичари и историчари, ништо помлаки не се и интернет-форумите на бугарски јазик.

Бидејќи „Трето полувреме“ почна да урива рекорди и на imdb.com, бугарските форумџии пред некое време се пуштиле во акција – на повеќе бугарски форуми стојат повици до „хората“ да ја кликаат најниската оценка 1 за филмот на Дарко Митревски, наш кандидат за оскар, за да се намали високиот рејтинг на филмот – 9,6.

На ова, се разбира, не останаа рамнодушни и Македонците, па и тие се пуштија во акција. Рејтингот во моментов е стабилизиран на оценката 8,7, а бројот на кецовите и на десетките расте пропорционално, па ниту една од страните не успева да надвладее.

Бујрум линк, па дајте ја својата оценка за „Трето полувреме“, топлата и емотивна приказна за љубовта, фудбалот, за онаа Македонија во која сè уште имало херои

http://www.mkd.mk/78010/makedonija/na-imdb-se-vodi-vistinska-makedonsko-bugarski-natprevat-za-treto-poluvreme-pa-koj-saka-neka-klika/


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 25-11-2012

Повеќе стотини Бугари тргнале со патлиџани кон парламентот во Софија

Повеќе стотини граѓани на Бугарија вчера протестираа со намера да фрлат патлиџани врз зградата на парламентот во Софија, но беа запрени од полицијата пред да се доближат. Протестот организиран поради корупцијата во земјата го нарекоа „патлиџан револуција“.

„Стоп за политичкото лицемерие“ пишуваше на транспарентите во рацете на демонстрантите предводени од дисидентскиот поет Николај Колев кој во комунизмот бил затваран неколку пати.

61 годишниот Колев во вторникот успеал да го погоди собранието со патлиџан по што е приведен. За Ројтерс изјави дека тоа е само почеток, покажал како треба да се протестира. Минатата недела тој писмено ги известил политичките водачи, државните медиуми, парламентот и Врховниот правосуден совет дека ќе ги гаѓа со патлиџани бидејќи ги смета за одговорни за корупцијата.

Групата од неколку стотини Бугари, кои биле пресретнати од полицијата и вратени назад, најавија продолжение на протестите пред парламентарните избори закажани за јули.
/www.kanal5.com.mk
25.11.2012, 11:59




RE: Македонските медии за България - Топорчо - 25-11-2012

Интернет напад на Софија на филмот Трето полувреме


Веќе неколку недели трае организираната акција раководена од министерстовото за дијаспора во Софија во која од сите Бугари кои живеат во странство се бара со гласање да го урнат рејтингот на филмот трето полувреме.

Откако под влијание на светската еврејска светска јавност бугарските политичари се повлекоа од отворени критики за филмот Трето полувреме во кој се зборува за српската и бугарската окупација на Македонија сега провокациите се префрлија на интернет.

Веќе неколку недели трае организираната акција раководена од министерстовото за дијаспора во Софија во која од сите Бугари кои живеат во странство се бара со гласање да го урнат рејтингот на филмот трето полувреме.

Откако делото на режисерот Дарко Митревски стана најдобар оценет филм од делата кои добиле 1000 гласови во историјата на престижната холивудска интернет страна ИМДБ бугарските власти во координација со провладини и националистички портали повикуваат да се гласа со најниска можна оценка за филмот.

Наспроти македонските филмофили кои кандидатот за Оскар за најдобар странски филм го оценуваат со највисоката оценка десет бугарските оценки се исклучиво единица.

Со тоа за само две недели филмот од рејтинг 9,6 падна на 8,5 а по повикот на Обединетата македонска дијаспора и други македонски организации и медиуми се стабилизира на рејтинг од 8,7. И вие имате право да гласате според вашите вкусови на страната на ИМДБ.

Горан Момироски
25.11.2012, 17:35

http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&eventId=99999


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 26-11-2012

Егати перверзията . Председател на групата за приятелство с България в македонския парламент бил Зинго. Този същият ли е собственик на Сител и Вечер ?


ОТKАKО ПОСЛЕДНИОТ ДОKУМЕНТ ОСТАНА ВО БУГАРСKИ ФИОKИ

Софија пак ќе бара спогодба за пријателство?


