Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи!
Македонските медии за България - Printable Version

+- Котле - форум без граници, без цензура - плурализам на мислења и идеи! (https://forum.kotle.ca)
+-- Forum: Македонска политичка арена (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=1)
+--- Forum: Mедиуми (https://forum.kotle.ca/forumdisplay.php?fid=9)
+--- Thread: Македонските медии за България (/showthread.php?tid=1784)

Pages: 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17 18 19 20 21 22 23 24 25 26 27 28 29 30 31 32 33 34 35 36 37 38 39 40 41 42 43


RE: Македонските медии за България - Gnoj - 17-11-2011

Бугарски и српски полицајци ќе патролираат во Охрид и Маврово

Министерката за внатрешни работи договорила соработка со своите бугарски и српски колеги – за време на туристичката сезона ќе си размениме полициски службеници.

- Нема да имаат надлежност за посериозни кривични дела туку ќе можат да интервенираат во делот на безбедноста во сообраќајот и одржувањето на јавниот ред и мир - изјави министерката Гордана Јанкуловска.

Јанкуловска истото ќе им го предложи на сите свои колеги од регионот вклучително и на својот грчки и турски колега. Ако предлогот биде прифатен на Халкидики за пребрзо возење ќе може да ве опомене полицаец од Македонија.

На средбите во рамки на Салцбуршкиот форум во Софија, Јанкуловска постигнала уште еден значаен договор- Македонците да стигнат до море во Црна Гора само со биометриска лична карта.

Јанкуловска очекува и иницира посилна регионална соработка. До сега неколку пати странски полициски службеници доаѓале во Македонија – највпечатливи беа британските бобис кога Македонија играше фудбалски натпревар со Англија.

Сега македонското МВР бара да има свои полициски службеници и на натпреварите во рамки на европското ракометно првенство во Ниш.

http://sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/bugarski-i-srpski-policajci-ke-patroliraat-vo-ohrid-i-mavrovo


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 17-11-2011

Холандија и натаму не пушта бугарски и романски работници

Холандскиот министер за социјални работи Хенк Камп ќе предложи одложување за уште две години на одобрувањето со кое државјаните на Бугарија и Романија ќе можат да работат во Холандија.

Камп сака Романците и Бугарите да добиваат работи во Холандија кои не можат да ги извршуваат други државјани од Европската унија.

Министерството за социјална политика на Холандија ова лето не дозволи Бугарите да работат како сезонски работници во земјоделството и соопшти дека тие места треба да бидат ослободени за невработените Холанѓани.

Холандија е единствената земја од Шенген зоната која е против влезот на Бугарија и Романија во овој простор на слободно движење.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=185578D785AEB348A72AB47E92C94C21


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 17-11-2011

Велика Македонија

Со жестоки погроми, апсења и земање во бугарската војска Дружината беше разбиена во Софија. Остана духот на "лозарите" и фонетскиот правопис со чувствително македонизи-
раниот бугарски јазик. Уредникот на "Лоза" П. Попарсов во дијалозите во својот расказ "На Мокров" ги употребува посебните графеми за македонските палатални согласки к', г' и н' што ги користеше уште во 70-тите години велешанецот Ѓ. Бојаџиов и кои по една деценија ги кодифицира К. П. Мисирков и конечно беа озаконети во 1945 год.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=589EB00CFF389C448781DE233E6861E9


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 17-11-2011

Холандија останува забранета за бугарските и романски работници

Холандскиот министер за социјални работи Хенк Камп ќе предложи одложување за уште две години на одобрувањето со кое државјаните на Бугарија и Романија ќе можат да работат во Холандија.

Камп сака Романците и Бугарите да добиваат работи во Холандија кои не можат да ги извршуваат други државјани од Европската унија.

Министерството за социјална политика на Холандија ова лето не дозволи Бугарите да работат како сезонски работници во земјоделството и соопшти дека тие места треба да бидат ослободени за невработените Холанѓани.