Не е исклучено официјална Софија до декември да испорача нацрт на нов договор за добрососедство со Македонија, оценуваат дипломатски извори

Ако се суди според изјавите на бугарскиот претседател Росен Плевнелиев и на министерот за надворешни работи Николај Младенов, нема да биде големо изненадување ако до декември официјална Софија испорача нацрт на нов договор за добрососедство со Македонија, оценуваат дипломатски извори. Нивната процена е дека тоа може да биде подигање на актуелната Декларација на ниво на спогодба со пообврзувачка содржина.

Последните изјави на двајцата бугарски функционери се за нов договор и замена на актуелната Декларација за добрососедство од 1999 година.

Претседателот Плевнелиев деновиве повторно изјави дека Бугарија би ја поддржала интеграцијата на Македонија во ЕУ, но таа поддршка нема да биде безусловна. Според него, Софија ќе дејствува според македонските потези. И додека Скопје води антибугарска кампања, Бугарија се труди да го заштити секој камен и споменик на својата територија оставен од Византијците, Римјаните или Турците, изјави Плевнелиев за бугарската агенција Фокус.

Поранешниот министер за надворешни работи Антонио Милошоски вели дека, сепак, добра соработка не се гради со договори, туку со пријателство и дела. Може да има или да нема формален договор, ама неопходни се добри намери, изјави Милошоски.

Инаку, со актуелната Декларација од 1999 година, двете страни се обврзуваат дека нема да преземаат, поттикнуваат и поддржуваат дејствија и активности една кон друга кои имаат непријателски карактер, како и дека ќе преземаат ефикасни мерки за спречување на недобронамерна пропаганда од страна на институции и агенции и нема да дозволат активности насочени кон поттикнување насилство, омраза и други дејства што би им наштетиле на односите меѓу двете земји.

Важноста на Декларацијата е реафирмирана со Спогодбата за пријателство и добрососедство, подготвена од Бугарија. Откако Македонија побара да постои реципроцитет на обврските од Спогодбата, Бугарија го замрзна документот. (Ж.П.Б)

Бугарски пратеници откажале посета

Според информации од македонски парламентарци, пред неколку месеци имало договорена посета на пратеници од бугарското Народно собрание, но тие ја откажале посетата, наводно со образложение дека нема што многу да се очекува.

Истовремено никаква активност не е регистрирана ни од македонската парламентарна група за соработка со бугарското собрание. Пратеници од групата велат дека досега немало иницијативи, ниту контакти за каква било средба или состанок. Според македонските пратеници од групата, активноста најмногу зависи од претседателот, а по оставката на досегашниот претседател Љубисав Иванов-Ѕинго, се очекува набргу да се именува нов претседател, па не се исклучува иницирање некаква активност.

http://dnevnik.com.mk/?ItemID=374EB5D577DD014181054C183B5A6BFF




RE: Македонските медии за България - Топорчо - 26-11-2012

На туй дребното и црното се българи му пред очите.Колко ли помия още трябва да излее за да си изплати 1 500 000 Евро държавни пари

На „Трето полувреме“ му треба државна поддршка за „Оскар

Дарко Митревски, режисер, и Роберт Насков, продуцент
Следниот предизвик на режсерот и на продуцентот е филмот да го видат што повеќе луѓе. Тоа во Македонија е невозможно ако не се обезбедат средства за изнајмување сали и техника. Тие што ќе ја поддржат оваа идеја, велат Митревски и Насков, ќе им се отвори пат до десетици илјади нови потрошувачи и клиенти. Оптимистички најавуваат „Трето полувреме“ да го сруши рекордот во гледаност на нивниот претходен проект „Бал-кан-кан“ кој со 120 илјади гледачи е најгледаниот македонски филм досега.

„Во Битола ставивме крај на една долга трка, маратон кој го трчавме 12 години. Од една страна е еуфорично затоа што стигнавме до целта, а од друга страна е меланхолично затоа што се простуваме од трката. Со самата премиера филмот престанува да ти припаѓа, и од тој ден & припаѓа на публиката. Се трудиме таа меланхолија да ја излечиме со тоа што веднаш се фативме да правиме нов филм. Веќе работиме на сценарио, буџети и бргу ќе се вратиме во форма“, вели Митревски кој ексклузивно за „Капитал“ открива дека грабнувањето на Мис Стон е темата на следниот проект, а информацијата дека Анџелина Џоли ќе ја глуми главната улога е само виц!

„Трето полувреме“ базира на вистинска приказна од пред Втората светска војна. Новиот проект исто така се инспирира од македонската историја. Дали е случајност или македонската историја Ви е навистина толку инспиративна тема?
Живеејќи во Лос Анџелес сосема случајно налетав на репортажи од почетокот на 20-тиот век, објавувани во американскиот печат и ми беше многу интересно зошто тогаш воопшто се интересирале за нас. Што е тоа што ги инспирирало да праќаат извештаи за Македонија. Целиот нивен интерес за Македонија е базиран на Мис Стон која во нивниот печат има објавено повеќе за Македонија отколку сите бугарски автори во изминатите 70 години. Многу е интересно за овој скандал, грабнувањето на Мис Стон да читаш од американска перспектива. Затоа, филмот ќе биде направен од американска перспектива, на англиски јазик за разлика од филмот снимен во 50-тите години кој нештата ги гледа од македонски агол. Мисионерката Мис Стон работела на еманципација на чорбаџиските ќерки во тоа време, дошла во една земја за која не знае да ја покаже ни на мапа со мисија во која навистина верува. Во осум месеци колку што траела кризата со грабнувањето и таа и тие го менуваат мислењето едни за други. Кога ќе биде ослободена таа станува најголем амбасадор на Македонија.

Сите историски настани поврзани со Македонија кога се раскажуваат макар и со временска дистанца од половина век, предизвикуваат бурни реакции. Такви реакции предизвика и „Трето полувреме“ кај дел од бугарската јавност. Дали со изборот на темата и начинот на кој е раскажана, всушност сакавте да провоцирате?
Што и да направиш на тема Македонија, сигурно ќе испровоцираш некого. Каква и да е приказната. Кога ми беше преку глава од балканскиве мешаници и кога се отселив во САД каде што решив да почнам од почеток, првата холивудска журка на која присуствував беше роденден на Раде Шербеџија, каде што свиреа свирачи од Војводина. Кога ја засвиреа „Ајде слушај, слушај Калеш бе Анѓо“ еден бугарски актер кој стоеше позади мене & рече на една Американка: Oва е наша песна. Јас избегав 10.000 километри за пак да го слушнам тоа. Значи, од своја кожа не се бега. Што и да направиш поврзано со Македонија и со македонската историја сигурно ќе се замериш со некого затоа што таква е историјата.

Дали пред 12 години кога ја слушна приказната која е мотив за „Трето Полувреме“ и додека го снимавте филмот, очекувавте дека филмот денес ќе биде тема во Европскиот парламент и кај еврокомесарот за проширување, Штефан Фуле?
Не! Ако ги погледнете бугарските медиуми деновиве, ќе видите дека тие се речиси хистерични затоа што европските институции не сакаат да застанат на нивна страна. Тие тоа го сметаат за предавство од Унијата. Инаку, сигурно дека не сум очекувал вакви реакции кои се случуваат. Сами да сакавме да испровоцираме вакви реакции, па и да платиме, немаше да успееме во тоа. Ваков маркетинг немаше да успееме да платиме, но мене тоа не ме радува затоа што „Трето полувреме“ ќе беше гледан и вака и онака. Филмот сам ќе си го најдеше својот пат и без политичката фама која го следи. Фамата и кампањата не ме радуваат од две причини. Прво, затоа што многу ме исцрпи да бијам битка која не е моја и второ, затоа што мислам дека се отиде предалеку. Се влошија односите меѓу луѓето, а тоа тешко се лекува.

Очекувате ли откако ќе започне да се прикажува дека филмот ќе ја исполнува вашата замисла – да биде љубовен филм? Или ќе му остане етикетата којашто сега ја доби, на националистички и провоцирачки?
Кај нас, за жал, ќе му остане етикетата која ја доби. Сите ќе го гледаат низ таа призма. Во странство не. На мојот агент и на мојот адвокат во ЛА, сето ова воопшто не им е јасно. Како може некој да негира нешто што за секунда може да се провери на Интернет, како што е Холокаустот. Тие на тоа гледаат како на наше балканско лудило и воопшто не ги интересира. Го прашав нашиот ПР-агент кој треба да ја води нашата оскаровска кампања, дали и колку ова ни штети или користи и тој ми одговори – не ни е гајле за тоа! Мислам дека надвор од Балканот, овој филм ќе биде гледан со многу понормални очи, што ми е криво.