Холандија е единствената земја од Шенген зоната која е против влезот на Бугарија и Романија во овој простор на слободно движење.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/31285/holandija_ostanuva_zabraneta_za_bugarskite_i_romanski_rabotnici.aspx


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 18-11-2011

петок, 18 ноември 2011, 13:36
Кинеска компанија закупи 2.000 хектари обработливо земјиште во Бугарија

Кинеска компанија закупи 2.000 хектари обработливо земјиште во Бугарија
Кинеска компанија зема под наем 2.000 хектари обработливо земјиште во регионот на Видин во северозападниот дел на Бугарија, каде планира да одгледува пченка, детелина и сончоглед.

Инвестицијата се проценува на околу 10 милиони евра, а целокупното производство ќе се извезува во Кина. Според бугарските медиуми, ова е прва кинеска инвестиција во земјоделството во некоја земја-членка на Европската унија.

- Инвестицијата е прв чекор во реализација на заедничките проекти во земјоделството, изјави бугарскиот министер Бојко Борисов по состанокот со кинескиот заменик министер за земјоделство Гао Хонбин, кој се наоѓа во посета на Бугарија.

Со проектот, кој го започнуваме во општината Бојница, го покажуваме интересот на Кина за соработка со Бугарија, истакна Хонбин.

Претседателот на кинеската државна компанија „Танџин агробизнис компани“ Бај Жишен изјави дека Кина планира да инвестира уште 20 милиони евра во земјоделството, при што дел од средствата ќе биде наменет за сточарството.

Бугарија со околу 110.000 квадратни километри опфаќа околу 22 проценти од вкупната површина на Балканскиот полуостров. Околу 30 проценти од територијата на Бугарија отпаѓа на низни.





RE: Македонските медии за България - Топорчо - 18-11-2011

РЕДЛОГ ПОЛИЦАЈЦИТЕ ВО РЕГИОНОТ ДА СИ ГИ ЗАМЕНУВААТ РАБОТНИТЕ МЕСТА


Бугарските полицајци ќе корнат таблички во Охрид?!


Македонски полицајци работно ќе се сончаат на плажите на Црното и Јадранското Море, а за возврат полицајци од Бугарија и Црна Гора ќе се бањаат во Охрид, а ќе скијаат на Маврово и Попова Шапка. Ова е најновиот предлог на министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска даден на Форумот на министри во Бугарија, а кој предвидува нашите полицајци да си ги заменат работните места со колеги од соседна држава за време на туристичка сезона.
- Нема да имаат надлежност за посериозни кривични дела туку ќе можат да интервенираат во делот на безбедноста во сообраќајот и одржувањето на јавниот ред и мир - изјави министерката Гордана Јанкуловска.
За почеток македонските службеници ќе го чуваат редот и мирот во атрактивното туристичко зимско одмаралиште "Банско", додека во летниот период ќе бидат ангажирани на бугарското приморје. Бугарските полициски служби пак релаксирачки ќе работат на безбедноста во Охрид, на ски-центрите во нашата земја. Напоредно со бугарските службеници и полицајци од Црна Гора ќе бидат присутни во нашите туристички центри. Ваква иницијатива Министерството има поднесено и до полициите на Турција, Србија и Грција.

Ивана Рамаданова



АТАНАС-СКОПЈЕ, 18.11.2011 10:18:56
Идејата и не е така лоша и не треба кон секој предлог да бидеме скептици. Па сакаме граници отворени и взаемна доверба. Како поинаку ќе го постигнеме тоа? А во нашите туристички места сигурно веќе ќе нема појави како што беше убиството во Охрид оваа година, кога странски државјанин беше убиен. За возврат и нашите полицајци ќе патролираат во туристички места во тие земји каде престојуваат нашите државјани. А што има тука лошо? Само што претходно треба добро да бидат договорени работите.
18.11.2011 10:18 | (7) | Like