Како на автор и продуцент, што значи филмот кој сте го создавале да се најде на една ваква престижна листа, како што е кандидатската за Окскар?
Насков: За нас значи многу. Тоа e работа со која мораме веднаш сериозно да се зафатиме, а на филмот му носи дополнителен публицитет кој ако добро се искористи може да ни донесе добри резултати онаму каде што треба да го пласираме. Кога создавате некој филм целите кон тоа што е најдобро за филмот. За нас најважно е што ја добивме поддршката од нашите колеги. Сега ни треба поддршката од државата затоа што во светот никој нема да крене слушалка за вас доколку за тоа не добие пари. Патот до „Оскар“ и до номинацијата ние сами не можеме да го изодиме. Тоа е еден сосема друг свет, во кој има професионалци кои го работат тоа. За да ги ангажираме да работат на нашата номинација потребни се многу финансии. Се надевам дека државата и сите оние кои се финансиски моќни ќе застанат зад нас.

Филмотот се снимаше со буџет поголем од 2 милиони евра?
Насков: Ние успеавме да се спакуваме во буџет од 2,4 милиони евра. Да се снима во која било друга европска земја ќе чини најмалку четири пати повеќе. Тоа значи голем напор на наша страна, од целата екипа, кратење или модификација на дел од идеите.

Имаше ли многу измени од првичната идеја за филмот до крајната верзија?
Насков: Не, суштинска не. Од идејата за снимање љубовен филм во предвоено Скопје ништо не е променето. Најмногу се менувани ликовите на фудбалерите.

Во рамки на „Браќа Манаки“, „Капитал“ иницираше дебата за тоа како да се поттикнат компаниите повеќе да спонзорираат културни проекти? Како да се зајакне партнерскиот однос меѓу двете страни? Какво е Вашето искуство?
Насков: Еден од начините да се финансира снимањето филмови во Македонија е да се користат средства од Филмскиот фонд, но тие не се доволни. Во Европа системот функционира на копродукции, а во САД компаниите директно ги финансираат своите филмови. Македонија како мала земја е принудена да копродуцира, но, за жал, понекогаш сме ставени во ситуација нашите пари помалку да се вреднуваат, што не е добро. За мене како продуцент, главната придобивка на „Трето полувреме“ е што докажавме дека во Македонија можат да се снимаат сериозни филмови. Вакви дискусии се многу важни затоа што дел од финансиите мора да доаѓаат од приватни компании, но државата мора да го најде соодветниот модел кој го поддржува и стимулира тоа. Генералното спонзорство на Шпаркасе во „Трето полувреме“ е издвоен модел. Нас банката н$ следеше во секој чекор од снимањето на филмот. Тоа е многу важно, затоа што ако снимањето застане еден ден, секое идно покренување чини многу. Шпаркасе ни ги покриваше секојдневните потреби, затоа што пак другите финансиски средства од фондовите и државата стигнуваат со друга динамика. Затоа сметам дека фирмите треба да размислуваат за партнерства, а не за инстантно давање пари.

Кога беше потешко, кога баравте пари или кога започна снимањето на филмот?
Тешко прашање. Ние тргнавме со снимање и немавме доволно пари, тргнавме во постпродукција и немаме доволно пари. Тргаме во трка за „Оскар“ и немаме доволно пари. Од авторска гледна точка, сакам филмовите кои ги работам да имаат пазарна вредност. Мислам дека филм треба да има своја вредност. Тврдам, со години наназад, дека филм се прави за публика – не за фестивали и за награди. Ако филмот не го гледаат луѓе е исто како да не си нашол купувачи за стоката којашто си ја произвел. Филм е за публика притоа не велам дека најгледаните филмови секогаш се и најдобрите. Кај нас тоа никогаш не беше поставено на здрави нозе, дека филмот меѓу другото, треба да биде стока која треба да се изложи на тезга. „Бал-кан-кан“ 120 илјади гледачи и 20 илјади легално продадени ДВД копии, најгледан филм во историјата на македонскиот филм. Тврдам дека „Трето полувреме“ ќе ја надмине рекордната гледаност на „Бал-кан-кан“. Ако во Македонија ве видат 120 или 150 илјади гледачи, тоа е како гласачко тело на една политичка партија. Тоа е таргет група купувачи на која било компанија која продава некој производ или услуга. Оној кој би ја поддржал дистрибуцијата на „Трето полувреме“, иако досега не се нашол таков, тој има директен контакт со потенцијални 150 илјади или 200 илјади купувачи. Ние сме израснати со филозофијата дека освен мајка ти и татко ти никој не те чести ручек. Работите мора да се постават на win-win основа, и ние да снимиме филм, и поддржувачите да заработат пари!

Зошто компаниите не вложувале во филмот досега?
Насков:Јас би рекол дека за тоа се виновни моите колеги кои филмот не го третираат како производ со свои специфики. „Бал-кан-кан“ докажа дека луѓето сакаат да гледаат македонски филмови и дека филмот можете да го третирате како производ. Само со таков став и силна дистрибуција, може да ги убедите компаниите дека можат да најдат свој интерес воспоставувајќи партнерски односи со филмот. - Како планирате да обезбедите поддршка и за номинацијата и за идната дистрибуција на „Трето полувреме“, кој сакате да го види цела Македонија? Конкретно со трката за „Оскар“, имаме интерсна ситуација. Американската компанија со која работиме ни вели дека не е доволно да се прават само проекции, туку луѓето да се задржат и по проекцијата. Најдобар начин за тоа е да се направи дегустација на вино и храна и од Македонија. Гарантирам дека нема релевантен фактор во Лос Анџелес кој нема да дојде на ваква промоција. Но, засега немаме ниедна винарница која ќе застане зад нас. Со поддршката на „Трето полувреме“, таа компанија влегува директно на американскиот пазар. Инаку, спонзори за дистрибуција ни се потребни затоа што во Македонија нема пари, нема сали, нема технички капацитети. Имаме само едно кино, технички супериорно, а ние ветивме дека ќе се потрудиме секаде каде што ќе бидеме поканети да го прикажеме филмот. Тој што ќе застане со нас во оваа дистрибутерска трка и ќе ни помогне да стигнеме низ сите места во Македонија, си го наоѓа најевтиниот пат до потенцијалниот купувач.

.......................................................................................................................................................

Дарко Митревски
Сами да сакавме да испровоцираме вакви реакции во Бугарија со филмот, немаше да успееме во тоа. Ваков маркетинг немаше да успееме да платиме!
Сакам филмовите кои ги работам да имаат пазарна вредност. Мислам дека филм треба да има своја вредност. Тврдам, со години наназад, дека филм се прави за публика – не за фестивали и за награди. Ако филмот не го гледаат луѓе е исто како да не си нашол купувачи за стоката што си ја произвел.

.......................................................................................................................................................

Роберт Насков
Патот до „Оскар“ и до номинацијата ние сами не можеме да го изодиме. Тоа е еден сосема друг свет, во кој има професионалци кои го работат тоа. За да ги ангажираме да работат на нашата номинација потребни се многу финансии. Се надевам дека државата и сите оние кои се финансиски моќни ќе застанат зад нас.
„Бал-кан-кан“ докажа дека луѓето сакаат да гледаат македонски филмови и дека филмот можете да го третирате како производ. Само со таков став и силна дистрибуција, може да ги убедите компаниите дека можат да најдат свој интерес воспоставувајќи партнерски односи со филмот.


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 26-11-2012

И на IMDb Трето полувреме напаѓан од бугарски блогери



Бугарските провокации и местенки за филмот „Трето полувреме“ продолжуваат. Освен жестоките реакции на нивните политичари и историчари, ништо помлаки не се и интернет-форумите на бугарски јазик.

Бидејќи „Трето полувреме“ почна да урива рекорди и на imdb.com, бугарските форумџии пред некое време се пуштиле во акција – на повеќе бугарски форуми стојат повици до „хората“ да ја кликаат најниската оценка 1 за филмот на Дарко Митревски, наш кандидат за оскар, за да се намали високиот рејтинг на филмот – 9,6.

На ова, се разбира, не останаа рамнодушни и Македонците, па и тие се пуштија во акција. Рејтингот во моментов е стабилизиран на оценката 8,7, а бројот на кецовите и на десетките расте пропорционално, па ниту една од страните не успева да надвладее.

Повелете линк, па дајте ја својата оценка за „Трето полувреме“, топлата и емотивна приказна за љубовта, фудбалот, за онаа Македонија во која сè уште имало херои: http://www.imdb.com/title/tt2069100/?licb=0.06512794667730026

http://www.sitel.com.mk/i-na-imdb-treto-poluvreme-napagjan-od-bugarski-blogeri


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 26-11-2012

Не ништо общо нема държавата македония с филма на джуджето
Колко 2 000 000 Евро държавна пара ли стана вече. Тоя доживот ще лее помия .