Makedon, 18.11.2011 10:09:42
Loso izkomentirano i preneseno,imeno potreba od stranski policiski sili se potrebni dokolku brojot na turisti od taa zemja se zgolemi poveke od domasnite! Zatoa mislam deka potpisanoto moze da se najde za vo idnina. Na Makedonija i e potreben uste eden dogovor so evropol so koj EU ke isprati svoji policiski sili. Zosto ni se potrebni za da se doblizime odnosno za da vo celos gi sprovedime zakonite koi sme gi donesle. Posebno ova vazi za po granicite kade devijacijata se zgolemuva i ponataka i pokraj mnogute apsenja. Posledniot primer e na Kjafasan koga se fati DROGATA vo istiot moment iako imalo prisustvo na inspektori povtorno se pronajdeni evra vo policajcite na smena.Zatoa potreben e dogovor so Evropol za angaziranje na policajci od EU( posebno od skadinavskite zemji i Anglija), na toj nacin ke se podigni odgovornosta na nasite policajci,pozdrav.
18.11.2011 10:09 | (4) | Like

deni, 18.11.2011 10:07:50
Pak li bugarite bivsi a i segasni fasisti ke dojdat vo preubavata Makedonija da ne maltretiraat Golema steta e sto Tito im gi prosti voenite reparacii na fasisticka bugarija,toa prasanje Grujo treba da go revidira i obnovi baranjeto za voenite otsteti i nadoknadi na golemite steti sto bugarskite fasisti i nanesoa na Makedonija. Bugarite se lesinari, i plagijatori na se i sesto. Najgolema glupost sto segasnava vlast moze da izmisli.
18.11.2011 10:07 | (3) | Like

venstar, 18.11.2011 09:54:05
Насмеа ме од срце. Не е лошо да има соработка меѓу бугарската и македонската влади. Дали се очекуват проблеми со туѓите туристи в Македониjа или ке праќаме полицаjци на одмора за сметка на буџетот? Дали Грциjа ќе склони на македонски полицаjци во Солун и из земjава? Icon_razz
18.11.2011 09:54 | (4) | Like

доска, 18.11.2011 09:44:00
а на кој јазик ке се разбирама,да не го кршиме уставот случајно или нема врска
18.11.2011 09:44 | (4) | Like

дарко, 18.11.2011 09:20:07
како малограѓани да сте вие сите што коментиравте, ова не е чудно ниту новина, ниту пак министерката е глупава, како вашите коментари впрочем. Отворете ги умовите, ѕирнете малку наоколу
18.11.2011 09:20 | (4) | Like

Ariton, 18.11.2011 09:11:25
Za vreme na poslednoto svetsko ptrvenstvpo vo fudbal vo Geremanija koga igraa drugite zemji so germancite imase policajci od zemjite gosti koi zaedno so germanskite policajci odrzuvaa red i mir i rezultatot bes NULA nerdei. Navivacite se fotografiraa so svoite i so germanski policajci. Da spomenam samo navivaci na angliskiot fudbalski tajfun, iranski, francuski...Sekoja ideja ne treba vednas da se ismeva i otfrla, treba da se bara pozitivnatra strana na idejata. Na site eden ubav i prijaten den od Ariton
18.11.2011 09:11 | (7) | Like

aleksandar sveti nikole, 18.11.2011 09:09:01
navistina mislam deka ovaa ideja e glupost!!!!ke nosele Bugari da ni pisuvaat kazni????Luda rabota!ne mozam da gi smislam na nieden nacin,pa zgora na toa i da me kontroliraat???
18.11.2011 09:09 | (6) | Like
Smeska, 18.11.2011 08:59:50
Vo VNATRESNI ke rabotat NADVORESNI
18.11.2011 08:59 | (6) | Like

mitre, 18.11.2011 08:53:27
ova mora da e nekoj "ramkoven" so bugarite........
18.11.2011 08:53 | (6) | Like
Makedonski, 18.11.2011 07:19:14
Navistina glupa idea! Ne znam samo dali sosednite drzavi ke ja prifatat istata , ama pogolema glupost od ovaa dosega ne sum slusnal. Kako be moze stranec da mi cuva red i mir mene vo mojot dom? Koj ke go pocituva toj stranec i kolku toj navistina sovesno ke si ja vrsi rabotata ili ke se trudi istata da ja izvrsi.Pa odozgora na se bugari,grci,srbi .... zarem posle se seuste imate verba vo nasite mili sosedi, pa ke gi pustite sega i red i mir vo Tatkovinata da ni stavaat!? EJ tikvi na tikvite!
18.11.2011 07:19 | (6) | Like