150 000 евра за оскаровската кампања на „ Трето полувреме“

За оскаровската кампања, „Трето полувреме“ од Владата и Филмскиот фонд на РМ добил 150.000 евра, со кои ќе бидат платени и реклами во најпознатите филмски списанија, како Варајати, Холивуд рипортер, Енвелоп на Лос Анџелес Тајмс, Џуиш џурнал (Variety, The Hollywood Reporter, The Envelope-Los Angeles Times, Jewish Journal). Ќе бидат организирани и два гала-настани на кои покрај „Трето полувреме“ ќе биде промовирана и Македонија како туристичка дестинација.

[150 000 евра за оскаровската кампања на „ Трето полувреме“]

Македонскиот кандидат за Оскар, филмот Трето полувреме, в сабота ќе ја има првата проекција пред членовите на Академијата. Филмот на Дарко Митревски ја започнува оскаровска промоција. Ќе биде проектиран во неколку големи градови во САД, во Лос Анџелес, Чикаго, Њујорк, каде покрај критичарите, ќе може да го види и пошироката публика. Исто времено, имало голем интерес за дистрибуција на филмот во Австралија, Канада, Индија, Италија, Русија, а во тек се преговори која компанија ќе го дистрибуира Трето Полувреме во САД. Дали филмот ќе биде во конкуренција за Оскар од неанглиско јазично подрачје ќе се знае во јануари.

“На трети јануари излегува кратката листа со 9 филмови, од 71. Не спаѓаме во фаворитите, но од она што се пишува за нас може да бидеме големо изненадување”, вели Дарко Митревски автор на филмот Трето Полувреме.

Голем интерес за Трето полувреме има и во Македонија. До сега го гледале повеќе од 60 000 љубители на филмот. Проекција на кандидатот за Оскар ќе има и во другите градови каде што ќе се овозможат технички услови.

“Од следниот викенд ќе може да се прикажува истовремено во 8 градови”, вели Роберт Насков продуцент на филмот Трето Полувреме.

За бугарската пропаганда- Бугарите на престижната холивудска интернет страна ИМДБ, да гласаат за филмот со најниска оценка за да го урнат високиот рејтинг, авторот на приказната за Нета Коен, вели дека нема да коментира ништо. Наше е да правиме филмови, а не да се занимаваме со тоа кој како гласал за нашиот филм, додава Митревски.

Емилија Јовановска


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 27-11-2012

Борисов сака официјален договор меѓу Македонија и Бугарија


Бугарскиот премиер Бојко Борисов е изненаден од информацијата дека на граничниот премин Деве Баир, Македонија ќе подигне јарбол висок шеесет метри, на кој ќе се вее државното знаме, но тврди дека тоа нема да влијае врз позициите на официјална Софија кон Скопје, пренесе телевизија „Алфа“.

Тој порачал дека сите политички формации кои досега биле на власт во Бугарија ја поддржувале Македонија, но истакнал дека очекува со само еден гест, со прераснување на Декларацијата од 1999 година во формален договор, тој однос да се зацврсти, а Бугарија без никакви предрасуди да застане зад својот сосед на патот кон Европската Унија.

„Имаме една добра Декларација, потпишана во 1999 година. Тој што тогаш ја пишувал бил исклучителен дипломат, а волјата на оние што тогаш застанале зад декларацијата заслужува голема политичка почит. Едноставно, таа декларација треба да стане договор и тие спокојно можат да сметаат на нашата поддршка“, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов.

Во документот што во име на двете влади во 1999 година го потпишаа премиерите Љубчо Георгиевски и Иван Костов, едно од клучните барања е да се преземат ефикасни мерки за спречување а недобронамерна пропаганда.

http://dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=DACD542F2C5F0648BD1C9074CB7D0801


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 27-11-2012

ЦИА и БНД предупредуваат: во Бугарија се создава силна исламска терористичка мрежа

терористичка мрежа

Џамијата во Шумен

Во групата на балкански држави што се наоѓаат во најризичната зона на загрозеност од исламскиот тероризам се вбројува и Бугарија. Оваа процена е изведена од анализите на повеќе странски западни безбедносни служби, а е базирана и врз основа на одредени предуслови што во моментов се присутни во оваа земја.

Во Бугарија муслиманската заедница има над еден милион членови, што претставува 12 проценти од вкупното население. Муслиманската заедница ја сочинуваат етнички Турци доселеници од Турција уште од времето на Отоманската Империја, исламизирани Роми чија бројка се движи над 370 илјади и Помаци (исламизирани етнички Словени), кои зборуваат бугарски јазик, а чија бројка се движи над 170 илјади. Муслиманската заедница во Бугарија денеска користи околу 1.150 џамии, а повеќе од 150 се изградени по 1990 година. Постојат и повеќе муслимански училишта во кои се стекнува основно и средно верско образование (во Шумен, Русе и Момчилоград), а во Софија е лоциран и Исламскиот универзитет.