ангел бг, 18.11.2011 06:14:14
Поздрав на сите! Од неколку години Ромунски полицајци работат во бугарските туристички летувалишта. Целта е да им помагаат на Ромунските туристи кога имаат проблеми од административен или друг карактер. Претпоставувам дека министерот Јанкуловска е договорила нешто слично. А на Македонските полицајци ќе им биде доста добро по морето.
18.11.2011 06:14 | (8) | Like

Работен ОДМОР?, 18.11.2011 05:17:09
Пази молим те, и тоа САМО за време на туристичките сезони, а кога ќе се вратат од “работен одмор“ ќе одат на “заслужен“ одмор, и така пола година ќе им отиде во ОДМОР. Да не се во мањак од полицијаци, па со ова сакаат да привлечат внимание од јавноста за нов кадар? ццц....
18.11.2011 05:17 | (6) | Like

Acosh, 18.11.2011 03:12:29
I sto e poentata na ova "razmenuvanje na rabotni mesta na policajci od razlicni drzavi"? Ova ako e vistina kojznae sto ke bide sledno. Katastrofa!
18.11.2011 03:12 | (5) | Like

Bojan Ohrid, 18.11.2011 01:55:34
E uste ova ni faleshe.Nie so nashive nemojme da se razberime a ne so bugarive.Pozdrav
18.11.2011 01:55 | (5) | Like

koj prv ce smisli vic za ovaa prigoda, 18.11.2011 00:31:05
policaec kaj i da go postavish vicot ne mu bega--- site se isti
18.11.2011 00:31 | (10) | Like

живот во хумористична серија, 17.11.2011 23:54:24
Што се чудите бре луѓе. Па ова не е нова идеја. Во хумористичната серија `Ало, Ало` во Франција окупирана од германците имаше двајца англиски пилоти преправени како француски полицајци кои слободно се движеа иако знаеја само неколку француски зборови. Ќе биде весело со странскиве полицајци.
17.11.2011 23:54 | (12) | Like

sop od italija, 17.11.2011 23:25:54
Po golema glupost od ovaa nema!Da puknes me iznasmea!
17.11.2011 23:25 | (17) | Like

Pirin, 17.11.2011 23:21:47
e ova navistinski go nema nikade , samo tuka vo makeodnija , tugi policajci ke ni go vodat redot, pa kaj nas ima odaman tugi policajci koi nerazbiraat makedonski onie od ramkovskite dogovori .
17.11.2011 23:21 | (25) | Like

anonimus, 17.11.2011 23:18:11
ahahha nasive izzalegoja na kraj pak bugarive za 5evra se prodavet pozdrav
17.11.2011 23:18 | (12) | Like


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 18-11-2011

Забрана за работа на Бугари и Романци


Холандскиот министер за социјални работи Хенк Камп ќе предложи одложување за уште две години на решението со кое државјаните на Бугарија и Романија можат да работат во Холандија.

Министерството за социјална политика на Холандија минатото лето не дозволи Бугарите да работат како сезонски работници во земјоделството и соопшти дека тие места треба да бидат ослободени за невработените Холанѓани.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=DAFC9E08F2136A40BEA18AC881BCADDC


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 20-11-2011

Србите и Бугарите договорија Регионална лига без Македонија

По повеќедневни преговори во Софија е договорено основање на регионалната Источноевропска лига. Челниците на клубовите од Србија, Романија, Бугарија, Турција и Азербејџан договорија основање на ЕЕФЛ (Источноевропска фудбалска лига), во која се очекува и настап на клубови од Русија, Грција, Украина, Кипар и Молдавија. До крајот на годината претставниците на клубовите треба да одржат барем уште два состанока, а потоа планот ќе го пратата во УЕФА, под чија капа би требало лигата да функционира.

Во Софија стигнаа претставници на домаќинот ЦСКА, Црвена звезда, Динамо Букурешт, Левски, Бурсаспор, Интер Баку...Се очекуваше и доаѓање на клубови од Грција и Русија, но тие порачаа дека сакаат да го видат извештајот од првиот состанок пред да се вклучат во проектот.