Оваа статистика сериозно се разгледува и од стратезите на исламската терористичка интернационала, како добра основа за вградување на свои тајни ќелии и создавање истомисленици, кои би ја спроведувале исламско-радикалната акција на просторите на Бугарија.

Првиот успешен обид за уфрлување странски исламско-радикални структури на територија на Бугарија е сторено со успешно регистрирање на исламската хуманитарна организација „Ал-Вакаф ал Ислам“, фондација во 1994 година, за која европските разузнавачки служби веќе располагаат со сериозни индиции дека таа е поврзана со терористичката мрежа на Ал каеда. Овие сознанија подоцна исто така се потврдија по откривањето на фактот дека шест терористи, кои учествувале во терористичкиот напад од 11 септември во САД претходно ги имале поминато исламистичките семинари на „Ал–Вакаф“ во Холандија. Оваа исламска хуманитарна организација чие европско седиште од 1989 година е во градот Ајндховен, Холандија, во Бугарија во 1994 година беше забранета, но набргу во 1995 година како наследничка е формирана „Таиба“, која до ден денеска врши донирање финансиски средства за изградба на нови џамии, верски училишта и мрежа на кампови во кои младите бугарски муслимани се запознаваат со радикалните исламски учења, а најдобрите се испраќаат на студии во арапските земји, по претходно дадена верска заклетва дека ќе земат учество во џихадот. Во овие училишта и кампови најголем број млади муслимани се регрутираат од зафрлените села и населби од Родопите, но и македонски државјани од турско етничко потекло од источна Македонија.

Нивните верски учители дојдени од Авганистан, Саудиска Арабија и Египет во овие училишта го практикуваат Салафизмот и Вахабизмот како доминантна форма на исламот. Таков исламски центар, кој е мошне активен, е сместен во селото Усина, основан во 2002 година и сè уште работи без дозвола на бугарските државни власти. Програмата на овој исламско верски едукативен објект го финансира „Таиба“. Школувањето трае две години, по што најдобрите слушатели се испраќаат на исламските факултети во Саудиска Арабија, Пакистан, Јордан и Египет. За точноста на ваквите наводи секако говори и податокот дека 35 бугаро-мухамеданци од Родопите учат во приватниот Исламски универзитет во градот Зарка, Јордан.

Според најновите сознанија на американските и западните разузнавачки служби (ЦИА и БНД), во Бугарија во моментот илегално дејствуваат повеќе исламски организации и фондации, кои создаваат услови за вградување на исламскиот фундаментализам на бугарска територија, посебно по настаните на Блискиот Исток, каде што се отвори простор за јавно дејствување на дотогаш илегалните исламски терористички организации од типот на „Mуслимански браќа“, Египетски џихад, ФИС… Во тој контекст сега во Бугарија сè повеќе е активна „Недува“, која со поддршка на донации од Саудиска Арабија ги финансира нерегистрираните исламистички школи во Помак, Сарница познати уште како „Талибанска Медреса“. Не помалку агресивни се и исламските здруженија што се обединети во групата „ИгасаАл-Хајат ал Игата“, кои се финансираат преку Саудискиот меѓународен комитет за помош, тесно поврзани со Ал каеда. Во извештаите на овие служби посебно е подвлечена агресивноста на „Унијата за исламска култура и развој“, која во почетокот од издавач на обични примитивни билтени израсна во издавачка организација со добри и квалитетни изданија, кои се финансирани од странски исламистички групи.

Создадените исламски радикални структури во Бугарија денеска одржуваат тајна комуникација со соодветните исламски структури во БиХ, Косово, Санџак, Македонија, а во последно време и со исти такви структури во Романија. Според романската разузнавачка служба нивните контакти во Романија се спроведуваат преку милитантните муслимански организации „Ал Икван – ал Муслиман” и групи на Хамас од Букурешт, кои се вградени и дејствуваат во рамките на „Романската муслиманска лига“. Преку овие исламски организации одредени исламски ќелии од Бугарија одржуваат врски и со ќелии на Хамас од Централна и Јужна Европа.

Ваквите, веќе создадени, радикални исламски структури во Бугарија, од меѓународната исламистичка мрежа се користат во повеќе насоки. За успешен илегален транспорт на муџахедини, кои од балканските простори заминуваат за Европа, Чеченија и Мала Азија (Бугарија е земја-членка на ЕУ, па со нивните пасоши движењето е олеснето).