„Ова натпреварување ќе биде многу поквалитетно од евентуалната лига меѓу државите од бивша Југославија“, изјави претседателот на Црвена звезда, Владан Лукиќ за Лигата, која ќе има буџет од 10 милиони евра. Парите ќе ги добие од спонзорите. Голем интерес покажаа „Гаспром“ и „Туркиш Ерлајнс“.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=0E93369467BE5C4D9F21BF95BB4BF5FA



RE: Македонските медии за България - Топорчо - 20-11-2011

Концерт на бугарската пијанистка Жени Захариева

Вечерва во Музејот на град Скопје во 20 часот, концерт ќе одржи

познатата пијанистка од Бугарија, Жени Захариева. Концертот е во рамките на циклусот „Про музика“ кој го организира Сојузот на музичките уметници на Македонија.

Пијанистката Жени Захариева ќе изведува композиции од Јоханес Брамс, дел од неговте интермеца, балади, романси. Оваа пијанистка со завидна биографија зад себе, е една од највлијателните во регионот. Во својата досегашна кариера настапувала ширум светот со врвни оркестри.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=AF23077AE32CBB448816C0CD75F0D832




RE: Македонските медии за България - Топорчо - 20-11-2011

Голем пожар го зафати Националниот парт Пирин во Бугарија

Голем пожар го зафати Националниот парк Пирин во југозападниот дел на Бугарија, соопшти бугарското Министерство за заштита на животната средина.

Националниот парк Пирин се наоѓа во непосредна близина на најпознатиот бугарски туристички центар Банско.

Во гаснењето на пожарот учествуваат голем број пожарникари и хеликоптер.

Поради непристапноста на теренот гаснењето на пожарот е отежнато.

Според претседателот на општина Банско Ѓорѓиј Икономов, пожарот не претставува опасност за населеното мести бидејќи во Алпскиот дел на Пирин гори сува трева, но доколу почне да се движи надоле може да зафати и зимзелена шума.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=37B4BD6CC96E4542AB1C70793481E1D3


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 21-11-2011

21.11.2011, 16:50

Рендген за гостите во Холандија

Холандските власти веќе зазедоа построг став во однос на проширувањето на шенген-зоната кон Романија и Бугарија


БРИСЕЛ – Сериозно зависна од антиимигрантското гласање, холандската влада планира да воведе систем на автоматско видеонабљудување во должина на своите граници. Од 1 јануари, холандските власти ќе инсталираат мрежа од видеокамери на 15 главни премини со Белгија и Германија, ќе ги проверува сите регистерски таблички и броеви на украдените автомобили или други сомнителни прекугранични кривични дела, соопшти холандското министерство за миграција за „Фајненшел тајмс Дојчланд“. Европската комисија сега проверува дали системот е во согласност со европскиот Закон за слобода на движење во безграничната шенген-зона, која ја сочинуваат 25 земји-членки и нечленки на ЕУ. Холандските власти веќе зазедоа построг став во однос на проширувањето на шенген-зоната кон Романија и Бугарија, наведувајќи го неуспехот да се справат со корупцијата и со организираниот криминал. Финска, исто така, стави вето на овој потег на почетокот од годинава, но оттогаш го има омекнато својот став. Меѓутоа, холандската влада укажа на тоа дека е мала веројатноста да се промени насоката во брзо време во однос на ова прашање. Но, нејзините дипломати се бесни на позициите што треба да ги бранат кога преговараат со нивните колеги од ЕУ. Минибунт против министерот за надворешни работи Ури Росентал се случи за време на викендот, кога неколкумина дипломати се пожалија до НРЦ Ханделсблад околу она што тие го гледаат како политика за изолација на нивниот шеф. Розентал возврати со ветување дека ќе им забрани на дипломатите во иднина да зборуваат со медиумите.

http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=0C4780EB561B304CB2AA1C2BE5898200


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 21-11-2011

Визијата за Европа е истрошена



Ако Србија, Црна Гора, а можеби и Македонија почнат преговори за членство кон крајот на идната година, ќе поминат барем шест-седум години додека да дојдат до прагот на Унијата, прогнозираат бриселски дипломати