Така, преку овие тајни патишта заминале голем број барани исламски терористи како: Мароканците Есауд Халим и Екафла Мустафа, Египќаните Хасан Осама и Ал Сади Хамди, Јорданците Џавад Мохд и Абуел Џафар во Чеченија и Мала Азија.

Повеќето западноевропски разузнавачки служби подолго време предупредуваат дека во Бугарија се создава силна исламска терористичка мрежа, која претставува главна база за прифат на муџахедини од Азија и Блискиот Исток и нивно илегално префрлување во Европа. Некои аналитичари стравуваат дека раководители на овие бази се припадници на Ал каеда што организираат и подготвуваат оружени акции за истиснување на американските и европските сили од Балканот.

Зоран Митевски, поранешен помошник-директор на Агенцијата за разузнавање на Република Македонија


http://www.mkd.mk/78622/svet/cia-i-bnd-predupreduvaat-vo-bugarija-se-sozdava-silna-islamska-teroristicka-mreza/


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 27-11-2012

Димитров: Чија ќе биде Македонија, на Албанците или на Македонците?



Македонија може да влезе во Европската унија по десеттина години, но ќе биде ли држава на Македонците или на Албанците во Македонија, изјави за буграската агенција „Фокус“, контроверзниот бугарски историчар Божидар Димитров, директор на Националниот историски музеј.
- Годинава во Созопол се сретнав со една позната скопјанка која работи како судија во Скопје. Таа ми се пожали дека треба оваа година да замине порано од одмор, бидејќи требало да посетува курс по албански јазик бидејќи така било претходно договорено. Кога му се суди на Албанец во Македонија, судијата требал да знае албански и во текот на судскиот процес да зборува на тој јазик. Таа ми рече речиси со гнев „Не сакавме порано да учиме бугарски, па сега ќе учиме албански“. Јас ѝ реков дека и без тоа, таа знае македонски иако на дијалект. Во целиот овој случај има проѕирна трагедија за Македонија. За главен непријател и досега Скопје ја смета Бугарија, а не Грција, која ѝ го попречува патот кон ЕУ. И додека војуваат со Бугарија, која барем до неодамна ги гледаше само молкум, Албанците полека ја „окупираа“ половина Македонија – нагласува Димитров.
Според него, тоа го докажала големата прослава по повод 100-годишнината од создавањето на албанската држава.
- Редно е овој митинг да се одржи еднаш во Тирана, на кој ќе се соберат Албанци од сите земји во кои живеат Албанци. Но, сепак, тие се собраа во Скопје. Албанци од Албанија, од Косово, од западна и северна Македонија. На суверена македонска територија се вееја илјадници албански знамиња. И покрај „европските“ зборови на говорниците, јасно е дека Албанците ќе се обединат кога сите држави во кои живеат ќе бидат дел од ЕУ. Беше јасно дека тоа може да се случи и порано. За жал, тоа ќе биде тажната судбина на Македонија - коментира Божидар Димитров.


http://www.plusinfo.mk/vest/68391/Dimitrov-Chija-kje-bide-Makedonija-na-Albancite-ili-na-Makedoncite


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 28-11-2012

Божидар Димитров со нон стоп навреди кон Македонија

Поставувањето на новиот јарбол кај Деве Баир што треба да биде најголем досега го испровоцира дежурниот критичар на Макеоднија да се огласи во софиските медиуми

„Фактот дека ќе подигнат повисок столб со нивното национално знаме од бугарското на Деве Баир е уште еден доказ на инфериорност, или како што го нарекуваат таму," Б-комплекс ", т.е. бугарски комплекс на граѓаните на Скопје“, изјавил Божидар Димитров, актуелен директор на Националниот историски музеј.

Според неговите зборови - фактот дека Македонија ќе подигне столб 20 метри повисокот од бугарскиот не значи дека ќе стане поголема и посилна од Бугарија.

„Се прашувам за колку време на Деве Баир ќе се вее црвеното знаме и кога ќе биде заменето од друго црвено, но со албанскиот орел. Ако Груевски е толку храбар, нека распне 75-метар јарбол со македонско знаме на врвот на Дебар,Тетово, Гостивар или Кичево, или и снаселбата на Ромите во Охрид ", изјавил Божидар Димитров.

http://utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=1727B9EEC781E4448306D7478E889F66