Промените во Европската Унија, кои по избивањето на должничката криза изгледаат неизбежни, ќе влијаат врз темпото на проширување, а Брисел, соочен со тешкотиите, многу повеќе ќе инсистира на остварување на стандардите за да можат идните членки целосно да бидат подготвени за членството, сметаат аналитичарите во регионот на југоисточна Европа во анализата на „Еурактив“. Некои од нив, сепак, оценуваат дека успешните внатрешни реформи на ЕУ би можеле поволно да се одразат и врз земјите што се во процес на интеграција, како и дека на темпото на проширување посебно ќе влијае отпорот кон промените што ги носат реформите на патот кон Унијата.

- Промените во ЕУ на некој начин ќе го забават процесот на интеграција на регионот во Унијата. Ќе се инсистира на видливи промени и квалитетни реформи, што е многу поважно од ветената брзина. ЕУ повеќе не сака нови проблеми, особено не сега кога решава актуелни предизвици - вели извршната директорка на црногорскиот Центар за граѓанско образование, Далиборка Улјаревиќ.

Германската канцеларка Ангела Меркел и францускиот претседател Никола Саркози веќе најавија дека ЕУ е пред темелни промени. Според бриселски дипломатски извори, ако Србија, Црна Гора, а можеби и Македонија почнат преговори за членство кон крајот на идната година, ќе поминат барем шест-седум години додека да дојдат до прагот на Унијата. А дотогаш ЕУ ќе се трансформира.



ЕУ го зголемува притисокот

Таквиот пристап на Брисел, сепак, не менува ништо во политиката на проширување кон регионот. Процесот на реструктурирање на Унијата и соочувањето со системските проблеми во нејзиното функционирање, доколку се изврши ефикасно и без отпор, ќе ја зајакне позицијата на ЕУ и ќе има позитивно влијание врз реформите во нејзините гранични делови, како што е Западен Балкан. Некои аналитичари сметаат дека новиот пристап на Брисел со отворање преговори по најтешките поглавја покажува дека фокусот ќе биде на реформите, но истовремено покажува дека Унијата го зголемува притисокот и посилно ќе се меша во внатрешните односи. Тоа значи дека с` помалку ќе биде партнер, а с` повеќе ќе ги наметнува своите правила и мерки.

Европа скапо ја чинеше приемот на Романија и на Бугарија, кога одлуките се донесоа од политички и геостратегиски причини, а не врз основа на степенот на развој, па не сака таа грешка да ја повтори.

Политичкиот аналитичар од Босна и професор на универзитетот во Виена, Ведран Џихиќ, оценува дека и пред актуелната криза во ЕУ беше јасно оти интеграцијата на Западен Балкан нема да биде ни едноставна ни линеарна. Според него, Унијата минува низ најтурбулентниот период во својата историја, а „дебатите за проширување или за продлабочување на интеграцијата кои се водеа пред потпишувањето на Лисабонскиот договор ги замени една кризна динамика во која секоја финална прогноза за конечната судбина на ЕУ е невозможна“.

- Веќе неколку години е јасно дека апетитот на ЕУ за проширување е низок, а апетитите на домашните политички елити за опструкција на тој процес се пропорционално високи. Тоа е замката во која моментално се наоѓаат сите земји од регионот, освен Хрватска - вели Џихиќ, додавајќи дека визијата на Европа е прилично истрошена и с` повеќе се троши во овие кризни времиња.



Наместо реформи, популистички пароли

Според него, како замена за политиката на реформи се нудат едноставни популистички пароли, а национализмот и десниот екстремизам се повторно во пораст. На актуелните политички елити едноставно им недостига визија и подготвеност да се фатат во костец со длабоките промени во општествата.

Резултат на сево ова е кризата на европскиот проект на Балканот, која се надополнува на веќе постојната криза со демократијата во регионот. Најголемите жртви на ваквата ситуација повторно се обичните граѓани, кои се преокупирани со сопственото преживување, па вестите од ЕУ ги примаат како вести од некоја далечна планета. #

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=54367AA890A6CC449D12BBCCE39C6E61


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 21-11-2011


Руска кнегиња земена од Самуиловиот царски двор

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=E19E1835A0F4D54ABA88231578378093

Дълъг е фейлетона - оставям само линк , който не го е чел да кликне и да прочета. Има доста и за България


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 21-11-2011

"Тилт" и "Морфин" пред крај


Десетината денови од фестивалот "Синедејс" полека привршија викендов, повторно пред полни киносали. Претпоследен филм во кино "Фросина" во саботата беше бугарскиот кино-хит и кандидат за номинација за Оскар, "Тилт", а гостин беше режисерот Виктор Чучков.
""Тилт" ја доби наградата за најдобар дебитантски филм на Лондонскиот фестивал, а се даваше во 31 кино истовремено во Бугарија. За 3 дена имаше 14.000 гледачи", рече режисерот Чучков. Тој кажа дека има македонски корени, односно бабата и дедото му се од Македонија, а роднина му е и македонскиот режисер Антонио Митриќески. "Тилт", за кој филмскиот критичар Влатко Галевски на средбата со режисерот по проекцијата рече дека е миленик и на публиката и на фестивалите, веќе од денеска е на редовниот репертоар во термините за европски филм во кино "Милениум".
По квалитетната комедија, во "Фросина" се прикажа и документарецот за бендот "Морфин", по што македонскиот бенд "Фолтин" направија повеќе од одлична свирка со преработки од култната група во нивен стил, пред преполно фоаје во МКЦ. (Де.Т.)

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=F6829D6CBDEDD4429EF44288EB8C5A1E


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 21-11-2011

Време е за балканска конференција за економски развој


Во овој момент состојбата е следна: Грција е банкрот. Турција е моќна, амбициозна и влијателна, Бугарија стагнира, Романија е на чекор до економски колапс, Србија е презадолжена, нереформирана и политички недоречена, Хрватска е формално на вратите на ЕУ, но си нагрбачила долгови како да е Грција. Словенија можеби мисли дека се откачила од Балканот, но и по перформансите во Унијата и по својот економски капацитет, не е ни блиску до друштвото на просперитетни држави. БиХ е европски протекторат со неизвесна иднина во која царуваат верскиот екстремизам и шовинизам, Црна Гора е офшор-територија, Косово е сива зона и европска депонија за криминал, Албанија е во перманентна политичка криза, Македонија е реално постоечка, а фактички оспорена, но економски, освен Турција, сега стои најдобро меѓу балканските држави. Тоа е тоа. Тоа е почетниот „капитал“ на Балканот.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112111834302&id=9&prilog=0&setIzdanie=22436

Вярвате или не ама така не съм се смял от години. И причината не е само в марихуаната Icon_razz


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 21-11-2011

Балканските држави губат население, не и ние

Пописите во Србија и во Бугарија покажаа намалување на вкупниот број на населението од пет до осум отсто, а во Македонија, иако пописот не успеа, сепак нема такви очекувања



Србија за девет години останала без 377 илјади жители, околу пет отсто од своето вкупно население, покажаа првичните резултати од пописот во оваа земја. Во годината на пописите на Балканот (која не беше еднакво успешна секаде), сличен тренд се покажа и во други земји. Бугарија загубила дури 564 илјади жители, а сé уште чекаме резултати од Албанија. Во Македонија пописот не успеа, но процената е дека ние нема да влеземе во таа шема. Според податоците на Државниот завод за статистика, на крајот од минатата година во земјава имало 2.057.284 жители, што е дури повеќе од 2.022.547 од пописот во 2002 година. Сепак, оттаму велат дека само кога ќе се спроведе новиот попис ќе бидеме сигурни дали губиме население како другите или успеваме да го одржиме на нешто над два милиони.

Хрватскиот весник „Слободна Далмација“ пишува дека бројот на населението се намалува во сите источноевропски словенски земји поради комбинацијата од низок наталитет и иселувања. Весникот додава дека Западот барем успева со имиграција да го надомести малиот број рожби.

Подетални резултати од пописот во Србија, меѓу кои би била и бројноста на малцинствата во таа земја, може да се очекуваат дури идната година, според најавите од тамошниот завод за статистика. Во меѓувреме е забележано дека вкупниот број на населението таму е 7.120.666, што е за 377.335 помалку од 2002 година. Освен во белградскиот регион, каде што има пораст за околу 63 илјади луѓе, во сите други статистички региони има опаѓање, кое во источна и јужна Србија изнесува дури 200.000 луѓе.

Македонци според последниот попис во 2002 година имаше 25 илјади, двојно помалку отколку во 1991 година, но сепак најмногу во однос на другите соседи. Бугарија, од друга страна, годинава изброи само 1.609 Македонци, а нивниот број, според официјалните резултати, се намалил за две третини. Имаше реакции од македонските медиуми, како и од здруженијата на Македонци во Бугарија, на што бугарските новинари одговорија дека државата не може да се грижи за тоа дека и снемало две-три илјади Македонци, кога останала без половина милион луѓе

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=112111838313&id=9&prilog=0&setIzdanie=22436


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 22-11-2011

Најбогатиот Бугарин е „фармацевтот“ и „новинарот“ Огњан Донев

Најбогатиот Бугарин е доктор по економски науки Огњан Донев и има 450 милиони левови (225 милиони евра). Тој поседува 60 проценти од акциите на фармацевтската компанија „Софрама“, се занимава со финансии, а минатата година стана сопственик на најтиражните весници во Бугарија.

Донев (54), кој докторира во Берлин успешната кариера ја почна во 1998 година по приватизацијата на компанијата „Унифарм“.

На листата најбогати Бугари, што од 2002 година ја составува софискиот весник „Супер 19“ се наоѓаат осуммина, меѓу кои се и банкарите Петја Славов и бизнисменот Гришо Ганчев сопственик на „Литекс“, компанија која во соработка со кинеската фирма „Грејт вол“ ја изгради фабриката Литекс моторс“ во Ловеч, каде неодамна беше произведен првиот автомобил во Бугарија.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=4B3BC600E499CC4A889D10E3DD32364A


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 22-11-2011

И за Русите и за Американците, Македонија не била бугарска

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=8DBE02FFA0C75F4B9F53E63A2D80A006


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 22-11-2011

Претепан директорот на бугарската нуклеарка Козлодуј

Претепан директорот на бугарската нуклеарка Козлодуј
Двајца, засега непознати напаѓачи, го претепале извршниот директор на единствената бугарска нуклеарна централа Козлодуј, Александар Николов.

Полицијата соопшти дека Николов бил нападнат доцна синоќа и дека добил повреди на главата.

Николов во моментов се наоѓа во болница во Софија.

Бугарската државна телевизија (БНТ) јави дека е можно Николов да е претепан бидејќи одбил да произведе дополнително количество електрична енергија за слободниот пазар.

-Нуклеарката Козлодуј обезбедува 90 отсто од струјата за слободниот пазар по ниски цени и можно е да се погодени нечии интереси, изјавија неименувани извори.

Бугарската атомска централа се наоѓа на северот на земјата, има шест реактори, од кои работат само петиот и шестиот. Првите четири, од безбедносни причини, беа затворени непосредно пред влезот на земјата во ЕУ.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/balkan/31760/pretepan_direktorot_na_bugarskata_nuklearka_kozloduj.aspx


RE: Македонските медии за България - Топорчо - 22-11-2011

Бугарските девизни резерви поголеми од 13 милијарди евра

Бугарските девизни резерви поголеми од 13 милијарди евра
Бугарија своите девизни резерви ги зголеми за 125 милиони евра и тие минатиот месец достигнаа 13,176 милијарди евра.

Вредноста на девизните резерви и златото е рекордна во последните три години, покажуваат податоците на Бугарската народна банка.

Бугарија апсолутниот рекорд од 14,722 милијарди евра го постави во септември 2008 година, но тогаш само за три месеци девизните резерви беа намалени за две милијарди евра поради проблемите на пазарот.

Во Бугарија живеат 7,3 милиони жители и со 5,8 милијарди надворешен долг е една од најмалку задолжените земји во ЕУ.

http://www.mtv.com.mk/mk/vesti/ekonomija/31752/bugarskite_devizni_rezervi_pogolemi_od_13_milijardi_evra.aspx